руски избори Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-izbori/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Mar 2024 16:46:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски избори Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-izbori/ 32 32 Молдавија протера руски дипломат затоа што руските државјани од Придњестровје гласаа на изборите во Русија https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-protera-ruski-diplomat-zatoa-shto-ruskite-drzhavjani-od-pridnestrovje-glasaa-na-izborite-vo-rusija/ Tue, 19 Mar 2024 18:52:53 +0000 https://republika.mk/?p=756407

Молдавија објави дека протерала руски дипломат поради организирање на гласање за руските претседателски избори во Придњестровје, молдавскиот сепаратистички регион.

Молдавија го повика на разговор рускиот амбасадор, Олег Васњецов, протестирајќи поради тоа што во Приднестровје беа отворени шест избирачки места на кои руските државјани од регионот гласаа за руските претседателски избори „спротивно на ставот на молдавските власти“.

Од молдавското министерство за надворешни работи додаваат дека го информирало Васњецов дека вработен во Руската амбасада, чие име не е соопштено, е „соработник“ кој е прогласен за персона нон грата и мора да ја напушти земјата.

Молдавските власти постојано ја обвинуваат Русија дека води „хибридна војна“ против нивната земја со, како што велат, финансирање антивладини протести, мешање во локалните избори и водење обемни кампањи за дезинформации во обид да се собори владата и да се одврати земјата од нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

The post Молдавија протера руски дипломат затоа што руските државјани од Придњестровје гласаа на изборите во Русија appeared first on Република.

]]>

Молдавија објави дека протерала руски дипломат поради организирање на гласање за руските претседателски избори во Придњестровје, молдавскиот сепаратистички регион. Молдавија го повика на разговор рускиот амбасадор, Олег Васњецов, протестирајќи поради тоа што во Приднестровје беа отворени шест избирачки места на кои руските државјани од регионот гласаа за руските претседателски избори „спротивно на ставот на молдавските власти“. Од молдавското министерство за надворешни работи додаваат дека го информирало Васњецов дека вработен во Руската амбасада, чие име не е соопштено, е „соработник“ кој е прогласен за персона нон грата и мора да ја напушти земјата. Молдавските власти постојано ја обвинуваат Русија дека води „хибридна војна“ против нивната земја со, како што велат, финансирање антивладини протести, мешање во локалните избори и водење обемни кампањи за дезинформации во обид да се собори владата и да се одврати земјата од нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

The post Молдавија протера руски дипломат затоа што руските државјани од Придњестровје гласаа на изборите во Русија appeared first on Република.

]]>