ростуше Archives - Република https://republika.mk/tema/rostushe/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jul 2023 09:43:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ростуше Archives - Република https://republika.mk/tema/rostushe/ 32 32 Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-ke-se-osveti-sechesniot-hram-na-majkata-bozhja-vo-selo-rostushe/ Sat, 29 Jul 2023 09:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=666563

Црквата посветена на Пресвета Богородица, во долнореканското село Ростуше, која е изградена со многу љубов и големи заложби на Бигорското братство, предводено од апископот Антаниски г. Партениј и на иницијативниот одбор од ова село, утре ќе биде осветена, а според програмата активностите почнуваат од вечерва.

Во сабота, 29 јули 2023 година, со почеток во 18 часот ќе се изврши Отворањето на Дверите на новоизградениот Храм на Пресвета Богородица во с. Ростуше. Во продолжение ќе биде отслужена голема празнична архиерејска Вечерна, на којашто ќе претстои игуменот на Свештената Бигорска Обител, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. За време на Вечерната богослужба, за поклонение ќе бидат изложени Светите Мошти коишто ќе бидат вградени во Светата Трпеза, информираат од Бигорскиот манастир.

По Вечерната богослужба, со своја културно-музичка програма ќе настапи хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кој ќе изведе традиционални византиски каланди.

Утре, 30 јули, со почеток во 9 часот, ќе биде извршено осветувањето на Храмот од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. По осветувањето следува Божествена архиерејска Литургија, наведуваат од манастирот.

По историскиот чин на осветувањето и архиерејската Литургија со своја традиционална културно-уметничка програма ќе настапат составот „Чалгија мерак“, како и ансамблот „Македонија“.

По тој повод Свештената бигорска обител, со голема чест и радост ги поканува почитуваните верници, сите ростушани и пријатели на Река и на Мијачкиот крај, да присуствуваат на овој свет и значаен настан за овој крај.

Според историски извори, со сигурност се знае дека во ова долнореканското село суштествувал велелепен храм посветен на Пресвета Богородица, уште од византиско време, но бил разурнат и на негово место изграден друг објект.

Храмот е идејно обмислен од страна на владиката Партениј, изграден е од камен и од тули, во препознатливиот византиски стил опус микстум, и структурно наликува на старата црква што била на сред село, крстообразна, со голема купола на средината, со конхи од страните и со камбанарија над тремот.

The post Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше appeared first on Република.

]]>

Црквата посветена на Пресвета Богородица, во долнореканското село Ростуше, која е изградена со многу љубов и големи заложби на Бигорското братство, предводено од апископот Антаниски г. Партениј и на иницијативниот одбор од ова село, утре ќе биде осветена, а според програмата активностите почнуваат од вечерва.
Во сабота, 29 јули 2023 година, со почеток во 18 часот ќе се изврши Отворањето на Дверите на новоизградениот Храм на Пресвета Богородица во с. Ростуше. Во продолжение ќе биде отслужена голема празнична архиерејска Вечерна, на којашто ќе претстои игуменот на Свештената Бигорска Обител, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. За време на Вечерната богослужба, за поклонение ќе бидат изложени Светите Мошти коишто ќе бидат вградени во Светата Трпеза, информираат од Бигорскиот манастир.
По Вечерната богослужба, со своја културно-музичка програма ќе настапи хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кој ќе изведе традиционални византиски каланди.
Утре, 30 јули, со почеток во 9 часот, ќе биде извршено осветувањето на Храмот од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. По осветувањето следува Божествена архиерејска Литургија, наведуваат од манастирот.
По историскиот чин на осветувањето и архиерејската Литургија со своја традиционална културно-уметничка програма ќе настапат составот „Чалгија мерак“, како и ансамблот „Македонија“. По тој повод Свештената бигорска обител, со голема чест и радост ги поканува почитуваните верници, сите ростушани и пријатели на Река и на Мијачкиот крај, да присуствуваат на овој свет и значаен настан за овој крај. Според историски извори, со сигурност се знае дека во ова долнореканското село суштествувал велелепен храм посветен на Пресвета Богородица, уште од византиско време, но бил разурнат и на негово место изграден друг објект. Храмот е идејно обмислен од страна на владиката Партениј, изграден е од камен и од тули, во препознатливиот византиски стил опус микстум, и структурно наликува на старата црква што била на сред село, крстообразна, со голема купола на средината, со конхи од страните и со камбанарија над тремот.

The post Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше appeared first on Република.

]]>
Огромен пораз: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти https://republika.mk/vesti/makedonija/ogromen-poraz-vo-gimnazijata-vo-rostushe-samo-12-vo-tsentar-zhupa-18-maturanti/ Tue, 16 May 2023 16:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=641491

Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта.

Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини.

Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура, изјави за МИА, Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.

Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2023/2024 година квотата изнесува 68 ученици во две паралелки, што тешко се верува дека ќе биде пополнета.

