Русија Archives - Република https://republika.mk/tema/rusija/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 10:40:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Русија Archives - Република https://republika.mk/tema/rusija/ 32 32 Од Москва до Санкт Петербург – 700 км за 2 часа: Русија прави супербрзи возови https://republika.mk/vesti/svet/od-moskva-do-sankt-peterburg-700-km-za-2-chasa-rusija-pravi-superbrzi-vozovi/ Thu, 21 Nov 2024 10:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=840289

Од Москва до Санкт Петербург, растојание од околу 700 километри ќе се минува за 2 часа.

Во Русија во следните 3 години ќе се пуштет во употреба првите брзи возови, се наведува во извештајот на првиот вицепремиер Денис Мантуров до рускиот претседател Владимир Путин.

На форумот и изложбата „Транспорт на Русија“, Руските железници го покажаа предвидениот внатрешен изглед на првиот домашен брз воз за брзата пруга Москва-Санкт Петербург.

Се планира да има 136 седишта во стандардна класа, 230 седишта за комфорна класа, 68 седишта од прва класа и 15 седишта од прва класа.

The post Од Москва до Санкт Петербург – 700 км за 2 часа: Русија прави супербрзи возови appeared first on Република.

]]>

Од Москва до Санкт Петербург, растојание од околу 700 километри ќе се минува за 2 часа. Во Русија во следните 3 години ќе се пуштет во употреба првите брзи возови, се наведува во извештајот на првиот вицепремиер Денис Мантуров до рускиот претседател Владимир Путин. На форумот и изложбата „Транспорт на Русија“, Руските железници го покажаа предвидениот внатрешен изглед на првиот домашен брз воз за брзата пруга Москва-Санкт Петербург. Се планира да има 136 седишта во стандардна класа, 230 седишта за комфорна класа, 68 седишта од прва класа и 15 седишта од прва класа.

The post Од Москва до Санкт Петербург – 700 км за 2 часа: Русија прави супербрзи возови appeared first on Република.

]]>
Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили https://republika.mk/vesti/svet/slovatsi-i-chesi-ispratija-pomosh-za-zhitelite-na-kursk-nastradani-od-napadite-na-ukrainskite-sili/ Thu, 21 Nov 2024 09:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=840202

Голем број државјани на Словачка и Чешка испратиле хуманитарна помош за жителите на Курската област во Русија, кои настрадаа од вооружените сили на Украина.

По дипломатски пат од Братислава во Москва се префрлени 50.000 евра.

Средствате ги собрале и граѓани на Чешка, како и Словаци кои живеат во странство. Акцијата добила широка поддршка кај словачкото население.

Иницијаторите на акцијата лично дојдоа во Москва и се сретнаа со претставници од регионот, пренесува „Звезда“.

The post Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили appeared first on Република.

]]>

Голем број државјани на Словачка и Чешка испратиле хуманитарна помош за жителите на Курската област во Русија, кои настрадаа од вооружените сили на Украина. По дипломатски пат од Братислава во Москва се префрлени 50.000 евра. Средствате ги собрале и граѓани на Чешка, како и Словаци кои живеат во странство. Акцијата добила широка поддршка кај словачкото население.
Иницијаторите на акцијата лично дојдоа во Москва и се сретнаа со претставници од регионот, пренесува „Звезда“.

The post Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили appeared first on Република.

]]>
Русија оваа година зазела речиси шест пати повеќе територии отколку во 2023 година https://republika.mk/vesti/svet/rusija-ovaa-godina-zazela-rechisi-shest-pati-poveke-teritorii-otkolku-vo-2023-godina/ Wed, 20 Nov 2024 18:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=840072

Последните податоци на Вашингтонскиот институт за проучување на војната покажуваат дека Русија оваа година освоила речиси шест пати повеќе територии отколку во 2023 година. Руската армија прави „сериозни чекори“ кон заземање на клучните украински логистички центри во источниот регион Донбас, јавува британски Би-Би-Си.

Украинците во Курск не напредуваат доволно, откако летово тие го нападнаа овој регион, а руските трупи по првичниот шок и губење на територијата ја свртија ситуацијата.

Би-Би-Си известува дека многу аналитичари се сомневаат во успехот на офанзивата, а еден ја нарече „стратешка катастрофа“ со оглед на недостигот на „работна сила“, односно војници, со кој се соочува Украина.

За Украинците, времето на оваа акција е исто така контроверзно. Со приближувањето на Доналд Трамп до Белата куќа, имаше се поголема неизвесност за исходот на војната започната во 2022 година. Трамп вети дека ќе стави крај на војната кога ќе ја преземе функцијата во јануари, што некои стравуваат дека ќе значи намалување или прекинување на идната воена помош за Украина.

Во првите неколку месеци од војната, линијата на фронтот се движеше брзо, а Русија брзо освои територии пред украинската контраофанзива. Минатата година ниту една страна не постигна значителен успех, а завојуваните страни, исто како Французите и Германците во Првата светска војна, беа закопани во ровови и во ќор-сокак.

Сепак, новите податоци од Институтот за проучување на војната покажуваат промена во текот на 2024 година кога Русите тргнаа напред.

Досега оваа година руските сили окупираа околу 2.700 квадратни километри територија на истокот на Украина, во цела 2023 година освоија само 465, односно шест пати помалку.

Постои реална можност источниот фронт на Украина „навистина да се сруши“, вели д-р Марина Мирон, соработник на Кралскиот колеџ во Лондон, пренесе Би-Би-Си.

Руските сили окупираа повеќе од 1.000 квадратни километри меѓу 1 септември и 3 ноември, што покажува дека воениот притисок на руските сили е зголемен. Позициите на Украинците се загрозени, особено околу Купјанск и Покровско.

Во неодамнешното ажурирање на разузнавачките служби, британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили се обидуваат да го заземат градот Купјанск и да протуркаат во североисточните предградија.

По заземањето на Угледар на јужниот Донецки фронт, Русите тргнале кон Курахово. Украинските сили кои го бранат градот досега одбиваа напади од југ и исток. Но, линијата на фронтот е се поблиску до градот. Руските сили се приближија и кон Курахово од север и северозапад. На Украинците им станува сè потешко да ги задржат првите редови.

