руски шпион Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-shpion/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 10:40:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски шпион Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-shpion/ 32 32 Поранешна руска шпионка открива: Бев дел од секс програмaтa на КГБ https://republika.mk/vesti/svet/poraneshna-ruska-shpionka-otkriva-bev-del-od-seks-programata-na-kgb/ Tue, 30 Apr 2024 20:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=772670

Алија Роса некогаш работела како шпион. Таа открива како ги заведувала и манипулирала со своите цели.

 Повеќе од две децении молчам. Но, од повеќе причини не можев повеќе да молчам. Не можев повеќе да живеам со оваа болка, иако поминав низ сите овие трауми. Ако јас не зборувам, кој би?

Се присети како побегнала од Москва со својот син затоа што сакала да му даде подобар живот.

Најголемиот потфат во мојот живот беше да станам родител. Сакав да го доживеам. Сакав да создадам семејство, да имам деца. И не ми беше дозволено да го направам тоа. Тогаш сфатив: „Чекај малку, имам само овој живот. Не сакам да го трошам правејќи жртви за нешто во што повеќе не верувам. Тоа беше моментот кога почнав да барам можности за бегство“, вели Алија.

На 18 години стана дел од програмата за секс на КГБ.

Тоа не е само секс – тоа е многу далеку од секс. Се работи за уметноста на комуникацијата. Научивме како да се облекуваме, нашминкаме, да се претставуваме, како да разговараме со нашите цели и како да ги натераме да ни веруваат. Се работи за психологијата на луѓето, криминалците, мажите... Се работи за разбирање на машката перспектива и што точно тие сакаат“, вели Алија.

The post Поранешна руска шпионка открива: Бев дел од секс програмaтa на КГБ appeared first on Република.

]]>

Полска уапси руски хокеар поради шпионажа https://republika.mk/vesti/svet/polska-uapsi-ruski-hokear-poradi-shpionazha/ Fri, 30 Jun 2023 17:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=656962

Полска уапси руски професионален хокеар на мраз под обвинение за шпионажа, соопшти денеска Обвинителство во Варшава, додавајќи дека тоа е 14. лице уапсено од една шпионска мрежа.

Рускиот хокеар е одведен во притвор во јужната полска област Шлеска. Неговиот идентитет, како и полскиот хокеарски тим за кој настапувал, не се јавно обелоденети. Обвинителите само наведоа дека пристигнал во Полска во октомври 2021 година.

Полска, која е клучната земја на западната воена поддршка на Украина, тврди дека станала главна цел на руски шпиони и ја обвинува официјална Москва дека се обидува да ја дестабилизира земјата.

Руските шпиони паѓаат еден по еден!, напиша полскиот министер за правда Збигњев Зиобро на својот Твитер профил.

„Уапсен е шпион кој делувал под закрила на спортист. Русинот беше играч на прволигаш“, додаде полскиот министер.

Доколку биде прогласен за виновен на приведениот руски хокеар му се заканува казна затвор до десет години.

The post Полска уапси руски хокеар поради шпионажа appeared first on Република.

]]>

Полска уапси руски професионален хокеар на мраз под обвинение за шпионажа, соопшти денеска Обвинителство во Варшава, додавајќи дека тоа е 14. лице уапсено од една шпионска мрежа. Рускиот хокеар е одведен во притвор во јужната полска област Шлеска. Неговиот идентитет, како и полскиот хокеарски тим за кој настапувал, не се јавно обелоденети. Обвинителите само наведоа дека пристигнал во Полска во октомври 2021 година. Полска, која е клучната земја на западната воена поддршка на Украина, тврди дека станала главна цел на руски шпиони и ја обвинува официјална Москва дека се обидува да ја дестабилизира земјата.
Руските шпиони паѓаат еден по еден!, напиша полскиот министер за правда Збигњев Зиобро на својот Твитер профил.
„Уапсен е шпион кој делувал под закрила на спортист. Русинот беше играч на прволигаш“, додаде полскиот министер. Доколку биде прогласен за виновен на приведениот руски хокеар му се заканува казна затвор до десет години.

