саботажа Archives - Република https://republika.mk/tema/sabotaza/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 09:43:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png саботажа Archives - Република https://republika.mk/tema/sabotaza/ 32 32 Норвешка стравува од руска саботажа на стратешките енергетски објекти во Европа https://republika.mk/vesti/svet/norveshka-stravuva-od-ruska-sabotazha-na-strateshkite-energetski-objekti-vo-evropa/ Wed, 28 Aug 2024 19:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=810161

Разузнавачките служби на седум земји од ЕУ предупредиле на постоење ризик од саботажа на норвешките енергетски објекти, објави „Ројтерс“.

Според агенцијата, европските служби предупредиле на закана од саботажа на енергетските капацитети на Норвешка, главниот снабдувач на гас во Европа.

На затворен состанок, претставниците на Норвешка, Германија, Белгија, Холандија, Финска, Шведска и Исланд разговарале за ризиците од шпионажа и саботажа.

На состанокот, Норвешка истакнала оти стравува дека ќе биде цел на диверзантски напад врз критичната нафтена инфраструктура во земјата.

The post Норвешка стравува од руска саботажа на стратешките енергетски објекти во Европа appeared first on Република.

]]>

Разузнавачките служби на седум земји од ЕУ предупредиле на постоење ризик од саботажа на норвешките енергетски објекти, објави „Ројтерс“. Според агенцијата, европските служби предупредиле на закана од саботажа на енергетските капацитети на Норвешка, главниот снабдувач на гас во Европа. На затворен состанок, претставниците на Норвешка, Германија, Белгија, Холандија, Финска, Шведска и Исланд разговарале за ризиците од шпионажа и саботажа. На состанокот, Норвешка истакнала оти стравува дека ќе биде цел на диверзантски напад врз критичната нафтена инфраструктура во земјата.

The post Норвешка стравува од руска саботажа на стратешките енергетски објекти во Европа appeared first on Република.

]]>
Западни медиуми: Израел стои зад експлозиите на гасоводот во Иран https://republika.mk/vesti/svet/zapadni-mediumi-izrael-stoi-zad-eksploziite-na-gasovodot-vo-iran/ Mon, 19 Feb 2024 07:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=745472

Израел стои зад двата напади на големи гасоводи во јужен Иран минатата недела, со коишто беше прекинато снабдувањето со гас за милиони луѓе, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи двајца западни претставници и воен стратег поврзан со Иранската револуционерна гарда.

Весникот пишува дека причините за експлозиите е израелска саботажа.

Ударите на гасоводите беа повеќе симболични и служеа како предупредување за иранските власти за можностите на Израел во контекст на ескалација на тензиите на Блискиот Исток“, изјавил неименуван западен функционер.

Гасоводот, и покрај сериозните оштетувања, е саниран во рок од 24 часа.

The post Западни медиуми: Израел стои зад експлозиите на гасоводот во Иран appeared first on Република.

]]>

Израел стои зад двата напади на големи гасоводи во јужен Иран минатата недела, со коишто беше прекинато снабдувањето со гас за милиони луѓе, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи двајца западни претставници и воен стратег поврзан со Иранската револуционерна гарда. Весникот пишува дека причините за експлозиите е израелска саботажа.
Ударите на гасоводите беа повеќе симболични и служеа како предупредување за иранските власти за можностите на Израел во контекст на ескалација на тензиите на Блискиот Исток“, изјавил неименуван западен функционер.
Гасоводот, и покрај сериозните оштетувања, е саниран во рок од 24 часа.

The post Западни медиуми: Израел стои зад експлозиите на гасоводот во Иран appeared first on Република.

]]>
Песков: Истрагата за саботажата на гасоводот Северен поток води кон Украина https://republika.mk/vesti/svet/peskov-istragata-za-sabotazhata-na-gasovodot-severen-potok-vodi-kon-ukraina/ Mon, 13 Nov 2023 13:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=701112

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека истрагата за саботажата на гасоводите Северен поток води кон Украина и се почесто се појавува во различни извештаи, истраги и во медиумите.

Вашингтон пост на 11 ноември објави дека 48-годишниот украински полковник Червински дека бил „координатор“ на нападот на гасоводите на Северен поток. Весникот повикувајќи се на неименувани извори наведува дека полковник Червински не дејствувал сам и оти не учествувал во планирање на операцијата. Вашингтон пост посочува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не бил запознаен со операцијата, а полковник Червински дека примал наредби од други високи украински претставници, а на крај поднел извештај до украинскиот генерал Валериј Залужни.

