Саем за туризам во Истанбул Archives - Република https://republika.mk/tema/saem-za-turizam-vo-istanbul/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Feb 2022 11:26:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Саем за туризам во Истанбул Archives - Република https://republika.mk/tema/saem-za-turizam-vo-istanbul/ 32 32 АППТ по две години пауза дел од најголемата интернационална саемска манифестација во Истанбул https://republika.mk/vesti/ekonomija/appt-po-dve-godini-pauza-del-od-najgolemata-internacionalna-saemska-manifestacija-vo-istanbul/ Thu, 10 Feb 2022 11:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=456694

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со туристичкиот сектор по две години пауза се дел од најголемата интернационална саемска манифестација во Истанбул, Турција. За туристичкиот саем “ЕМИТТ” оваа година е јубилејна, одбележува 25 години постоење и истиот се одржува од 9ти до 12ти февруари 2022 година. Оваа година АППТ го претставува туристичкиот потенцијал на “ЕМИТТ”заедно со пет учесници, коегзиботорите Фибула Травел, Генерал Турист, Бадем Тур, ДМЦ Балканс, Радика ресорт, на 40м2 штанд. Во фокусот на саемската туристичка промоција се традицијата, гастрономијата и туристички производи кои ги поврзуваат македонскиот и турскиот народ во делот на културното наследство. Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар се вековната традиција на нашата држава, природните богатства и историја, како и етничката разновидност на нашата земја.

Штандот на РС Македонија беше посетен од Министерот за туризам и култура на Турција и градоначалникот на Истанбул, поголем број на туроператори од Турција и медиуми за кои се дадоа изјави и се договорија информативни патувања. Се прават преговори за отпочнување на авиолинија Измир-Скопје и воспоставување на чартери Истанбул – Охрид. Турскиот пазар е многу значаен за македонскиот туристички сектор бидејки се очекува во 2022 година да порасне за 30% во однос на 2021 година, што ќе овозможи нивен подолг престој во нашите дестинации и значителен удел во девизниот прилив од туристичкта индустрија.

Ова е првата саемска манифестација каде Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организирано се преставува со поголем број на македонски туроператори по отпочнување на пандемијата, зголемувајки ја промоцијата на македонските туристички потенцијали. Несомнено ова преставува силна порака дека туризмот започнува со закрепнувањето многу побрзо одколку што се очекуваше, а интересот за нашата дестинација е исклучително голем кај туриските туропертори кои РС Македонија ја имаат поставено со повеќе програми за сезоната 2022 година, истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски.

Со саемското претставување на “ЕМИТТ” туристичкиот сектор отвора нови можности за зголемување на бројот на турски туристи, кои изминатата година беа во првите топ посетители со 22294 туристи кои ја посетиле РС Македонија.

The post АППТ по две години пауза дел од најголемата интернационална саемска манифестација во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со туристичкиот сектор по две години пауза се дел од најголемата интернационална саемска манифестација во Истанбул, Турција. За туристичкиот саем “ЕМИТТ” оваа година е јубилејна, одбележува 25 години постоење и истиот се одржува од 9ти до 12ти февруари 2022 година. Оваа година АППТ го претставува туристичкиот потенцијал на “ЕМИТТ”заедно со пет учесници, коегзиботорите Фибула Травел, Генерал Турист, Бадем Тур, ДМЦ Балканс, Радика ресорт, на 40м2 штанд. Во фокусот на саемската туристичка промоција се традицијата, гастрономијата и туристички производи кои ги поврзуваат македонскиот и турскиот народ во делот на културното наследство. Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар се вековната традиција на нашата држава, природните богатства и историја, како и етничката разновидност на нашата земја. Штандот на РС Македонија беше посетен од Министерот за туризам и култура на Турција и градоначалникот на Истанбул, поголем број на туроператори од Турција и медиуми за кои се дадоа изјави и се договорија информативни патувања. Се прават преговори за отпочнување на авиолинија Измир-Скопје и воспоставување на чартери Истанбул – Охрид. Турскиот пазар е многу значаен за македонскиот туристички сектор бидејки се очекува во 2022 година да порасне за 30% во однос на 2021 година, што ќе овозможи нивен подолг престој во нашите дестинации и значителен удел во девизниот прилив од туристичкта индустрија.