The post Полска уапси руски хокеар поради шпионажа appeared first on Република.

]]>
Откриен руски шпион кој се мобилизирал во украинските сили и издавал позиции на авиони и магацини за оружје https://republika.mk/vesti/svet/otkrien-ruski-shpion-koj-se-mobiliziral-vo-ukrainskite-sili-i-izdaval-pozitsii-na-avioni-i-magatsini-za-oruzhje/ Fri, 05 May 2023 19:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=637004

Украинската безбедносна служба СБУ, заробила руски шпион, кој им се придружил на вооружените сили на Украина за да открива позиции на украинските борбени авиони.

Според истрагата, човекот родум од Крим, кој го поддржал референдумот во 2014 година и добил руски пасош, пред почетокот на војната дошол во областа Николаев, каде што живееле неговите роднини.

Таму, по наредба на руските специјални служби, тој се мобилизирал во вооружените сили на Украина во 2022 година. Наоѓајќи се во една од воените единици, тој го следел движењето на борбените авиони и позициите на силите за воздушна одбрана. Тој, исто така, дознал информации за магацини за муниција и гориво, соопштија од СБУ.

The post Откриен руски шпион кој се мобилизирал во украинските сили и издавал позиции на авиони и магацини за оружје appeared first on Република.

]]>

Украинската безбедносна служба СБУ, заробила руски шпион, кој им се придружил на вооружените сили на Украина за да открива позиции на украинските борбени авиони. Според истрагата, човекот родум од Крим, кој го поддржал референдумот во 2014 година и добил руски пасош, пред почетокот на војната дошол во областа Николаев, каде што живееле неговите роднини.
Таму, по наредба на руските специјални служби, тој се мобилизирал во вооружените сили на Украина во 2022 година. Наоѓајќи се во една од воените единици, тој го следел движењето на борбените авиони и позициите на силите за воздушна одбрана. Тој, исто така, дознал информации за магацини за муниција и гориво, соопштија од СБУ.

The post Откриен руски шпион кој се мобилизирал во украинските сили и издавал позиции на авиони и магацини за оружје appeared first on Република.

]]>
Двоен агент: Германски фудбалер шпионирал подеднакво и за Русите и за Германците https://republika.mk/sport/fudbal/dvoen-agent-germanski-fudbaler-shpioniral-podednakvo-i-za-rusite-i-za-germantsite/ Sun, 05 Feb 2023 13:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=605018

Поранешниот германски фудбалер Карстен Линке (57) наводно бил двоен агент, кој шпионирал за Русија додека работел за Германците, дознава британски „Дејли Телеграф“.

Линке беше уапсен во декември 2022 година под обвинение за предавство, а британски весник сега го откри неговиот идентитет.

Поранешниот фудбалер работел како тренер на јуниорски фудбалски тим во Вајлхајм, во југоисточна Германија. Тој исто така бил таен агент кој работел за германската разузнавачка служба (БНД).

Тој беше уапсен од германската полиција во декември. Поранешниот фудбалер на Хановер беше обвинет дека пренесувал доверливи разузнавачки информации, вклучително и информации за Украина, објави „Шпигел“ по неговото апсење.

Линке наводно бил унапреден непосредно пред апсењето, па имал дополнителен пристап до доверливи информации. Поранешниот фудбалер им пренел тајни разузнавачки информации на неколку лица, меѓу кои и германскиот бизнисмен со руско потекло Артур Е., кој информациите ги доставил до Федералната служба за безбедност на Руската Федерација. Артур Е. има статус на крунски сведок во овој случај, тој откри дека бил платен за неговите услуги.

The post Двоен агент: Германски фудбалер шпионирал подеднакво и за Русите и за Германците appeared first on Република.

