Сага Archives - Република https://republika.mk/tema/saga/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 07:56:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сага Archives - Република https://republika.mk/tema/saga/ 32 32 Вечерва во МКЦ на „Танц фест“ гостува австриската „Вертикалити танцова компанија“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-mkts-na-tants-fest-gostuva-avstriskata-vertikaliti-tantsova-kompanija/ Wed, 17 Apr 2024 07:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=767015

Фестивалската програма на јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ Скопје продолжува вечерва во 20 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ), со настап на гостите од Австрија, Каи Чунг Чуанг и Марија Шуркал од „Вертикалити танцова компанија“, предводена од Роуз Брус, чие гостување е поддржано од австриската амбасада во Скопје.

Воедно, публиката ќе може да ги проследи кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев, танчерка и кореографка и „Језгро“ на кореографките и танчерки Бисера Димчева и Наталија Трифуновиќ.

Вчера вечер, во салонот на НОБ, се изведе претставата „Сага“ на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, во рамки на јубилејното, 20-то издание на Танц Фест Скопје, претстава која публиката ја поздрави со одушевување.

Комплетниот балетски ансамбл, предводен од примабалерините Марија Кичевска и Мими Попалексова-Атансова, како и истакнатата солистка Саша Ефтимова, во еден здив ја доловија поезијата на великанот Блаже Конески, проткаена со извонредни емоции, кои предезвикаа бура од аплаузи.

Исклучителна атмосфера, несекојдневна, флуидност која плени, низ која можеше да се насети историјата, преплетена со современоста, како сведоштво на стоицизмот и непокорноста. Прекрасните костими на Благој Мицевски и сценографијата на Матеа Мијановиќ, во потполност ја одсликаа идејата на кореографката Рисимкин и создадоа магија која се чувствуваше во воздухот со секој дамар на звукот, на секогаш посебниот композитор Китановски.

Програмата „Паралели“ во НОБ ќе заврши на 23 април со изведба на балетскиот триптих „Молитви за моето тело“ со кореографиите на Ивана Коцева, Адријана Данчевска и Саша Ефтимова.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.

The post Вечерва во МКЦ на „Танц фест“ гостува австриската „Вертикалити танцова компанија“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалската програма на јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ Скопје продолжува вечерва во 20 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ), со настап на гостите од Австрија, Каи Чунг Чуанг и Марија Шуркал од „Вертикалити танцова компанија“, предводена од Роуз Брус, чие гостување е поддржано од австриската амбасада во Скопје. Воедно, публиката ќе може да ги проследи кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев, танчерка и кореографка и „Језгро“ на кореографките и танчерки Бисера Димчева и Наталија Трифуновиќ. Вчера вечер, во салонот на НОБ, се изведе претставата „Сага“ на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, во рамки на јубилејното, 20-то издание на Танц Фест Скопје, претстава која публиката ја поздрави со одушевување. Комплетниот балетски ансамбл, предводен од примабалерините Марија Кичевска и Мими Попалексова-Атансова, како и истакнатата солистка Саша Ефтимова, во еден здив ја доловија поезијата на великанот Блаже Конески, проткаена со извонредни емоции, кои предезвикаа бура од аплаузи. Исклучителна атмосфера, несекојдневна, флуидност која плени, низ која можеше да се насети историјата, преплетена со современоста, како сведоштво на стоицизмот и непокорноста. Прекрасните костими на Благој Мицевски и сценографијата на Матеа Мијановиќ, во потполност ја одсликаа идејата на кореографката Рисимкин и создадоа магија која се чувствуваше во воздухот со секој дамар на звукот, на секогаш посебниот композитор Китановски. Програмата „Паралели“ во НОБ ќе заврши на 23 април со изведба на балетскиот триптих „Молитви за моето тело“ со кореографиите на Ивана Коцева, Адријана Данчевска и Саша Ефтимова. Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.

The post Вечерва во МКЦ на „Танц фест“ гостува австриската „Вертикалити танцова компанија“ appeared first on Република.

]]>
Современиот балет „Сага” на Рисима Рисимкин вечерва на „Танц фест“ https://republika.mk/vesti/kultura/sovremeniot-balet-saga-na-risima-risimkin-vecherva-na-tants-fest/ Tue, 16 Apr 2024 08:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=766554

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин ќе биде изведено вечерва во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет, на јубилејното 20. издание на Танц-Фест Скопје, што се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет.

„Сага” е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Балаж Лочеи, (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Копнеж со Франциско Хименез Руиз, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицева, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска.

Извонредните танчери на Националниот балет и авторскиот тим, создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната “Везилка” на великанот Блаже Конески.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.

