Сали Бериша Archives - Република https://republika.mk/tema/sali-berisha/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 17:18:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сали Бериша Archives - Република https://republika.mk/tema/sali-berisha/ 32 32 Албанската опозиција најави национален протест на 6 октомври https://republika.mk/vesti/balkan/albanskata-opozitsija-najavi-natsionalen-protest-na-6-oktomvri/ Sat, 28 Sep 2024 17:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=820611

Лидерот на  албанската опозициска демократска партија (ДП) и поранешен премиер и претседател, Сали Бериша, денеска најави масовни протести и граѓанска непослушност, на целата територија на земјата, чиј почеток ќе биде означен на 6 октомври, со масовен национален протест.

-Пратениците од опозицијата ќе ги предводат протестите, револтот и граѓанската непослушност на секое место, вклучително и во собраниската сала. Прво, несомнено ќе биде национален протест. Ова без какво било сомневање. Второ, тоа ќе биде национална акција. Се утврдуваат сите мерки кои имаат за цел да одговорат на национално ниво на бруталниот чин на мафијата Рама-Џафај и почетокот на нашата битка, која беше 100 отсто програмирана и планирана за техничка влада и слободни избори, рече Бериша, преку онлајн прес-конференција.

Додаде дека за пратениците и раководството на ДП има само една цел и мото „битка, битка и само битка“.

- До денеска ДП беше во одбрана. Од 6 октомври натаму ДП оди во напад. Во незапирливата битка, ДП ги концентрира сите свои потенцијали на напад на наркократијата и формирање техничка влада. Граѓанската непослушност е универзум на мерки опишани детално во прирачниците за граѓанска непослушност. Сите тие мерки ќе се користат се додека не се реализира целосната цел, создавање на техничката влада. Ние не сме за екстремни форми, туку веруваме и убедени сме дека граѓанската непослушност е патот по кој ДП ќе ги реализира своите цели, порача тој.

Бериша, кој од декември минатата година е во домашен притвор, под сомнение за корупција и злоупотреба на службената должност, додека бил премиер,  рече дека е осомничен само затоа што го бранел Уставот  и нагласи дека ќе застане „силно против овој режим со целосно уверување дека оваа битка ќе биде добиена“.

Масовни протеси со блокирање паришта, аеродроми, универзитети и други институции, Демократите најавија пред два дена откако Апелацискиот суд, на пратеникот Ервин Салиањи, му ја потврди едногодишната затворска казната под обвинение за „клевета“, што и тој и партијата, ја отфрлаат и ја сметаат за „политички прогон на опозицијата“.

Салиањи, кој вчера попладне се јави доброволно во полициската управа во Тирана, од каде беше префрлен во затворот во Фиер, и неговите сопартијци во мај 2018 година  објавија аудио снимка од разговор кој, според нив, се водел меѓу братот на тогашниот министер за внатрешни работи, Фатмир Џафај, и поранешен осуденик во Италија за трговија со дрога, за да му помогне да обезбеди пратка со марихуана.

И пред тоа Демократската партија со денови директно го обвинуваше министерот Џафај, во врска со неговиот брат, уапсен во Италија во 2002 година за учество во криминална организација која се занимавала со трговија со дрога и осуден во 2012 година од италијански суд.

На крајот од октомври 2018 година Џафај си поднесе оставка.

The post Албанската опозиција најави национален протест на 6 октомври appeared first on Република.

]]>

Лидерот на  албанската опозициска демократска партија (ДП) и поранешен премиер и претседател, Сали Бериша, денеска најави масовни протести и граѓанска непослушност, на целата територија на земјата, чиј почеток ќе биде означен на 6 октомври, со масовен национален протест.
-Пратениците од опозицијата ќе ги предводат протестите, револтот и граѓанската непослушност на секое место, вклучително и во собраниската сала. Прво, несомнено ќе биде национален протест. Ова без какво било сомневање. Второ, тоа ќе биде национална акција. Се утврдуваат сите мерки кои имаат за цел да одговорат на национално ниво на бруталниот чин на мафијата Рама-Џафај и почетокот на нашата битка, која беше 100 отсто програмирана и планирана за техничка влада и слободни избори, рече Бериша, преку онлајн прес-конференција.
Додаде дека за пратениците и раководството на ДП има само една цел и мото „битка, битка и само битка“.
- До денеска ДП беше во одбрана. Од 6 октомври натаму ДП оди во напад. Во незапирливата битка, ДП ги концентрира сите свои потенцијали на напад на наркократијата и формирање техничка влада. Граѓанската непослушност е универзум на мерки опишани детално во прирачниците за граѓанска непослушност. Сите тие мерки ќе се користат се додека не се реализира целосната цел, создавање на техничката влада. Ние не сме за екстремни форми, туку веруваме и убедени сме дека граѓанската непослушност е патот по кој ДП ќе ги реализира своите цели, порача тој.
Бериша, кој од декември минатата година е во домашен притвор, под сомнение за корупција и злоупотреба на службената должност, додека бил премиер,  рече дека е осомничен само затоа што го бранел Уставот  и нагласи дека ќе застане „силно против овој режим со целосно уверување дека оваа битка ќе биде добиена“. Масовни протеси со блокирање паришта, аеродроми, универзитети и други институции, Демократите најавија пред два дена откако Апелацискиот суд, на пратеникот Ервин Салиањи, му ја потврди едногодишната затворска казната под обвинение за „клевета“, што и тој и партијата, ја отфрлаат и ја сметаат за „политички прогон на опозицијата“. Салиањи, кој вчера попладне се јави доброволно во полициската управа во Тирана, од каде беше префрлен во затворот во Фиер, и неговите сопартијци во мај 2018 година  објавија аудио снимка од разговор кој, според нив, се водел меѓу братот на тогашниот министер за внатрешни работи, Фатмир Џафај, и поранешен осуденик во Италија за трговија со дрога, за да му помогне да обезбеди пратка со марихуана. И пред тоа Демократската партија со денови директно го обвинуваше министерот Џафај, во врска со неговиот брат, уапсен во Италија во 2002 година за учество во криминална организација која се занимавала со трговија со дрога и осуден во 2012 година од италијански суд. На крајот од октомври 2018 година Џафај си поднесе оставка.

The post Албанската опозиција најави национален протест на 6 октомври appeared first on Република.

]]>
Албанија: Сали Бериша и официјално обвинет за корупција https://republika.mk/vesti/balkan/albanija-sali-berisha-i-ofitsijalno-obvinet-za-koruptsija/ Wed, 11 Sep 2024 15:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=815435

Поранешниот албански премиер и експретседател, демократот, Сали Бериша, денеска и официјално е обвинет за корупција во рамки на досието „Партизан“.

Бериша (80), кој од 30 декември минатата година е во домашен притвор денеска излезе за првпат од неговиот дом и се појави во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, каде беше запознаен со обвинителниот акт, за кој истрагата траела четири години.

Тој се товари за „пасивна корупција на високи државни функционери и локални избраници“ и продолжува да биде во домашен притвор. Под ова обвинение, може да добие казна затвор во траење од 8 години.

Во просториите на СПАК Бериша се задржа 20-ина минути, а по излегувањето даде куса изјава, отфрлајќи ги обвинувањата.

-Јас сум обвинет. Ме обвинуваат на 500 страни за измама, измама и измама. Ништо не се менува, тоа е продолжение на политички реваншизам и за мене ништо не се менува, рече Бериша по излегувањето од СПАК.

Пред Обвинителството Бериша го дочекаа голем број членови и приврзаници на Демократската партија, со ракоплескање и извици на поддршка. Пред да влезе во обвинителството тој повтори дека не направил никакво кривично дело и оти „неговиот притвор е политички“.

Попладнево во СПАК и неговиот зет за ќерка Џамарбер Малтези ќе биде запознаен со обвинението, кое го товари дека нерегуларно стекнал корист од околу 5,4 милиони евра, приход од градежен бизнис.

Тој го приватизиран спортскиот комплекс „Партизан“ во центарот на Тирана, благодарение на одлуките на владата чиј премиер тогаш бил Бериша, по што изградил неколку повеќекатници.

The post Албанија: Сали Бериша и официјално обвинет за корупција appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански премиер и експретседател, демократот, Сали Бериша, денеска и официјално е обвинет за корупција во рамки на досието „Партизан“. Бериша (80), кој од 30 декември минатата година е во домашен притвор денеска излезе за првпат од неговиот дом и се појави во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, каде беше запознаен со обвинителниот акт, за кој истрагата траела четири години. Тој се товари за „пасивна корупција на високи државни функционери и локални избраници“ и продолжува да биде во домашен притвор. Под ова обвинение, може да добие казна затвор во траење од 8 години. Во просториите на СПАК Бериша се задржа 20-ина минути, а по излегувањето даде куса изјава, отфрлајќи ги обвинувањата.
-Јас сум обвинет. Ме обвинуваат на 500 страни за измама, измама и измама. Ништо не се менува, тоа е продолжение на политички реваншизам и за мене ништо не се менува, рече Бериша по излегувањето од СПАК.
Пред Обвинителството Бериша го дочекаа голем број членови и приврзаници на Демократската партија, со ракоплескање и извици на поддршка. Пред да влезе во обвинителството тој повтори дека не направил никакво кривично дело и оти „неговиот притвор е политички“. Попладнево во СПАК и неговиот зет за ќерка Џамарбер Малтези ќе биде запознаен со обвинението, кое го товари дека нерегуларно стекнал корист од околу 5,4 милиони евра, приход од градежен бизнис. Тој го приватизиран спортскиот комплекс „Партизан“ во центарот на Тирана, благодарение на одлуките на владата чиј премиер тогаш бил Бериша, по што изградил неколку повеќекатници.

