Руско МНР Archives - Република https://republika.mk/tema/rusko-mnr/ За подобро да се разбереме Mon, 16 May 2022 18:54:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Руско МНР Archives - Република https://republika.mk/tema/rusko-mnr/ 32 32 Руско МНР: Влезот на Шведска во НАТО и нанесува штета на европската безбедност https://republika.mk/vesti/svet/rusko-mnr-vlezot-na-shvedska-vo-nato-i-nanesuva-shteta-na-evropskata-bezbednost/ Mon, 16 May 2022 18:52:45 +0000 https://republika.mk/?p=503071

Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека влезот на Шведска во НАТО ќе предизвика значителна штета на безбедноста на Северна Европа и на европскиот континент во целина и предупреди дека Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори.

Во соопштението на руското Министерство се наведува дека Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори, како воено-технички, така и од друга природа, за да ги запре заканите за нејзината национална безбедност.

Во овој поглед, многу ќе зависи од специфичните услови за интеграција на Шведска во Северноатлантската алијанса, вклучително и изгледите за распоредување на офанзивниот вооружен систем на овој воен блок на шведска територија, се наведува во соопштението.

Руското министерство оцени и дека членството на Шведска во НАТО нема да ја зајакне нејзината безбедност, туку ќе доведе до губење на суверенитетот при носењето на надворешно-политичките одлуки.

Шведската влада денеска донесе одлука да поднесе барање за влез во НАТО.

 

The post Руско МНР: Влезот на Шведска во НАТО и нанесува штета на европската безбедност appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека влезот на Шведска во НАТО ќе предизвика значителна штета на безбедноста на Северна Европа и на европскиот континент во целина и предупреди дека Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори. Во соопштението на руското Министерство се наведува дека Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори, како воено-технички, така и од друга природа, за да ги запре заканите за нејзината национална безбедност.
Во овој поглед, многу ќе зависи од специфичните услови за интеграција на Шведска во Северноатлантската алијанса, вклучително и изгледите за распоредување на офанзивниот вооружен систем на овој воен блок на шведска територија, се наведува во соопштението.
Руското министерство оцени и дека членството на Шведска во НАТО нема да ја зајакне нејзината безбедност, туку ќе доведе до губење на суверенитетот при носењето на надворешно-политичките одлуки. Шведската влада денеска донесе одлука да поднесе барање за влез во НАТО.  

The post Руско МНР: Влезот на Шведска во НАТО и нанесува штета на европската безбедност appeared first on Република.

]]>
Руско МНР: Ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО https://republika.mk/vesti/svet/rusko-mnr-kje-mora-da-prezememe-voeno-tehnichki-chekori-poradi-odlukata-na-finska-za-vlez-vo-nato/ Thu, 12 May 2022 16:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=501622

Русија денеска предупреди дека ќе мора да преземе „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска да стане членка на НАТО. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека пристапувањето на Финска во НАТО „ќе предизвика сериозна штета на руско-финските односи, како и на стабилноста и безбедноста во северна Европа“.

Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори од воено-техничка и од друга природа, со цел да ги запре заканите за нејзината национална безбедност што се појавуваат во овој поглед – се вели во соопштението.

Финска, иако има право да одлучува за начините за обезбедување на сопствената безбедност, „мора да биде свесна за својата одговорност и за последиците од таквиот потег“, додаваат од МНР на Русија.
Министерството ја обвини Финска дека ги прекршила претходните договори со Русија, со која дели копнена граница долга 1.340 километри, со намера да се приклучи на НАТО.

The post Руско МНР: Ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО appeared first on Република.

]]>

Русија денеска предупреди дека ќе мора да преземе „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска да стане членка на НАТО. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека пристапувањето на Финска во НАТО „ќе предизвика сериозна штета на руско-финските односи, како и на стабилноста и безбедноста во северна Европа“. Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори од воено-техничка и од друга природа, со цел да ги запре заканите за нејзината национална безбедност што се појавуваат во овој поглед – се вели во соопштението. Финска, иако има право да одлучува за начините за обезбедување на сопствената безбедност, „мора да биде свесна за својата одговорност и за последиците од таквиот потег“, додаваат од МНР на Русија. Министерството ја обвини Финска дека ги прекршила претходните договори со Русија, со која дели копнена граница долга 1.340 километри, со намера да се приклучи на НАТО.

The post Руско МНР: Ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО appeared first on Република.

]]>
Руско МНР: Преку видеоврска продолжуваат преговорите со Украина https://republika.mk/vesti/svet/rusko-mnr-preku-videovrska-prodolzuvaat-pregovorite-so-ukraina/ Thu, 17 Mar 2022 09:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=474166

Мировните преговори со Украина продолжуваат преку видеоврска, при што двете страни разговараат за воени, политички и хуманитарни прашања, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Преговорите продолжија еден ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „сериозно се разговара за неутрален статус на Украина“.

Тој додаде: Постојат апсолутно конкретни формулации кои според мене се блиску до договор.

Кремљ, пак, соопшти дека идејата за создавање демилитаризирана Украина по моделот на Австрија може да се гледа како компромис за крај на војната.

Австрија има своја војска, но е обврзана на неутралност со Австрискиот државен договор од 1955 година и нејзиниот устав, кој забранува влез во воени сојузи и поставување странски воени бази на австриска територија.

The post Руско МНР: Преку видеоврска продолжуваат преговорите со Украина appeared first on Република.

]]>

Мировните преговори со Украина продолжуваат преку видеоврска, при што двете страни разговараат за воени, политички и хуманитарни прашања, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Преговорите продолжија еден ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „сериозно се разговара за неутрален статус на Украина“. Тој додаде: Постојат апсолутно конкретни формулации кои според мене се блиску до договор. Кремљ, пак, соопшти дека идејата за создавање демилитаризирана Украина по моделот на Австрија може да се гледа како компромис за крај на војната. Австрија има своја војска, но е обврзана на неутралност со Австрискиот државен договор од 1955 година и нејзиниот устав, кој забранува влез во воени сојузи и поставување странски воени бази на австриска територија.

The post Руско МНР: Преку видеоврска продолжуваат преговорите со Украина appeared first on Република.

]]>