руска армија Archives - Република https://republika.mk/tema/ruska-armija/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 13:37:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руска армија Archives - Република https://republika.mk/tema/ruska-armija/ 32 32 Руската армија зазеде мало место во регионот на Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-armija-zazede-malo-mesto-vo-regionot-na-donetsk/ Sun, 02 Jun 2024 13:37:14 +0000 https://republika.mk/?p=784171

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека зазело мало место во областа Доњецк во источна Украина каде руската армија е во офанзива.

Како што соопшти Министерството, единиците на групата Центар „успеале да го ослободат селото Уманское во Доњецката Народна Република“, како што Русија ја нарекува областа.

Градот, кој имал помалку од 180 жители пред почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, се наоѓа на околу 25 километри северозападно од Доњецк, голем регионален центар кој е под руска контрола.

Новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов вчера го поздрави „напредокот на руската армија во Украина во сите тактички правци“.

Според него, руските војници „повратиле 880 квадратни километри од 1 јануари 2024 година“.

Украинската армија, на која и недостасува муниција и војници, се соочува со потешкотии на фронтот откако Русија почна нова офанзива на почетокот на мај околу Харков, вториот по големина град во Украина, пренесе Бета.

Руските сили продолжуваат да навлегуваат и на исток, особено во правец на Покровск, на околу триесет километри северозападно од Уман.

Киев се надева дека претстојната испорака на западно оружје, што се очекуваше долго време, ќе му овозможи да ја врати иницијативата на фронтот, каде што беше во дефанзива неколку месеци.

САД, кои досега ја отфрлаа идејата, изминатава недела и дозволија на Украина да користи американско оружје на територијата на Русија, под одредени околности, за одбрана на регионот Харков. јт/

 

The post Руската армија зазеде мало место во регионот на Доњецк appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека зазело мало место во областа Доњецк во источна Украина каде руската армија е во офанзива. Како што соопшти Министерството, единиците на групата Центар „успеале да го ослободат селото Уманское во Доњецката Народна Република“, како што Русија ја нарекува областа. Градот, кој имал помалку од 180 жители пред почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, се наоѓа на околу 25 километри северозападно од Доњецк, голем регионален центар кој е под руска контрола. Новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов вчера го поздрави „напредокот на руската армија во Украина во сите тактички правци“. Според него, руските војници „повратиле 880 квадратни километри од 1 јануари 2024 година“. Украинската армија, на која и недостасува муниција и војници, се соочува со потешкотии на фронтот откако Русија почна нова офанзива на почетокот на мај околу Харков, вториот по големина град во Украина, пренесе Бета. Руските сили продолжуваат да навлегуваат и на исток, особено во правец на Покровск, на околу триесет километри северозападно од Уман. Киев се надева дека претстојната испорака на западно оружје, што се очекуваше долго време, ќе му овозможи да ја врати иницијативата на фронтот, каде што беше во дефанзива неколку месеци. САД, кои досега ја отфрлаа идејата, изминатава недела и дозволија на Украина да користи американско оружје на територијата на Русија, под одредени околности, за одбрана на регионот Харков. јт/  

The post Руската армија зазеде мало место во регионот на Доњецк appeared first on Република.

]]>
Уапсен уште еден висок функционер од руската армија фатен за поткуп https://republika.mk/vesti/svet/uapsen-ushte-eden-visok-funktsioner-od-ruskata-armija-faten-za-potkup/ Thu, 23 May 2024 08:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=781034

Генерал-полковник Вадим Шамарин, началник на Главната управа за комуникации и заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов е уапсен во Русија. Тој е осомничен за примање поткуп од големи размери, пренесоа руските медиуми.

„Комерсант“ пишува дека куќата на Шамарин била претресена, а потоа бил одведен на распит. Ова е четврто апсење на висок функционер во руската одбрана од април, кога заменик-министерот за одбрана Тимур Иванов беше ставен во истражен затвор поради сомнение за примање поткуп.

Оттогаш, уапсени се и генерал-полковник Јуриј Кузњецов, шеф на персоналот во Министерството за одбрана и генерал-мајор Иван Попов, поранешен командант на руската 58-ма армија. Апсењата доаѓаат во време на големи промени во одбранбениот естаблишмент на Русија, откако претседателот Владимир Путин го разреши Сергеј Шојгу од функцијата министер претходно овој месец, заменувајќи го со Андреј Белоусов.