The post Русија оваа година зазела речиси шест пати повеќе територии отколку во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Последните податоци на Вашингтонскиот институт за проучување на војната покажуваат дека Русија оваа година освоила речиси шест пати повеќе територии отколку во 2023 година. Руската армија прави „сериозни чекори“ кон заземање на клучните украински логистички центри во источниот регион Донбас, јавува британски Би-Би-Си. Украинците во Курск не напредуваат доволно, откако летово тие го нападнаа овој регион, а руските трупи по првичниот шок и губење на територијата ја свртија ситуацијата. Би-Би-Си известува дека многу аналитичари се сомневаат во успехот на офанзивата, а еден ја нарече „стратешка катастрофа“ со оглед на недостигот на „работна сила“, односно војници, со кој се соочува Украина. За Украинците, времето на оваа акција е исто така контроверзно. Со приближувањето на Доналд Трамп до Белата куќа, имаше се поголема неизвесност за исходот на војната започната во 2022 година. Трамп вети дека ќе стави крај на војната кога ќе ја преземе функцијата во јануари, што некои стравуваат дека ќе значи намалување или прекинување на идната воена помош за Украина. Во првите неколку месеци од војната, линијата на фронтот се движеше брзо, а Русија брзо освои територии пред украинската контраофанзива. Минатата година ниту една страна не постигна значителен успех, а завојуваните страни, исто како Французите и Германците во Првата светска војна, беа закопани во ровови и во ќор-сокак. Сепак, новите податоци од Институтот за проучување на војната покажуваат промена во текот на 2024 година кога Русите тргнаа напред. Досега оваа година руските сили окупираа околу 2.700 квадратни километри територија на истокот на Украина, во цела 2023 година освоија само 465, односно шест пати помалку. Постои реална можност источниот фронт на Украина „навистина да се сруши“, вели д-р Марина Мирон, соработник на Кралскиот колеџ во Лондон, пренесе Би-Би-Си. Руските сили окупираа повеќе од 1.000 квадратни километри меѓу 1 септември и 3 ноември, што покажува дека воениот притисок на руските сили е зголемен. Позициите на Украинците се загрозени, особено околу Купјанск и Покровско. Во неодамнешното ажурирање на разузнавачките служби, британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили се обидуваат да го заземат градот Купјанск и да протуркаат во североисточните предградија. По заземањето на Угледар на јужниот Донецки фронт, Русите тргнале кон Курахово. Украинските сили кои го бранат градот досега одбиваа напади од југ и исток. Но, линијата на фронтот е се поблиску до градот. Руските сили се приближија и кон Курахово од север и северозапад. На Украинците им станува сè потешко да ги задржат првите редови.

The post Русија оваа година зазела речиси шест пати повеќе територии отколку во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Русија тврди дека Украина истрелала шест американски ракети АТАКМС врз областа Брјанск, Москва соборила пет https://republika.mk/vesti/svet/rusija-tvrdi-deka-ukraina-istrelala-shest-amerikanski-raketi-atakms-vrz-oblasta-brjansk-moskva-soborila-pet/ Tue, 19 Nov 2024 14:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=839644

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека Украина истрелала шест американски балистички ракети „АТАКМС“ (ATCMS) врз руската област Брјанск, која се наоѓа 400 километри јужно од Москва.

Во соопштението, Министерството наведе дека рускиот ракетен систем „Панцир“ ноќеска соборил пет ракети, а една била оштетена.

Делови од ракетата паднале на подрачјето на воен објект, соопшти Министерството, без да прецизира кој објект е во прашање.

Ова објавување следи два дена по одлуката на Вашингтон да ја укине забраната дадена на Украина за употреба на американски ракети со долг дострел за напади врз цели во Русија.

Украина не ја потврди веднаш употребата на ракетите АТАКМС во нападот врз Брјанската област, но Генералштабот на Украина соопшти дека извршил напад врз магацинот 1046. Центар за логистичка поддршка во регионот Карашев, каде што се слушнале повеќе експлозии.

„Ќе продолжиме со уништување на магацините со оружје на руските окупаторски сили со цел да се стави крај на руската вооружена агресија врз Украина“, се наведува во соопштението на украинскиот Генералштаб.

Системот MGM-140 (ATACMS) е суперсонична тактичка балистичка ракета произведена од американските компании „Линг-Темко-Воут“ и „Локхид Мартин“. Таа користи цврсто гориво, долга е четири метри, а варијантите со најголем дострел можат да летаат до 300 километри.

Овие ракети можат да се истрелуваат од ракетниот систем за повеќекратно лансирање M270 (MLRS) и високомобилниот ракетен систем M142 (HIMARS).

The post Русија тврди дека Украина истрелала шест американски ракети АТАКМС врз областа Брјанск, Москва соборила пет appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека Украина истрелала шест американски балистички ракети „АТАКМС“ (ATCMS) врз руската област Брјанск, која се наоѓа 400 километри јужно од Москва. Во соопштението, Министерството наведе дека рускиот ракетен систем „Панцир“ ноќеска соборил пет ракети, а една била оштетена. Делови од ракетата паднале на подрачјето на воен објект, соопшти Министерството, без да прецизира кој објект е во прашање. Ова објавување следи два дена по одлуката на Вашингтон да ја укине забраната дадена на Украина за употреба на американски ракети со долг дострел за напади врз цели во Русија. Украина не ја потврди веднаш употребата на ракетите АТАКМС во нападот врз Брјанската област, но Генералштабот на Украина соопшти дека извршил напад врз магацинот 1046. Центар за логистичка поддршка во регионот Карашев, каде што се слушнале повеќе експлозии. „Ќе продолжиме со уништување на магацините со оружје на руските окупаторски сили со цел да се стави крај на руската вооружена агресија врз Украина“, се наведува во соопштението на украинскиот Генералштаб. Системот MGM-140 (ATACMS) е суперсонична тактичка балистичка ракета произведена од американските компании „Линг-Темко-Воут“ и „Локхид Мартин“. Таа користи цврсто гориво, долга е четири метри, а варијантите со најголем дострел можат да летаат до 300 километри. Овие ракети можат да се истрелуваат од ракетниот систем за повеќекратно лансирање M270 (MLRS) и високомобилниот ракетен систем M142 (HIMARS).

The post Русија тврди дека Украина истрелала шест американски ракети АТАКМС врз областа Брјанск, Москва соборила пет appeared first on Република.

]]>
Почна: Украина ја нападна Русија со американски ракети ATACMS – погодено складиште во Карачев https://republika.mk/vesti/svet/pochna-ukraina-ja-napadna-rusija-so-amerikanski-raketi-atacms-pogodeno-skladishte-vo-karachev/ Tue, 19 Nov 2024 11:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=839573

Украинските сили го одбележаа 1.000-от ден од војната во Украина, со изведување на првиот напад на руска територија со американските ракети со долг дострел, соопштија утрово украинските воени претставници.

Голема експлозија го осветли ноќеска небото на околу 124 километри од најблиската украинска граница, во складиште за муниција во Карачев, во рускиот Брјански регион.

Очевидци и руски воени блогери објавија дека складиштето било погодено со проектили, а украинските воени претставници подоцна потврдија за РБЦ Украина дека нападот бил извршен со ракетите АТАКМС.

Претходно, американскиот претседател во заминување Џо Бајден и даде зелено светло на Украина да користи западно оружје на руска територија.

Извештаите за нападот се појавија само неколку минути откако Кремљ се закани со „нуклеарен одговор“ доколку Украина нападне цели на руска територија користејќи западно оружје со долг дострел.

„Руската Федерација го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа со конвенционално оружје“, изјави утринава портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Неговата изјава дојде откако Владимир Путин ја одобри ажурираната нуклеарна доктрина која дозволува употреба на нуклеарно оружје доколку територијата на Русија е загрозена од ненуклеарна нација поддржана од нуклеарна сила.

