сад - русија Archives - Република https://republika.mk/tema/sad-rusija/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Mar 2022 16:18:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сад - русија Archives - Република https://republika.mk/tema/sad-rusija/ 32 32 Кремљ: Техничка грешка беше прекинот на говорот на Путин https://republika.mk/vesti/svet/kremlj-tehnichka-greshka-beshe-prekinot-na-govorot-na-putin/ Fri, 18 Mar 2022 16:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=475101

Кремљ денеска соопшти дека техничка грешка е причината за прекинот на преносот на говорот на рускиот претседател Владимир Путин на преполниот стадион во Москва по повод одбележувањето на осмата годишнина од анексијата на Крим.

Руската државна телевизија го прекина преносот од говорот на Путин во сред реченица. Откако Путин беше тргнат од кадарот, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика.

Подоцна го емитуваше целиот говор, кој заврши неколку секунди по пресекот со тоа што Путин ја напушта сцената додека илјадници граѓани вееја руски знамиња на стадионот Лужники со капацитет од 80.000 луѓе.

The post Кремљ: Техничка грешка беше прекинот на говорот на Путин appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска соопшти дека техничка грешка е причината за прекинот на преносот на говорот на рускиот претседател Владимир Путин на преполниот стадион во Москва по повод одбележувањето на осмата годишнина од анексијата на Крим. Руската државна телевизија го прекина преносот од говорот на Путин во сред реченица. Откако Путин беше тргнат од кадарот, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика. Подоцна го емитуваше целиот говор, кој заврши неколку секунди по пресекот со тоа што Путин ја напушта сцената додека илјадници граѓани вееја руски знамиња на стадионот Лужники со капацитет од 80.000 луѓе.

The post Кремљ: Техничка грешка беше прекинот на говорот на Путин appeared first on Република.

]]>
Санкциите на САД не опфаќаат увоз на ураниум од Русија https://republika.mk/vesti/svet/sankciite-na-sad-ne-opfakjaat-uvoz-na-uranium-od-rusija/ Thu, 10 Mar 2022 06:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=470336

Забраната што ја воведе американскиот претседател Џозеф Бајден за американскиот увоз на руска нафта и други енергенси не вклучува забрана за увоз на ураниум за нуклеарните централи, тврди добро информиран извор запознаен со ова прашање, јавија американски медиуми.

Енергетската индустрија на САД се потпира на Русија и нејзините сојузници Казахстан и Узбекистан за околу половина од ураниумот што го користи за своите нуклеарни централи.

Таа гранка на американската енергетика лобираше во Белата куќа да не се забрани увозот на ураниум од Русија, и покрај инвазијата на Москва на соседна Украина, наведуваат изворите.

Нема производство или преработка на ураниум во САД иако неколку компании посочија дека би сакале да го обноват домашното производство во Тексас или Вајоминг доколку производителите на нуклеарна енергија потпишат долгорочни договори за снабдување.

The post Санкциите на САД не опфаќаат увоз на ураниум од Русија appeared first on Република.

]]>

Забраната што ја воведе американскиот претседател Џозеф Бајден за американскиот увоз на руска нафта и други енергенси не вклучува забрана за увоз на ураниум за нуклеарните централи, тврди добро информиран извор запознаен со ова прашање, јавија американски медиуми. Енергетската индустрија на САД се потпира на Русија и нејзините сојузници Казахстан и Узбекистан за околу половина од ураниумот што го користи за своите нуклеарни централи. Таа гранка на американската енергетика лобираше во Белата куќа да не се забрани увозот на ураниум од Русија, и покрај инвазијата на Москва на соседна Украина, наведуваат изворите. Нема производство или преработка на ураниум во САД иако неколку компании посочија дека би сакале да го обноват домашното производство во Тексас или Вајоминг доколку производителите на нуклеарна енергија потпишат долгорочни договори за снабдување.

The post Санкциите на САД не опфаќаат увоз на ураниум од Русија appeared first on Република.

]]>
Ен-Би-Си Њуз: Бајден разгледува неколку опции за масовен кибер напад на Русија https://republika.mk/vesti/svet/en-bi-si-njuz-bajden-razgleduva-nekolku-opcii-za-masoven-kiber-napad-na-rusija/ Thu, 24 Feb 2022 20:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=463437

Американските разузнавачки агенции му предложиле на американскиот претседател Џо Бајден неколку опции за извршување масовен кибер-напад, со кој „ќе ја спречи Русија да продолжи со операциите во Украина“, изјавија четири извори за Ен-Би-Си Њуз.