Во 2020 година беше уапсен Халил Арсланов, претходникот на Шамарин на позицијата началник на Главната управа за комуникации. Тогаш Арсланов беше обвинет за проневера на 6,7 милијарди рубљи. Стануваше збор за набавка на телекомуникациска опрема по напумпани цени.

The post Уапсен уште еден висок функционер од руската армија фатен за поткуп appeared first on Република.

]]>

Генерал-полковник Вадим Шамарин, началник на Главната управа за комуникации и заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов е уапсен во Русија. Тој е осомничен за примање поткуп од големи размери, пренесоа руските медиуми. „Комерсант“ пишува дека куќата на Шамарин била претресена, а потоа бил одведен на распит. Ова е четврто апсење на висок функционер во руската одбрана од април, кога заменик-министерот за одбрана Тимур Иванов беше ставен во истражен затвор поради сомнение за примање поткуп. Оттогаш, уапсени се и генерал-полковник Јуриј Кузњецов, шеф на персоналот во Министерството за одбрана и генерал-мајор Иван Попов, поранешен командант на руската 58-ма армија. Апсењата доаѓаат во време на големи промени во одбранбениот естаблишмент на Русија, откако претседателот Владимир Путин го разреши Сергеј Шојгу од функцијата министер претходно овој месец, заменувајќи го со Андреј Белоусов. Во 2020 година беше уапсен Халил Арсланов, претходникот на Шамарин на позицијата началник на Главната управа за комуникации. Тогаш Арсланов беше обвинет за проневера на 6,7 милијарди рубљи. Стануваше збор за набавка на телекомуникациска опрема по напумпани цени.

The post Уапсен уште еден висок функционер од руската армија фатен за поткуп appeared first on Република.

]]>
Руската армија тврди дека уништила тенкови што Македонија ѝ ги донираше на Украина https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-armija-tvrdi-deka-unishtila-tenkovi-shto-makedonija-gi-donirashe-na-ukraina/ Sat, 22 Oct 2022 14:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=564341

Руската војска уништила цел баталјон на украинските сили опремен со македонски и словенечки тенкови.

Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28 бригада на украинската војска која дејствувала кај Криви Рог.

РИА Новости објави на социјалните мрежи снимка од тенковите во пламен кои на украинската војска ѝ пристигнаа како воена помош од Македонија и од Словенија заедно со НАТО тенкови Т-72.

Македонија исто така на крајот на јули ѝ донираше на Украина тенкови, но тогаш македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска одби да прецизира за колкав број станува збор.

Медиумите потоа соопштија дека станува збор за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, тие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.

https://youtu.be/JBLr-ohfiHw

The post Руската армија тврди дека уништила тенкови што Македонија ѝ ги донираше на Украина appeared first on Република.

]]>

Руската војска уништила цел баталјон на украинските сили опремен со македонски и словенечки тенкови. Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28 бригада на украинската војска која дејствувала кај Криви Рог. РИА Новости објави на социјалните мрежи снимка од тенковите во пламен кои на украинската војска ѝ пристигнаа како воена помош од Македонија и од Словенија заедно со НАТО тенкови Т-72. Македонија исто така на крајот на јули ѝ донираше на Украина тенкови, но тогаш македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска одби да прецизира за колкав број станува збор. Медиумите потоа соопштија дека станува збор за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, тие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни. https://youtu.be/JBLr-ohfiHw

The post Руската армија тврди дека уништила тенкови што Македонија ѝ ги донираше на Украина appeared first on Република.

]]>
Руската армија зазела уште еден град во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-armija-zazela-ushte-eden-grad-vo-donjeck/ Tue, 24 May 2022 16:28:35 +0000 https://republika.mk/?p=506440

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Свитлодарск во областа Бахмут во Доњецк.

Руската армија рано утринава влегла во градот, изјави за украинското радио шефот на локалната воена управа Сергеј Гошко.

Ја закачија својата крпа на управната зграда, изјави Гошко мислејќи на руското знаме.

Свитлодарск пред војната имал 11.000 жители.

 

The post Руската армија зазела уште еден град во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Свитлодарск во областа Бахмут во Доњецк. Руската армија рано утринава влегла во градот, изјави за украинското радио шефот на локалната воена управа Сергеј Гошко.
Ја закачија својата крпа на управната зграда, изјави Гошко мислејќи на руското знаме.
Свитлодарск пред војната имал 11.000 жители.  