Според оваа доктрина, заканите кои би го поттикнале руското раководство да размисли за нуклеарен напад вклучуваат напади со конвенционални ракети, беспилотни летала или други авиони.

The post Почна: Украина ја нападна Русија со американски ракети ATACMS – погодено складиште во Карачев appeared first on Република.

]]>

Украинските сили го одбележаа 1.000-от ден од војната во Украина, со изведување на првиот напад на руска територија со американските ракети со долг дострел, соопштија утрово украинските воени претставници. Голема експлозија го осветли ноќеска небото на околу 124 километри од најблиската украинска граница, во складиште за муниција во Карачев, во рускиот Брјански регион. Очевидци и руски воени блогери објавија дека складиштето било погодено со проектили, а украинските воени претставници подоцна потврдија за РБЦ Украина дека нападот бил извршен со ракетите АТАКМС. Претходно, американскиот претседател во заминување Џо Бајден и даде зелено светло на Украина да користи западно оружје на руска територија. Извештаите за нападот се појавија само неколку минути откако Кремљ се закани со „нуклеарен одговор“ доколку Украина нападне цели на руска територија користејќи западно оружје со долг дострел. „Руската Федерација го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа со конвенционално оружје“, изјави утринава портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговата изјава дојде откако Владимир Путин ја одобри ажурираната нуклеарна доктрина која дозволува употреба на нуклеарно оружје доколку територијата на Русија е загрозена од ненуклеарна нација поддржана од нуклеарна сила. Според оваа доктрина, заканите кои би го поттикнале руското раководство да размисли за нуклеарен напад вклучуваат напади со конвенционални ракети, беспилотни летала или други авиони.

The post Почна: Украина ја нападна Русија со американски ракети ATACMS – погодено складиште во Карачев appeared first on Република.

]]>
Одмаздата почна: Русија изврши серија жестоки напади врз Украина https://republika.mk/vesti/svet/odmazdata-pochna-rusija-izvrshi-serija-zhestoki-napadi-vrz-ukraina/ Tue, 19 Nov 2024 10:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=839534

Во руски напади низ Украина загинаа најмалку 25 лица, а најмалку 79 беа повредени во текот на изминатиот ден, а меѓу жртвите има деца и полицајци, објавија регионалните власти на 19 ноември, соопшти Киев индепендент.

Руските сили извршија балистички ракетен напад врз пристанишниот град Одеса на 18 ноември, при што загинаа најмалку 10 лица, а 55 беа повредени.

Меѓу жртвите се седум полицајци, еден лекар и двајца цивили. Меѓу повредените има најмалку 14 полициски службеници и четири деца, од кои две на возраст од 7, 10 и две деца на возраст од 11 години.

Во напад со руски беспилотни летала, во Сумиската област, доцна на 18 ноември, загинаа најмалку 10 лица, меѓу кои и едно дете, а беа повредени најмалку 13 лица, меѓу кои три деца, објави Државната служба за итни случаи на 19 ноември.

Нападот со беспилотно летало погоди зграда на студентски дом на образовна институција во градот Хлухив, околу 23:20 часот по локално време, соопштија властите. Повеќе луѓе може да останат заробени под урнатините.

Во селото Хоптивка во Харковската област, руски напади повредија 52-годишен маж и 59-годишна жена, објави гувернерот на Харковската област Олех Синиехубов на својот канал на Телеграм.

Во Доњецката област во руски напади загинаа три лица, а седум беа повредени, објави гувернерот Вадим Филашкин на својот канал Телеграм.

Во Керсонската област беа нападнати десетици села и градот Керсон, при што две лица загинаа, а две беа повредени, изјави гувернерот Олександр Прокудин.

Русија лансираше најмалку 87 беспилотни летала во текот на ноќта, од кои украинската воздушна одбрана собори 51 во девет региони, соопшти Военото воздухопловство.

The post Одмаздата почна: Русија изврши серија жестоки напади врз Украина appeared first on Република.

]]>

Во руски напади низ Украина загинаа најмалку 25 лица, а најмалку 79 беа повредени во текот на изминатиот ден, а меѓу жртвите има деца и полицајци, објавија регионалните власти на 19 ноември, соопшти Киев индепендент. Руските сили извршија балистички ракетен напад врз пристанишниот град Одеса на 18 ноември, при што загинаа најмалку 10 лица, а 55 беа повредени. Меѓу жртвите се седум полицајци, еден лекар и двајца цивили. Меѓу повредените има најмалку 14 полициски службеници и четири деца, од кои две на возраст од 7, 10 и две деца на возраст од 11 години. Во напад со руски беспилотни летала, во Сумиската област, доцна на 18 ноември, загинаа најмалку 10 лица, меѓу кои и едно дете, а беа повредени најмалку 13 лица, меѓу кои три деца, објави Државната служба за итни случаи на 19 ноември. Нападот со беспилотно летало погоди зграда на студентски дом на образовна институција во градот Хлухив, околу 23:20 часот по локално време, соопштија властите. Повеќе луѓе може да останат заробени под урнатините. Во селото Хоптивка во Харковската област, руски напади повредија 52-годишен маж и 59-годишна жена, објави гувернерот на Харковската област Олех Синиехубов на својот канал на Телеграм. Во Доњецката област во руски напади загинаа три лица, а седум беа повредени, објави гувернерот Вадим Филашкин на својот канал Телеграм. Во Керсонската област беа нападнати десетици села и градот Керсон, при што две лица загинаа, а две беа повредени, изјави гувернерот Олександр Прокудин. Русија лансираше најмалку 87 беспилотни летала во текот на ноќта, од кои украинската воздушна одбрана собори 51 во девет региони, соопшти Военото воздухопловство.

The post Одмаздата почна: Русија изврши серија жестоки напади врз Украина appeared first on Република.

]]>
Жесток напад на Русија врз Одеса, има мртви и повредени https://republika.mk/vesti/svet/zhestok-napad-na-rusija-vrz-odesa-ima-mrtvi-i-povredeni/ Mon, 18 Nov 2024 14:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=839256

Нападот во Одеса покажува дека Русија е заинтересирана само за војна и дека земјите-членки на Г20 – кои моментално се состануваат на самитот во Рио треба да го земат предвид тоа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ракетниот напад оштети неколку згради во станбениот дел на југозападниот град, при што загинаа најмалку осум лица, а најмалку 18 беа повредени, рече Зеленски.

Реагирајќи на Телеграм, тој изрази сочувство до погодените, а потоа рече: „Ова не се случајни удари – тоа се целни напади“. „Русија покажува кој е нејзиниот вистински интерес: само војна.

The post Жесток напад на Русија врз Одеса, има мртви и повредени appeared first on Република.

]]>

Нападот во Одеса покажува дека Русија е заинтересирана само за војна и дека земјите-членки на Г20 – кои моментално се состануваат на самитот во Рио треба да го земат предвид тоа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ракетниот напад оштети неколку згради во станбениот дел на југозападниот град, при што загинаа најмалку осум лица, а најмалку 18 беа повредени, рече Зеленски. Реагирајќи на Телеграм, тој изрази сочувство до погодените, а потоа рече: „Ова не се случајни удари – тоа се целни напади“. „Русија покажува кој е нејзиниот вистински интерес: само војна.