Според нив, на Бајден му било понудено да користи американско кибер-оружје „од невидени размери“. Конечната одлука, како што соопштија двајца американски разузнавачи, се уште не е донесена.

Меѓу споменатите опции се прекинување на интернет конекциите во Русија, прекин на струја и попречување на работата на железницата за Русија да не може да ги снабдува своите сили.

„Можеме да направиме се – од успорување на возовите до нивно симнување од шините“, рече еден извор за медиумот.

The post Ен-Би-Си Њуз: Бајден разгледува неколку опции за масовен кибер напад на Русија appeared first on Република.

]]>

Американските разузнавачки агенции му предложиле на американскиот претседател Џо Бајден неколку опции за извршување масовен кибер-напад, со кој „ќе ја спречи Русија да продолжи со операциите во Украина“, изјавија четири извори за Ен-Би-Си Њуз. Според нив, на Бајден му било понудено да користи американско кибер-оружје „од невидени размери“. Конечната одлука, како што соопштија двајца американски разузнавачи, се уште не е донесена. Меѓу споменатите опции се прекинување на интернет конекциите во Русија, прекин на струја и попречување на работата на железницата за Русија да не може да ги снабдува своите сили.
„Можеме да направиме се – од успорување на возовите до нивно симнување од шините“, рече еден извор за медиумот.

The post Ен-Би-Си Њуз: Бајден разгледува неколку опции за масовен кибер напад на Русија appeared first on Република.

]]>
САД го протеруваат вториот по ранг дипломат од руската Амбасада во Вашингтон https://republika.mk/vesti/svet/sad-go-proteruvaat-vtoriot-po-rang-diplomat-od-ruskata-ambasada-vo-vashington/ Thu, 24 Feb 2022 19:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=463420

САД го протераа вториот по ранг руски дипломат во Вашингтон како одмазда за протерувањето на американскиот дипломат број 2 во Москва, јавија американските медиуми.

Официјалниот претставник рече дека Стејт департментот ја известил руската Амбасада дека го протерува   Сергеј Трепелков, кој моментално е втор по ранг во мисијата под амбасадорот Анатолиј Антонов. Русија го протера заменик-шефот на мисијата на САД, Барт Горман од Москва во средината на февруари.

The post САД го протеруваат вториот по ранг дипломат од руската Амбасада во Вашингтон appeared first on Република.

]]>

САД го протераа вториот по ранг руски дипломат во Вашингтон како одмазда за протерувањето на американскиот дипломат број 2 во Москва, јавија американските медиуми. Официјалниот претставник рече дека Стејт департментот ја известил руската Амбасада дека го протерува   Сергеј Трепелков, кој моментално е втор по ранг во мисијата под амбасадорот Анатолиј Антонов. Русија го протера заменик-шефот на мисијата на САД, Барт Горман од Москва во средината на февруари.

The post САД го протеруваат вториот по ранг дипломат од руската Амбасада во Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Москва: Американска подморница навлезе во руски територијални води https://republika.mk/vesti/svet/moskva-amerikanska-podmornica-navleze-vo-ruski-teritorijalni-vodi/ Sat, 12 Feb 2022 20:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=457686

Руската армија соопшти дека регистрирала недозволен влез на американска подморница во руски територијални води и оти презела соодветни мерки подморницата да го напушти подрачјето.

Американската подморница била забележана за време на воената вежба во близина на Курилски Острови во Тихи Океан и било побарано да го напушти регионот. Но, откако не било исполнето барањето, екипажот на бродот „Маршал Шапошников“ морал да употреби соодветни мерки за да ја принуди американската подморница да замине од руските територијални води.

– Американската подморница со максимална брзина ги напушти руските територијални води, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Исто така се додава дека навлегувањето во руски територијални води не е инцидент, туку нарушување на интегритетот, поради што е повикан на разговор американскиот воен аташе.

САД се уште не го коментирале инцидентот.

The post Москва: Американска подморница навлезе во руски територијални води appeared first on Република.