The post Албанија: Сали Бериша и официјално обвинет за корупција appeared first on Република.

]]>
Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население https://republika.mk/vesti/balkan/berisha-albanija-nema-poveke-od-1-4-milioni-naselenie/ Sun, 30 Jun 2024 12:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=792110

Во Албанија не престануваат реакциите околу пописните резултати, посебно во однос на бројот на населението и етничката припадност.

Лидерот на Демократската партија (ДП) Сали Бериша, кој по одлуката на судот да му се врати правото на печат и логото, повторно е на чело на најголемата опозициска партија, го обвини актуелниот премиер Еди Рама дека за време на неговото владеење од земјата избркал 40 отсто од населението и оти прикажаната бројка од нешто над 2,4 милиони жители е чиста манипулација.

– Ова го велам затоа што деновиве вистинската статистика на Институтот за статистика на ЕУ, статистиката на САД и Велика Британија се соочува со статистиката на Еди Рама која е полна со измами, измислици и монструозни обиди да го прикрие геноцидот што го изврши со својот режим врз Албанците, рече Бериша.

Презентирајќи, како што рече, потврдени податоци за 8 години, не за 11 години, односно во периодот 2014-2022 година, ЕВРОСТАТ констатирал дека повеќе од 950 илјади жители ја напуштиле Албанија во земјите на ЕУ.

-Режим на Рама кој како никој друг во земја без граѓанска војна протера над 1 милион и 100 илјади жители од Албанија за 8 години. Во ЕУ 950 илјади, статистиката на Велика Британија потврдува дека во оваа земја заминале 46 илјади во САД 42.5 илјади, значи околу 1милион и 80 илјади, рече Бериша.

Според него во оваа бројка не се вклучени десетици илјади албански граѓани кои заминале во Канада, Норвешка, Швајцарија, земјите од Персискиот Залив и други земји во светот.

Тој тврди дека во земјата нема повеќе од 1,4 милиони население наспроти Институтот за статистика 2.402.113 жители, според пописот.

The post Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население appeared first on Република.

]]>

Во Албанија не престануваат реакциите околу пописните резултати, посебно во однос на бројот на населението и етничката припадност. Лидерот на Демократската партија (ДП) Сали Бериша, кој по одлуката на судот да му се врати правото на печат и логото, повторно е на чело на најголемата опозициска партија, го обвини актуелниот премиер Еди Рама дека за време на неговото владеење од земјата избркал 40 отсто од населението и оти прикажаната бројка од нешто над 2,4 милиони жители е чиста манипулација.
– Ова го велам затоа што деновиве вистинската статистика на Институтот за статистика на ЕУ, статистиката на САД и Велика Британија се соочува со статистиката на Еди Рама која е полна со измами, измислици и монструозни обиди да го прикрие геноцидот што го изврши со својот режим врз Албанците, рече Бериша.
Презентирајќи, како што рече, потврдени податоци за 8 години, не за 11 години, односно во периодот 2014-2022 година, ЕВРОСТАТ констатирал дека повеќе од 950 илјади жители ја напуштиле Албанија во земјите на ЕУ.
-Режим на Рама кој како никој друг во земја без граѓанска војна протера над 1 милион и 100 илјади жители од Албанија за 8 години. Во ЕУ 950 илјади, статистиката на Велика Британија потврдува дека во оваа земја заминале 46 илјади во САД 42.5 илјади, значи околу 1милион и 80 илјади, рече Бериша.
Според него во оваа бројка не се вклучени десетици илјади албански граѓани кои заминале во Канада, Норвешка, Швајцарија, земјите од Персискиот Залив и други земји во светот. Тој тврди дека во земјата нема повеќе од 1,4 милиони население наспроти Институтот за статистика 2.402.113 жители, според пописот. Лидерот на Демократската партија (ДП) Сали Бериша, кој по одлуката на судот да му се врати правото на печат и логото, повторно е на чело на најголемата опозициска партија, го обвини актуелниот премиер Еди Рама дека за време на неговото владеење од земјата избркал 40 отсто од населението и оти прикажаната бројка од нешто над 2,4 милиони жители е чиста манипулација.
– Ова го велам затоа што деновиве вистинската статистика на Институтот за статистика на ЕУ, статистиката на САД и Велика Британија се соочува со статистиката на Еди Рама која е полна со измами, измислици и монструозни обиди да го прикрие геноцидот што го изврши со својот режим врз Албанците, рече Бериша.
Презентирајќи, како што рече, потврдени податоци за 8 години, не за 11 години, односно во периодот 2014-2022 година, ЕВРОСТАТ констатирал дека повеќе од 950 илјади жители ја напуштиле Албанија во земјите на ЕУ.
-Режим на Рама кој како никој друг во земја без граѓанска војна протера над 1 милион и 100 илјади жители од Албанија за 8 години. Во ЕУ 950 илјади, статистиката на Велика Британија потврдува дека во оваа земја заминале 46 илјади во САД 42.5 илјади, значи околу 1милион и 80 илјади, рече Бериша.
Според него во оваа бројка не се вклучени десетици илјади албански граѓани кои заминале во Канада, Норвешка, Швајцарија, земјите од Персискиот Залив и други земји во светот. Тој тврди дека во земјата нема повеќе од 1,4 милиони население наспроти Институтот за статистика 2.402.113 жители, според пописот.

The post Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население appeared first on Република.

]]>
За Бериша одлуката на британските власти да биде „персона нон грата” е дипломатски срам https://republika.mk/vesti/svet/za-berisha-odlukata-na-britanskite-vlasti-da-bide-persona-non-grata-e-diplomatski-sram/ Mon, 17 Jun 2024 17:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=788504

Поранешниот албански претседател и екс премиер Сали Бериша е разочаран и револтиран од одлуката на британските власти да ја отфрлат жалбата на неговите адвокати, со која бараше да се поништи неговото прогласување за „персона нон грата".

Оценува дека ваквата одлука не се заснова на докази и оти е донесена „под политичко влијание, со цел да се уништи опозицијата".

- Прикажаните случаи јасно потврдуваат дека се обиди да се спречи опозицијата да ја оспори корумпираната влада, која извезува организиран криминал, но прифаќа бегалци по налог на барателите/лобистите. Ова јасно докажува дека, не само што ова јасно докажува дека, специјалната британска комисија не го истражуваше откривањето на вистината, туку одлуката на министерот за внатрешни работи е донесена врз основа на медиумските написи спонзорирани од Сорос и изјавите на моите политички противници Рама, Баша, Велиај, напиша Бериша во реакцијата.

Тој е убеден дека зад неприфаќањето на доказите на неговите правни бранители, се крие британскиот амбасадор во Тирана, Аластер Кинг Смит и оти дел од шемата бил и лидерот на демократите Љуљзим Баша.

- Отфрлањето на доказите на моите адвокати и одлуката се само затоа што амбасадорот Смит ги прифати изјавите на Љуљзим Баша. Ова е дипломатски срам, смета тој.

Експресно на обвинувањата реагираше Баша, кој му порача дека „покренува измислици по губењето на судскиот процес".

- Наместо да им објасни на демократите за пречката што ѝ ја прави на партијата за длабоко лични интереси, Бериша кажува измислици против мене, стои меѓу другото во реакцијата.

Бериша беше прогласен за непожелен од британските власти на 21 јули 2022, по два месеца откако тоа го сторија САД.

The post За Бериша одлуката на британските власти да биде „персона нон грата” е дипломатски срам appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и екс премиер Сали Бериша е разочаран и револтиран од одлуката на британските власти да ја отфрлат жалбата на неговите адвокати, со која бараше да се поништи неговото прогласување за „персона нон грата". Оценува дека ваквата одлука не се заснова на докази и оти е донесена „под политичко влијание, со цел да се уништи опозицијата". - Прикажаните случаи јасно потврдуваат дека се обиди да се спречи опозицијата да ја оспори корумпираната влада, која извезува организиран криминал, но прифаќа бегалци по налог на барателите/лобистите. Ова јасно докажува дека, не само што ова јасно докажува дека, специјалната британска комисија не го истражуваше откривањето на вистината, туку одлуката на министерот за внатрешни работи е донесена врз основа на медиумските написи спонзорирани од Сорос и изјавите на моите политички противници Рама, Баша, Велиај, напиша Бериша во реакцијата. Тој е убеден дека зад неприфаќањето на доказите на неговите правни бранители, се крие британскиот амбасадор во Тирана, Аластер Кинг Смит и оти дел од шемата бил и лидерот на демократите Љуљзим Баша. - Отфрлањето на доказите на моите адвокати и одлуката се само затоа што амбасадорот Смит ги прифати изјавите на Љуљзим Баша. Ова е дипломатски срам, смета тој. Експресно на обвинувањата реагираше Баша, кој му порача дека „покренува измислици по губењето на судскиот процес". - Наместо да им објасни на демократите за пречката што ѝ ја прави на партијата за длабоко лични интереси, Бериша кажува измислици против мене, стои меѓу другото во реакцијата. Бериша беше прогласен за непожелен од британските власти на 21 јули 2022, по два месеца откако тоа го сторија САД.

