Сафије Садики-Шаини Archives - Република https://republika.mk/tema/safije-sadiki-shaini/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Feb 2023 19:18:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сафије Садики-Шаини Archives - Република https://republika.mk/tema/safije-sadiki-shaini/ 32 32 Пратеничка на Алтернатива до Ковачевски: Не знае да се заблагодари што стана премиер со нашите гласови https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenichka-na-alternativa-do-kovachevski-ne-znae-da-se-zablagodari-shto-stana-premier-so-nashite-glasovi/ Mon, 13 Feb 2023 19:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=608591

Пратеничката Сафије Садики-Шаини од Алтернатива за поддршката на Владата рече: „Ова е завршена тема за нас“. Таа изрази жалење за соработката на Алтернатива со СДСМ, поради прекршувањето на договорите. За министрите и замениците министри од нејзината партија, чии имиња сега се на седница за разрешување, пратеничката кажа дека покажале големи резултати.

„Ние имавме политички и кадровски договор. Точките од тој договор, сите се опфатени од наша страна. За жал, другата страна, СДСМ, не го имплементираше и политичкиот договор, ниту кадровскиот. На крај го прекршија и решија да го поделат патот. Кршењето на договорот зборува многу лошо за СДСМ, кој не ги почитува тие кои им го спасија политичкиот живот во времето кога беа во клиничка смрт, но и лошо за земја која се стреми кон европски вредности. Тие ја поминаа последната етничка линија, да ти е жал со кого си соработувал до вчера“, додаде таа.

Објасни и зошто министрите не дале оставка.

„Нашите министри и заменици не даваат оставка од две причини. Прво бидејќи немаат никаква одговорност за да дадат оставка и второ ние не сме причина за олеснување на работата и да помогнеме на еден човек кој не знае да се заблагодари – како што е премиерот на Македонија, кој пред една година стана премиер на државата со гласовите од Алтернатива“, кажа Садики-Шаини.

Пратеничката посочи дека ја спасиле европската иднина на Македонија.

„Ве повикувам сите заедно да се вратиме во ноември 2021 година кога ова Собрание остана со мртов број, 60-60. Беше мртва и европската перспектива на Македонија во која влијаеше и Албанија. Нас не молеа да сме дел од Владата и тогаш не остана човек кој не го испрати, од Еди Рама до членови на семејството Јашари. Ние ја земавме одговорноста и преминувајќи од опозиција во позиција, задоволни сме што нашето мало движење беше големо за Македонија и Албанија бидејќи ја стабилизираа Владата и двете земји земаа датум за интеграции во ЕУ“, кажа пратеничката.

The post Пратеничка на Алтернатива до Ковачевски: Не знае да се заблагодари што стана премиер со нашите гласови appeared first on Република.

]]>

Пратеничката Сафије Садики-Шаини од Алтернатива за поддршката на Владата рече: „Ова е завршена тема за нас“. Таа изрази жалење за соработката на Алтернатива со СДСМ, поради прекршувањето на договорите. За министрите и замениците министри од нејзината партија, чии имиња сега се на седница за разрешување, пратеничката кажа дека покажале големи резултати. „Ние имавме политички и кадровски договор. Точките од тој договор, сите се опфатени од наша страна. За жал, другата страна, СДСМ, не го имплементираше и политичкиот договор, ниту кадровскиот. На крај го прекршија и решија да го поделат патот. Кршењето на договорот зборува многу лошо за СДСМ, кој не ги почитува тие кои им го спасија политичкиот живот во времето кога беа во клиничка смрт, но и лошо за земја која се стреми кон европски вредности. Тие ја поминаа последната етничка линија, да ти е жал со кого си соработувал до вчера“, додаде таа. Објасни и зошто министрите не дале оставка. „Нашите министри и заменици не даваат оставка од две причини. Прво бидејќи немаат никаква одговорност за да дадат оставка и второ ние не сме причина за олеснување на работата и да помогнеме на еден човек кој не знае да се заблагодари – како што е премиерот на Македонија, кој пред една година стана премиер на државата со гласовите од Алтернатива“, кажа Садики-Шаини. Пратеничката посочи дека ја спасиле европската иднина на Македонија.
„Ве повикувам сите заедно да се вратиме во ноември 2021 година кога ова Собрание остана со мртов број, 60-60. Беше мртва и европската перспектива на Македонија во која влијаеше и Албанија. Нас не молеа да сме дел од Владата и тогаш не остана човек кој не го испрати, од Еди Рама до членови на семејството Јашари. Ние ја земавме одговорноста и преминувајќи од опозиција во позиција, задоволни сме што нашето мало движење беше големо за Македонија и Албанија бидејќи ја стабилизираа Владата и двете земји земаа датум за интеграции во ЕУ“, кажа пратеничката.

The post Пратеничка на Алтернатива до Ковачевски: Не знае да се заблагодари што стана премиер со нашите гласови appeared first on Република.

]]>