The post Жесток напад на Русија врз Одеса, има мртви и повредени appeared first on Република.

]]>
Русите подготвуваат крвава одмазда по одлуката на Западот: Одговорот е неизбежен https://republika.mk/vesti/svet/rusite-podgotvuvaat-krvava-odmazda-po-odlukata-na-zapadot-odgovorot-e-neizbezhen/ Mon, 18 Nov 2024 10:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=839071

Удари на војната инфраструктура на Украина, вклучувајќи ги аеродромите и складиштата за оружје, ќе го спречат лансирањето на тактички проектили насочени длабоко во Руската Федерација. Ова го најави шефот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов, коментирајќи ја одлуката на западните земји да дозволат удари со далекудометно оружје на Русија.

Мораме да извлечеме заклучоци, сега мораме да продолжиме со удари по аеродромите како би се исклучила можноста за полетување на авионите. Тоа значи дека ракетите кои се испалуваат од воздух, нема да бидат користени - забележал Картаполов.

Мораме да дознаеме каде се залихите на овие проектили, па да удриме по транспортот, складиштата и инфраструктурата- додал тој.

Според Картаполов, одговор на одлуката на западните земји е неизбежен.

The post Русите подготвуваат крвава одмазда по одлуката на Западот: Одговорот е неизбежен appeared first on Република.

]]>

Удари на војната инфраструктура на Украина, вклучувајќи ги аеродромите и складиштата за оружје, ќе го спречат лансирањето на тактички проектили насочени длабоко во Руската Федерација. Ова го најави шефот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов, коментирајќи ја одлуката на западните земји да дозволат удари со далекудометно оружје на Русија. Мораме да извлечеме заклучоци, сега мораме да продолжиме со удари по аеродромите како би се исклучила можноста за полетување на авионите. Тоа значи дека ракетите кои се испалуваат од воздух, нема да бидат користени - забележал Картаполов. Мораме да дознаеме каде се залихите на овие проектили, па да удриме по транспортот, складиштата и инфраструктурата- додал тој. Според Картаполов, одговор на одлуката на западните земји е неизбежен.

The post Русите подготвуваат крвава одмазда по одлуката на Западот: Одговорот е неизбежен appeared first on Република.

]]>
Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД https://republika.mk/vesti/svet/rusija-vovede-privremeni-ogranichuvana-za-izvozot-na-zbogaten-uranium-vo-sad/ Fri, 15 Nov 2024 22:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=838323

Русија, која е најголемиот светски снабдувач на збогатен ураниум, објави дека воведува привремени ограничувања на извозот на збогатен ураниум во САД, симболичен потег откако САД го забранија увозот на руски ураниум.

Русија поседува околу 44 отсто од светскиот капацитет за збогатување ураниум, а околу 35 отсто од увезеното нуклеарно гориво за САД доаѓа од Русија, според американската Агенција за нуклеарна енергија.

Меѓутоа, во мај, американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон за забрана за увоз на руски збогатен ураниум, иако САД имаат можност да спроведат ослободување доколку има загриженост за снабдување.

The post Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД appeared first on Република.

]]>

Русија, која е најголемиот светски снабдувач на збогатен ураниум, објави дека воведува привремени ограничувања на извозот на збогатен ураниум во САД, симболичен потег откако САД го забранија увозот на руски ураниум. Русија поседува околу 44 отсто од светскиот капацитет за збогатување ураниум, а околу 35 отсто од увезеното нуклеарно гориво за САД доаѓа од Русија, според американската Агенција за нуклеарна енергија. Меѓутоа, во мај, американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон за забрана за увоз на руски збогатен ураниум, иако САД имаат можност да спроведат ослободување доколку има загриженост за снабдување.

The post Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД appeared first on Република.

]]>
Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе идната година https://republika.mk/vesti/svet/germanskite-avtomobilski-brendovi-bi-mozhelo-da-se-vratat-vo-rusija-veke-idnata-godina/ Thu, 14 Nov 2024 16:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=837521

Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе во 2025 година.

Според извршниот директор на консултантската компаниа „Шнајдер груп“, Улф Шнајдер, таквиот чекор е неопходен за да се спречи Кина целосно да го преземе автомобилскиот пазар во земјата.

Како што истакнува Шнајдер, германската автомобилска индустрија само губи од санкциите наметнати на Русија, а ако се вратат БМВ и Мерцедес на рускиот пазар, Русите ќе „се симнат“ од кинески автомобили и ќе купуваат германски.

The post Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе идната година appeared first on Република.

]]>

Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе во 2025 година. Според извршниот директор на консултантската компаниа „Шнајдер груп“, Улф Шнајдер, таквиот чекор е неопходен за да се спречи Кина целосно да го преземе автомобилскиот пазар во земјата. Како што истакнува Шнајдер, германската автомобилска индустрија само губи од санкциите наметнати на Русија, а ако се вратат БМВ и Мерцедес на рускиот пазар, Русите ќе „се симнат“ од кинески автомобили и ќе купуваат германски.

The post Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе идната година appeared first on Република.

]]>
Способен е да гаѓа персонал и утврдени позиции: 50 роботи „Курир“ влегоа во служба на руската армија https://republika.mk/vesti/svet/sposoben-e-da-gaga-personal-i-utvrdeni-pozitsii-50-roboti-kurir-vlegoa-vo-sluzhba-na-ruskata-armija/ Wed, 13 Nov 2024 17:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=835104

Педесет роботи „Курир“ влегоа во служба на руската армија.

Главната цел на создавањето на „Курир“ е да се намали ризикот за војниците на првата линија на фронтот, а роботот е специјално дизајниран да гарантира дека руските војници на првата линија че дејствуваат на безбедно растојание од непријателското оружје.

„Курир“ се карактеризира со висока автономија и систем за навигација и препознавање на цели. Роботот е вооружен со фрлач на гранати АГС-17, митралези ПКТ и е способен да гаѓа персонал и утврдени позиции.

The post Способен е да гаѓа персонал и утврдени позиции: 50 роботи „Курир“ влегоа во служба на руската армија appeared first on Република.

]]>

Педесет роботи „Курир“ влегоа во служба на руската армија. Главната цел на создавањето на „Курир“ е да се намали ризикот за војниците на првата линија на фронтот, а роботот е специјално дизајниран да гарантира дека руските војници на првата линија че дејствуваат на безбедно растојание од непријателското оружје. „Курир“ се карактеризира со висока автономија и систем за навигација и препознавање на цели. Роботот е вооружен со фрлач на гранати АГС-17, митралези ПКТ и е способен да гаѓа персонал и утврдени позиции.

The post Способен е да гаѓа персонал и утврдени позиции: 50 роботи „Курир“ влегоа во служба на руската армија appeared first on Република.

