руски производи Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-proizvodi/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Mar 2022 10:41:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски производи Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-proizvodi/ 32 32 Тргнале пред војната: Македонски камионции заглавени меѓу граници зошто носат руска роба во камионите https://republika.mk/vesti/makedonija/trgnale-pred-vojnata-makedonski-kamioncii-zaglaveni-megju-granici-zoshto-nosat-ruska-roba-vo-kamionite/ Tue, 01 Mar 2022 10:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=465794

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од овие 50 останати не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме, информира на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Има ситуација и со наши граѓани – транспортери кои се на границата помеѓу Украина и Полска кои носат роба од Русија, рече Османи и додаде дека поради воениот конфликт кој се случува додека се тие во Украина, украинските власти не ги пуштаат заради тоа што имаат руски продукти во нивните камиони.

Тие, информира Османи, се на безбедно, сами можат да излезат лично, меѓутоа не можат да излезат со нивните камиони, односно со стоката.

Комуницираме со нив, се јавуваат и коморите, неколку дена се во нивните камиони. Комунициравме ние и со украинските власти коишто имаат многу други приоритети сега отколку оваа наша ситуација во која што се наоѓаме, нашиот амбасадор од Варшава замина на самиот граничен премин, се виде со овие транспортери да се обиде да помогне, меѓутоа тоа тешко оди – украинските власти не пуштаат продукти коишто се дојдени од Русија. Продолжуваме со активности и за овие луѓе коишто не се во безбеден ризик, меѓутоа тука се работи повеќе за економски последици што би ги претрпеле они заради тоа што камионите не ги пуштаат, рече Османи.

The post Тргнале пред војната: Македонски камионции заглавени меѓу граници зошто носат руска роба во камионите appeared first on Република.

]]>

Балтичките продавници ги отстрануваат руските и белоруските производи https://republika.mk/vesti/svet/baltichkite-prodavnici-gi-otstranuvaat-ruskite-i-beloruskite-proizvodi/ Thu, 24 Feb 2022 22:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=463526

Големите балтички компании за прехрамбени производи денеска соопштија дека поради руската инвазија на Украина, од полиците на продавниците ќе ја отстранат стоката од руско и белоруско потекло.

„Оваа одлука ја донесовме откако руските трупи ја нападнаа Украина од руска и белоруска територија“, изјави Ернеста Дапкиен, портпаролка на најголемиот литвански трговски синџир Максима.

Стоките од Русија и Белорусија, главно алкохолни пијалоци, учествуваат со само 1,3 отсто од продажбата на Максима.

Рими, уште еден голем трговски синџир, соопшти дека ќе ги отстрани руските производи од своите продавници во Литванија, Латвија и Естонија, објави новинската агенција БНС.

„Ние ги цениме и почитуваме различните мислења и целосно го поддржуваме изнаоѓањето мирни решенија во сите конфликтни ситуации. Затоа, прекинот на соработката со руските компании ни се чини логичен и неопходен потег во сегашната ситуација“, рече Ваидо Падумае, извршен директор на Рими Естонија.

ЕУ најави нови санкции против Белорусија поради улогата на Русија во рускиот напад врз Украина. Украинската гранична служба соопшти дека руските трупи, со белоруска поддршка, ја користеле Белорусија како една од влезните точки.

Соединетите држави денеска воведоа санкции за 24 белоруски граѓани блиски до претседателот Александар Лукашенко и против две државни банки, објави Торонто сан.

The post Балтичките продавници ги отстрануваат руските и белоруските производи appeared first on Република.

]]>

Големите балтички компании за прехрамбени производи денеска соопштија дека поради руската инвазија на Украина, од полиците на продавниците ќе ја отстранат стоката од руско и белоруско потекло.
„Оваа одлука ја донесовме откако руските трупи ја нападнаа Украина од руска и белоруска територија“, изјави Ернеста Дапкиен, портпаролка на најголемиот литвански трговски синџир Максима.
Стоките од Русија и Белорусија, главно алкохолни пијалоци, учествуваат со само 1,3 отсто од продажбата на Максима. Рими, уште еден голем трговски синџир, соопшти дека ќе ги отстрани руските производи од своите продавници во Литванија, Латвија и Естонија, објави новинската агенција БНС.