руски десантен чамец Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-desanten-chamec/ За подобро да се разбереме Sat, 07 May 2022 15:08:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски десантен чамец Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-desanten-chamec/ 32 32 Украински дрон „Бајрактар“ на Змискиот остров разнел руски десантен чамец полн со муниција https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-dron-bajraktar-na-zmiskiot-ostrov-raznel-ruski-desanten-chamec-poln-so-municija/ Sat, 07 May 2022 15:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=499116

Тактичко борбено беспилотно летало „ТБ-2 Бајрактар“ на украинската армија уништило десантен брод од класата „Серна“ на руската морнарица, кој бил укотвен на Змискиот остров, кој веќе неколку дена е под жесток украински напад.

Имено, украинската армија веќе неколку дена со дронови ги ракетира воени инсталации на руската војска стационирана на островот, како и ПВО системите со кои се брани овој остров. Досега се уништени по еден систем „Оса“ и „Тор М2“, како и два брзи патролни чамци од класата „Раптор“.

На социјалните мрежи се појавија и снимки од нападите врз руската морнарица, односно десантниот брод од класата „Серна“. На видеото се гледа работата на екипажот на чамецот и истоварот, најверојатно на муниција или ракети, проследено со директен удар во реонот за истовар и голема експлозија, веднаш потоа.

https://www.youtube.com/watch?v=Dv_gQA6o22U&feature=emb_title

На снимката во близина се гледа и брз патролен чамец од класата „Раптор“, кој останал неоштетен, додека десантниот чамец целосно изгорел по експлозијата.

Десантните чамви од класата „Серна“ се пловни објекти кои главно се дел од Касписката флотила, а повремено пловат во Азовското и Црното Море.

Податоци за чамец за слетување

Брзите десантни чамци од класата „Серна“ се означени од страна на Русите како Проект 11770. Овие пловила се долги 25,6 метри и широки 5,8 метри, достигнувајќи максимална брзина од 30 јазли. Максималниот радиус е 600 Нм. Овие пловни објекти можат да превезуваат 92 војници со целосна борбена опрема или 45 тони товар на мирно море.

The post Украински дрон „Бајрактар“ на Змискиот остров разнел руски десантен чамец полн со муниција appeared first on Република.

]]>

Тактичко борбено беспилотно летало „ТБ-2 Бајрактар“ на украинската армија уништило десантен брод од класата „Серна“ на руската морнарица, кој бил укотвен на Змискиот остров, кој веќе неколку дена е под жесток украински напад. Имено, украинската армија веќе неколку дена со дронови ги ракетира воени инсталации на руската војска стационирана на островот, како и ПВО системите со кои се брани овој остров. Досега се уништени по еден систем „Оса“ и „Тор М2“, како и два брзи патролни чамци од класата „Раптор“. На социјалните мрежи се појавија и снимки од нападите врз руската морнарица, односно десантниот брод од класата „Серна“. На видеото се гледа работата на екипажот на чамецот и истоварот, најверојатно на муниција или ракети, проследено со директен удар во реонот за истовар и голема експлозија, веднаш потоа. https://www.youtube.com/watch?v=Dv_gQA6o22U&feature=emb_title На снимката во близина се гледа и брз патролен чамец од класата „Раптор“, кој останал неоштетен, додека десантниот чамец целосно изгорел по експлозијата. Десантните чамви од класата „Серна“ се пловни објекти кои главно се дел од Касписката флотила, а повремено пловат во Азовското и Црното Море. Податоци за чамец за слетување Брзите десантни чамци од класата „Серна“ се означени од страна на Русите како Проект 11770. Овие пловила се долги 25,6 метри и широки 5,8 метри, достигнувајќи максимална брзина од 30 јазли. Максималниот радиус е 600 Нм. Овие пловни објекти можат да превезуваат 92 војници со целосна борбена опрема или 45 тони товар на мирно море.

The post Украински дрон „Бајрактар“ на Змискиот остров разнел руски десантен чамец полн со муниција appeared first on Република.

]]>