]]>
Русија со закон забрани да се промовира живот без деца, казни до 47 илјади евра https://republika.mk/vesti/svet/rusija-so-zakon-zabrani-da-se-promovira-zhivot-bez-detsa-kazni-do-47-iljadi-evra/ Tue, 12 Nov 2024 19:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=836947

Руските пратеници усвоија закон со кој се забранува промовирање на живот без деца, во контекст на демографската криза влошена со конфликтот во Украина и одбраната на „традиционалните вредности“.

Текстот допрва треба да биде одобрен од Горниот дом на парламентот на 20 ноември и да го потпише претседателот Владимир Путин.

Според законот, лицата кои го промовираат животот без деца во медиумите, на филм или во реклами може да бидат казнети со околу 4.000 евра, службениците со двојно поголема сума, а правните лица со најмногу 47.000 евра.

Го усвојуваме овој предлог-закон за да ги заштитиме нашите млади луѓе од бескорисни идеологии“, рече Нина Останина, претседателка на Комитетот за семејна политика на Думата, долниот дом на парламентот.

Покрај одбраната на т.н традиционалните вредности, законот има за цел да придонесе за решавање на демографската криза во Русија, наследена од советската ера, која властите никогаш не можеа да ја запрат и покрај про-наталните мерки.

Во јули Кремљ ја оцени таа ситуација како „катастрофална за иднината на нацијата“.

Во 2023 година, стапката на наталитет во Русија беше 1,41 дете по жена, според руската агенција за статистика Ростат, како што објави деловниот дневен весник РБЦ.

 

The post Русија со закон забрани да се промовира живот без деца, казни до 47 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Руските пратеници усвоија закон со кој се забранува промовирање на живот без деца, во контекст на демографската криза влошена со конфликтот во Украина и одбраната на „традиционалните вредности“.

Текстот допрва треба да биде одобрен од Горниот дом на парламентот на 20 ноември и да го потпише претседателот Владимир Путин.

Според законот, лицата кои го промовираат животот без деца во медиумите, на филм или во реклами може да бидат казнети со околу 4.000 евра, службениците со двојно поголема сума, а правните лица со најмногу 47.000 евра.

Го усвојуваме овој предлог-закон за да ги заштитиме нашите млади луѓе од бескорисни идеологии“, рече Нина Останина, претседателка на Комитетот за семејна политика на Думата, долниот дом на парламентот.

Покрај одбраната на т.н традиционалните вредности, законот има за цел да придонесе за решавање на демографската криза во Русија, наследена од советската ера, која властите никогаш не можеа да ја запрат и покрај про-наталните мерки.

Во јули Кремљ ја оцени таа ситуација како „катастрофална за иднината на нацијата“.

Во 2023 година, стапката на наталитет во Русија беше 1,41 дете по жена, според руската агенција за статистика Ростат, како што објави деловниот дневен весник РБЦ.

 

The post Русија со закон забрани да се промовира живот без деца, казни до 47 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Русите соборија 70 украински дрнови што летале кон Москва https://republika.mk/vesti/svet/rusite-soborija-70-ukrainski-drnovi-shto-letale-kon-moskva/ Sun, 10 Nov 2024 12:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=836067

Руските сили за противвоздушна одбрана утринава  соборија 70 украински беспилотни летала, од кои половината беа соборени над московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението на руското министерство се наведува дека руската противвоздушна одбрана запрела масовен напад на украински дронови и притоа уништила вкупно 70: 34 над Московскиот регион, 14 над регионот Брјанск, по седум над регионите Ориол и Калушка, шест над регионот Курск и два над Тулск.

Началникот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, изјави дека една жена се здобила со изгореници кога паднале остатоците од соборен дрон и дека две куќи се запалиле во селото Становоје, во градскиот регион Раменски, пренесоа руските медиуми.

Во меѓувреме укината е привремената суспензија на летовите на аеродромите Шереметјево, Домодедово и Жуковски во Москва, што беше воведена утринава поради нападот на украински беспилотни летала, соопштија руските воздухопловни власти.

„Во периодот на ограничување, 36 авиони беа насочени кон алтернативни аеродроми“, објави на својот канал Телеграм прес-секретарот на Федералната агенција за воздушен транспорт Артем Корењако.

Министерството за одбрана претходно соопшти дека во текот на ноќта над регионите Брјанск, Ростов, Белгород и Курск биле соборени 23 украински беспилотни летала

The post Русите соборија 70 украински дрнови што летале кон Москва appeared first on Република.

]]>

Руските сили за противвоздушна одбрана утринава  соборија 70 украински беспилотни летала, од кои половината беа соборени над московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана. Во соопштението на руското министерство се наведува дека руската противвоздушна одбрана запрела масовен напад на украински дронови и притоа уништила вкупно 70: 34 над Московскиот регион, 14 над регионот Брјанск, по седум над регионите Ориол и Калушка, шест над регионот Курск и два над Тулск. Началникот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, изјави дека една жена се здобила со изгореници кога паднале остатоците од соборен дрон и дека две куќи се запалиле во селото Становоје, во градскиот регион Раменски, пренесоа руските медиуми. Во меѓувреме укината е привремената суспензија на летовите на аеродромите Шереметјево, Домодедово и Жуковски во Москва, што беше воведена утринава поради нападот на украински беспилотни летала, соопштија руските воздухопловни власти. „Во периодот на ограничување, 36 авиони беа насочени кон алтернативни аеродроми“, објави на својот канал Телеграм прес-секретарот на Федералната агенција за воздушен транспорт Артем Корењако. Министерството за одбрана претходно соопшти дека во текот на ноќта над регионите Брјанск, Ростов, Белгород и Курск биле соборени 23 украински беспилотни летала

The post Русите соборија 70 украински дрнови што летале кон Москва appeared first on Република.

]]>
Трамп се огради од републиканскиот стратег кој рече дека Крим ќе остане руски https://republika.mk/vesti/svet/tramp-se-ogradi-od-republikanskiot-strateg-koj-reche-deka-krim-ke-ostane-ruski/ Sun, 10 Nov 2024 10:45:59 +0000 https://republika.mk/?p=836041

Тимот за транзиција на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека републиканскиот оперативец кој ги претстави потенцијалните контури на мировниот план за Украина со поддршка на САД не зборувал во име на новоизбраниот претседател.

Брајан Ланза, долгогодишен стратег на Републиканската партија, изјави за Би-Би-Си дека администрацијата на Трамп ќе побара од украинскиот претседател Володимир Зеленски „пореалистична визија за мирот“.

Тој изјави дека приоритет на новата американска администрација во Украина ќе биде воспоставување мир, а не враќање на изгубената украинска територија, вклучувајќи го и Крим.

„Доколку претседателот Зеленски дојде на маса и каже дека можеме да имаме мир само ако го вратиме Крим, ќе ни покаже дека е несериозен. Крим е изгубен“, рече тој.

Портпаролот на транзицискиот тим на Трамп негираше дека Ланза зборува во име на Трамп. Неговиот тим за транзиција моментално ги прегледува кандидатите за позиции во администрацијата и развива политики што Трамп би можел да ги усвои за време на неговиот втор мандат.

