Сѐ уште можам нешто да сторам “ Archives - Република https://republika.mk/tema/s-ushte-mozham-neshto-da-storam/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Dec 2023 17:31:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сѐ уште можам нешто да сторам “ Archives - Република https://republika.mk/tema/s-ushte-mozham-neshto-da-storam/ 32 32 Објавен новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“ https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-noviot-roman-na-frosina-parmakovska-s-ushte-mozham-neshto-da-storam/ Wed, 13 Dec 2023 17:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=722661

Деновиве излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“ како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА на „Или-Или“, соопштија од издавачката куќа.

Романот„Сѐ уште можам нешто да сторам “ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главнот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со Себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ ( роман на годината за 2017 г.) и „На враќање“.

 

The post Објавен новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“ appeared first on Република.

]]>

Деновиве излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“ како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА на „Или-Или“, соопштија од издавачката куќа. Романот„Сѐ уште можам нешто да сторам “ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главнот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со Себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ ( роман на годината за 2017 г.) и „На враќање“.  

The post Објавен новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“ appeared first on Република.

]]>