- Ако режимот во Киев повеќе не ја контролира ситуацијата во сопствената земја, тогаш ова е алармантно и исто така треба да се земе предвид, потенцира Песков.

Остро пад на притисокот во цевководите под Балтичко Море беше регистриран на 26 септември, а сеизмолозите открија експлозии, што предизвика бран шпекулации за тоа кој го саботирал гасоводот, преку кој се доставуваше руски гас до Германија. Некои американски и европски официјални лица првично ја обвинија Русија за саботажа, а рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли таквите обвинувања како „идиотски“.

The post Песков: Истрагата за саботажата на гасоводот Северен поток води кон Украина appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека истрагата за саботажата на гасоводите Северен поток води кон Украина и се почесто се појавува во различни извештаи, истраги и во медиумите. Вашингтон пост на 11 ноември објави дека 48-годишниот украински полковник Червински дека бил „координатор“ на нападот на гасоводите на Северен поток. Весникот повикувајќи се на неименувани извори наведува дека полковник Червински не дејствувал сам и оти не учествувал во планирање на операцијата. Вашингтон пост посочува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не бил запознаен со операцијата, а полковник Червински дека примал наредби од други високи украински претставници, а на крај поднел извештај до украинскиот генерал Валериј Залужни. - Ако режимот во Киев повеќе не ја контролира ситуацијата во сопствената земја, тогаш ова е алармантно и исто така треба да се земе предвид, потенцира Песков. Остро пад на притисокот во цевководите под Балтичко Море беше регистриран на 26 септември, а сеизмолозите открија експлозии, што предизвика бран шпекулации за тоа кој го саботирал гасоводот, преку кој се доставуваше руски гас до Германија. Некои американски и европски официјални лица првично ја обвинија Русија за саботажа, а рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли таквите обвинувања како „идиотски“.

The post Песков: Истрагата за саботажата на гасоводот Северен поток води кон Украина appeared first on Република.

]]>
„Северен тек“ бил саботиран од проукраинска група https://republika.mk/vesti/svet/severen-tek-bil-sabotiran-od-proukrainska-grupa/ Tue, 07 Mar 2023 18:15:07 +0000 https://republika.mk/?p=617024

Нови разузнавачки информации што биле прегледани од американски официјални лица сугерираат дека минатогодишниот напад на гасоводот „Северен тек“ го извршила проукраинска група, пренесе денеска весникот  „Њујорк тајмс“.

Нема докази дека украинскиот претседател Володимир Зеленски или највисоките украински функционери биле вклучени во операцијата, ниту дека сторителите дејствувале по инструкции на некој украински владин функционер, пишува весникот повикувајќи се на американски официјални претставници.

Британските медиуми не можат независно да го потврдат извештајот, а американските разузнавачи не можеа да се контактираат. Претставници на Киев и Москва, исто така, останаа недостапни за коментар.

Нападите на гасоводот во септември 2022 година САД и НАТО ги нарекоа „акт на саботажа“, а Москва го обвини Западот и го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да спроведе независна истрага.

Разузнавачкиот извештај сугерира дека оние кои го извршиле нападот се противат на рускиот претседател Владимир Путин „но не прецизира кои се членовите на групата, ниту кој го наредил нападот или кој платил за операцијата“, пишува весникот „Тајмс“.

Американските функционери одбија да ја откријат природата на разузнавачките податоци, како се добиени или какви се деталите за силата на доказите што ги содржат. Тие изјавија дека нема цврсти заклучоци за тоа“, пишува весникот.

The post „Северен тек“ бил саботиран од проукраинска група appeared first on Република.

Шведската разузнавачка служба отвори истрага за „саботажа“ на Северен поток https://republika.mk/vesti/svet/shvedskata-razuznavachka-sluzba-otvori-istraga-za-sabotaza-na-severen-potok/ Wed, 28 Sep 2022 16:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=555297

Шведската разузнавачка служба (САПО) денеска соопшти дека води истрага за експлозиите и истекувањата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, нарекувајќи ги „саботажа“.

САПО ја презема истрагата од полицијата затоа што „тоа може да се однесува на сериозно кривично дело кое барем делумно може да биде насочено кон шведските интереси“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „не може да се исклучи дека странска сила е одговорна за тоа дело“.