 

The post Современиот балет „Сага” на Рисима Рисимкин вечерва на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин ќе биде изведено вечерва во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет, на јубилејното 20. издание на Танц-Фест Скопје, што се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет. „Сага” е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Балаж Лочеи, (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Копнеж со Франциско Хименез Руиз, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицева, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска. Извонредните танчери на Националниот балет и авторскиот тим, создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната “Везилка” на великанот Блаже Конески. Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.  

The post Современиот балет „Сага” на Рисима Рисимкин вечерва на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>
Современиот балет „Сага“ (идентитети) на Танц Фест https://republika.mk/vesti/kultura/sovremeniot-balet-saga-identiteti-na-tants-fest/ Mon, 15 Apr 2024 09:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=766230

На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе современиот балет „Сага“ (идентитети), во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје.

„Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска.

Со еден збор обединети со комплетниот ансамбл на Националниот балет создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.

Современиот балет „Сага“ (идентитети) е во рамките на 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024, кое има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи.

 

The post Современиот балет „Сага“ (идентитети) на Танц Фест appeared first on Република.

]]>

На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе современиот балет „Сага“ (идентитети), во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје. „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска. Со еден збор обединети со комплетниот ансамбл на Националниот балет создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески. Современиот балет „Сага“ (идентитети) е во рамките на 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024, кое има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи.  

The post Современиот балет „Сага“ (идентитети) на Танц Фест appeared first on Република.

]]>
Со современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин се отвора новата сезона во Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/so-sovremeniot-balet-saga-na-risima-risimkin-se-otvora-novata-sezona-vo-natsionalna-opera-i-balet/ Thu, 05 Oct 2023 12:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=688189

Со премиера на претставата „Сага (идентитети)“ на познатата македонската кореографка Рисима Рисимкин на 6 и 7 октомври во 20 часот ќе биде отворена 74-тата сезона на Националната опера и балет. Претставата е современ балет во два чина.

„Сага“ (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка.

Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка“ на великанот Блаже Конески.

Во претставата, насловните улоги ги толкуваат прима-балерините Марија Кичевска Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова Атанасова, како и истакнатата солистка Саша Ефтимова, придружувани од Балаж Лочеи (Унгарија) и другите солисти и ансамблот на Балетот при НОБ.

Многу вдахновени улоги остваруваат и младите балерини, кои се идната сила на Националниот балет, Наташа Трендафилова Гацев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, машките солисти, Игор Велјановски, Ендрју Кук (Англија), Веселин Трајковски Алфред Јаго (Англија), Франциско Руиз (Шпанија) и Миро Митрачиновиќ.

Со комплетна поддршка на сите сегменти и тимови на Националната опера и балет, Националниот балет остварува една нова современа балетска претстава, која е со комплетна домашна авторска екипа. На сцената на Националната опера и балет, ќе видиме околу триесетина врвни танчери, кои заедно со авторската екипа, врз база на песната „Везилка“ на великанот Блаже Конески, како и мотиви од народното творештво, градат магичен, нестварен свет во кој, експресивноста зазема основно место – вели уметничкиот раководител на балетот при НОБ, Олга Панго.

 

The post Со современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин се отвора новата сезона во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Со премиера на претставата „Сага (идентитети)“ на познатата македонската кореографка Рисима Рисимкин на 6 и 7 октомври во 20 часот ќе биде отворена 74-тата сезона на Националната опера и балет. Претставата е современ балет во два чина. „Сага“ (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка“ на великанот Блаже Конески. Во претставата, насловните улоги ги толкуваат прима-балерините Марија Кичевска Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова Атанасова, како и истакнатата солистка Саша Ефтимова, придружувани од Балаж Лочеи (Унгарија) и другите солисти и ансамблот на Балетот при НОБ. Многу вдахновени улоги остваруваат и младите балерини, кои се идната сила на Националниот балет, Наташа Трендафилова Гацев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, машките солисти, Игор Велјановски, Ендрју Кук (Англија), Веселин Трајковски Алфред Јаго (Англија), Франциско Руиз (Шпанија) и Миро Митрачиновиќ.
Со комплетна поддршка на сите сегменти и тимови на Националната опера и балет, Националниот балет остварува една нова современа балетска претстава, која е со комплетна домашна авторска екипа. На сцената на Националната опера и балет, ќе видиме околу триесетина врвни танчери, кои заедно со авторската екипа, врз база на песната „Везилка“ на великанот Блаже Конески, како и мотиви од народното творештво, градат магичен, нестварен свет во кој, експресивноста зазема основно место – вели уметничкиот раководител на балетот при НОБ, Олга Панго.
 

The post Со современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин се отвора новата сезона во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>