The post За Бериша одлуката на британските власти да биде „персона нон грата” е дипломатски срам appeared first on Република.

]]>
Судот во Тирана одлучи дека партискиот печат и логото му припаѓаат на крилото на Бериша https://republika.mk/vesti/balkan/sudot-vo-tirana-odluchi-deka-partiskiot-pechat-i-logoto-mu-pripagaat-na-kriloto-na-berisha/ Tue, 11 Jun 2024 15:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=786628

Печатот и логото на најголемата опозициска сила, Демократската партија, му припаѓаат на крилото на Сали Бериша „Иницијатива за обнова на ДП“, одлучи Апелацискиот суд во Тирана, по ова прашање кое повеќе од две години ја мачи партијата, која ја преживува најдлабоката криза до сега.

Во судскиот регистар како лидер на партијата фигурира Љуљзим Баша, кој со партиското лого и печат учествуваше на последните локални избори во мај минатата година.

Крилото на Бериша, кое е побројно, на изборите учествуваше со свои кандидати, но под логото на Партијата на слободата, на Илир Мета. Во парламентот пак, партијата има 56 пратеници, но дури 47 се приврзаници на Бериша.

Во седиштето на партијата, кое го користат приврзаниците на Бериша, наголемо се слави, порачувајќи дека „ураганот на слободата не запира“.

Привремениот лидер на крилото Фламур Нока, во првата изјава по соопштување на одлуката, за која рече дека е конечна, оцени дека „ова е одлука која радува, ден на вистината“ и повика на обединување на демократите.

Реагираше и Бериша, кој е осомничен за корпција и е во домашен притвор од декември минатата година, на социјалните мрежи напиша „денеска не победи Бериша, туку демократијата. Губитник е Рама“.

На одлуката на судот реагираше и Мета, кој на социјалните мрежи напиша „Бериша самиот е печат, браво за демократите и опозицијата“.

Засега нема рекација од Баша, освен, како што пренесуваат медиумите свикал седница на раководството на партијата.

The post Судот во Тирана одлучи дека партискиот печат и логото му припаѓаат на крилото на Бериша appeared first on Република.

]]>

Печатот и логото на најголемата опозициска сила, Демократската партија, му припаѓаат на крилото на Сали Бериша „Иницијатива за обнова на ДП“, одлучи Апелацискиот суд во Тирана, по ова прашање кое повеќе од две години ја мачи партијата, која ја преживува најдлабоката криза до сега. Во судскиот регистар како лидер на партијата фигурира Љуљзим Баша, кој со партиското лого и печат учествуваше на последните локални избори во мај минатата година. Крилото на Бериша, кое е побројно, на изборите учествуваше со свои кандидати, но под логото на Партијата на слободата, на Илир Мета. Во парламентот пак, партијата има 56 пратеници, но дури 47 се приврзаници на Бериша. Во седиштето на партијата, кое го користат приврзаниците на Бериша, наголемо се слави, порачувајќи дека „ураганот на слободата не запира“. Привремениот лидер на крилото Фламур Нока, во првата изјава по соопштување на одлуката, за која рече дека е конечна, оцени дека „ова е одлука која радува, ден на вистината“ и повика на обединување на демократите. Реагираше и Бериша, кој е осомничен за корпција и е во домашен притвор од декември минатата година, на социјалните мрежи напиша „денеска не победи Бериша, туку демократијата. Губитник е Рама“. На одлуката на судот реагираше и Мета, кој на социјалните мрежи напиша „Бериша самиот е печат, браво за демократите и опозицијата“. Засега нема рекација од Баша, освен, како што пренесуваат медиумите свикал седница на раководството на партијата.

The post Судот во Тирана одлучи дека партискиот печат и логото му припаѓаат на крилото на Бериша appeared first on Република.

]]>
Бериша со честитка за двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ: Одличен изборен резултат под раководство на Христијан Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/berisha-so-chestitka-za-dvojnata-pobeda-na-vmro-dpmne-odlichen-izboren-rezultat-pod-rakovodstvo-na-hristijan-mitskoski/ Thu, 09 May 2024 10:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=776279

Лидерот на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша му ја честиташе двојната победа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните избори.

-Во Република Македонија победи ВМРО-ДПМНЕ

Драги пријатели, во еден демократски изборен процес, најголемата опозициска партија ВМРО, како сестринска партија на Демократската партија на Албанија, предводена од Христијан Мицкоски вчера победи на парламентарните и претседателски избори во Република Македонија.

Од таа причина сакам да му изразам ИСКРЕНИ честитки на лидерот на ВМРО, гоподинот Мицкоски за одличниот изборниот успех на ВМРО под негово раководство. Исто така сакам да и честитан на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на ВМРО, за нејзиниот избор за претседателка на Република Македонија.

Честитки до сите избрани албански пратеници кои беа избрани од слободиот глас на албанските граѓани од оваа држава.

Вчерашните избори се сведочат за еден демократски чин и честитки што ги заслужуваат сите страни. Уште еднаш, искрени честитки за победниците, пишува Бериша во својата честитка.

The post Бериша со честитка за двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ: Одличен изборен резултат под раководство на Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша му ја честиташе двојната победа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните избори. -Во Република Македонија победи ВМРО-ДПМНЕ Драги пријатели, во еден демократски изборен процес, најголемата опозициска партија ВМРО, како сестринска партија на Демократската партија на Албанија, предводена од Христијан Мицкоски вчера победи на парламентарните и претседателски избори во Република Македонија. Од таа причина сакам да му изразам ИСКРЕНИ честитки на лидерот на ВМРО, гоподинот Мицкоски за одличниот изборниот успех на ВМРО под негово раководство. Исто така сакам да и честитан на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на ВМРО, за нејзиниот избор за претседателка на Република Македонија. Честитки до сите избрани албански пратеници кои беа избрани од слободиот глас на албанските граѓани од оваа држава. Вчерашните избори се сведочат за еден демократски чин и честитки што ги заслужуваат сите страни. Уште еднаш, искрени честитки за победниците, пишува Бериша во својата честитка.

The post Бериша со честитка за двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ: Одличен изборен резултат под раководство на Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Нов протест на албанската опозиција, прв со барање за ослободување на Бериша од куќен притвор https://republika.mk/vesti/balkan/nov-protest-na-albanskata-opozitsija-prv-so-barane-za-osloboduvane-na-berisha-od-kuken-pritvor/ Tue, 07 May 2024 17:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=775115

Приврзаниците на крилото на Сали Бериша од Демократската партија и Партијата на слободата на Илир Мета,  денеска го одржаа шестиот по ред протест пред општина Тирана, на кој не изостана фрлањето колотови колтели и други предмети врз објектот и обиди за насилно влегување во него.

Освен барањето за оставка од градоначалникот Ерион Велиај, по апсењето на неколку директори на општината поради вмешамост во корупција, учениците во протестот, меѓу кои и неговата ќерка Аргита Малтези, за првпат побараа ослободување на Бериша од куќен притвор.

-Со повикот за ослободување на Сали Бериша уште еднаш јасно ја открија целта на нивниот протест, кој денеска траеше два часа, јавија медиумите.

Инаку, од фрлените молотови коктели пламенот избувнал на двата влеза во зградата а еден полициски службеник  бил онесвестен од насилен удар на учесник во протестот.

The post Нов протест на албанската опозиција, прв со барање за ослободување на Бериша од куќен притвор appeared first on Република.

]]>

Приврзаниците на крилото на Сали Бериша од Демократската партија и Партијата на слободата на Илир Мета,  денеска го одржаа шестиот по ред протест пред општина Тирана, на кој не изостана фрлањето колотови колтели и други предмети врз објектот и обиди за насилно влегување во него. Освен барањето за оставка од градоначалникот Ерион Велиај, по апсењето на неколку директори на општината поради вмешамост во корупција, учениците во протестот, меѓу кои и неговата ќерка Аргита Малтези, за првпат побараа ослободување на Бериша од куќен притвор.
-Со повикот за ослободување на Сали Бериша уште еднаш јасно ја открија целта на нивниот протест, кој денеска траеше два часа, јавија медиумите.
Инаку, од фрлените молотови коктели пламенот избувнал на двата влеза во зградата а еден полициски службеник  бил онесвестен од насилен удар на учесник во протестот.

The post Нов протест на албанската опозиција, прв со барање за ослободување на Бериша од куќен притвор appeared first on Република.

]]>
Владејачките социјалисти и опозициските демократи постигнаа договор со кој се очекува нормализација на работата на албанскиот Парламент https://republika.mk/vesti/balkan/vladejachkite-sotsijalisti-i-opozitsiskite-demokrati-postignaa-dogovor-so-koj-se-ochekuva-normalizatsija-na-rabotata-na-albanskiot-parlament/ Tue, 12 Mar 2024 18:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=754138

Владејачките социјалисти и опозициските демократи, приврзаници на Сали Бериша, постигнаа договор, кој се очекува да се стави крај на хаосот во законодавниот дом, што го создаваа демократите од октомври минатата година.

На средбата на координаторите и дел од пратеничките групи, со претседателката на парламентот Линдита Никола, социјалистите се согласиле со барањето на опозицијата да се формираат две анкетни комисии, за испитување на концесиските договори во здравството и за незаконската интервенција во ТИМС системот.

Опозициските пратеници кои го поддржуваат поранешниот премиер Сали Бериша се согласиле се повлечат од актите на граѓанска непослушност во Собранието.