„Брајан Ланза беше под договор за кампањата“, рече анонимниот портпарол. „Тој не работи за претседателот Трамп и не зборува во негово име“, додаде тој.

Трамп за време на предизборната кампања изјави дека ќе најде решение за завршување на војната „во рок од еден ден“, но не објасни како ќе го направи тоа.

Според медиумите, Зеленски и Трамп неделава разговарале телефонски, по американските избори, а во разговорот се вклучил и поддржувачот на Трамп, милијардерот Илон Маск. Трамп претходно одби да ја исклучи можноста за отстапување на украинска територија на Русија и беше нејасен во изјавите за конфликтот.

Некои од неговите истакнати сојузници дадоа предлози за мир што во пракса ќе резултира со долгорочна руска контрола врз областите меѓународно признати како украинска територија.

Русија го анектира полуостровот Крим во 2014 година. Повеќе од две и пол години по започнувањето на сеопфатната инвазија на Украина, руските сили контролираат нешто помалку од 20 отсто од украинската територија. Зеленски постојано изјави дека мирот не може да се воспостави се додека руските сили се присутни во Украина и додека не ја вратат целата територија што моментално е под руска контрола, вклучувајќи го и Крим.

Неговиот „план за победа“, откриен минатиот месец, го вклучува тоа барање, како и повикот Украина да се приклучи на НАТО, на што Русија се противи.

Рускиот претседател Владимир Путин во јуни рече дека условите за мировни преговори вклучуваат откажување на Украина од четири региони кои Москва ги анектираше иако не ги контролира целосно.

The post Трамп се огради од републиканскиот стратег кој рече дека Крим ќе остане руски appeared first on Република.

]]>

Тимот за транзиција на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека републиканскиот оперативец кој ги претстави потенцијалните контури на мировниот план за Украина со поддршка на САД не зборувал во име на новоизбраниот претседател. Брајан Ланза, долгогодишен стратег на Републиканската партија, изјави за Би-Би-Си дека администрацијата на Трамп ќе побара од украинскиот претседател Володимир Зеленски „пореалистична визија за мирот“. Тој изјави дека приоритет на новата американска администрација во Украина ќе биде воспоставување мир, а не враќање на изгубената украинска територија, вклучувајќи го и Крим. „Доколку претседателот Зеленски дојде на маса и каже дека можеме да имаме мир само ако го вратиме Крим, ќе ни покаже дека е несериозен. Крим е изгубен“, рече тој. Портпаролот на транзицискиот тим на Трамп негираше дека Ланза зборува во име на Трамп. Неговиот тим за транзиција моментално ги прегледува кандидатите за позиции во администрацијата и развива политики што Трамп би можел да ги усвои за време на неговиот втор мандат. „Брајан Ланза беше под договор за кампањата“, рече анонимниот портпарол. „Тој не работи за претседателот Трамп и не зборува во негово име“, додаде тој. Трамп за време на предизборната кампања изјави дека ќе најде решение за завршување на војната „во рок од еден ден“, но не објасни како ќе го направи тоа. Според медиумите, Зеленски и Трамп неделава разговарале телефонски, по американските избори, а во разговорот се вклучил и поддржувачот на Трамп, милијардерот Илон Маск. Трамп претходно одби да ја исклучи можноста за отстапување на украинска територија на Русија и беше нејасен во изјавите за конфликтот. Некои од неговите истакнати сојузници дадоа предлози за мир што во пракса ќе резултира со долгорочна руска контрола врз областите меѓународно признати како украинска територија. Русија го анектира полуостровот Крим во 2014 година. Повеќе од две и пол години по започнувањето на сеопфатната инвазија на Украина, руските сили контролираат нешто помалку од 20 отсто од украинската територија. Зеленски постојано изјави дека мирот не може да се воспостави се додека руските сили се присутни во Украина и додека не ја вратат целата територија што моментално е под руска контрола, вклучувајќи го и Крим. Неговиот „план за победа“, откриен минатиот месец, го вклучува тоа барање, како и повикот Украина да се приклучи на НАТО, на што Русија се противи. Рускиот претседател Владимир Путин во јуни рече дека условите за мировни преговори вклучуваат откажување на Украина од четири региони кои Москва ги анектираше иако не ги контролира целосно.

The post Трамп се огради од републиканскиот стратег кој рече дека Крим ќе остане руски appeared first on Република.

]]>
Украина удри на Москва со дронови: По најголемиот напад врз руската престолнина, затворени аеродромите https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-udri-na-moskva-so-dronovi-po-najgolemiot-napad-vrz-ruskata-prestolnina-zatvoreni-aerodromite/ Sun, 10 Nov 2024 08:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=835994

Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала кон Москва, што е досега ваков најголем украински напад врз руската престолнина.

Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во рускиот главен град.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 22 беспилотни летала се уништени во областите Раменское и Коломенски во московскиот регион, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва.

– Во тек е масовен напад – рече тој.

Во московскиот регион живеат повеќе од 21 милион жители.

– Според првичните информации, нема штета или жртви на местата каде паднале остатоците. Итната помош се на местото на настанот – додаде тој.

Русите тврдат дека уништиле поголем дел од беспилотните летала.


Областа Раменское, 45 километри југоисточно од Кремљ, последен пат беше цел на најголемиот украински напад врз руската престолнина во септември, кога руската противвоздушна одбрана уништи 20 дронови.

Руската федерална агенција за воздушен транспорт „Росавијација“, на каналот Телеграм објави дека „заради безбедност на летовите на цивилните авиони, наметнати се привремени ограничувања на работата на аеродромите Домодедово и Жуково“.

Украински беспилотни летала во текот на ноќта запалиле неколку нестанбени згради во руските региони Калуга и Брјанск, соопштија утринава регионалните гувернери.


Министерството за одбрана соопшти дека единиците за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 23 украински беспилотни летала, од кои 17 над Брјанск.

Владислав Шапша, гувернер на регионот Калуга, кој се граничи со московскиот регион на североисток, изјави дека една нестанбена зграда во регионот била запалена како резултат на напад на украинско беспилотно летало.

Киев вели дека неговите напади со беспилотни летала на руска територија се насочени кон инфраструктура клучна за воените напори на Москва и се одговор на континуираниот руски напад на украинска територија.

The post Украина удри на Москва со дронови: По најголемиот напад врз руската престолнина, затворени аеродромите appeared first on Република.