]]>

Руската армија соопшти дека регистрирала недозволен влез на американска подморница во руски територијални води и оти презела соодветни мерки подморницата да го напушти подрачјето. Американската подморница била забележана за време на воената вежба во близина на Курилски Острови во Тихи Океан и било побарано да го напушти регионот. Но, откако не било исполнето барањето, екипажот на бродот „Маршал Шапошников“ морал да употреби соодветни мерки за да ја принуди американската подморница да замине од руските територијални води.
– Американската подморница со максимална брзина ги напушти руските територијални води, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Исто така се додава дека навлегувањето во руски територијални води не е инцидент, туку нарушување на интегритетот, поради што е повикан на разговор американскиот воен аташе. САД се уште не го коментирале инцидентот.

The post Москва: Американска подморница навлезе во руски територијални води appeared first on Република.

]]>
САД и Русија се подготвуваат за безмилосна војна за гас https://republika.mk/vesti/svet/sad-i-rusija-se-podgotvuvaat-za-bezmilosna-vojna-za-gas/ Sun, 30 Jan 2022 10:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=451493

Додека Вашингтон и Брисел апелираат до снабдувачите на енергија ширум светот да ветат дека ќе и дадат на Европската унија значителни количини гас во случај на воено засилување околу Украина и прекин на испраката, италијанскиот деловен весник „Il sole 24 ore“ пишува дека САД и Русија се подготвуваат за безмилосна  војна за гас.

„САД и Русија се подготвуваат за гасна војна со сите можни удари, со стратегија која вклучува прекин на руските испораки на овој енергенс во Европа, во која главната жртва би била Европската унија“, тврди весникот.

Алармот поради можната војна во Украина ги натера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател Џозеф Бајден да ги повикаат главните светски снабдувачи со енергија, првенствено гас, како што е Катар, да пренасочат дел од нивните енергетски резерви во случај на вооружен конфликт и прекин на испораките на руски гас во ЕУ, кон Европа.

Европската унија увезува речиси 40 отсто од потребите за гас од Русија, а 27-те би се соочиле со недостиг на енергија за индустријата и домаќинствата во случај на војна, а Америка е подготвена да испорача значителни количини од својот течен гас до Европејците. Но, тоа е далеку од доволно за да се задоволат европските потреби, а Вашингтон веќе е во преговори со Катар, најголемиот светски извозник на гас, за зголемување на производството и пренасочување на дел од својот извоз во Европа.

Во тек се преговори со некои азиски земји, како што е Јужна Кореја, дел од нивните набавки да и се остават на Европа, иако извори од Европската комисија велат дека поради заканата од недостиг на енергија постои голема неизвесност и загриженост.

„Црните претчувства ги загрижуваат во ЕУ“, пишува шпанскиот весник „Паис“, а бриселскиот тинк-тенк „Бројгел“ предупредува дека „доколку престане снабдувањето со руски гас, сите мерки за замена на тој гас нема да бидат доволни“.

„Европската унија ќе мора да ги намали побарувачката и потрошувачката, што би наметнало тешки одлуки кои треба да платат висока цена“, се вели во студијата на Бројгел.

Од бриселскиот институт наведуваат дека особено би била погодена Германија, чија индустрија е еден од моторите на европската економија, а потоа и балтичките и источните земји кои во голема мера се зависни од увозот на гас од Русија.

Цените на гасотт на светскиот пазар веќе нагло пораснаа, побарувачката во ЕУ е зголемена поради намаленото производство на гас во Норвешка и Холандија.

„Се случи нешто крајно загрижувачко и несфатливо“, велат извори од ЕК, а тоа е дека многу членки на Унијата не успеаја да наполнат складишта за гас летово, кога побарувачката и цените беа ниски, а сега на ЕУ едноставно нема доволно од тоа.

Бројгел изјави и дека во најголем дел, увозниот американски течен гас не може ни оддалеку да го замени рускиот гас, бидејќи капацитетите за увоз на американски гас веќе се користат со над 90 проценти од можностите. Беше предупредено и дека сите испораки на овој енергенс од други извори ќе значат поскапување поради зголемената побарувачка.

Тука спаѓаат економската криза во Унијата, инфлацијата, ударот врз трошоците за живот, што веќе се чувствува во ЕУ, каде цената на гасот порасна за 429 отсто во периодот од 2019 до 2021 година.

Европската комисија преговара за поголем увоз со Норвешка, која веќе покрива 38 отсто од потрошувачката на гас во Унијата,  исто така, од Азербејџан преку Јужниот гасен коридор, иако капацитетот на гасоводот е скромен.