]]>

Поранешниот германски фудбалер Карстен Линке (57) наводно бил двоен агент, кој шпионирал за Русија додека работел за Германците, дознава британски „Дејли Телеграф“. Линке беше уапсен во декември 2022 година под обвинение за предавство, а британски весник сега го откри неговиот идентитет.
Поранешниот фудбалер работел како тренер на јуниорски фудбалски тим во Вајлхајм, во југоисточна Германија. Тој исто така бил таен агент кој работел за германската разузнавачка служба (БНД). Тој беше уапсен од германската полиција во декември. Поранешниот фудбалер на Хановер беше обвинет дека пренесувал доверливи разузнавачки информации, вклучително и информации за Украина, објави „Шпигел“ по неговото апсење.
Линке наводно бил унапреден непосредно пред апсењето, па имал дополнителен пристап до доверливи информации. Поранешниот фудбалер им пренел тајни разузнавачки информации на неколку лица, меѓу кои и германскиот бизнисмен со руско потекло Артур Е., кој информациите ги доставил до Федералната служба за безбедност на Руската Федерација. Артур Е. има статус на крунски сведок во овој случај, тој откри дека бил платен за неговите услуги.

The post Двоен агент: Германски фудбалер шпионирал подеднакво и за Русите и за Германците appeared first on Република.

]]>
Скопје и Софија никако да ги откријат имињата на оние кои наводно работат против договорот https://republika.mk/vesti/makedonija/skopje-i-sofija-nikako-da-gi-otkrijat-iminja-koi-navodno-rabotat-protiv-dogovorot/ Mon, 11 Apr 2022 08:24:37 +0000 https://republika.mk/?p=486547

Власта на СДСМ и на ДУИ втора недела по ред брка „вештерки“ или лови „руски шпиони“, но јавноста до сега не слушна ниту институција, ниту имиња на лица од Македонија, кои, наводно, се јавувале во Бугарија за да го спречат напредокот во надминувањето на недоразбирањата меѓу официјално Скопје и официјална Софија. Со што, нели, треба да падне бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во Европкста унија, анализира „Пресинг ТВ“.

Не дека и во Македонија и во Бугарија нема проруски структури, но мантрата пристигната од Софија само го трасираше патот по кој ќе врват властите во двете земји за да стигнат до целта. Нашите власти се покажаа како „поголеми католици од Папата“, па според нив, секој кој ќе се јави против компромисот со Бугарија ќе биде прогласен за руски шпион!

Но, развојот на настаните во Бугарија покажува дека премиерот Кирил Петков фрлил само обична „димна бомба“. Неговот заплашување за прогласување руски шпиони на оние, кои нема да се согласат со кревањето на бугарското вето, сега го поставува прашањето чии шпиони се самиот тој, Кирил Петков, претседателот на државата Румен Радев, коалиционите владини партнери Слави Трифонов и Корнелија Нинова, лидерот на опозицијата и доскорешен премиер Бојко Борисов, па и екс-министерот за одбрана Красимир Каракачанов и неговите партиски пајташи и наследници Ангел Џамбаски и компанија…? Руски, германски, американски, француски…? Или најважно е прашањето дали се само руски?--прашува „Пресинг ТВ“.

Красимир Каракачанов се поклони на споменикот на полковникот Каварналиев кај Дојран, возобновен пред година и пол на иницијатива на Бојко Борисов

Премиерот Петков, повеќе од очигледно, не собра храброст за исчекор во преговорите за враќање на довербата и надминување на недоразбирањата произлезени од бугарското вето. Легна на брашно и горчливата кнедла си ја проголта како „поп сарма“, па сега молчи како риба.

Шоуменот и наводен политичар Слави Трифонов по прашањето за Македонија сакаше да се пазари со изборот на новиот шеф на Бугарската народна банка. Социјалистката Корнелија Нинова не се согласува со испраќањето воена помош за Украина дури и по цена да ја сменат, а за Македонија не сака ни муабет да се прави.

