рутина Archives - Република https://republika.mk/tema/rutina/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 20:28:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рутина Archives - Република https://republika.mk/tema/rutina/ 32 32 Зацртаните рутини на игра и сон позитивно влијаат врз детскиот развој https://republika.mk/zivot/semejstvo/zatsrtanite-rutini-na-igra-i-son-pozitivno-vlijaat-vrz-detskiot-razvoj/ Sun, 17 Nov 2024 07:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=838666

Воспоставувањето рутина е предизвик за родителите - поради енергијата и љубопитноста на малечкото, но е исклучително важно за децата, бидејќи има клучно влијание врз нивниот развој и стабилност. Истражување спроведено во Југоисточна Европа, покажува дека 67 отсто од децата ноќе бараат „засолниште“ кај своите родители, пренесува порталот „Кликс“.

Докажано е дека зацртаните рутини позитивно влијаат врз детскиот развој. Рамномерниот ритам на игра, спиење, учење и хранење им носи на децата чувство на удобност дома и мир. Детето на тој начин се чувствува безбедно во својата предвидлива средина, бидејќи инстинктивно знаат што да очекуваат и што се очекува од нив. Рутината е полезна не само за физичкото здравје, туку и за емоционално-менталната благосостојба. Ги учи децата да ги препознаваат и да управуваат со своите емоции, што им помага да се справат со предизвиците и стресните случаи.

Стручњаците издвојуваат две многу важни рутини во животот на детето: Играта и спиењето.

Воспоставувањето дневна рутина на време за игра и спиење може да биде предизвик за родителите, бидејќи децата често се борат да преминат од енергична игра во сон.

Кога собата е неуредна и преполна со играчки, едно дете тешко би можело да престане да си игра и да се смири. Освен тоа, прекумерната „стимулација“ како што се цртаните и енергичните игри, вообичаено и премногу „го разбудуваат“ детето пред спиење, што го отежнува смирувањето и влијае на квалитетот на одморот.

Кога воспоставуваат рутина, родителите често се соочуваат со отпорот на детето кон спиењето. Тоа е така, според познавачите, бидејќи децата, поради нивната љубопитност, се плашат дека ќе пропуштат нешто.

Може да има и повеќе причини за овој вид анксиозност, но тие најчесто произлегуваат од недостатокот на чувство на сигурност, удобност и - стравот од темнина. Ноќното будење на децата освен што ги вознемирува децата, е проблем и за сонот на родителите.

The post Зацртаните рутини на игра и сон позитивно влијаат врз детскиот развој appeared first on Република.

]]>

Воспоставувањето рутина е предизвик за родителите - поради енергијата и љубопитноста на малечкото, но е исклучително важно за децата, бидејќи има клучно влијание врз нивниот развој и стабилност. Истражување спроведено во Југоисточна Европа, покажува дека 67 отсто од децата ноќе бараат „засолниште“ кај своите родители, пренесува порталот „Кликс“. Докажано е дека зацртаните рутини позитивно влијаат врз детскиот развој. Рамномерниот ритам на игра, спиење, учење и хранење им носи на децата чувство на удобност дома и мир. Детето на тој начин се чувствува безбедно во својата предвидлива средина, бидејќи инстинктивно знаат што да очекуваат и што се очекува од нив. Рутината е полезна не само за физичкото здравје, туку и за емоционално-менталната благосостојба. Ги учи децата да ги препознаваат и да управуваат со своите емоции, што им помага да се справат со предизвиците и стресните случаи. Стручњаците издвојуваат две многу важни рутини во животот на детето: Играта и спиењето. Воспоставувањето дневна рутина на време за игра и спиење може да биде предизвик за родителите, бидејќи децата често се борат да преминат од енергична игра во сон. Кога собата е неуредна и преполна со играчки, едно дете тешко би можело да престане да си игра и да се смири. Освен тоа, прекумерната „стимулација“ како што се цртаните и енергичните игри, вообичаено и премногу „го разбудуваат“ детето пред спиење, што го отежнува смирувањето и влијае на квалитетот на одморот. Кога воспоставуваат рутина, родителите често се соочуваат со отпорот на детето кон спиењето. Тоа е така, според познавачите, бидејќи децата, поради нивната љубопитност, се плашат дека ќе пропуштат нешто. Може да има и повеќе причини за овој вид анксиозност, но тие најчесто произлегуваат од недостатокот на чувство на сигурност, удобност и - стравот од темнина. Ноќното будење на децата освен што ги вознемирува децата, е проблем и за сонот на родителите.

The post Зацртаните рутини на игра и сон позитивно влијаат врз детскиот развој appeared first on Република.

]]>