Сала Archives - Република https://republika.mk/tema/sala/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 20:14:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сала Archives - Република https://republika.mk/tema/sala/ 32 32 Се урива покривот на запалената концертна сала во Москва, внатре уште има луѓе https://republika.mk/vesti/svet/se-uriva-pokrivot-na-zapalenata-kontsertna-sala-vo-moskva-vnatre-ushte-ima-luge/ Fri, 22 Mar 2024 20:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=757588

Во концертната сала Крокус Сити Хол на западот на Москва дошло до пукање, а се слушнале и две експлозии, по што дошло и до голем пожар, јавуваат светските агенции.

Според последните информации, во нападот загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се ранети, соопшти руската тајна служба. Сепак, се стравува дека ќе има повеќе загинати и повредени бидејќи има повеќе луѓе во салата. Не се знае колку.

На социјалните мрежи може да се видат видеа од уривање на покривот на концертната сала.

The post Се урива покривот на запалената концертна сала во Москва, внатре уште има луѓе appeared first on Република.

]]>

Во концертната сала Крокус Сити Хол на западот на Москва дошло до пукање, а се слушнале и две експлозии, по што дошло и до голем пожар, јавуваат светските агенции.

Според последните информации, во нападот загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се ранети, соопшти руската тајна служба. Сепак, се стравува дека ќе има повеќе загинати и повредени бидејќи има повеќе луѓе во салата. Не се знае колку. На социјалните мрежи може да се видат видеа од уривање на покривот на концертната сала.

The post Се урива покривот на запалената концертна сала во Москва, внатре уште има луѓе appeared first on Република.

]]>
Со концерт на „Ју-ту“ отворена новата футуристичка сала „Сферата“ во Лас Вегас https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/so-kontsert-na-ju-tu-otvorena-novata-futuristichka-sala-sferata-vo-las-vegas/ Mon, 02 Oct 2023 21:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=687266

Групата „Ју-ту“ го одржа својот прв настап во Лас Вегас во „Сферата“, нов масовен простор во форма на купола, кој е целосно исткаен од LED екрани.

Најевтината карта за концертот, кој веднаш беше распродаден, беше околу 400 евра, но тоа не беше проблем за публиката.

Дел од публиката дојде ексклузивно да го види и први да го снимат новиот простор во Вегас, каде во иднина ќе се одржуваат најголемите концерти и ревии.

View this post on Instagram

A post shared by What's Inside? (@whatsinside)

Снимките од „Сфера“ денеска ги преплавија социјалните мрежи и сцените навистина го одземаат здивот.

Во еден момент додека бендот ја свиреше „The Fly“, сетот се претвори во тунел кој изгледаше како да се протега до небото.

Анимациите и 3D ефектите беа направени на таков начин што луѓето се чувствуваа како да се изгубени во вселената, пишува NY Times.

View this post on Instagram

A post shared by What's Inside? (@whatsinside)

The post Со концерт на „Ју-ту“ отворена новата футуристичка сала „Сферата“ во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>

Групата „Ју-ту“ го одржа својот прв настап во Лас Вегас во „Сферата“, нов масовен простор во форма на купола, кој е целосно исткаен од LED екрани. Најевтината карта за концертот, кој веднаш беше распродаден, беше околу 400 евра, но тоа не беше проблем за публиката. Дел од публиката дојде ексклузивно да го види и први да го снимат новиот простор во Вегас, каде во иднина ќе се одржуваат најголемите концерти и ревии.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by What's Inside? (@whatsinside)

Снимките од „Сфера“ денеска ги преплавија социјалните мрежи и сцените навистина го одземаат здивот. Во еден момент додека бендот ја свиреше „The Fly“, сетот се претвори во тунел кој изгледаше како да се протега до небото. Анимациите и 3D ефектите беа направени на таков начин што луѓето се чувствуваа како да се изгубени во вселената, пишува NY Times.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by What's Inside? (@whatsinside)

The post Со концерт на „Ју-ту“ отворена новата футуристичка сала „Сферата“ во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>
Да најдеме решение во кое никој нема да биде загрозен, ниту Филхармонија, ниту Оркестар за џез музика, не ни ги кратете крилјата уште на почеток, велат од ЗЏМ https://republika.mk/vesti/kultura/da-najdeme-reshenie-vo-koe-nikoj-nema-da-bide-zagrozen-nitu-filharmonija-nitu-orkestar-za-dhez-muzika-ne-ni-gi-kratete-kriljata-ushte-na-pochetok-velat-od-zdhm/ Thu, 13 Apr 2023 11:03:40 +0000 https://republika.mk/?p=630513

Здржението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) апелира да се најде решение во кое никој нема да биде загрозен, ниту Филхармонија, ниту Оркестарот за џез музика.

Ние како Оркестар за џез музика ја покажавме нашата флексибилност со која гарантираме дека работата на Филхармонија нема да биде загрозена од ниту еден аспект и во ниту еден случај. Ве молиме немојте да ни ги кратите крилјата уште на почеток, се вели во писмената реација на ЗЏМ испратена до медиумите за која тие велат дека е последна во низата.

Филхармонија вчера на прес-конференција рекоа дека остануваат на својот став дека две национални установи не можат да функционираат под еден покрив и најавија јавни протести ако Владата не ја промени одлуката за привремено сместување на новоформираниот Оркестар за џез музика во зградата на Филхармонијата. Од Филхармонија велат дека министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е директно одговорна за настанатиот хаос и не го испочитувала ветувањето дека на првата следна владина седница ќе се поништи одлуката за привремено сместување на ОЏМ во нивниот дом.

ЗЏМ реагира на вчерашната прес-конференција на вработените во Филхармонија.

Ова е наше последно обраќање до јавноста поврзано со настаната ситуација, бидејќи сметаме дека сè е кажано. За жал, малку сме уморни од сево ова, бидејќи овој начин на комуникација не ни е својствен. Наместо да започнеме со нашата концертна и творечка дејност, ние се занимаваме со т.н. спинови, преписки или „рекла - казала“ муабети, вокабулар кој не наликува на академски граѓани или уметници од висок ранг, велат од ЗЏМ.

https://republika.mk/vesti/kultura/ivanova-nitu-jas-kako-direktor-na-filharmonija-nitu-bilo-koj-vraboten-ja-imashe-informatsijata-deka-novata-natsionalna-ustanova-ke-bide-smestena-vo-ovoj-objekt/

Во реакцијата до јавноста ЗЏМ пишува дека сакале да истакнат неколку поенти од кои онаа, можеби најбитната, е таа дека во Скопје, во моментов, постојат две концертни сали кои одговараат на изведувачкиот концертен карактер на нашиот оркестар. Тоа се МОБ и Филхармонија.

До оној момент додека не се појави нова концертна сала, ние ќе мора некаде да ги одржуваме нашите проби и концерти. Уште еднаш сакаме да потенцираме дека со нашата работа нема да се наруши комодитетот на било кој од вработените во Филхармонија. Најважно од сè е, тоа што ние сè уште не добивме ниту еден релевантен аргумент дека нашето евентуално работење во зградата ќе го попречи работењето на оркестарот на Филхармонија, се вели во ракцијата.

Според нив, дезинформацијата „7 години ЗЏМ во Филхармонија “ е извадена од контекст.

Ние во неколку наврати кажавме дека ние како биг бенд работиме 7 години. Можеби е направен лапсус во броењето на календарските години, но ако изброите календарски од 2017 до 2023 има 7 години, земајќи во предвид дека отварањето на зградата е во мај 2017 година. Ние се извинуваме доколку „украдовме“ некој месец во нашата неумесна пресметка, но првиот концерт на биг бендот во соработка со Филхармонија, во истата зграда, се случи на 12.12 2017 година, концертот насловен “Baby It’s Cold Outside“ . За сите други искази од пресот, сметаме дека нема потреба да се коментираат, бидејќи се потполно ирелевантни.  За крај, ги повикуваме сите засегнати од оваа т.н. „Национална културна мело-драма “, да се однесуваат достоинствено, колегијално, солидарно, да ги согледаме фактите и да се соочиме со реалната состојба, до изнаоѓање на конечно решение, како што впрочем и стои во одлуката на Министерството за култура. Животот е прекраток за да ни минува во чудесни расправии и исправање превртени разговори и неосновани размислувања, се вели во писмената реакција на ЗЏМ.

https://republika.mk/vesti/kultura/funktsionirane-na-dva-natsionalni-orkestri-so-sosema-razlichna-programska-i-estetska-kontseptsija-e-nespoiva-sostojba-na-shto-vsushnost-reagira-i-tselata-filharmonija/

The post Да најдеме решение во кое никој нема да биде загрозен, ниту Филхармонија, ниту Оркестар за џез музика, не ни ги кратете крилјата уште на почеток, велат од ЗЏМ appeared first on Република.

]]>

Здржението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) апелира да се најде решение во кое никој нема да биде загрозен, ниту Филхармонија, ниту Оркестарот за џез музика.
Ние како Оркестар за џез музика ја покажавме нашата флексибилност со која гарантираме дека работата на Филхармонија нема да биде загрозена од ниту еден аспект и во ниту еден случај. Ве молиме немојте да ни ги кратите крилјата уште на почеток, се вели во писмената реација на ЗЏМ испратена до медиумите за која тие велат дека е последна во низата.
Филхармонија вчера на прес-конференција рекоа дека остануваат на својот став дека две национални установи не можат да функционираат под еден покрив и најавија јавни протести ако Владата не ја промени одлуката за привремено сместување на новоформираниот Оркестар за џез музика во зградата на Филхармонијата. Од Филхармонија велат дека министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е директно одговорна за настанатиот хаос и не го испочитувала ветувањето дека на првата следна владина седница ќе се поништи одлуката за привремено сместување на ОЏМ во нивниот дом. ЗЏМ реагира на вчерашната прес-конференција на вработените во Филхармонија.
Ова е наше последно обраќање до јавноста поврзано со настаната ситуација, бидејќи сметаме дека сè е кажано. За жал, малку сме уморни од сево ова, бидејќи овој начин на комуникација не ни е својствен. Наместо да започнеме со нашата концертна и творечка дејност, ние се занимаваме со т.н. спинови, преписки или „рекла - казала“ муабети, вокабулар кој не наликува на академски граѓани или уметници од висок ранг, велат од ЗЏМ.
https://republika.mk/vesti/kultura/ivanova-nitu-jas-kako-direktor-na-filharmonija-nitu-bilo-koj-vraboten-ja-imashe-informatsijata-deka-novata-natsionalna-ustanova-ke-bide-smestena-vo-ovoj-objekt/ Во реакцијата до јавноста ЗЏМ пишува дека сакале да истакнат неколку поенти од кои онаа, можеби најбитната, е таа дека во Скопје, во моментов, постојат две концертни сали кои одговараат на изведувачкиот концертен карактер на нашиот оркестар. Тоа се МОБ и Филхармонија.
До оној момент додека не се појави нова концертна сала, ние ќе мора некаде да ги одржуваме нашите проби и концерти. Уште еднаш сакаме да потенцираме дека со нашата работа нема да се наруши комодитетот на било кој од вработените во Филхармонија. Најважно од сè е, тоа што ние сè уште не добивме ниту еден релевантен аргумент дека нашето евентуално работење во зградата ќе го попречи работењето на оркестарот на Филхармонија, се вели во ракцијата.
Според нив, дезинформацијата „7 години ЗЏМ во Филхармонија “ е извадена од контекст.
Ние во неколку наврати кажавме дека ние како биг бенд работиме 7 години. Можеби е направен лапсус во броењето на календарските години, но ако изброите календарски од 2017 до 2023 има 7 години, земајќи во предвид дека отварањето на зградата е во мај 2017 година. Ние се извинуваме доколку „украдовме“ некој месец во нашата неумесна пресметка, но првиот концерт на биг бендот во соработка со Филхармонија, во истата зграда, се случи на 12.12 2017 година, концертот насловен “Baby It’s Cold Outside“ . За сите други искази од пресот, сметаме дека нема потреба да се коментираат, бидејќи се потполно ирелевантни.  За крај, ги повикуваме сите засегнати од оваа т.н. „Национална културна мело-драма “, да се однесуваат достоинствено, колегијално, солидарно, да ги согледаме фактите и да се соочиме со реалната состојба, до изнаоѓање на конечно решение, како што впрочем и стои во одлуката на Министерството за култура. Животот е прекраток за да ни минува во чудесни расправии и исправање превртени разговори и неосновани размислувања, се вели во писмената реакција на ЗЏМ.
https://republika.mk/vesti/kultura/funktsionirane-na-dva-natsionalni-orkestri-so-sosema-razlichna-programska-i-estetska-kontseptsija-e-nespoiva-sostojba-na-shto-vsushnost-reagira-i-tselata-filharmonija/  

The post Да најдеме решение во кое никој нема да биде загрозен, ниту Филхармонија, ниту Оркестар за џез музика, не ни ги кратете крилјата уште на почеток, велат од ЗЏМ appeared first on Република.

]]>
Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат по улици и паркинзи, откако Арсовска стави клуч на спортската сала https://republika.mk/vesti/skopje/rakometarite-na-makedonija-gorche-petrov-treniraat-po-ulitsi-i-parkinzi-otkako-arsovska-stavi-kluch-na-sportskata-sala/ Mon, 30 Jan 2023 09:25:05 +0000 https://republika.mk/?p=602530

Вистинска голгота преживува ракометниот клуб Македонија Ѓорче Петров од истоимената скопска населба откако во вториот дел од ракометната македонска прва лига останаа без сала за своите тренинзи и натпревари.

Спортската сала во средното училиште Кочо Рацин која со години ја употребуваа, веќе не им е достапна, откако градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје решија да ја стават вон употреба затоа што како што им било кажано во клубот, истата, била нефункционална и небезбедна за идни натпревари, иако салата со години ги задоволува условите за одржување на тренинзи и натпревари.

Револтот кај љубителите на ракометот и кај ѓорчепетровци е огромен, а со свој став се јави и РК Македонија Ѓорче Петров.

Ниту една бирократска процедура, ниту една инспекција, ниту следните чекори, ниту…. Нема да го скрши Ѓорчепетровскиот непокор. Се што нема да го убие само ќе го направи посилен лавот!!! Ги започнавме подготовките, пак на отворено, а салата нека седи затворена за клубовите од Ѓорче Петров. Не се плашат од ништо ниту сениорите ниту најмалите, просто нема што да не исплаши. Борбата продолжува!!!“ стои во објавата на ракометниот клуб, каде се објавени и фотографии и видеа како младинските категории своите тренинзи ги одржуваат на паркингот пред спортската сала.

The post Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат по улици и паркинзи, откако Арсовска стави клуч на спортската сала appeared first on Република.

]]>

Вистинска голгота преживува ракометниот клуб Македонија Ѓорче Петров од истоимената скопска населба откако во вториот дел од ракометната македонска прва лига останаа без сала за своите тренинзи и натпревари. Спортската сала во средното училиште Кочо Рацин која со години ја употребуваа, веќе не им е достапна, откако градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје решија да ја стават вон употреба затоа што како што им било кажано во клубот, истата, била нефункционална и небезбедна за идни натпревари, иако салата со години ги задоволува условите за одржување на тренинзи и натпревари. Револтот кај љубителите на ракометот и кај ѓорчепетровци е огромен, а со свој став се јави и РК Македонија Ѓорче Петров.