сајбер криминал Archives - Република https://republika.mk/tema/sajber-kriminal/ За подобро да се разбереме Fri, 12 May 2023 10:28:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сајбер криминал Archives - Република https://republika.mk/tema/sajber-kriminal/ 32 32 Лажна Државна агенција за сајбер криминал затворала профили, помогнал вработен в Општината https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lazhna-drzhavna-agentsija-za-sajber-kriminal-zatvorala-profili-pomognal-vraboten-v-opshtinata/ Fri, 12 May 2023 10:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=640075

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во тетовско Селце Кеч, А.М.(22) од истото село и А.С.(36) од тетовско Милетино. Против правниот субјект поради основи на сомнение за сторени три кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „лажно претставување“, А.М. поради основи на сомнение дека ги сторил трите споменати кривични дела и А.С. поради сомнение дека сторил кривично дело „неосвесно работење во службата“.

А.С. се сомничи дека како вработен во општина Тетово во текот на 2021 година креирал е-маил адреса и му ја предал на А.М., кој е сопственик и управител на правниот субјект, без согласност и знаење на неговиот претпоставен во општина Тетово. Оваа службена е-адреса A.M. потоа ја користел за директен контакт со повеќе социјални мрежи, лажно претставувајќи се дека е началник на Отсек за превенција на сајбер криминал за подрачјето на Тетово и користејќи лажна легитимација со лажен број, eлектронската адреса ја користел за затворање профили и кориснички имиња, а правниот субјект, пак, лажно се претставувал како државна агенција за сабјер криминал.

The post Лажна Државна агенција за сајбер криминал затворала профили, помогнал вработен в Општината appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во тетовско Селце Кеч, А.М.(22) од истото село и А.С.(36) од тетовско Милетино. Против правниот субјект поради основи на сомнение за сторени три кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „лажно претставување“, А.М. поради основи на сомнение дека ги сторил трите споменати кривични дела и А.С. поради сомнение дека сторил кривично дело „неосвесно работење во службата“. А.С. се сомничи дека како вработен во општина Тетово во текот на 2021 година креирал е-маил адреса и му ја предал на А.М., кој е сопственик и управител на правниот субјект, без согласност и знаење на неговиот претпоставен во општина Тетово. Оваа службена е-адреса A.M. потоа ја користел за директен контакт со повеќе социјални мрежи, лажно претставувајќи се дека е началник на Отсек за превенција на сајбер криминал за подрачјето на Тетово и користејќи лажна легитимација со лажен број, eлектронската адреса ја користел за затворање профили и кориснички имиња, а правниот субјект, пак, лажно се претставувал како државна агенција за сабјер криминал.

The post Лажна Државна агенција за сајбер криминал затворала профили, помогнал вработен в Општината appeared first on Република.

]]>
Ви праќаат линк со ветување за лесна заработка: МВР предупредува за измами преку криптовалути https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vi-prakjaat-link-so-vetuvanje-za-lesna-zarabotka-mvr-predupreduva-za-izmami-preku-kriptovaluti/ Sat, 23 Jul 2022 08:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=532360

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи информира за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација.

Како што наведуваат од МВР, измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути.

Откако корисникот ќе ја направи иницијалната инвестиција, добива одредени задачи кои вклучуваат посета на веб-страни или преглед на видеа за кои добиваат соодветен надомест, во зависнот од пакетот што го имаат избрано. На овој начин сѐ повеќе граѓани влегуваат на пазарот за криптовалути, но немаат доволно знаење или информации како да го направат тоа на безбеден начин, појаснуваат од МВР.

Како резултат на тоа, се посочува, зачестија измамите, во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути.

Со цел да се избегне таквото сценарио, експертите редовно ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами. Се советуваат граѓаните, за да избегнат вакви измами, пред сѐ, да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери. За време на комуникацијата не треба да се даваат на никого доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции, се наведува во соопштението

За тоа што можат да направат граѓаните се препорачува:

-Секогаш да побараат финансиски совети пред да дадат пари или да инвестираат средства;

-Да ги одбијат ненајавените повици за можности за инвестирање;

-Да се информираат и да побараат непристрасни финансиски совети пред да инвестираат пари кон понудите што ветуваат сигурна инвестиција, гарантирани приноси и голем профит;

-Ако некогаш инвестирале во измама, измамниците најверојатно ќе ги наведат повторно или ќе ги продадат нивните информации на други измамници и

-Да стапат во контакт со полиција доколку се посомневаат во нешто.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика воедно, апелира граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

The post Ви праќаат линк со ветување за лесна заработка: МВР предупредува за измами преку криптовалути appeared first on Република.