The post Шведската разузнавачка служба отвори истрага за „саботажа“ на Северен поток appeared first on Република.

]]>

Шведската разузнавачка служба (САПО) денеска соопшти дека води истрага за експлозиите и истекувањата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, нарекувајќи ги „саботажа“. САПО ја презема истрагата од полицијата затоа што „тоа може да се однесува на сериозно кривично дело кое барем делумно може да биде насочено кон шведските интереси“, се вели во соопштението. Во него се додава дека „не може да се исклучи дека странска сила е одговорна за тоа дело“.

The post Шведската разузнавачка служба отвори истрага за „саботажа“ на Северен поток appeared first on Република.

]]>
Искршиле катанци и ослободиле животни: Директорот на ЗОО откри неколку обиди за саботажа https://republika.mk/vesti/skopje/iskrshile-katanci-i-oslobodile-zivotni-direktorot-na-zoo-otkri-nekolku-obidi-za-sabotaza/ Tue, 10 May 2022 12:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=500461

Директорот на скопската ЗОО, Кристијан Стаменов денеска обзнани за неколку немили настани кои во изминатиов период се случуваа во ЈУ „Зоолошка градина Скопје“.

Најпрво на 10.04.2022 поединци направиле неовластен влез на група од дванаесетина луѓе, петнаесет минути пред затворање на градината. Истото е уредно пријавено и се повикани претставници од Министерството за внатрешни работи за увид во неовластениот влез на групата луѓе.

На 28.04.2022 од службите во Зооолошката градина е направен увид во живеалишатта на животните и е констатирано дека се пресечени неколку катанци, по што биле пуштени неколку животни, во рамки на просторот во зоолошката градина. Истото е пријавено и констатирано рано утрото од страна на зоо негувателите кои дошле на работа дека се работи за видливо и намерно пуштање на неколку животни од нивните живеалишта.

По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09.05.2022 во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета. Но, снимениот поединец останал само на обидот, затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната по што настаната е незначителна материјална штета. Истиот настан веднаш по случувањето уште вечерта е пријавен во полициска станица Карпош.

Покрај тоа што сите овие настани се пријавени до надлежните органи за постапување, односно до Министерството за внатрешни работи, зголемена е будноста кај персоналот, а дополнително е зголемено и обезбедувањето во ноќната смена, изјави тој.

Цени дека сите овие обиди наликуваат на намерна саботажа на работата и функционирањето на самата Зоолошка градина.

Остро ги осудуваме сите овие обиди да се наштети на нашата работа, но и на безбедноста на животните, се надеваме дека службите од Министерството за внатрешни работи ќе работат интензивно на откривање на сторителите, со цел да се спречат и понатамошни вакви обиди. Сакам да потенцирам исто така дека и покрај овие обиди доколку вистина станува збор за саботажа на нашето работење и функционирање нема да не обесхрабрат туку напротив ни даваат мотив плус да работиме уште повеќе за поубава и попосетена Зоолошка градина Скопје, изјави Стаменов.

The post Искршиле катанци и ослободиле животни: Директорот на ЗОО откри неколку обиди за саботажа appeared first on Република.

]]>

Директорот на скопската ЗОО, Кристијан Стаменов денеска обзнани за неколку немили настани кои во изминатиов период се случуваа во ЈУ „Зоолошка градина Скопје“.
Најпрво на 10.04.2022 поединци направиле неовластен влез на група од дванаесетина луѓе, петнаесет минути пред затворање на градината. Истото е уредно пријавено и се повикани претставници од Министерството за внатрешни работи за увид во неовластениот влез на групата луѓе. На 28.04.2022 од службите во Зооолошката градина е направен увид во живеалишатта на животните и е констатирано дека се пресечени неколку катанци, по што биле пуштени неколку животни, во рамки на просторот во зоолошката градина. Истото е пријавено и констатирано рано утрото од страна на зоо негувателите кои дошле на работа дека се работи за видливо и намерно пуштање на неколку животни од нивните живеалишта. По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09.05.2022 во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета. Но, снимениот поединец останал само на обидот, затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната по што настаната е незначителна материјална штета. Истиот настан веднаш по случувањето уште вечерта е пријавен во полициска станица Карпош. Покрај тоа што сите овие настани се пријавени до надлежните органи за постапување, односно до Министерството за внатрешни работи, зголемена е будноста кај персоналот, а дополнително е зголемено и обезбедувањето во ноќната смена, изјави тој.