Претседателот Румен Радев, или „новиот кнез Батенберг“, како што го прогласија македонските Бугари, иако малку притаено, сепак и натаму ја води играта. Инсистира на човековите права и слободи, што ќе рече на впишување на македонските Бугари во Уставот, ама патем, сепак, со Американците се пазари за набавка на користени „фантоми“ во вредност од над милијарда долари. И предупредува дека секое менување на политиката кон Македонија може да доведе до нова дестабилизација на политичката сцена во државата.

Борисов и Каракачанов, пак, чекаат од заседа. За да ја потврдат „безбедносната димензија“ на значењето на Македонија за Бугарија бараат ново заседание на Националниот совет за безбедност.

Според најновите анкети, во Бугарија се случува тивка промена во расположението кај избирачите. До неодамна владејачкиот ГЕРБ на Борисов има над 2% повеќе поддршка од власта на Промената продолжува. Но, како личности, Петков има далеку повисок рејтинг од Борисов. Оттука, можни се сите варијанти, од формирање ново парламентарно мнозинство и нова влада, па до нови предвремени парламентарни избори.

И во вакви околности власта на СДСМ и ДУИ дома, а веројатно и надвор ќе ги прогласува за државни непријатели и руски шпиони сите, кои не мислат како неа! Така, не само што ќе ја повторат тезата и начинот на расчистување со пробугарските и буржоаски елементи од крајот на Втората светска војна, туку ќе се претворат во целосна негова карикатура.

Извор: „Пресинг ТВ“

The post Скопје и Софија никако да ги откријат имињата на оние кои наводно работат против договорот appeared first on Република.

]]>

Власта на СДСМ и на ДУИ втора недела по ред брка „вештерки“ или лови „руски шпиони“, но јавноста до сега не слушна ниту институција, ниту имиња на лица од Македонија, кои, наводно, се јавувале во Бугарија за да го спречат напредокот во надминувањето на недоразбирањата меѓу официјално Скопје и официјална Софија. Со што, нели, треба да падне бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во Европкста унија, анализира „Пресинг ТВ“. Не дека и во Македонија и во Бугарија нема проруски структури, но мантрата пристигната од Софија само го трасираше патот по кој ќе врват властите во двете земји за да стигнат до целта. Нашите власти се покажаа како „поголеми католици од Папата“, па според нив, секој кој ќе се јави против компромисот со Бугарија ќе биде прогласен за руски шпион!
Но, развојот на настаните во Бугарија покажува дека премиерот Кирил Петков фрлил само обична „димна бомба“. Неговот заплашување за прогласување руски шпиони на оние, кои нема да се согласат со кревањето на бугарското вето, сега го поставува прашањето чии шпиони се самиот тој, Кирил Петков, претседателот на државата Румен Радев, коалиционите владини партнери Слави Трифонов и Корнелија Нинова, лидерот на опозицијата и доскорешен премиер Бојко Борисов, па и екс-министерот за одбрана Красимир Каракачанов и неговите партиски пајташи и наследници Ангел Џамбаски и компанија…? Руски, германски, американски, француски…? Или најважно е прашањето дали се само руски?--прашува „Пресинг ТВ“.
Красимир Каракачанов се поклони на споменикот на полковникот Каварналиев кај Дојран, возобновен пред година и пол на иницијатива на Бојко Борисов
Премиерот Петков, повеќе од очигледно, не собра храброст за исчекор во преговорите за враќање на довербата и надминување на недоразбирањата произлезени од бугарското вето. Легна на брашно и горчливата кнедла си ја проголта како „поп сарма“, па сега молчи како риба. Шоуменот и наводен политичар Слави Трифонов по прашањето за Македонија сакаше да се пазари со изборот на новиот шеф на Бугарската народна банка. Социјалистката Корнелија Нинова не се согласува со испраќањето воена помош за Украина дури и по цена да ја сменат, а за Македонија не сака ни муабет да се прави. Претседателот Румен Радев, или „новиот кнез Батенберг“, како што го прогласија македонските Бугари, иако малку притаено, сепак и натаму ја води играта. Инсистира на човековите права и слободи, што ќе рече на впишување на македонските Бугари во Уставот, ама патем, сепак, со Американците се пазари за набавка на користени „фантоми“ во вредност од над милијарда долари. И предупредува дека секое менување на политиката кон Македонија може да доведе до нова дестабилизација на политичката сцена во државата. Борисов и Каракачанов, пак, чекаат од заседа. За да ја потврдат „безбедносната димензија“ на значењето на Македонија за Бугарија бараат ново заседание на Националниот совет за безбедност. Според најновите анкети, во Бугарија се случува тивка промена во расположението кај избирачите. До неодамна владејачкиот ГЕРБ на Борисов има над 2% повеќе поддршка од власта на Промената продолжува. Но, како личности, Петков има далеку повисок рејтинг од Борисов. Оттука, можни се сите варијанти, од формирање ново парламентарно мнозинство и нова влада, па до нови предвремени парламентарни избори.
И во вакви околности власта на СДСМ и ДУИ дома, а веројатно и надвор ќе ги прогласува за државни непријатели и руски шпиони сите, кои не мислат како неа! Така, не само што ќе ја повторат тезата и начинот на расчистување со пробугарските и буржоаски елементи од крајот на Втората светска војна, туку ќе се претворат во целосна негова карикатура.
Извор: „Пресинг ТВ“