Се очекува испораката на гас до одреден степен да се зголеми со испораките од Алжир и Египет.

Апелот на Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател Џозеф Бајден до „големите светски производители на енергенси да се обединат и да гарантираат дека светскиот енергетски пазар ќе остане стабилен и добро снабден“.

The post САД и Русија се подготвуваат за безмилосна војна за гас appeared first on Република.

]]>

Додека Вашингтон и Брисел апелираат до снабдувачите на енергија ширум светот да ветат дека ќе и дадат на Европската унија значителни количини гас во случај на воено засилување околу Украина и прекин на испраката, италијанскиот деловен весник „Il sole 24 ore“ пишува дека САД и Русија се подготвуваат за безмилосна  војна за гас. „САД и Русија се подготвуваат за гасна војна со сите можни удари, со стратегија која вклучува прекин на руските испораки на овој енергенс во Европа, во која главната жртва би била Европската унија“, тврди весникот. Алармот поради можната војна во Украина ги натера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател Џозеф Бајден да ги повикаат главните светски снабдувачи со енергија, првенствено гас, како што е Катар, да пренасочат дел од нивните енергетски резерви во случај на вооружен конфликт и прекин на испораките на руски гас во ЕУ, кон Европа. Европската унија увезува речиси 40 отсто од потребите за гас од Русија, а 27-те би се соочиле со недостиг на енергија за индустријата и домаќинствата во случај на војна, а Америка е подготвена да испорача значителни количини од својот течен гас до Европејците. Но, тоа е далеку од доволно за да се задоволат европските потреби, а Вашингтон веќе е во преговори со Катар, најголемиот светски извозник на гас, за зголемување на производството и пренасочување на дел од својот извоз во Европа. Во тек се преговори со некои азиски земји, како што е Јужна Кореја, дел од нивните набавки да и се остават на Европа, иако извори од Европската комисија велат дека поради заканата од недостиг на енергија постои голема неизвесност и загриженост. „Црните претчувства ги загрижуваат во ЕУ“, пишува шпанскиот весник „Паис“, а бриселскиот тинк-тенк „Бројгел“ предупредува дека „доколку престане снабдувањето со руски гас, сите мерки за замена на тој гас нема да бидат доволни“. „Европската унија ќе мора да ги намали побарувачката и потрошувачката, што би наметнало тешки одлуки кои треба да платат висока цена“, се вели во студијата на Бројгел. Од бриселскиот институт наведуваат дека особено би била погодена Германија, чија индустрија е еден од моторите на европската економија, а потоа и балтичките и источните земји кои во голема мера се зависни од увозот на гас од Русија. Цените на гасотт на светскиот пазар веќе нагло пораснаа, побарувачката во ЕУ е зголемена поради намаленото производство на гас во Норвешка и Холандија. „Се случи нешто крајно загрижувачко и несфатливо“, велат извори од ЕК, а тоа е дека многу членки на Унијата не успеаја да наполнат складишта за гас летово, кога побарувачката и цените беа ниски, а сега на ЕУ едноставно нема доволно од тоа. Бројгел изјави и дека во најголем дел, увозниот американски течен гас не може ни оддалеку да го замени рускиот гас, бидејќи капацитетите за увоз на американски гас веќе се користат со над 90 проценти од можностите. Беше предупредено и дека сите испораки на овој енергенс од други извори ќе значат поскапување поради зголемената побарувачка. Тука спаѓаат економската криза во Унијата, инфлацијата, ударот врз трошоците за живот, што веќе се чувствува во ЕУ, каде цената на гасот порасна за 429 отсто во периодот од 2019 до 2021 година. Европската комисија преговара за поголем увоз со Норвешка, која веќе покрива 38 отсто од потрошувачката на гас во Унијата,  исто така, од Азербејџан преку Јужниот гасен коридор, иако капацитетот на гасоводот е скромен. Се очекува испораката на гас до одреден степен да се зголеми со испораките од Алжир и Египет. Апелот на Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател Џозеф Бајден до „големите светски производители на енергенси да се обединат и да гарантираат дека светскиот енергетски пазар ќе остане стабилен и добро снабден“.

The post САД и Русија се подготвуваат за безмилосна војна за гас appeared first on Република.

]]>