роскосмос Archives - Република https://republika.mk/tema/roskosmos/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Aug 2022 08:49:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роскосмос Archives - Република https://republika.mk/tema/roskosmos/ 32 32 Роскосмос откри модел од новата руска вселенска станица во развој https://republika.mk/vesti/svet/roskosmos-otkri-model-od-novata-ruska-vselenska-stanica-vo-razvoj/ Tue, 16 Aug 2022 08:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=540804

Откако Русија објави дека има намера и одлука за напуштање на Меѓународната вселенска станица (МВС), сега руската државна вселенска агенција Роскосмос посочи и како ќе изгледа нејзината нова станица во развој, т.е. претстави модел од неа.

Станува збор за руската вселенска станица наречена РОСС, која ќе биде лансирана во две етапи – за почеток со четири модули. Станицата потоа ќе биде проширена на вкупно шест модули со сервисна платформа. Дизајнот овозможува сместување на четири лица, а станицата, наводно, ќе нуди и подобри способности за следење на Земјата во споредба со условите што Русија ги има на МВС.

Сѐ уште недостасуваат подробности, како, на пр. датумите, но според тамошните медиуми, првото лансирање ќе се случи меѓу 2025. и 2030 година, а второто – меѓу 2030. и 2035 година. Тоа значи дека би можело да мине долго време откога Русија ќе ја напушти МВС во 2024. до можноста за користење функционална замена.

Роскосмос во јули објави дека ја напушта МВС како одговор на западните санкции и другите мерки наметнати поради нападот врз Украина во февруари. Така, 2024 година ќе го означи крајот на оваа 20-годишна американско-руско соработка на МВС.

Русија сепак ќе ги исполни своите обврски до 2024 година, а има и нов договор за размена на места на заедничките летови со САД.

Недостигот на своја станица, на Русија ѝ ја ограничува можноста за набљудување на Земјата, како и истражувања со ниска гравитација. Тоа е, исто така, прашање и на национална гордост – бидејќи Русија ја напушти својата станица Мир во 2001 година. РОСС не само што ќе ѝ помогне на Русија да продолжи таму каде што руските власти застанале, туку тоа ќе претставува плод на претходните и новите напори, велат тамошни извори.

The post Роскосмос откри модел од новата руска вселенска станица во развој appeared first on Република.

]]>

Откако Русија објави дека има намера и одлука за напуштање на Меѓународната вселенска станица (МВС), сега руската државна вселенска агенција Роскосмос посочи и како ќе изгледа нејзината нова станица во развој, т.е. претстави модел од неа. Станува збор за руската вселенска станица наречена РОСС, која ќе биде лансирана во две етапи – за почеток со четири модули. Станицата потоа ќе биде проширена на вкупно шест модули со сервисна платформа. Дизајнот овозможува сместување на четири лица, а станицата, наводно, ќе нуди и подобри способности за следење на Земјата во споредба со условите што Русија ги има на МВС. Сѐ уште недостасуваат подробности, како, на пр. датумите, но според тамошните медиуми, првото лансирање ќе се случи меѓу 2025. и 2030 година, а второто – меѓу 2030. и 2035 година. Тоа значи дека би можело да мине долго време откога Русија ќе ја напушти МВС во 2024. до можноста за користење функционална замена. Роскосмос во јули објави дека ја напушта МВС како одговор на западните санкции и другите мерки наметнати поради нападот врз Украина во февруари. Така, 2024 година ќе го означи крајот на оваа 20-годишна американско-руско соработка на МВС. Русија сепак ќе ги исполни своите обврски до 2024 година, а има и нов договор за размена на места на заедничките летови со САД. Недостигот на своја станица, на Русија ѝ ја ограничува можноста за набљудување на Земјата, како и истражувања со ниска гравитација. Тоа е, исто така, прашање и на национална гордост – бидејќи Русија ја напушти својата станица Мир во 2001 година. РОСС не само што ќе ѝ помогне на Русија да продолжи таму каде што руските власти застанале, туку тоа ќе претставува плод на претходните и новите напори, велат тамошни извори.

The post Роскосмос откри модел од новата руска вселенска станица во развој appeared first on Република.