Опозициската Демократска партија има 55 пратеници, поголемиот број или 47 се со Бериша, додека 8 со официјланиот партиски лидер Љуљзим Баша, кои не учествува во нередите во собраниската сала.

Веста за враќање на, како што ја нарекуваат нормалноста во Парламентот ја поздравија американската амбасада и Делегацијата на ЕУ во Тирана, оценувајќи дека е од „суштинско значење за да се олесни патот на Албанија кон членството во ЕУ, што е стратешка цел на земјата“ и оти „фукционалните институции се основа за секоја демократија“.

Претходно претставниците на ЕУ и на САД, побараа од албанските политичари преку дијалог да ја надминат ситуацијата во Парламентот, порачувајќи им дека тој „треба да биде во служба на граѓаните а не на политичарите“ и оти очекуваат „функционален парламент што поскоро“.

The post Владејачките социјалисти и опозициските демократи постигнаа договор со кој се очекува нормализација на работата на албанскиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Владејачките социјалисти и опозициските демократи, приврзаници на Сали Бериша, постигнаа договор, кој се очекува да се стави крај на хаосот во законодавниот дом, што го создаваа демократите од октомври минатата година. На средбата на координаторите и дел од пратеничките групи, со претседателката на парламентот Линдита Никола, социјалистите се согласиле со барањето на опозицијата да се формираат две анкетни комисии, за испитување на концесиските договори во здравството и за незаконската интервенција во ТИМС системот. Опозициските пратеници кои го поддржуваат поранешниот премиер Сали Бериша се согласиле се повлечат од актите на граѓанска непослушност во Собранието. Опозициската Демократска партија има 55 пратеници, поголемиот број или 47 се со Бериша, додека 8 со официјланиот партиски лидер Љуљзим Баша, кои не учествува во нередите во собраниската сала. Веста за враќање на, како што ја нарекуваат нормалноста во Парламентот ја поздравија американската амбасада и Делегацијата на ЕУ во Тирана, оценувајќи дека е од „суштинско значење за да се олесни патот на Албанија кон членството во ЕУ, што е стратешка цел на земјата“ и оти „фукционалните институции се основа за секоја демократија“. Претходно претставниците на ЕУ и на САД, побараа од албанските политичари преку дијалог да ја надминат ситуацијата во Парламентот, порачувајќи им дека тој „треба да биде во служба на граѓаните а не на политичарите“ и оти очекуваат „функционален парламент што поскоро“.

The post Владејачките социјалисти и опозициските демократи постигнаа договор со кој се очекува нормализација на работата на албанскиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Бериша останува во куќен притвор https://republika.mk/vesti/svet/berisha-ostanuva-vo-kuken-pritvor/ Tue, 05 Mar 2024 18:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=751645

Врховниот суд денеска ја отфрли жалбата на поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, за укинување на мерката куќен притвор.

Барањето беше доставено на 25 јануари, а денешната одлука значи дека останува во „куќен притвор“, мерка која му беше изречена на 30 декември минатата година.

Оваа мерка против него беше донесена откако не ја испочитува мерката „задолжително јавување“, одбивајќи да оди на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК.

Бериша е осомничен за висока корупција, фаворизирајќи го зетот за ќерка во процесот на приватизација на државно земјиште на спортскиот комплекс “Партизан” во Тирана, додека бил премиер.

Бериша беше претседател на Албанија од 1992 до 1997 година, а од 2005 година до 2013 година ја извршуваше функцијата премиер.

Од мај 2021 година на Бериша и неговото семејство им е забранет влез во САД поради, како што наведе Стејт департментот, вмешаност во злоупотреба на јавните фондови и оти ја користел моќта за да стекне корист за себе, за членови на семејство и за политички соработници.

Денеска судот го одбил барањето и на неговиот зет Џамарбер Малтези, кој, исто така, останува во куќен притвор, но и барањето на СПАК да оди во затворски притвор.

Тој е обвинет дека на нерегуларен начин се здобил со 5,4 милиони евра преку изградба на повеќекатници на просторот на спортскиот комплекс.

The post Бериша останува во куќен притвор appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд денеска ја отфрли жалбата на поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, за укинување на мерката куќен притвор. Барањето беше доставено на 25 јануари, а денешната одлука значи дека останува во „куќен притвор“, мерка која му беше изречена на 30 декември минатата година. Оваа мерка против него беше донесена откако не ја испочитува мерката „задолжително јавување“, одбивајќи да оди на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК. Бериша е осомничен за висока корупција, фаворизирајќи го зетот за ќерка во процесот на приватизација на државно земјиште на спортскиот комплекс “Партизан” во Тирана, додека бил премиер. Бериша беше претседател на Албанија од 1992 до 1997 година, а од 2005 година до 2013 година ја извршуваше функцијата премиер. Од мај 2021 година на Бериша и неговото семејство им е забранет влез во САД поради, како што наведе Стејт департментот, вмешаност во злоупотреба на јавните фондови и оти ја користел моќта за да стекне корист за себе, за членови на семејство и за политички соработници. Денеска судот го одбил барањето и на неговиот зет Џамарбер Малтези, кој, исто така, останува во куќен притвор, но и барањето на СПАК да оди во затворски притвор. Тој е обвинет дека на нерегуларен начин се здобил со 5,4 милиони евра преку изградба на повеќекатници на просторот на спортскиот комплекс.

The post Бериша останува во куќен притвор appeared first on Република.

]]>
Сали Бериша за изречениот домашен притвор: Секоја мерка што ја презема оваа власт против мене е доказ за слепа политичка одмазда на Еди Рама https://republika.mk/vesti/sali-berisha-za-izrecheniot-domashen-pritvor-sekoja-merka-shto-ja-prezema-ovaa-vlast-protiv-mene-e-dokaz-za-slepa-politichka-odmazda-na-edi-rama/ Sat, 30 Dec 2023 21:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=728336

Поранешниот албански премиер, Сали Бериша, првпат реагираше откако Специјалниот суд против организиран криминал и корупција му изрече мерка куќен притвор, 24-часовен полициски надзор и забрана на комуникација со други лица, освен оние кои живеат со него во станот.

Бериша одлуката ја нарекува „политичко апсење поради омраза, страв и желба да се уништи опозицијата“ додавајќи дека „оваа одлука против него ќе биде привремена“.

Драги пријатели, демократи, Албанци каде и да сте. Денеска се случи она што сите го знаевме, изолација и симнување на правото на збор на лидерот на опозицијата од страна на најмафијашкиот нарко-режим на Еди Рама, кој е и најкорумпираниот диктаторски режим во Европа и пошироко, пишува Бериша, кој Рама го нарекува со погрдни зборови.

Според Бериша, оваа мерка е „политичко приведување и израз на стравот што позицијата му го всадила на Рама дури до коскената срж“.

Оваа мерка-политичко приведување, доказ за слепа политичка одмазда на Еди Рама, не само што ја изразува неговата наследена омраза кон противникот, туку пред сè го изразува стравот, теророт што ние, драги пријатели, му го всадивме до срж нему и на неговиот свет на криминалот со нашата битка без враќање, пишува меѓу другото Бериша.

Тој додава дека секоја мерка што ја презема оваа власт против него и опозицијата е привремена.

Она што останува непобедливо е нашето непредавање и нашата решеност изолацијата на опозицијата да ја претвориме во битка за слобода и победа на Албанците. Затоа, ве повикувам да ја продолжиме под мотото „ДЕНЕС ИЛИ НИКОГАШ“ нашата битка без враќање уште посилни, порешителни и со повеќе страст и храброст од кога било досега, повикува Бериша.

Тој порачува дека ќе продолжи да работи и да се бори секоја минута, со сите форми и средства за враќање на демократијата која во моментов е обезличена.

The post Сали Бериша за изречениот домашен притвор: Секоја мерка што ја презема оваа власт против мене е доказ за слепа политичка одмазда на Еди Рама appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански премиер, Сали Бериша, првпат реагираше откако Специјалниот суд против организиран криминал и корупција му изрече мерка куќен притвор, 24-часовен полициски надзор и забрана на комуникација со други лица, освен оние кои живеат со него во станот. Бериша одлуката ја нарекува „политичко апсење поради омраза, страв и желба да се уништи опозицијата“ додавајќи дека „оваа одлука против него ќе биде привремена“.
Драги пријатели, демократи, Албанци каде и да сте. Денеска се случи она што сите го знаевме, изолација и симнување на правото на збор на лидерот на опозицијата од страна на најмафијашкиот нарко-режим на Еди Рама, кој е и најкорумпираниот диктаторски режим во Европа и пошироко, пишува Бериша, кој Рама го нарекува со погрдни зборови.
Според Бериша, оваа мерка е „политичко приведување и израз на стравот што позицијата му го всадила на Рама дури до коскената срж“.
Оваа мерка-политичко приведување, доказ за слепа политичка одмазда на Еди Рама, не само што ја изразува неговата наследена омраза кон противникот, туку пред сè го изразува стравот, теророт што ние, драги пријатели, му го всадивме до срж нему и на неговиот свет на криминалот со нашата битка без враќање, пишува меѓу другото Бериша.
Тој додава дека секоја мерка што ја презема оваа власт против него и опозицијата е привремена.
Она што останува непобедливо е нашето непредавање и нашата решеност изолацијата на опозицијата да ја претвориме во битка за слобода и победа на Албанците. Затоа, ве повикувам да ја продолжиме под мотото „ДЕНЕС ИЛИ НИКОГАШ“ нашата битка без враќање уште посилни, порешителни и со повеќе страст и храброст од кога било досега, повикува Бериша.
Тој порачува дека ќе продолжи да работи и да се бори секоја минута, со сите форми и средства за враќање на демократијата која во моментов е обезличена.