]]>

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи информира за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација. Како што наведуваат од МВР, измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути.
Откако корисникот ќе ја направи иницијалната инвестиција, добива одредени задачи кои вклучуваат посета на веб-страни или преглед на видеа за кои добиваат соодветен надомест, во зависнот од пакетот што го имаат избрано. На овој начин сѐ повеќе граѓани влегуваат на пазарот за криптовалути, но немаат доволно знаење или информации како да го направат тоа на безбеден начин, појаснуваат од МВР.
Како резултат на тоа, се посочува, зачестија измамите, во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути.
Со цел да се избегне таквото сценарио, експертите редовно ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами. Се советуваат граѓаните, за да избегнат вакви измами, пред сѐ, да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери. За време на комуникацијата не треба да се даваат на никого доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции, се наведува во соопштението
За тоа што можат да направат граѓаните се препорачува:
-Секогаш да побараат финансиски совети пред да дадат пари или да инвестираат средства; -Да ги одбијат ненајавените повици за можности за инвестирање; -Да се информираат и да побараат непристрасни финансиски совети пред да инвестираат пари кон понудите што ветуваат сигурна инвестиција, гарантирани приноси и голем профит; -Ако некогаш инвестирале во измама, измамниците најверојатно ќе ги наведат повторно или ќе ги продадат нивните информации на други измамници и -Да стапат во контакт со полиција доколку се посомневаат во нешто.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика воедно, апелира граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

The post Ви праќаат линк со ветување за лесна заработка: МВР предупредува за измами преку криптовалути appeared first on Република.

]]>
Севернокорејските сајбер-криминалци краделе криптовалути за да ја финансираат програмата за ракетно оружје https://republika.mk/vesti/svet/severnokorejskite-sajber-kriminalci-kradele-kriptovaluti-za-da-ja-finansiraat-programata-za-raketno-oruzje/ Sun, 06 Feb 2022 20:20:25 +0000 https://republika.mk/?p=454830

Севернокорејските сајбер-криминалци украле криптовалути во вредност од неколку милиони долари за да ја финансираат програмата за ракетно оружје, се вели во извештајот на Обединетите нации.

Во периодот меѓу 2020 и 2021 година, повеќе од 50 милиони дигитални пари биле украдени во сајбер напади, обелодени истрагата , пренесува Би-Би-Си. 

Таквите напади се „важен извор на приходи“ за нуклеарната и балистичка нуклеарна програма на Пјонгјанг, додаваат ОН.

Сајбер нападите се насочени кон најмалку три размени на криптовалути во Северна Америка, Европа и Азија.

Во извештајот се цитира и студија објавена во јануари од безбедносната компанија „Чајнализис“, во која се наведува дека сајбер напаѓачите од Северна Кореја можеби успеале да украдат до 400 милиони долари во криптовалути минатата година.

The post Севернокорејските сајбер-криминалци краделе криптовалути за да ја финансираат програмата за ракетно оружје appeared first on Република.

]]>

Севернокорејските сајбер-криминалци украле криптовалути во вредност од неколку милиони долари за да ја финансираат програмата за ракетно оружје, се вели во извештајот на Обединетите нации. Во периодот меѓу 2020 и 2021 година, повеќе од 50 милиони дигитални пари биле украдени во сајбер напади, обелодени истрагата , пренесува Би-Би-Си.  Таквите напади се „важен извор на приходи“ за нуклеарната и балистичка нуклеарна програма на Пјонгјанг, додаваат ОН. Сајбер нападите се насочени кон најмалку три размени на криптовалути во Северна Америка, Европа и Азија. Во извештајот се цитира и студија објавена во јануари од безбедносната компанија „Чајнализис“, во која се наведува дека сајбер напаѓачите од Северна Кореја можеби успеале да украдат до 400 милиони долари во криптовалути минатата година.

The post Севернокорејските сајбер-криминалци краделе криптовалути за да ја финансираат програмата за ракетно оружје appeared first on Република.

]]>