]]>

Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала кон Москва, што е досега ваков најголем украински напад врз руската престолнина. Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во рускиот главен град. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 22 беспилотни летала се уништени во областите Раменское и Коломенски во московскиот регион, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва. – Во тек е масовен напад – рече тој. Во московскиот регион живеат повеќе од 21 милион жители. – Според првичните информации, нема штета или жртви на местата каде паднале остатоците. Итната помош се на местото на настанот – додаде тој. Русите тврдат дека уништиле поголем дел од беспилотните летала. Областа Раменское, 45 километри југоисточно од Кремљ, последен пат беше цел на најголемиот украински напад врз руската престолнина во септември, кога руската противвоздушна одбрана уништи 20 дронови. Руската федерална агенција за воздушен транспорт „Росавијација“, на каналот Телеграм објави дека „заради безбедност на летовите на цивилните авиони, наметнати се привремени ограничувања на работата на аеродромите Домодедово и Жуково“. Украински беспилотни летала во текот на ноќта запалиле неколку нестанбени згради во руските региони Калуга и Брјанск, соопштија утринава регионалните гувернери. Министерството за одбрана соопшти дека единиците за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 23 украински беспилотни летала, од кои 17 над Брјанск. Владислав Шапша, гувернер на регионот Калуга, кој се граничи со московскиот регион на североисток, изјави дека една нестанбена зграда во регионот била запалена како резултат на напад на украинско беспилотно летало. Киев вели дека неговите напади со беспилотни летала на руска територија се насочени кон инфраструктура клучна за воените напори на Москва и се одговор на континуираниот руски напад на украинска територија.

The post Украина удри на Москва со дронови: По најголемиот напад врз руската престолнина, затворени аеродромите appeared first on Република.

]]>
Русија постави 53 сателити во Земјината Орбита https://republika.mk/zivot/tehnologija/rusija-postavi-53-sateliti-vo-zemjinata-orbita/ Sat, 09 Nov 2024 21:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=835960

Русија оваа недела лансираше вкупно 53 мали сателити, од коишто најмногу од домашно производство, но и меѓународни сателити. Руската вселенска агенција Роскосмос истакна дека 51 домашен сателит лансиран со една ракета е нов национален руски рекорд.

Ракетата „Сојуз-2“ со горен дел „Фрегат“ полета од Вселенското пристаниште „Восточни“. Во Земјината Орбита се однесени 49 руски сателити, еден руско-кинески, руско-зимбабвеански, и два мали ирански сателити, потврди Роскосмос.

Сепак, други ракети носеле поголем товар во Орбитата, а рекордер е „Спејс-Икс“ со вкупно 143 сателити лансирани со помош на една „Фалкон 9“ ракета во јануари 2021 година.

Ова беше 13-то руско лансирање годинава. Иако Русија беше најактивната земја во сферата на вселенски лансирање пред 10 години, тоа темпо опадна. Благодарение на ракетата „Фалкон 9“, САД го зголемија своето темпо, а и Кина прави нешто слично со своите вселенски активности. Така, Русија падна на третото место на светско ниво

The post Русија постави 53 сателити во Земјината Орбита appeared first on Република.

]]>

Русија оваа недела лансираше вкупно 53 мали сателити, од коишто најмногу од домашно производство, но и меѓународни сателити. Руската вселенска агенција Роскосмос истакна дека 51 домашен сателит лансиран со една ракета е нов национален руски рекорд. Ракетата „Сојуз-2“ со горен дел „Фрегат“ полета од Вселенското пристаниште „Восточни“. Во Земјината Орбита се однесени 49 руски сателити, еден руско-кинески, руско-зимбабвеански, и два мали ирански сателити, потврди Роскосмос. Сепак, други ракети носеле поголем товар во Орбитата, а рекордер е „Спејс-Икс“ со вкупно 143 сателити лансирани со помош на една „Фалкон 9“ ракета во јануари 2021 година. Ова беше 13-то руско лансирање годинава. Иако Русија беше најактивната земја во сферата на вселенски лансирање пред 10 години, тоа темпо опадна. Благодарение на ракетата „Фалкон 9“, САД го зголемија своето темпо, а и Кина прави нешто слично со своите вселенски активности. Така, Русија падна на третото место на светско ниво

The post Русија постави 53 сателити во Земјината Орбита appeared first on Република.

]]>
Русите употребиле термобарични боеви глави во ударот на Украина: Се бројат мртви во Запорожје и Одеса, гореа и Харков и Киев https://republika.mk/vesti/svet/rusite-upotrebile-termobarichni-boevi-glavi-vo-udarot-na-ukraina-se-brojat-mrtvi-vo-zaporozhje-i-odesa-gorea-i-harkov-i-kiev/ Fri, 08 Nov 2024 09:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=835416

Бројот на загинатите како резултат на рускиот напад на Запорожје се искачи на осум, а меѓу нив има и едногодишно момче, изјави вчера гувернерот на областа Запорожје, Иван Федоров на својот профил на „Телеграм“, додавајќи дека се повредени 42 лица.

Спасувачите од урнатините извлекле две повредени деца и една жена, изјави тој претходно.

Бомби вчера погодија болница и станбени згради во Запорожје, соопштија локалните власти. Во пристанишниот град Одеса, украинските служби за итни случаи соопштија дека во нападите синоќа едно лице загинало, а девет се ранети.

Како што се додава во соопштението, избувнале пожари во куќи и магацини.

На социјалните мрежи се појавија снимки од Одеса на кои се наведува дека руските сили ја гаѓале со ирански дронови со термобарични боеви глави.

Во Харков, вториот по големина град во Украина лоциран во североисточниот дел на земјата, најмалку 25 лица се ранети во текот на ноќта во руски напад врз станбена зграда, изјави градоначалникот Игор Терехов преку „Телеграм“.

Бројот на ранети постојано се зголемува, моментално ги има 25, рече тој.

Градоначалникот претходно изјави дека на третиот кат од станбената зграда има затрупани луѓе и дека спасувачките операции се во тек.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак исто така на мрежата Телеграм изјави дека Русите синоќа намерно нападнале станбен блок во Харков, како и дека со ракети го нападнале Киев.

Воената управа на Киев соопшти дека во главниот град е активирана противвоздушна одбрана.

Главниот град на Украина е цел на напади со беспилотни летала речиси секојдневно од почетокот на ноември и во текот на дваесет дена од октомври, според воената администрација.

Шефот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу ги повика западните сојузници на Киев да започнат преговори со Москва доколку сакаат да стават крај на нападите врз Украина, пишува Франс прес.

The post Русите употребиле термобарични боеви глави во ударот на Украина: Се бројат мртви во Запорожје и Одеса, гореа и Харков и Киев appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинатите како резултат на рускиот напад на Запорожје се искачи на осум, а меѓу нив има и едногодишно момче, изјави вчера гувернерот на областа Запорожје, Иван Федоров на својот профил на „Телеграм“, додавајќи дека се повредени 42 лица. Спасувачите од урнатините извлекле две повредени деца и една жена, изјави тој претходно. Бомби вчера погодија болница и станбени згради во Запорожје, соопштија локалните власти. Во пристанишниот град Одеса, украинските служби за итни случаи соопштија дека во нападите синоќа едно лице загинало, а девет се ранети. Како што се додава во соопштението, избувнале пожари во куќи и магацини. На социјалните мрежи се појавија снимки од Одеса на кои се наведува дека руските сили ја гаѓале со ирански дронови со термобарични боеви глави. Во Харков, вториот по големина град во Украина лоциран во североисточниот дел на земјата, најмалку 25 лица се ранети во текот на ноќта во руски напад врз станбена зграда, изјави градоначалникот Игор Терехов преку „Телеграм“. Бројот на ранети постојано се зголемува, моментално ги има 25, рече тој. Градоначалникот претходно изјави дека на третиот кат од станбената зграда има затрупани луѓе и дека спасувачките операции се во тек. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак исто така на мрежата Телеграм изјави дека Русите синоќа намерно нападнале станбен блок во Харков, како и дека со ракети го нападнале Киев. Воената управа на Киев соопшти дека во главниот град е активирана противвоздушна одбрана. Главниот град на Украина е цел на напади со беспилотни летала речиси секојдневно од почетокот на ноември и во текот на дваесет дена од октомври, според воената администрација. Шефот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу ги повика западните сојузници на Киев да започнат преговори со Москва доколку сакаат да стават крај на нападите врз Украина, пишува Франс прес.