The post Скопје и Софија никако да ги откријат имињата на оние кои наводно работат против договорот appeared first on Република.

]]>
Чувар на британската амбасада во Берлин осомничен дека е руски шпион https://republika.mk/vesti/svet/chuvar-na-britanskata-ambasada-vo-berlin-osomnichen-deka-e-ruski-shpion/ Wed, 06 Apr 2022 21:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=484443

Чуварот на британската амбасада во Берлин е екстрадиран од Германија и обвинет за шпионирање во корист на Русија, соопшти британската полиција.

Полицијата соопшти дека против Дејвид Балантајн Смит (57) биле поднесени девет обвиненија според Законот за службени тајни во врска со „собирање и пренесување информации корисни за руската држава“.

Полицијата соопшти дека кривичните дела биле извршени меѓу октомври 2020 година и август 2021 година, кога германската полиција го уапсила Смит во неговиот дом во Потсдам, југозападно од Берлин.

Ник Прајс, шеф на Специјалното обвинителство и единицата за контратероризам при британското обвинителство, рече дека Смит е обвинет за „седум точки од обвинението за собирање информации со намера да се испратат до руските власти, едно дело за комуникација и едно за давање информации на лице за кого се верува дека е член на руските власти“.

За време на Студената војна, Берлин беше наречен „главен град на шпионите“, бидејќи беше на првата линија на конфликтот меѓу Советите на исток и Американците и нивните западни сојузници на западниот дел од тој град.

Активностите за шпионажа, наводно, се намалиле по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и крајот на Студената војна, но руската инвазија на Украина ги залади односите меѓу Москва и Западот и ја врати шпионажата во центарот на вниманието.

Германија протера 40 руски дипломати во понеделникот, обвинувајќи ги дека се шпиони.

The post Чувар на британската амбасада во Берлин осомничен дека е руски шпион appeared first on Република.

]]>

Чуварот на британската амбасада во Берлин е екстрадиран од Германија и обвинет за шпионирање во корист на Русија, соопшти британската полиција. Полицијата соопшти дека против Дејвид Балантајн Смит (57) биле поднесени девет обвиненија според Законот за службени тајни во врска со „собирање и пренесување информации корисни за руската држава“.
Полицијата соопшти дека кривичните дела биле извршени меѓу октомври 2020 година и август 2021 година, кога германската полиција го уапсила Смит во неговиот дом во Потсдам, југозападно од Берлин. Ник Прајс, шеф на Специјалното обвинителство и единицата за контратероризам при британското обвинителство, рече дека Смит е обвинет за „седум точки од обвинението за собирање информации со намера да се испратат до руските власти, едно дело за комуникација и едно за давање информации на лице за кого се верува дека е член на руските власти“. За време на Студената војна, Берлин беше наречен „главен град на шпионите“, бидејќи беше на првата линија на конфликтот меѓу Советите на исток и Американците и нивните западни сојузници на западниот дел од тој град. Активностите за шпионажа, наводно, се намалиле по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и крајот на Студената војна, но руската инвазија на Украина ги залади односите меѓу Москва и Западот и ја врати шпионажата во центарот на вниманието. Германија протера 40 руски дипломати во понеделникот, обвинувајќи ги дека се шпиони.