The post Руската армија зазела уште еден град во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Руската армија влегла во Кремин, Украинците тврдат дека Мариупол сѐ уште се брани https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-armija-vlegla-vo-kremin-ukraincite-tvrdat-deka-mariupol-s-ushte-se-brani/ Mon, 18 Apr 2022 16:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=490171

Руската армија денеска навлегла во источниот град Кремина, додека руските трупи што се наоѓаат во блискиот град Рубижне се под интензивен украински оган, пренесува БЕТА.

Како што јавуваат француските медиуми, украинското Министерство за одбрана објави дека е исклучително тешка ситуацијата во пристанишниот град Мариупол на Азовското Море што е под опсада на руските сили, но дека градот се уште се брани.

„Имаше голем напад во текот на ноќта“, објави гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај, на својот фејсбук-профил, додавајќи дека руската армија влегла во Кремина со бројно надмоќно тешко вооружување, додека украинските војници се прегрупирале на нови позиции.

Кремина е град со околу 18 илјади жители сместен на половина пат меѓу Луганск и Краматорск, главниот град на Украина Донбас, и една од главните руски цели во регионот. Градот е во близина на Рубижне кој во понеделникот беше под силен украински оган.

На 13 април лидерот на проруските сепаратисти соопшти дека Украинците сè уште држат „дел“ од градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ја обвини Русија дека се обидува да го „уништи“ целиот источен Донбас и оти Москва подготвува офанзива во источна Украина.

Во исто време украинското Министерство за одбрана ги повика Русите да обезбедат хуманитарни коридори од Мариупол и од тамошната фабрика „Азовстал“.

Москва претходно објави дека по двемесечни интензивни борби ја презела контролата врз јужниот пристанишен град.

Откако не успеа да го скрши украинскиот отпор на север, руската војска ја пренасочи копнената офанзива кон Донбас, притоа изведувајќи напади со оружје со голем дострел врз други цели, но и врз главниот град Киев.

Москва во саботата соопшти дека има контрола врз урбаните делови на градот, како и оти некои украински борци останале во железарата „Азовстал“.

Заземањето на Мариупол е од стратешко значење за Русија бидејќи ја поврзува територијата што ја држат под контрола проруските сепаратисти на исток со регионот на Крим што беа анектиран кон Русија во 2014 година.

The post Руската армија влегла во Кремин, Украинците тврдат дека Мариупол сѐ уште се брани appeared first on Република.

]]>

Руската армија денеска навлегла во источниот град Кремина, додека руските трупи што се наоѓаат во блискиот град Рубижне се под интензивен украински оган, пренесува БЕТА. Како што јавуваат француските медиуми, украинското Министерство за одбрана објави дека е исклучително тешка ситуацијата во пристанишниот град Мариупол на Азовското Море што е под опсада на руските сили, но дека градот се уште се брани. „Имаше голем напад во текот на ноќта“, објави гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај, на својот фејсбук-профил, додавајќи дека руската армија влегла во Кремина со бројно надмоќно тешко вооружување, додека украинските војници се прегрупирале на нови позиции. Кремина е град со околу 18 илјади жители сместен на половина пат меѓу Луганск и Краматорск, главниот град на Украина Донбас, и една од главните руски цели во регионот. Градот е во близина на Рубижне кој во понеделникот беше под силен украински оган. На 13 април лидерот на проруските сепаратисти соопшти дека Украинците сè уште држат „дел“ од градот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ја обвини Русија дека се обидува да го „уништи“ целиот источен Донбас и оти Москва подготвува офанзива во источна Украина. Во исто време украинското Министерство за одбрана ги повика Русите да обезбедат хуманитарни коридори од Мариупол и од тамошната фабрика „Азовстал“. Москва претходно објави дека по двемесечни интензивни борби ја презела контролата врз јужниот пристанишен град. Откако не успеа да го скрши украинскиот отпор на север, руската војска ја пренасочи копнената офанзива кон Донбас, притоа изведувајќи напади со оружје со голем дострел врз други цели, но и врз главниот град Киев. Москва во саботата соопшти дека има контрола врз урбаните делови на градот, како и оти некои украински борци останале во железарата „Азовстал“. Заземањето на Мариупол е од стратешко значење за Русија бидејќи ја поврзува територијата што ја држат под контрола проруските сепаратисти на исток со регионот на Крим што беа анектиран кон Русија во 2014 година.

The post Руската армија влегла во Кремин, Украинците тврдат дека Мариупол сѐ уште се брани appeared first on Република.

]]>