The post Сали Бериша за изречениот домашен притвор: Секоја мерка што ја презема оваа власт против мене е доказ за слепа политичка одмазда на Еди Рама appeared first on Република.

]]>
Бериша пред притвор – стигна предлогот за одземање имунитетот на поранешниот претседател и премиер https://republika.mk/vesti/svet/berisha-pred-pritvor-stigna-predlogot-za-odzemane-imunitetot-na-poraneshniot-pretsedatel-i-premier/ Mon, 18 Dec 2023 18:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=724365

Советот за мандати со шест гласови „за“, ниту еден против или воздржан, го отвори патот на процесот за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател и експремиер Сали Бериша и актуелен лидер на побројното крило на опозициските демократи во Албанија.

Ова е прв чекор, бидејќи конечната одлука се очекува да биде донесена в четврток, кога е планирана посебна седница во Собранието, на која, се очекува, прва точка на дневен ред, да биде гласањето за одземање на имунитетот на Бериша.

-Откако ќе му биде одземен мандатот обвинителите на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, ќе се обратат до Специјалниот суд за одобрување на безбедносната мерка „куќен притвор“ или „затворски притвор“ за поранешниот премиер. Откако судот ќе го разгледа барањето на СПАК, во случај на прифаќање, ќе ги овласти службениците на правосудната полиција да ја извршат мерката побарана против Бериша, објави abcnews.al.

Поранешниот премиер е под истрага на СПАК за случајот со приватизацијата на спортскиот комплекс „Партизан“ во Тирана со чија приватизација, според обвинителите, зетот на Бериша за ќерка, незаконски стекнал пет милиони евра. На местото на поранешните спортски терени и објекти тој изградил неколку повеќекатници.

Под сомнение за „пасивна корупција“ и „злоупотреба на службената положба“ нему му беше изречена мерка редовно јавување во судот, секој прв и трет понеделник во месецот, што тој не го испочитува, како и забрана за напуштање на државата.

На седницата, одземањето на имунитетот треба да добие одобрение од повеќе од 50 отсто од вкупно 140 пратеници, за да се отвори патот за „мерката притвор“ против Бериша од СПАК, за што владејачкото мнозинство има доволен број, а тука секако и дел од демократските пратеници, кои и денеска на седницата на Советот гласаа „за“.

На Бериша(79) најверојатно ќе му биде одредена мерката „домашен притвор“ бидејќи и неговиот адвокат но и други стручни правни лица тврдат дека не може да заврши во затворски притвор, бидејќи поради возраста тоа не го дозволува законот, и дообјаснуваат дека за лице повозрасно од 70 година максимумот е куќен притвор.

The post Бериша пред притвор – стигна предлогот за одземање имунитетот на поранешниот претседател и премиер appeared first on Република.

]]>

Советот за мандати со шест гласови „за“, ниту еден против или воздржан, го отвори патот на процесот за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател и експремиер Сали Бериша и актуелен лидер на побројното крило на опозициските демократи во Албанија. Ова е прв чекор, бидејќи конечната одлука се очекува да биде донесена в четврток, кога е планирана посебна седница во Собранието, на која, се очекува, прва точка на дневен ред, да биде гласањето за одземање на имунитетот на Бериша. -Откако ќе му биде одземен мандатот обвинителите на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, ќе се обратат до Специјалниот суд за одобрување на безбедносната мерка „куќен притвор“ или „затворски притвор“ за поранешниот премиер. Откако судот ќе го разгледа барањето на СПАК, во случај на прифаќање, ќе ги овласти службениците на правосудната полиција да ја извршат мерката побарана против Бериша, објави abcnews.al. Поранешниот премиер е под истрага на СПАК за случајот со приватизацијата на спортскиот комплекс „Партизан“ во Тирана со чија приватизација, според обвинителите, зетот на Бериша за ќерка, незаконски стекнал пет милиони евра. На местото на поранешните спортски терени и објекти тој изградил неколку повеќекатници. Под сомнение за „пасивна корупција“ и „злоупотреба на службената положба“ нему му беше изречена мерка редовно јавување во судот, секој прв и трет понеделник во месецот, што тој не го испочитува, како и забрана за напуштање на државата. На седницата, одземањето на имунитетот треба да добие одобрение од повеќе од 50 отсто од вкупно 140 пратеници, за да се отвори патот за „мерката притвор“ против Бериша од СПАК, за што владејачкото мнозинство има доволен број, а тука секако и дел од демократските пратеници, кои и денеска на седницата на Советот гласаа „за“. На Бериша(79) најверојатно ќе му биде одредена мерката „домашен притвор“ бидејќи и неговиот адвокат но и други стручни правни лица тврдат дека не може да заврши во затворски притвор, бидејќи поради возраста тоа не го дозволува законот, и дообјаснуваат дека за лице повозрасно од 70 година максимумот е куќен притвор.

The post Бериша пред притвор – стигна предлогот за одземање имунитетот на поранешниот претседател и премиер appeared first on Република.

]]>
Четврти пат што губи ваква тужба: Бериша треба да му плати 50 илјади леки на Рама за клевета https://republika.mk/vesti/balkan/chetvrti-pat-shto-gubi-vakva-tuzhba-berisha-treba-da-mu-plati-50-iljadi-leki-na-rama-za-kleveta/ Sat, 16 Dec 2023 09:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=723555

Судот во Тирана, го прогласи поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, за виновен за клевета врз основа на тужба поднесена од актуелниот премиер Еди Рама.

Ова е четврти пат како Рама добива судски процес за клевета против Бериша.

Судијката Енкела Бајо, во одлуката наведува дека објавата на Бериша на Фејсбук од 29 октомври 2018 година се оценува како клевета. Со донесената одлука делумно се прифаќа барањето на адвокатите на Рама за износот на отштета, па така Бериша треба да му плати 50 илјади леки (околу 500 евра) наместо бараните 100 илјади леки, објави Топ чанел.

Поранешниот премиер, сега лидер на побројното крило на опозициските демократи, објавил порака во која врз основа на допрен глас тврди дека „поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, му давал пари на Рама со торби“.

Претходно премиерот Рама има добиено три други судски постапки за клевета со Сали Бериша, како што ги доби и судките постапки со Љуљзим Баша, Албана Вокши, Арбен Имами и Јорида Табаку, кои исто така, беа прогласени за виновни за клевета против него од страна на судот.

The post Четврти пат што губи ваква тужба: Бериша треба да му плати 50 илјади леки на Рама за клевета appeared first on Република.

]]>

Судот во Тирана, го прогласи поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, за виновен за клевета врз основа на тужба поднесена од актуелниот премиер Еди Рама. Ова е четврти пат како Рама добива судски процес за клевета против Бериша.
Судијката Енкела Бајо, во одлуката наведува дека објавата на Бериша на Фејсбук од 29 октомври 2018 година се оценува како клевета. Со донесената одлука делумно се прифаќа барањето на адвокатите на Рама за износот на отштета, па така Бериша треба да му плати 50 илјади леки (околу 500 евра) наместо бараните 100 илјади леки, објави Топ чанел.
Поранешниот премиер, сега лидер на побројното крило на опозициските демократи, објавил порака во која врз основа на допрен глас тврди дека „поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, му давал пари на Рама со торби“. Претходно премиерот Рама има добиено три други судски постапки за клевета со Сали Бериша, како што ги доби и судките постапки со Љуљзим Баша, Албана Вокши, Арбен Имами и Јорида Табаку, кои исто така, беа прогласени за виновни за клевета против него од страна на судот.

The post Четврти пат што губи ваква тужба: Бериша треба да му плати 50 илјади леки на Рама за клевета appeared first on Република.

]]>
Бериша, обвинет за корупција не се појави на распитот пред Специјалното обвинителство https://republika.mk/vesti/balkan/berisha-obvinet-za-koruptsija-ne-se-pojavi-na-raspitot-pred-spetsijalnoto-obvinitelstvo/ Mon, 06 Nov 2023 11:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=698769

Поранешниот албански премиер Сали Бериша, обвинет за корупција поврзана со приватизацијата на поранешниот спортски комплекс „Партизани“, денеска не се појави на распитот пред обвинителите на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК).

Во изјава за медиумите Бериша кажа дека нема да оди во СПАК, бидејќи тоа според него е кршење на Уставот и оти „нема насилник што ќе го натера да го прекрши Уставот“.

-Подготвен сум во секое време да одам во СПАК за да одговорам на секое прашање. Никогаш не ги прифаќам неуставните санкции на Еди Рама и неговата банда. Секој граѓанин треба да знае дека сум се јавувал во Обвинителството онолку пати колку што сум бил повикан во текот на животот. Не можам да прифатам дека Рама со грст насилници кои функционираат како структурирана криминална група го крши Уставот. Но, сè додека е на сила Уставот, нема насилник во Албанија или во светот кој би ме натерал да го прекршам Уставот, рече Бериша.

Според член 231 од Законот за кривичната постапка, во случаите кога има повреда на мерките за безбедност, судот може да изрече друга построга мерка.

Конкретно, мерките кои се сметаат за поостри и кои можат да му бидат определени на Бериша се куќен притвор или присилно приведување, додека затворскиот притвор за поранешниот премиер не е можен поради неговата возраст(79 години).