The post Чувар на британската амбасада во Берлин осомничен дека е руски шпион appeared first on Република.

]]>
Германски офицер обвинет за шпионажа: Ѝ оддавал на Русија доверливи информации https://republika.mk/vesti/svet/germanski-oficer-obvinet-za-shpionaza-i-oddaval-na-rusija-doverlivi-informacii/ Sat, 02 Apr 2022 19:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=482449

Германските сојузни обвинители поднеле обвинение против поранешен германски офицер за споделување тајни информации со руски разузнавачи.

Обвинението е поднесено поради сомнение дека Германецот Ралф Г. шпионирал за руските разузнавачки служби и објавувал доверливи документи во врска со гасоводот Северен тек 2. Според обвинението, тој бил во контакт со руски агенти од октомври 2014 година до март 2020 година.

Обвинетиот е осомничен дека работел за странска разузнавачка служба против Сојузна Република Германија и против земја членка на НАТО. Од октомври 2014 година, Ралф бил во контакт со руски разузнавач преку посредник. До март 2020 година, тој дал документи и информации за бројни случувања во Германија - велат обвинителите.

Ралф служел како резервен офицер во германските вооружени сили и бил заменик началник на окружната команда за врски. Обвинетиот бил член и на неколку комисии на германски бизнисмени.

https://twitter.com/GBA_b_BGH/status/1509863802992578585?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1509863802992578585%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fplaneta%2F614475%2Fnemacki-oficir-optuzen-za-spijunazu%2Fvest

Во обвинението се наведува дека тој споделувал документи и информации со руски агенти „во бројни прилики“ во текот на неколку години. Тој е обвинет дека го сторил тоа во замена за покани за настани организирани од Кремљ. Обвинителите соопштија дека обвинетиот споделил информации за резервниот систем на германската армија во врска со цивилно-воената соработка и „граѓанската одбрана“.

Ралф Г., исто така, е обвинет дека на руските разузнавачи им давал лични податоци и податоци за контакт на високи членови на германската армија.

Во обвинението се наведува дека тој имал пристап и до документи за последиците од економските санкции наметнати на Русија во 2014 година. Некои од документите ги содржеле и оние поврзани со гасоводот Северен тек 2.

The post Германски офицер обвинет за шпионажа: Ѝ оддавал на Русија доверливи информации appeared first on Република.

]]>

Германските сојузни обвинители поднеле обвинение против поранешен германски офицер за споделување тајни информации со руски разузнавачи. Обвинението е поднесено поради сомнение дека Германецот Ралф Г. шпионирал за руските разузнавачки служби и објавувал доверливи документи во врска со гасоводот Северен тек 2. Според обвинението, тој бил во контакт со руски агенти од октомври 2014 година до март 2020 година.
Обвинетиот е осомничен дека работел за странска разузнавачка служба против Сојузна Република Германија и против земја членка на НАТО. Од октомври 2014 година, Ралф бил во контакт со руски разузнавач преку посредник. До март 2020 година, тој дал документи и информации за бројни случувања во Германија - велат обвинителите.
Ралф служел како резервен офицер во германските вооружени сили и бил заменик началник на окружната команда за врски. Обвинетиот бил член и на неколку комисии на германски бизнисмени. https://twitter.com/GBA_b_BGH/status/1509863802992578585?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1509863802992578585%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fplaneta%2F614475%2Fnemacki-oficir-optuzen-za-spijunazu%2Fvest Во обвинението се наведува дека тој споделувал документи и информации со руски агенти „во бројни прилики“ во текот на неколку години. Тој е обвинет дека го сторил тоа во замена за покани за настани организирани од Кремљ. Обвинителите соопштија дека обвинетиот споделил информации за резервниот систем на германската армија во врска со цивилно-воената соработка и „граѓанската одбрана“. Ралф Г., исто така, е обвинет дека на руските разузнавачи им давал лични податоци и податоци за контакт на високи членови на германската армија. Во обвинението се наведува дека тој имал пристап и до документи за последиците од економските санкции наметнати на Русија во 2014 година. Некои од документите ги содржеле и оние поврзани со гасоводот Северен тек 2.