Идентична квота за упис во права година има и во гимназијата „АТА“ во Цента Жупа, каде се предвидени две паралалки од по 34 ученици, една со настава на македонски и една на турски наставен јазик.

Што се однесува до учениците кои го завршуваат средното образование, нивниот број е 18, од нив еден ученик е од наствата на македонски и 17 на турски наставен јазик. Сите се пријаени за полагање државна матура, рече за МИА, Мунир Бастри, реководител на секторот за образование во општината.

Доколку се направи споредба, бројот на матуранти во последните две години во Ростуше е помал за 18 додека во Центар Жупа за пет.

The post Огромен пораз: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти appeared first on Република.

]]>

Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта. Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини.
Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура, изјави за МИА, Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.
Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2023/2024 година квотата изнесува 68 ученици во две паралелки, што тешко се верува дека ќе биде пополнета. Идентична квота за упис во права година има и во гимназијата „АТА“ во Цента Жупа, каде се предвидени две паралалки од по 34 ученици, една со настава на македонски и една на турски наставен јазик.
Што се однесува до учениците кои го завршуваат средното образование, нивниот број е 18, од нив еден ученик е од наствата на македонски и 17 на турски наставен јазик. Сите се пријаени за полагање државна матура, рече за МИА, Мунир Бастри, реководител на секторот за образование во општината.
Доколку се направи споредба, бројот на матуранти во последните две години во Ростуше е помал за 18 додека во Центар Жупа за пет.  

The post Огромен пораз: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти appeared first on Република.

]]>
Шест избирачки места во Маврово Ростуше со помалку од десет гласачи https://republika.mk/vesti/makedonija/shest-izbirachki-mesta-vo-mavrovo-rostushe-so-pomalku-od-deset-glasachi/ Thu, 18 Aug 2022 16:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=541764

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница информираше дека во шест избирачки места на територија на општината Маврово Ростуше има помалку од 10 гласачи запишани во избирачкиот список, така што таму нема да се спроведе гласање. Гласачите се упатуваат во најблиските избирачки места, а Општинската изборна комисија Маврово Ростуше треба да го организира гласањето за градоначалник на овие граѓани во сабота, на 20 август.

– ДИК согласно податоците од заклучениот избирачки список за изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово констатира дека од вкупно 172 избирачки места во овие општини во шест избирачки места во Маврово Ростуше се евидентирани помалку од десет гласачи, информираше членот на ДИК Бобан Стојановски.

Станува збор за избирачки места во Маврово и Ростуше и тоа 463 во селата Лазарополе, Селце, Росоки и Тресонче каде што се евидентирани шест гласачи, 482 во селото Бибај со осум гласачи, 484 во село Нивиште со шест избирачи, 485 со седум гласачи во селото Грекај, 487 во село Богдево со пет гласачи и избирачко место 489 со седум гласачи во село Беличница.

На седницата беше усвоен Кодекс за начинот на набљудување на изборите, за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Исто така, ДИК акредитираше и дополнителен број набљудувачи на овие избори.

The post Шест избирачки места во Маврово Ростуше со помалку од десет гласачи appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница информираше дека во шест избирачки места на територија на општината Маврово Ростуше има помалку од 10 гласачи запишани во избирачкиот список, така што таму нема да се спроведе гласање. Гласачите се упатуваат во најблиските избирачки места, а Општинската изборна комисија Маврово Ростуше треба да го организира гласањето за градоначалник на овие граѓани во сабота, на 20 август. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница информираше дека во шест избирачки места на територија на општината Маврово Ростуше има помалку од 10 гласачи запишани во избирачкиот список, така што таму нема да се спроведе гласање. Гласачите се упатуваат во најблиските избирачки места, а Општинската изборна комисија Маврово Ростуше треба да го организира гласањето за градоначалник на овие граѓани во сабота, на 20 август. – ДИК согласно податоците од заклучениот избирачки список за изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово констатира дека од вкупно 172 избирачки места во овие општини во шест избирачки места во Маврово Ростуше се евидентирани помалку од десет гласачи, информираше членот на ДИК Бобан Стојановски. Станува збор за избирачки места во Маврово и Ростуше и тоа 463 во селата Лазарополе, Селце, Росоки и Тресонче каде што се евидентирани шест гласачи, 482 во селото Бибај со осум гласачи, 484 во село Нивиште со шест избирачи, 485 со седум гласачи во селото Грекај, 487 во село Богдево со пет гласачи и избирачко место 489 со седум гласачи во село Беличница. На седницата беше усвоен Кодекс за начинот на набљудување на изборите, за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Исто така, ДИК акредитираше и дополнителен број набљудувачи на овие избори.

The post Шест избирачки места во Маврово Ростуше со помалку од десет гласачи appeared first on Република.

]]>