The post Русите употребиле термобарични боеви глави во ударот на Украина: Се бројат мртви во Запорожје и Одеса, гореа и Харков и Киев appeared first on Република.

]]>
Русија со една ракета лансираше во орбитата рекордни 51 руски, кинески и ирански сателити https://republika.mk/vesti/svet/rusija-so-edna-raketa-lansirashe-vo-orbitata-rekordni-51-ruski-kineski-i-iranski-sateliti/ Tue, 05 Nov 2024 20:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=834483

Товар, составен од 49 руски, руско-кинески, руско-зимбабвенски и две ирански мали вселенски сателити, бил транспортиран до целните орбити со руска ракета Сојуз-2.1б лансирана од космодромот Восточни.

Имајќи ги предвид хелиогеофизичките сателити „Јоносфера-М“ бр. 1 и бр. 2 лансирани во орбитата, истовременото лансирање на 51 вселенски објект, стана рекорд во историјата на руската космонаутика.

Во интерес на програмата „UniverSat“, која руската дрѓавна компанија Роскосмос ја спроведува заедно со високообразовните институции во земјата, во вселената се испорачани шест сателити „CubeSat“.

The post Русија со една ракета лансираше во орбитата рекордни 51 руски, кинески и ирански сателити appeared first on Република.

]]>

Товар, составен од 49 руски, руско-кинески, руско-зимбабвенски и две ирански мали вселенски сателити, бил транспортиран до целните орбити со руска ракета Сојуз-2.1б лансирана од космодромот Восточни. Имајќи ги предвид хелиогеофизичките сателити „Јоносфера-М“ бр. 1 и бр. 2 лансирани во орбитата, истовременото лансирање на 51 вселенски објект, стана рекорд во историјата на руската космонаутика. Во интерес на програмата „UniverSat“, која руската дрѓавна компанија Роскосмос ја спроведува заедно со високообразовните институции во земјата, во вселената се испорачани шест сателити „CubeSat“.

The post Русија со една ракета лансираше во орбитата рекордни 51 руски, кинески и ирански сателити appeared first on Република.

]]>
Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина https://republika.mk/vesti/svet/putin-rusija-e-podgotvena-za-pregovori-so-ukraina-2/ Tue, 05 Nov 2024 13:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=834375

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата е подготвена да води преговори со Украина.

Неколку пати кажав дека Русија не само што е подготвена за преговори, туку во одредена фаза, на самиот почеток на овој конфликт, ги водеше тие преговори. Дури беше подготвен и заеднички прифатлив договор, кој украинската страна го парафира. Сепак, на совет од страна, кој подоцна го потврдија и официјални претставници на Украина, украинската страна го отфрли тој договор, рече Путин на церемонијата на предавање на акредитивните писма на странските амбасадори во Кремљ.

Тој исто така рече дека Русија е отворена за меѓусебна соработка со сите земји.

Русија е отворена за взаемно корисна соработка со сите држави без исклучок врз принципите на еднаквост, немешање во внатрешните работи и строго почитување на меѓународното право, рече тој.

Во однос на конфликтот на Блискиот Исток, Путин рече дека Русија активно се обидува да спречи палестинско-израелскиот конфликт да ескалира во поголема војна.

The post Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата е подготвена да води преговори со Украина. Неколку пати кажав дека Русија не само што е подготвена за преговори, туку во одредена фаза, на самиот почеток на овој конфликт, ги водеше тие преговори. Дури беше подготвен и заеднички прифатлив договор, кој украинската страна го парафира. Сепак, на совет од страна, кој подоцна го потврдија и официјални претставници на Украина, украинската страна го отфрли тој договор, рече Путин на церемонијата на предавање на акредитивните писма на странските амбасадори во Кремљ. Тој исто така рече дека Русија е отворена за меѓусебна соработка со сите земји. Русија е отворена за взаемно корисна соработка со сите држави без исклучок врз принципите на еднаквост, немешање во внатрешните работи и строго почитување на меѓународното право, рече тој. Во однос на конфликтот на Блискиот Исток, Путин рече дека Русија активно се обидува да спречи палестинско-израелскиот конфликт да ескалира во поголема војна.

The post Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина appeared first on Република.

]]>
Израел бара од Русија да посредува за договор со Хезболах https://republika.mk/vesti/svet/izrael-bara-od-rusija-da-posreduva-za-dogovor-so-hezbolah/ Sun, 03 Nov 2024 14:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=833782

Израел побарал од Русија да посредува меѓу израелската страна и Хезболах за мировно решение, пишува „Њузвик“.

Во моментов, обидите за договор за прекин на огнот се развиваат со поддршка на советниците на американскиот претседател, Амос Хохштајн и Брет Мекгурк.

Сепак, меѓународни медиуми, како што се израелскиот „Ynet News“ и „Asharq Al-Awsat“ во сопственост на Саудиска Арабија, цитираат извори дека во последните денови Израел побарал од Русија да учествува во договорот.

„Њузвик“ верува дека учеството на една глобална сила со врски со речиси сите главни чинители може да обезбеди клучна поддршка за иницијативата во време кога лидерството на Вашингтон на Блискиот Исток се повеќе се доведува во прашање.

Путин станува потенцијален посредник за мир на Блискиот Исток, се наведува во публикацијата.

The post Израел бара од Русија да посредува за договор со Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израел побарал од Русија да посредува меѓу израелската страна и Хезболах за мировно решение, пишува „Њузвик“. Во моментов, обидите за договор за прекин на огнот се развиваат со поддршка на советниците на американскиот претседател, Амос Хохштајн и Брет Мекгурк. Сепак, меѓународни медиуми, како што се израелскиот „Ynet News“ и „Asharq Al-Awsat“ во сопственост на Саудиска Арабија, цитираат извори дека во последните денови Израел побарал од Русија да учествува во договорот. „Њузвик“ верува дека учеството на една глобална сила со врски со речиси сите главни чинители може да обезбеди клучна поддршка за иницијативата во време кога лидерството на Вашингтон на Блискиот Исток се повеќе се доведува во прашање.
Путин станува потенцијален посредник за мир на Блискиот Исток, се наведува во публикацијата.

The post Израел бара од Русија да посредува за договор со Хезболах appeared first on Република.

]]>