сајбер Archives - Република https://republika.mk/tema/sajber/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Sep 2022 07:18:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сајбер Archives - Република https://republika.mk/tema/sajber/ 32 32 Османи на состанок за глобалната сајбер безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sostanok-za-globalnata-sajber-bezbednost/ Sat, 24 Sep 2022 08:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=553671

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк, учествуваше на состанок на тема: „Обликување на глобалната сајбер-безбедност - Повик за акција за промовирање на одговорно однесување на државата и градење капацитети“, чии домаќини беа министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок и министерката за надворешни работи на Франција, Катерин Колона.

 

Во фокусот на дискусиите беа безбедносните предизвици во сајбер просторот како сериозна закана за постојниот меѓународен поредок. Воедно, беше нагласена потребата од ефективен мултилатерален одговор и стратешка размена на информации и искуства особено меѓу НАТО сојузниците, во насока на успешно справување и надминување на сајбер заканите кои стануваат сѐ побројни, поразновидни и пософистицирани.

 

Во своето излагање, министерот Османи се осврна на предизвиците во сајбер просторот со кои се соочува Македонија, нагласувајќи дека сајбер нападите се карактеристични и за други земји од Западен Балкан, тренд што особено се интензивираше по почетокот на руската воена инвазија во Украина. Османи се осврна и на опасностите поврзани со хибридните ризици и закани, како што се злонамерните сајбер активности, кои имаат за цел да ги дестабилизираат државите и да предизвикаат несигурност кај граѓаните.

 

“Националната стратегија за сајбер безбедност е еден од столбовите на системот за зајакнување на капацитетите за сајбер одбрана, заштита на критичната информатичка инфраструктура, подигнување на свеста за информатичка безбедност и безбедносната култура на сите актери во сајбер просторот. Македонија континуирано соработува со сите засегнати страни – бизнис секторот, истражувачката и академската заедница, како и со граѓанското општество, со цел изнаоѓање заеднички решенија за овие предизвици”, заклучи Османи.

 

Посочувајќи на неограничените можности и придобивки на дигиталната технологија во нашето современо живеење, министерот Османи истакна дека нашата држава се залага за слободно, отворено, мирољубиво и безбедно опкружување во користењето на информатичката технологија.

 

The post Османи на состанок за глобалната сајбер безбедност appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк, учествуваше на состанок на тема: „Обликување на глобалната сајбер-безбедност - Повик за акција за промовирање на одговорно однесување на државата и градење капацитети“, чии домаќини беа министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок и министерката за надворешни работи на Франција, Катерин Колона.   Во фокусот на дискусиите беа безбедносните предизвици во сајбер просторот како сериозна закана за постојниот меѓународен поредок. Воедно, беше нагласена потребата од ефективен мултилатерален одговор и стратешка размена на информации и искуства особено меѓу НАТО сојузниците, во насока на успешно справување и надминување на сајбер заканите кои стануваат сѐ побројни, поразновидни и пософистицирани.   Во своето излагање, министерот Османи се осврна на предизвиците во сајбер просторот со кои се соочува Македонија, нагласувајќи дека сајбер нападите се карактеристични и за други земји од Западен Балкан, тренд што особено се интензивираше по почетокот на руската воена инвазија во Украина. Османи се осврна и на опасностите поврзани со хибридните ризици и закани, како што се злонамерните сајбер активности, кои имаат за цел да ги дестабилизираат државите и да предизвикаат несигурност кај граѓаните.   “Националната стратегија за сајбер безбедност е еден од столбовите на системот за зајакнување на капацитетите за сајбер одбрана, заштита на критичната информатичка инфраструктура, подигнување на свеста за информатичка безбедност и безбедносната култура на сите актери во сајбер просторот. Македонија континуирано соработува со сите засегнати страни – бизнис секторот, истражувачката и академската заедница, како и со граѓанското општество, со цел изнаоѓање заеднички решенија за овие предизвици”, заклучи Османи.   Посочувајќи на неограничените можности и придобивки на дигиталната технологија во нашето современо живеење, министерот Османи истакна дека нашата држава се залага за слободно, отворено, мирољубиво и безбедно опкружување во користењето на информатичката технологија.  

The post Османи на состанок за глобалната сајбер безбедност appeared first on Република.

]]>