Нему Специјалниот суд против корупција и организиран криминал (ЃККО) на 21 минатиот месец му определи „обврска за јавување“ и му ја одзеде патната исправа. Бериша, кој е пратеник во албанскиот Парламент, смета дека според Уставот правосудните органи прво треба да се обратат до Законодавниот дом.

The post Бериша, обвинет за корупција не се појави на распитот пред Специјалното обвинителство appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански премиер Сали Бериша, обвинет за корупција поврзана со приватизацијата на поранешниот спортски комплекс „Партизани“, денеска не се појави на распитот пред обвинителите на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК). Во изјава за медиумите Бериша кажа дека нема да оди во СПАК, бидејќи тоа според него е кршење на Уставот и оти „нема насилник што ќе го натера да го прекрши Уставот“. -Подготвен сум во секое време да одам во СПАК за да одговорам на секое прашање. Никогаш не ги прифаќам неуставните санкции на Еди Рама и неговата банда. Секој граѓанин треба да знае дека сум се јавувал во Обвинителството онолку пати колку што сум бил повикан во текот на животот. Не можам да прифатам дека Рама со грст насилници кои функционираат како структурирана криминална група го крши Уставот. Но, сè додека е на сила Уставот, нема насилник во Албанија или во светот кој би ме натерал да го прекршам Уставот, рече Бериша. Според член 231 од Законот за кривичната постапка, во случаите кога има повреда на мерките за безбедност, судот може да изрече друга построга мерка. Конкретно, мерките кои се сметаат за поостри и кои можат да му бидат определени на Бериша се куќен притвор или присилно приведување, додека затворскиот притвор за поранешниот премиер не е можен поради неговата возраст(79 години). Нему Специјалниот суд против корупција и организиран криминал (ЃККО) на 21 минатиот месец му определи „обврска за јавување“ и му ја одзеде патната исправа. Бериша, кој е пратеник во албанскиот Парламент, смета дека според Уставот правосудните органи прво треба да се обратат до Законодавниот дом.

The post Бериша, обвинет за корупција не се појави на распитот пред Специјалното обвинителство appeared first on Република.

]]>
Сали Бериша по апсењето на неговиот зет: Обвинувањата против мене и семејството се ниски удари на Еди Рама за да се запре отпорот на опозицијата https://republika.mk/vesti/balkan/sali-berisha-po-apseneto-na-negoviot-zet-obvinuvanata-protiv-mene-i-semejstvoto-se-niski-udari-na-edi-rama-za-da-se-zapre-otporot-na-opozitsijata/ Sun, 22 Oct 2023 08:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=693808

Поранешниот албански премиер, Сали Бериша, доцна синоќа одржа итна прес-конференција во врска со изречените безбедносни мерки за него и апсењето на неговиот зет за ќерка Јамарбер Малтези.

Бериша рече дека обвинувањата против него и семејството се неосновани и оти тоа се ниски удари на премиерот Еди Рама за да се запре отпорот на опозицијата.

Рама влезе во својата политичка агонија! Тој е шокиран до срж од неговите криминали, од аферите во кои нема правда на светот што го спасува, аферата Мекгонигал, аферата со печките за горење отпад, аферата со стерилизаторите, аферата со пристаништето Драч, аферата Бутринти, обвини тој, наведувајќи и незаконски добиени тендери од членови на семејството Рама.

Тој додаде дека „за да се обвини Сали Бериша за перење пари треба да се биде без образ, бидејќи неговиот имот е транспарентен“.

Обвинувањата се чисто политички. Сали Бериша е подготвен да направи се за својата кауза. Оваа битка е дел од мојата кауза. Рама покажа дека ја воспоставил диктатурата. Да се ​​обвини Сали Бериша за перење пари мора да си без образ. Тие што кажуваат такви работи немаат ни образ ни карактер. Во ова нешто им само една вистина а тоа е дека Мелтази ми е зет, додаде Бериша.

На новинарско прашање дали се плаши од затвор тој категорично одговори дека е подготвен на се и деча ќе „стои со сета сила“.

Во седиштето на Демократската партија пристигнаа голем број пратеници и сопартијци за да му изразат поддршка.

По наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, Малтези беше уапсен синоќа на аеродромот во Тирана и според најавите денеска ќе се најде пред суд.

На Бериша одредена му е мерка „задолжително јавување“ и одземена му е патната исправа.

Се товарат за пасивна корупција, перење пари и прикривање имот, поврзани со приватизацијата на поранешниот спортски клуб „Партизани“.

The post Сали Бериша по апсењето на неговиот зет: Обвинувањата против мене и семејството се ниски удари на Еди Рама за да се запре отпорот на опозицијата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански премиер, Сали Бериша, доцна синоќа одржа итна прес-конференција во врска со изречените безбедносни мерки за него и апсењето на неговиот зет за ќерка Јамарбер Малтези. Бериша рече дека обвинувањата против него и семејството се неосновани и оти тоа се ниски удари на премиерот Еди Рама за да се запре отпорот на опозицијата.
Рама влезе во својата политичка агонија! Тој е шокиран до срж од неговите криминали, од аферите во кои нема правда на светот што го спасува, аферата Мекгонигал, аферата со печките за горење отпад, аферата со стерилизаторите, аферата со пристаништето Драч, аферата Бутринти, обвини тој, наведувајќи и незаконски добиени тендери од членови на семејството Рама.
Тој додаде дека „за да се обвини Сали Бериша за перење пари треба да се биде без образ, бидејќи неговиот имот е транспарентен“.
Обвинувањата се чисто политички. Сали Бериша е подготвен да направи се за својата кауза. Оваа битка е дел од мојата кауза. Рама покажа дека ја воспоставил диктатурата. Да се ​​обвини Сали Бериша за перење пари мора да си без образ. Тие што кажуваат такви работи немаат ни образ ни карактер. Во ова нешто им само една вистина а тоа е дека Мелтази ми е зет, додаде Бериша.
На новинарско прашање дали се плаши од затвор тој категорично одговори дека е подготвен на се и деча ќе „стои со сета сила“. Во седиштето на Демократската партија пристигнаа голем број пратеници и сопартијци за да му изразат поддршка. По наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, Малтези беше уапсен синоќа на аеродромот во Тирана и според најавите денеска ќе се најде пред суд. На Бериша одредена му е мерка „задолжително јавување“ и одземена му е патната исправа. Се товарат за пасивна корупција, перење пари и прикривање имот, поврзани со приватизацијата на поранешниот спортски клуб „Партизани“.

The post Сали Бериша по апсењето на неговиот зет: Обвинувањата против мене и семејството се ниски удари на Еди Рама за да се запре отпорот на опозицијата appeared first on Република.

]]>
Уапсен зетот на Сали Бериша, на Бериша му е одземен пасошот https://republika.mk/vesti/balkan/uapsen-zetot-na-sali-berisha-na-berisha-mu-e-odzemen-pasoshot/ Sat, 21 Oct 2023 19:52:45 +0000 https://republika.mk/?p=693735

Јамарбер Малтези, зетот на поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно ја извршуваше функцијата шеф на Одделот за животна средина во Демократската партија, уапсен е вечерва на меѓународниот аеродром во Тирана, јави Топ чанел.

-Полицијата го уапсила во моментот кога тој пристигнал на аеродромот со цел да патува надвор од земјата. Апсењето е по наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, додава телевизијата.

Единственото досие со кое се поврзува неговото име и за кое е пријавен во СПАК е она за приватизацијата на поранешниот спортски клуб „Партизани“.

Тужбата во СПАК за ова досие ја покрена министерот за внатрешни работи Таулант Бала во времето кога беше координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија. Освен него тој го обвини и Бериша и тогашниот министер за одбрана Арбен Имами.

Истрагата на СПАК траеше две години.

-Тогаш Малтези беше повикан во СПАК и на распит за овој случај, додека се чини дека Специјалното обвинителство нашло доволно докази за да го уапси зетот на поранешниот премиер, кој смета дека е еден од главните сопственици на зградите кои ги избришаа трагите од комплексот Партизани, посочува телевизијата.

Во врска со ова прашање, на Бериша му е одредна безбедносна мерка „Задолжително јавување“ а му е одземен и пасошот. Се товари за пасивна корупција, перење пари и прикривање имот.

Инаку, станува збор за имот од околу 10.000 м2, во центарот на Тирана кој е приватизиран во 2008 година за 100.000 долари, што, констатира телевизијата, е помала од вредноста на гарсоњера продадена на тој простор.

Спортскиот клуб „Партизани“ беше најважниот спортски комплекс во сопственост на Министерството за одбрана, недалеку од центарот на Тирана, каде денеска се подигнати 17 повеќекатници.

Во мај пред две години поради вмешаност во корупција, САД ги прогласи за непожелни Бериша и неговото семејство.

(МИА)

The post Уапсен зетот на Сали Бериша, на Бериша му е одземен пасошот appeared first on Република.