]]>
Со Договор за замена на седишта, САД и Русија ја продолжуваат соработката во Вселената https://republika.mk/vesti/svet/so-dogovor-za-zamena-na-sedishta-sad-i-rusija-ja-prodolzuvaat-sorabotkata-vo-vselenata/ Mon, 18 Jul 2022 10:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=530600

Иако САД воведоа економски санкции против Русија поради војната во Украина, двете светски сили наоѓаат начини да продолжат со соработката во Вселената.

Имено, НАСА и Роскосмос го потпишаа долгоочекуваниот Договор за замена на седишта на летови до Меѓународната вселенска станица.

По затворањето на својата програма за вселенски бродови, НАСА со години се потпираше на руските летови на „Сојуз“ за пренос на свои астронаути во орбиталната лабораторија. Тоа, сè додека не се појавија „Кру драгон“ ракетите на „Спејс-Икс“, лиценцирани за човечки екипажи. Сега, американската агенција повторно ќе има места и на „Сојуз“, додека руски космонаути ќе летаат со „Кру драгон“.

Летачките интегрирани екипажи гарантираат дека на станицата има соодветно обучени членови за суштинско одржување и вселенски обиколки. Тоа е заштита и од непредвидени ситуации како што се проблем со вселенско летало на кој било екипаж, сериозни медицински проблеми во екипажот или итен случај на станицата за којшто е потребна екипа и возило со кое би требало да се вратат на Земјата порано од планираното - соопшти НАСА.

Со други зборови, Договорот ќе значи и дека ниеден сектор на Станицата, управуван од САД и Русија, никогаш нема да биде оставен без управувач при итни случаи.

Притоа, Ана Кикина ќе биде првата руска космонаутка која ќе лета со „Кру драгон“. Нејзе ќе ѝ се придружат Никол Ман и Џош Касада од НАСА, како и Јапонецот Коичи Ваката. Во меѓувреме, астронаутот на НАСА, Френк Рубио ќе се упати кон МВС со „Сојуз“.

Пролетта 2023 година, Андреј Федјаев од Роскосмос и Лорал О’Хара од НАСА, исто така, „ќе си ги сменат седиштата“. А, овојпат, според договорот, тоа ќе биде и бесплатно, за разлика од минатото кога НАСА му плаќаше на Роскосмос околу 56 милиони долари по седиште.

Инаку, сѐ ова следи откако беше објавено во дел од руски медиуми дека раководителот на Роскосмос – Димитри Рогозин ќе биде назначен за шеф на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин како администратор за надгледување на украинските територии што Русија ги зазела.

The post Со Договор за замена на седишта, САД и Русија ја продолжуваат соработката во Вселената appeared first on Република.

]]>

Иако САД воведоа економски санкции против Русија поради војната во Украина, двете светски сили наоѓаат начини да продолжат со соработката во Вселената. Имено, НАСА и Роскосмос го потпишаа долгоочекуваниот Договор за замена на седишта на летови до Меѓународната вселенска станица. По затворањето на својата програма за вселенски бродови, НАСА со години се потпираше на руските летови на „Сојуз“ за пренос на свои астронаути во орбиталната лабораторија. Тоа, сè додека не се појавија „Кру драгон“ ракетите на „Спејс-Икс“, лиценцирани за човечки екипажи. Сега, американската агенција повторно ќе има места и на „Сојуз“, додека руски космонаути ќе летаат со „Кру драгон“.
Летачките интегрирани екипажи гарантираат дека на станицата има соодветно обучени членови за суштинско одржување и вселенски обиколки. Тоа е заштита и од непредвидени ситуации како што се проблем со вселенско летало на кој било екипаж, сериозни медицински проблеми во екипажот или итен случај на станицата за којшто е потребна екипа и возило со кое би требало да се вратат на Земјата порано од планираното - соопшти НАСА.
Со други зборови, Договорот ќе значи и дека ниеден сектор на Станицата, управуван од САД и Русија, никогаш нема да биде оставен без управувач при итни случаи. Притоа, Ана Кикина ќе биде првата руска космонаутка која ќе лета со „Кру драгон“. Нејзе ќе ