Сакура Фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/sakura-festival/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 07:19:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сакура Фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/sakura-festival/ 32 32 Концерти, балет, филм, панел дискусии за јапонската култура вечерва на Сакура фестивалот во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/kontserti-balet-film-panel-diskusii-za-japonskata-kultura-vecherva-na-sakura-festivalot-vo-mkts/ Sat, 01 Jun 2024 08:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=783740

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечер ќе се одржи Фестивалот за јапонска култура - Сакура фестивал, како заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија, по повод 30 годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи. Фестивалот има богата програма која вклучува случувања од сите аспекти на културата, поп-културата и субкултурните текови.

Како што најавија организаторите, за време на самото отворање, обраќање ќе имаат директорката на Директорат за билатерални односи со воневропски држави при МНР како и амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја, кој подоцна ќе одржи мал концерт на класична гитара.

Од организацијата „Јапанетмк“ соопштија дека на агендата на фестивалот се три концерти од млади музичари, еден пијано концерт, лајв сет со амбиентална музика, балет инсириран од јапонски буто танц, три панел дискусии за јапонска култура и природа, архитектура и филм.

Исто така, во рамките на фестивалот ќе се одржи и претставување на пет јапонски боречки вештини, две работилници, презентации и церемонија на чај, цртање во живо, две групни изложби, четири натпревари во гејминг, четири модни дизајнери, два ресторани со јапонска храна и над 15 излагачи на базар за изработки, аниме квиз, косплеј презентација, и мануелно принтање во живо.

-Овој фестивал е создаден со вклучување на заедницата и голем број млади луѓе, заедничко помагање и соработка на поединци, кои ја сакаат јапонската култура и имаат заедничка цел да ја унапредат нашата, велат организаторите.

Слоганот на ова издание на фестивалот „Расцути ја иднината“, што е поврзано и со самото име на фестивалот Сакура - црешов цвет, и повикува кон градење на поодржлива иднина за сите, за која треба да почнеме да работиме уште веднаш.

Мотото потекнува од јапонскиот израз „мотаиниа“ кој значи „немој да го трошиш она што е вредно“.

Од организацијата ги повикуваат сите кои ја сакаат оваа древна, но модерна култура, ја ценат општествената одговорност, се борат за повозвишена општа култура и сакаат иднина во склад со природата да го посетат утрешниот фестивал и да ја прослават убавината заедно.

The post Концерти, балет, филм, панел дискусии за јапонската култура вечерва на Сакура фестивалот во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечер ќе се одржи Фестивалот за јапонска култура - Сакура фестивал, како заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија, по повод 30 годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи. Фестивалот има богата програма која вклучува случувања од сите аспекти на културата, поп-културата и субкултурните текови. Како што најавија организаторите, за време на самото отворање, обраќање ќе имаат директорката на Директорат за билатерални односи со воневропски држави при МНР како и амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја, кој подоцна ќе одржи мал концерт на класична гитара. Од организацијата „Јапанетмк“ соопштија дека на агендата на фестивалот се три концерти од млади музичари, еден пијано концерт, лајв сет со амбиентална музика, балет инсириран од јапонски буто танц, три панел дискусии за јапонска култура и природа, архитектура и филм. Исто така, во рамките на фестивалот ќе се одржи и претставување на пет јапонски боречки вештини, две работилници, презентации и церемонија на чај, цртање во живо, две групни изложби, четири натпревари во гејминг, четири модни дизајнери, два ресторани со јапонска храна и над 15 излагачи на базар за изработки, аниме квиз, косплеј презентација, и мануелно принтање во живо. -Овој фестивал е создаден со вклучување на заедницата и голем број млади луѓе, заедничко помагање и соработка на поединци, кои ја сакаат јапонската култура и имаат заедничка цел да ја унапредат нашата, велат организаторите. Слоганот на ова издание на фестивалот „Расцути ја иднината“, што е поврзано и со самото име на фестивалот Сакура - црешов цвет, и повикува кон градење на поодржлива иднина за сите, за која треба да почнеме да работиме уште веднаш. Мотото потекнува од јапонскиот израз „мотаиниа“ кој значи „немој да го трошиш она што е вредно“. Од организацијата ги повикуваат сите кои ја сакаат оваа древна, но модерна култура, ја ценат општествената одговорност, се борат за повозвишена општа култура и сакаат иднина во склад со природата да го посетат утрешниот фестивал и да ја прослават убавината заедно.

The post Концерти, балет, филм, панел дискусии за јапонската култура вечерва на Сакура фестивалот во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Од први јуни фестивал на јапонската култура во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/od-prvi-juni-festival-na-japonskata-kultura-vo-mkts/ Mon, 13 May 2024 14:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=777674

Од први јуни во МКЦ во Скопје ќе се одржи фестивал на јапонската култура, наречен Сакура фестивал.

Ова е единствен фестивал на јапонската култура во Македонија кој поврзува различни аспекти и различни таргет групи од културата на едно место со цел да се шират идеи за подобрување на нашето опшество. Идејата е да се унапреди културата во нашата земја преку преставување на таленти кои се инспирирани од јапонскиот дух, од интелектуалци, уметници, спортисти до занаетчии.

Програмата опфаќа уметност, мода, спорт, технологија, архитектура, градинарство, музика, занаетчиство, храна, и слично со присуство на звучни имиња. Во 11 простории во МКЦ ќе се одвиваат 45 активности во кои ќе учествуваат околу 200 лица. Јапонски гости ќе зборуваат за улогата на природата во јапонското секојдневие, ќе се зборува за одржлива архитектура, ќе има изложби на слики на познати уметници, музички перформанси (кинцуги балет, пијано концерт и Буто инспириран модерен балет) и презентации на млади македонски модни креатори.

Исто така, на фестивалот ќе се претстави значењето на јапонската церемонија за пиење чај, додека Шумарскиот факиултет ќе подготви јапонска градина, а Манса Бонсаи ќе претстави бонсаи изложба. Предвидени се и гејминг натпревари, работилници, базар на храна, јапонски кукли, книги и разни изработки и презентација на најпознатите јапонски боречки вештини.

 

The post Од први јуни фестивал на јапонската култура во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Од први јуни во МКЦ во Скопје ќе се одржи фестивал на јапонската култура, наречен Сакура фестивал. Ова е единствен фестивал на јапонската култура во Македонија кој поврзува различни аспекти и различни таргет групи од културата на едно место со цел да се шират идеи за подобрување на нашето опшество. Идејата е да се унапреди културата во нашата земја преку преставување на таленти кои се инспирирани од јапонскиот дух, од интелектуалци, уметници, спортисти до занаетчии. Програмата опфаќа уметност, мода, спорт, технологија, архитектура, градинарство, музика, занаетчиство, храна, и слично со присуство на звучни имиња. Во 11 простории во МКЦ ќе се одвиваат 45 активности во кои ќе учествуваат околу 200 лица. Јапонски гости ќе зборуваат за улогата на природата во јапонското секојдневие, ќе се зборува за одржлива архитектура, ќе има изложби на слики на познати уметници, музички перформанси (кинцуги балет, пијано концерт и Буто инспириран модерен балет) и презентации на млади македонски модни креатори. Исто така, на фестивалот ќе се претстави значењето на јапонската церемонија за пиење чај, додека Шумарскиот факиултет ќе подготви јапонска градина, а Манса Бонсаи ќе претстави бонсаи изложба. Предвидени се и гејминг натпревари, работилници, базар на храна, јапонски кукли, книги и разни изработки и презентација на најпознатите јапонски боречки вештини.  

The post Од први јуни фестивал на јапонската култура во МКЦ appeared first on Република.

]]>