]]>

Јамарбер Малтези, зетот на поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно ја извршуваше функцијата шеф на Одделот за животна средина во Демократската партија, уапсен е вечерва на меѓународниот аеродром во Тирана, јави Топ чанел.
-Полицијата го уапсила во моментот кога тој пристигнал на аеродромот со цел да патува надвор од земјата. Апсењето е по наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, додава телевизијата.
Единственото досие со кое се поврзува неговото име и за кое е пријавен во СПАК е она за приватизацијата на поранешниот спортски клуб „Партизани“. Тужбата во СПАК за ова досие ја покрена министерот за внатрешни работи Таулант Бала во времето кога беше координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија. Освен него тој го обвини и Бериша и тогашниот министер за одбрана Арбен Имами. Истрагата на СПАК траеше две години.
-Тогаш Малтези беше повикан во СПАК и на распит за овој случај, додека се чини дека Специјалното обвинителство нашло доволно докази за да го уапси зетот на поранешниот премиер, кој смета дека е еден од главните сопственици на зградите кои ги избришаа трагите од комплексот Партизани, посочува телевизијата.
Во врска со ова прашање, на Бериша му е одредна безбедносна мерка „Задолжително јавување“ а му е одземен и пасошот. Се товари за пасивна корупција, перење пари и прикривање имот. Инаку, станува збор за имот од околу 10.000 м2, во центарот на Тирана кој е приватизиран во 2008 година за 100.000 долари, што, констатира телевизијата, е помала од вредноста на гарсоњера продадена на тој простор. Спортскиот клуб „Партизани“ беше најважниот спортски комплекс во сопственост на Министерството за одбрана, недалеку од центарот на Тирана, каде денеска се подигнати 17 повеќекатници. Во мај пред две години поради вмешаност во корупција, САД ги прогласи за непожелни Бериша и неговото семејство.
(МИА)

The post Уапсен зетот на Сали Бериша, на Бериша му е одземен пасошот appeared first on Република.

]]>
Бериша повика на масовни протести за да се „урне мафијашката власт на чело со Еди Рама“ https://republika.mk/vesti/svet/berisha-povika-na-masovni-protesti-za-da-se-urne-mafijashkata-vlast-na-chelo-so-edi-rama-2/ Thu, 24 Aug 2023 10:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=675324

Поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша ги повика граѓаните и демократите да се кренат на протести против владата.

Зборувајќи на состанокот на партиското претседателство, Бериша рече дека „опозицијата сега е на најважната мисија во својата историја од нејзиното основање“ и додаде „наша должност е да се соочиме. Немаме друг избор“.

Понатаму, Сали Бериша истакна дека должност на опозицијата е да го убеди секој член и симпатизер да излезе на протести.

Во Албанија е кристално јасно дека опозицијата е на најважната мисија во нејзината историја од нејзиното основање, мисија со која мора да ја урне оваа мафијашка власт на чело со Еди Рама, која нема друг национален интерес, освен да се збогати себеси и неговиот клан. Еди Рама е решен да го жртвува секој закон, секој однос за да ја консолидира својата моќ, обвинил Бериша, пренесува весникот „Која јон“.

Според него „овие криминалци треба да ја напуштат власта час порано, зашто тие го претворија богатството на земјата во лично богатство, на криминалот, на членовите на нивните семејства“.

The post Бериша повика на масовни протести за да се „урне мафијашката власт на чело со Еди Рама“ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша ги повика граѓаните и демократите да се кренат на протести против владата. Зборувајќи на состанокот на партиското претседателство, Бериша рече дека „опозицијата сега е на најважната мисија во својата историја од нејзиното основање“ и додаде „наша должност е да се соочиме. Немаме друг избор“. Понатаму, Сали Бериша истакна дека должност на опозицијата е да го убеди секој член и симпатизер да излезе на протести. Во Албанија е кристално јасно дека опозицијата е на најважната мисија во нејзината историја од нејзиното основање, мисија со која мора да ја урне оваа мафијашка власт на чело со Еди Рама, која нема друг национален интерес, освен да се збогати себеси и неговиот клан. Еди Рама е решен да го жртвува секој закон, секој однос за да ја консолидира својата моќ, обвинил Бериша, пренесува весникот „Која јон“. Според него „овие криминалци треба да ја напуштат власта час порано, зашто тие го претворија богатството на земјата во лично богатство, на криминалот, на членовите на нивните семејства“.

The post Бериша повика на масовни протести за да се „урне мафијашката власт на чело со Еди Рама“ appeared first on Република.

]]>
Бериша: Рама по налог на Вучиќ ја откажа заедничката седница со Владата на Косово https://republika.mk/vesti/svet/berisha-rama-po-nalog-na-vuchik-ja-otkazha-zaednichkata-sednitsa-so-vladata-na-kosovo/ Wed, 14 Jun 2023 10:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=651239

Поранешниот албански претседател, екс премиер и актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, денеска обвини дека албанскиот премиер Еди Рама, по налог на српскиот претседател Александар Вучиќ ја откажал седницата со владата на Косово.

Бериша рече дека Рама ја откажал долгонајавуваната средба меѓу двете влади на Албанија и Косово како почеток на санкциите против оваа влада.

Оваа одлука за откажување на средбата како одмазда за отфрлањето од страна на владата и политичките сили на Косово на неговиот нацрт добиен од фиоките во Белград, докажува што овој човек е подготвен да направи за големосрбинот Вучиќ, но и за неговата кожа бидејќи е под кривична истрага за аферата Мекгонигал, корупцијата на поранешниот шеф на контраразузнавањето во Њујорк во времето кога тој беше на функцијата, нагласува Бериша во објава на Фејсбук.

Посочува дека „пред една недела албанското досие на Мекгонигал со главните ликови Рама и неговите соработници беше споено поради врските со руското досие“.

Најостро го осудувам чинот на брутална интервенција на Еди Рама во внатрешните работи на Косово и ја повикувам меѓународната заедница да не заборави дека Еди Рама ги штити личните интереси во оваа кавга со владата на Косово и дека од неговото доаѓање на власт, тој е главниот протагонист на проектите на Голема Србија и поделбата на Косово со Александер Вучиќ, наведува Бериша.

Тој ги повика косовските власти да вложат максимални напори за деескалација на ситуацијата и враќање на агендата на Охридскиот договор и неговото спроведување како најдобар интерес на Косово, но и мир и стабилност во регионот.

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа на вонредна прес-конференција соопшти дека е откажано одржувањето на заедничка седница на владите на Албанија и Косово, што денеска требаше да се одржи во Ѓаковица, Косово.

На прес-конференцијата Рама изјави дека го информирал Курти дека „во услови на влошување на односите на Косово со целата евроатлантска заедница, оваа средба не може да се одржи во предвидениот формат“.

Претходно Курти одбил средба со Рама а преку медиумите му порачал " да подготви Предлог-статут за Албанците во Прешевската Долина (Јужна Србија)".

The post Бериша: Рама по налог на Вучиќ ја откажа заедничката седница со Владата на Косово appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател, екс премиер и актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, денеска обвини дека албанскиот премиер Еди Рама, по налог на српскиот претседател Александар Вучиќ ја откажал седницата со владата на Косово. Бериша рече дека Рама ја откажал долгонајавуваната средба меѓу двете влади на Албанија и Косово како почеток на санкциите против оваа влада. Оваа одлука за откажување на средбата како одмазда за отфрлањето од страна на владата и политичките сили на Косово на неговиот нацрт добиен од фиоките во Белград, докажува што овој човек е подготвен да направи за големосрбинот Вучиќ, но и за неговата кожа бидејќи е под кривична истрага за аферата Мекгонигал, корупцијата на поранешниот шеф на контраразузнавањето во Њујорк во времето кога тој беше на функцијата, нагласува Бериша во објава на Фејсбук. Посочува дека „пред една недела албанското досие на Мекгонигал со главните ликови Рама и неговите соработници беше споено поради врските со руското досие“. Најостро го осудувам чинот на брутална интервенција на Еди Рама во внатрешните работи на Косово и ја повикувам меѓународната заедница да не заборави дека Еди Рама ги штити личните интереси во оваа кавга со владата на Косово и дека од неговото доаѓање на власт, тој е главниот протагонист на проектите на Голема Србија и поделбата на Косово со Александер Вучиќ, наведува Бериша. Тој ги повика косовските власти да вложат максимални напори за деескалација на ситуацијата и враќање на агендата на Охридскиот договор и неговото спроведување како најдобар интерес на Косово, но и мир и стабилност во регионот. Албанскиот премиер Еди Рама синоќа на вонредна прес-конференција соопшти дека е откажано одржувањето на заедничка седница на владите на Албанија и Косово, што денеска требаше да се одржи во Ѓаковица, Косово. На прес-конференцијата Рама изјави дека го информирал Курти дека „во услови на влошување на односите на Косово со целата евроатлантска заедница, оваа средба не може да се одржи во предвидениот формат“. Претходно Курти одбил средба со Рама а преку медиумите му порачал " да подготви Предлог-статут за Албанците во Прешевската Долина (Јужна Србија)".

The post Бериша: Рама по налог на Вучиќ ја откажа заедничката седница со Владата на Косово appeared first on Република.

]]>
Ескобар: И да победи на изборите, Бериша ќе остане „персона нон грата“ за САД https://republika.mk/vesti/balkan/eskobar-i-da-pobedi-na-izborite-berisha-ke-ostane-persona-non-grata-za-sad/ Sat, 15 Apr 2023 09:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=630984

Помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар во вчерашното интервју за Топ Чанел ја згасна секоја надеж за Сали Бериша, јасно ставајќи до знаење дека и да победи на изборите тој ќе остане „персона нон грата“.

Нарекувајќи го „минато на земјата“, Ескобар рече дека САД се многу јасни во својот став кон лицата кои се санкционирани за корупција и поткопување на демократијата.