The post Германски офицер обвинет за шпионажа: Ѝ оддавал на Русија доверливи информации appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: На Петков треба да му се верува за руските агенти https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-petkov-treba-da-mu-se-veruva-za-ruskite-agenti/ Fri, 01 Apr 2022 12:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=481946

Претседателот Стево Пендаровски не ја коментира вчерашната изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков, дека руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија, но вели дека треба да му се верува оти се работи за актуелен премиер.

Изјавата на Петков не можам да ја коментирам бидејќи е заснована на информациите на бугарските институции и бугарските служби. Но, бидејќи се работи за актуелен премиер на Бугарија, треба да му се верува, изјави Пендаровски за ТВ Телма.

Претседателот Стево Пендаровски, го објасни и неодамнешното протерување на руски дипломати од земјава, но се осврна и на изјавата на бугарскиот премиер.

За тие петмина руски дипломати, изјавивме дека излегле од статусот со кој се имаат пријавено кога дошле кај нас, значи не биле дипломати. Не можам да влегувам до детали тоа се разузнавачки детали, но тие работеле надвор од тоа што го пропишува Виенската конвенција, вели Пендаровски.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера изјави дека руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија.

Тоа што го истражуваме на многу места е голема руска дијаспора на агенти во Бугарија. Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) ги истражува. Некои од нив работеле специјално врз добрите односи со Македонија. Рускиот интерес бил фокусиран врз тоа да нема европска иднина за Западен Балкан, рече Петков за време на посетата на Благоевград.

Според него, некој се обидува да го замени бугарскиот интерес.

https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-ruski-shpioni-vo-bugarija-rabotele-protiv-dobrite-odnosi-megju-skopje-i-sofija/

The post Пендаровски: На Петков треба да му се верува за руските агенти appeared first on Република.

Според него, некој се обидува да го замени бугарскиот интерес. https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-ruski-shpioni-vo-bugarija-rabotele-protiv-dobrite-odnosi-megju-skopje-i-sofija/

The post Пендаровски: На Петков треба да му се верува за руските агенти appeared first on Република.

]]>
Петков: Руски шпиони во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-ruski-shpioni-vo-bugarija-rabotele-protiv-dobrite-odnosi-megju-skopje-i-sofija/ Thu, 31 Mar 2022 16:27:24 +0000 https://republika.mk/?p=481536

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија.

Тоа што го истражуваме на многу места е голема руска дијаспора на агенти во Бугарија. Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) ги истражува. Некои од нив работеле специјално врз добрите односи со Македонија. Рускиот интерес бил фокусиран врз тоа да нема европска иднина за Западен Балкан, рече Петков за време на посетата на Благоевград.

Според него, некој се обидува да го замени бугарскиот интерес.

Имаме неколку такви случаи на кои работиме, рече Петков.

Претходно Петков рече дека очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Македонија и Бугарија да излезе со резултати. Петков додаде дека е важно што ќе биде ставено во потенцијалната преговарачка рамка, како на пример дали Уставот на Македонија ќе ги вклучува правата на Бугарите и дали ЕУ ќе сака да биде гарант за тоа. 

The post Петков: Руски шпиони во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија appeared first on Република.