руски јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-jazik/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 08:23:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-jazik/ 32 32 Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-se-sretna-so-ambasadorot-na-rusija-dogovaraat-ruskiot-da-se-izuchuva-vo-kumanovskite-uchilishta/ Fri, 27 Sep 2024 21:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=820438

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, во својот кабинет се сретнал со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

Во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската Федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин. На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово, објави Димитриевски.

The post Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, во својот кабинет се сретнал со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
Во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската Федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин. На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово, објави Димитриевски.

The post Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта appeared first on Република.

]]>
„Силјан Штркот“ преведен на руски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/siljan-shtrkot-preveden-na-ruski-jazik/ Mon, 15 May 2023 07:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=640835

Приказната на Марко Цепенков „Силјан Штркот“ е објвена на руски јазик во превод од Олга Панкина. Книгата беше промовирана во библиотеката „А.Н. Толстоj” во Москва, во рамките на проектот „Читаj ја Македонија!”.

Панкина, која е позната како популаризатор на македонската литература и култура во Русија, вели дека „Силјан Штркот“ е единствено дело од Цепенков досега објавено на руски јазик.

Покрај самата приказна, во книгата е обjавен и есеj насловен „Штркот единак и неговото јато” на Митко Маџунков кој, меѓу другото, истакнува дека „тоа не е волшебна приказна, бајка во која сè е можно (или барем таквите елементи се сведени на минимум), туку прецизна парабола за човековата судбина во која сите детали се во функција на основната идеја”.

 

The post „Силјан Штркот“ преведен на руски јазик appeared first on Република.

]]>

Приказната на Марко Цепенков „Силјан Штркот“ е објвена на руски јазик во превод од Олга Панкина. Книгата беше промовирана во библиотеката „А.Н. Толстоj” во Москва, во рамките на проектот „Читаj ја Македонија!”. Панкина, која е позната како популаризатор на македонската литература и култура во Русија, вели дека „Силјан Штркот“ е единствено дело од Цепенков досега објавено на руски јазик. Покрај самата приказна, во книгата е обjавен и есеj насловен „Штркот единак и неговото јато” на Митко Маџунков кој, меѓу другото, истакнува дека „тоа не е волшебна приказна, бајка во која сè е можно (или барем таквите елементи се сведени на минимум), туку прецизна парабола за човековата судбина во која сите детали се во функција на основната идеја”.  

The post „Силјан Штркот“ преведен на руски јазик appeared first on Република.

]]>
„Фантомско стапало“ на Блаже Миневски објавен на руски јазик во Москва https://republika.mk/vesti/kultura/fantomsko-stapalo-na-blaze-minevski-objaven-na-ruski-jazik-vo-moskva/ Thu, 04 Aug 2022 08:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=536619

Романот  „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски излезе на руски јазик во Москва. Преводот од македонски на руски за книгоздателството „Рудомино“ е на Олга Панкина, темелен познавач на двата јазика и голем популаризатор на македонските културни вредности во Русија.

Главниот уредник на реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ Jуриj Фридштеjн, поет и критичар, човек со огромно искуство на полето на книжевноста е воодушевен од романот на Миневски. Во препораката стои дека се работи за фасцинантна наративна структура која се „исчитува“ на повеќе нивоа, а особено автентичен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите, растенијата и птиците, со што приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле. Како што велат во „Рудомино“ станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од мајсторските слики па сѐ до начинот на кој се води приказната.

Романот за реалното отсуство и фиктивното присуство е објавен во тираж од илјада примероци, во специјална едиција, многу квалитетно реализирана, во тврд повез и современ ликовно-графички дизајн. Автор на дизјанот е Петр Бем а на корицата е аплициран фрагмент од слика на македонскиот академски сликар Владимир Темков.

Ова е прва посебна книга на Блаже Миневски објавена на руски, иако тој веќе им е познат на руските читатели од објавениот извадок од романот „Нишан“ (2012) и од неколкуте раскази претставени во книгата „Македонски раскази“. Центарот за книга „Рудомино“, кој соработува со огромен број книжарници во Русија, ќе ја обезбеди дистрибуцијата на книгата на големото руско јазично подрачје,  изјави преведувачката Олга Панкина, подвлекувајќи дека  „Фантомско стапало“ е  шести македонски роман што го има преведено во последниве осум години во соработка со Серуската државна библиотека за странска литература, коjа располага со над пет милиони книги, но која и понатаму постојано го пополнува својот книжевниот фонд со дела преведени од други јазици.

Романите на Блаже Миневски, освен на руски, се преведени и на англиски, полски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски и италијански јазик.

The post „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски објавен на руски јазик во Москва appeared first on Република.

]]>

Романот  „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски излезе на руски јазик во Москва. Преводот од македонски на руски за книгоздателството „Рудомино“ е на Олга Панкина, темелен познавач на двата јазика и голем популаризатор на македонските културни вредности во Русија.
Главниот уредник на реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ Jуриj Фридштеjн, поет и критичар, човек со огромно искуство на полето на книжевноста е воодушевен од романот на Миневски. Во препораката стои дека се работи за фасцинантна наративна структура која се „исчитува“ на повеќе нивоа, а особено автентичен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите, растенијата и птиците, со што приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле. Како што велат во „Рудомино“ станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од мајсторските слики па сѐ до начинот на кој се води приказната. Романот за реалното отсуство и фиктивното присуство е објавен во тираж од илјада примероци, во специјална едиција, многу квалитетно реализирана, во тврд повез и современ ликовно-графички дизајн. Автор на дизјанот е Петр Бем а на корицата е аплициран фрагмент од слика на македонскиот академски сликар Владимир Темков. Ова е прва посебна книга на Блаже Миневски објавена на руски, иако тој веќе им е познат на руските читатели од објавениот извадок од романот „Нишан“ (2012) и од неколкуте раскази претставени во книгата „Македонски раскази“. Центарот за книга „Рудомино“, кој соработува со огромен број книжарници во Русија, ќе ја обезбеди дистрибуцијата на книгата на големото руско јазично подрачје,  изјави преведувачката Олга Панкина, подвлекувајќи дека  „Фантомско стапало“ е  шести македонски роман што го има преведено во последниве осум години во соработка со Серуската државна библиотека за странска литература, коjа располага со над пет милиони книги, но која и понатаму постојано го пополнува својот книжевниот фонд со дела преведени од други јазици. Романите на Блаже Миневски, освен на руски, се преведени и на англиски, полски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски и италијански јазик.

The post „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски објавен на руски јазик во Москва appeared first on Република.

]]>