– Најпрво, мислам дека нашиот став за овој конкретен поединец е многу јасен. Но, би рекол дека не познавам ниту еден човек кој преку избори успеал да го смени определувањето на својата позиција од страна на Стејт департментот според нашето законодавство. Да, откако го кажав тоа, мислам дека Албанија има навистина извонредна иднина и треба да се фокусира на иднината. И има многу луѓе кои би сакале да ја влечат назад во минатото и мислам дека тоа не е место каде што Албанија сака да оди. Значи тоа е минато? Ако ме прашувате мене, дефинитивно, тоа е минато, изјави Ескобар во интервју за Топ чанел.

САД го прогласи Бериша за непожелен во мај 2021 годиниа, а во јуни минатата и Обединетото Кралство.

Постојаните критики и обвинувања на Бериша за американската амбасадорка Јури Ким, за Ескобар се неоправдани и воопшто недипломатски.

Тој се погрижи да нагласи дека позициите на амбасадорите во целина, а конкретно на Ким, не се лични ставови, туку „токму тоа сака да го каже и направи секретарот“.

– Би рекол дека во регионот сите наши амбасадори функционираат со целосна поддршка на државниот секретар и претседателот. Сите тие постапуваат во согласност со нашите вредности и политики. И жално е што некои наши амбасадори во регионот се најдоа на личен напад. Како прво, мислам дека е неоправдано. Но, второ, мислам дека тоа е исто така недипломатски, бидејќи она што го прави нашиот амбасадор е токму она што сака да го направи секретарот. Не е нешто лично. Тоа е прашање на политика. Мислам дека сите треба да го препознаат ова. И всушност, ако треба да додадам лично мислење, ние имаме еден од најдобрите амбасадори за надворешни работи што служи во Албанија. Значи тоа не е лична работа. Тоа е нешто професионално, додаде Ескобар.

Целта на неговата тридневна посета на Албанија, каде што имаше средби со премиерот Еди Рама, претседателот Бајрам Бегај, вршителот на должноста претседател на опозициската Демократска партија, Енкелејд Алибеај, како и претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета, како што вели не биле само локалните избори што ќе се одржат на 14 мај.

– Мојата посета овде апсолутно не е поврзана со локални избори. Тоа е дел од редовните консултации што ги имаме со блиските сојузници. А Албанија е близок сојузник, рече тој, опишувајќи ја како земја со клучна улога во регионалната стабилност.

На крајот го спомена и случајот „МекГонигал“, што се однесува на поранешен висок функционер на ФБИ и обвинувањата за негова поврзаност со премиерот Еди Рама, посочувајќи дека „тој случај не влијаел на односите Албанија – САД“.

The post Ескобар: И да победи на изборите, Бериша ќе остане „персона нон грата“ за САД appeared first on Република.

]]>

Помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар во вчерашното интервју за Топ Чанел ја згасна секоја надеж за Сали Бериша, јасно ставајќи до знаење дека и да победи на изборите тој ќе остане „персона нон грата“. Нарекувајќи го „минато на земјата“, Ескобар рече дека САД се многу јасни во својот став кон лицата кои се санкционирани за корупција и поткопување на демократијата.
– Најпрво, мислам дека нашиот став за овој конкретен поединец е многу јасен. Но, би рекол дека не познавам ниту еден човек кој преку избори успеал да го смени определувањето на својата позиција од страна на Стејт департментот според нашето законодавство. Да, откако го кажав тоа, мислам дека Албанија има навистина извонредна иднина и треба да се фокусира на иднината. И има многу луѓе кои би сакале да ја влечат назад во минатото и мислам дека тоа не е место каде што Албанија сака да оди. Значи тоа е минато? Ако ме прашувате мене, дефинитивно, тоа е минато, изјави Ескобар во интервју за Топ чанел.
САД го прогласи Бериша за непожелен во мај 2021 годиниа, а во јуни минатата и Обединетото Кралство. Постојаните критики и обвинувања на Бериша за американската амбасадорка Јури Ким, за Ескобар се неоправдани и воопшто недипломатски. Тој се погрижи да нагласи дека позициите на амбасадорите во целина, а конкретно на Ким, не се лични ставови, туку „токму тоа сака да го каже и направи секретарот“.
– Би рекол дека во регионот сите наши амбасадори функционираат со целосна поддршка на државниот секретар и претседателот. Сите тие постапуваат во согласност со нашите вредности и политики. И жално е што некои наши амбасадори во регионот се најдоа на личен напад. Како прво, мислам дека е неоправдано. Но, второ, мислам дека тоа е исто така недипломатски, бидејќи она што го прави нашиот амбасадор е токму она што сака да го направи секретарот. Не е нешто лично. Тоа е прашање на политика. Мислам дека сите треба да го препознаат ова. И всушност, ако треба да додадам лично мислење, ние имаме еден од најдобрите амбасадори за надворешни работи што служи во Албанија. Значи тоа не е лична работа. Тоа е нешто професионално, додаде Ескобар.
Целта на неговата тридневна посета на Албанија, каде што имаше средби со премиерот Еди Рама, претседателот Бајрам Бегај, вршителот на должноста претседател на опозициската Демократска партија, Енкелејд Алибеај, како и претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета, како што вели не биле само локалните избори што ќе се одржат на 14 мај.
– Мојата посета овде апсолутно не е поврзана со локални избори. Тоа е дел од редовните консултации што ги имаме со блиските сојузници. А Албанија е близок сојузник, рече тој, опишувајќи ја како земја со клучна улога во регионалната стабилност.
На крајот го спомена и случајот „МекГонигал“, што се однесува на поранешен висок функционер на ФБИ и обвинувањата за негова поврзаност со премиерот Еди Рама, посочувајќи дека „тој случај не влијаел на односите Албанија – САД“.

The post Ескобар: И да победи на изборите, Бериша ќе остане „персона нон грата“ за САД appeared first on Република.

]]>
Поранешниот премиер на Албанија исфрлен од учество на локалните избори https://republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-premier-na-albanija-isfrlen-od-uchestvo-na-lokalnite-izbori/ Sat, 11 Mar 2023 14:36:04 +0000 https://republika.mk/?p=618502

 Албанската централна изборна комисија го отфрли барањето и не го регистрира за учество на локалните избори крилото на опозициската Демократска партија, предводено од Сали Бериша.
И делот на партијата предводен од Енкелед Алибеај сеуште не е регистриран иако судот одлучи дека ним им припаѓаат печатот и логото на партијата.
Комисијата му ја врати документацијата на Алибеај, кој е вршител на должноста претседател откако Љуљзим Баша пред една година си поднесе оставка.
Имено, комисијата, како што образложува,  бара пријавата да биде потпишана од  Баша, затоа што во судскиот регистар сеуште фигурира како прв човек на партијата.
Веднаш по отфрлање на пријавата од страна на ЦИК  Бериша достави приговор до Комисијата за поплаки и санкции која е компетентен  орган за разгледување и определување санкции за кршење на изборниот законик.
Од друга страна Алибеај документацијата повторно ја достави до ЦИК со образложение дека по оставката на Баша тој е избран од партијата.
Според медиумите пак и покрај тоа што се доведува во прашање учеството на партијата на изборите Баша сеуште не се огласил.
За изборите што ќе се одржат на 14 мај регистрирани се педесетина политички партии меѓу нив Социјалистичката на Еди Рама, Партијата на слободата на Илир Мета, како и партиите на македонското и грчкото малцинство.
Минатите избори ги бојкотираше здружената опозиција предводена од Баша, па од 61 општина дури во 60 градоначалници беа избрани кандидати на Социјалистичката партија а само во Финиќ од грчката партија МЕГА

The post Поранешниот премиер на Албанија исфрлен од учество на локалните избори appeared first on Република.

Дали напаѓачот на Бериша бил инфилтриран полицаец? https://republika.mk/vesti/balkan/dali-napagjachot-na-berisha-bil-infiltriran-policaec/ Tue, 06 Dec 2022 18:46:20 +0000 https://republika.mk/?p=582695

Генералниот директор на албанската државна полиција, Мухамет Румбулаку,  ги отфрли обвинувањата  на поранешниот премиер Сали Бериша дека 31-годишниот Герти Шеху, кој го удрил, бил агент на криминалистичката полиција.
Румбулаку рече дека  Шеху никогаш не бил полициски агент и никогаш не бил користен како инфилтратор.
– Во врска овој дел од изјавата на Бериша појаснуваме дека лицето Герт Шпетим Шеху никогаш не бил и не е агент во овој сектор, како и во ниту  која било од структурите на државната полиција. Тој никогаш не бил користен како инфилтратор од полицијата, рече Румбулаку.
Тој, исто така, нагласи дека документот кој покажува дека лицето боледува од ментални здравствени проблеми, им бил достапен на медиумите од самите членови на семејството.
–  Документот дека е ментално болен го дале самите членови на неговото семејство. Државната полиција најостро ги осудува овие изјави. Го уверуваме пратеникот Бериша дека државната полиција во соработка со Обвинителството ќе работи на расветлување на инцидентот, посочи тој.
Бериша обвини дека лицето што го нападнало е агент на криминалистичката полиција и оти се користи како инфилтратор, дека не верува дека е психички болен, дека документот е лажен и оти ” се е добро испланирано од премиерот Еди Рама”

The post Дали напаѓачот на Бериша бил инфилтриран полицаец? appeared first on Република.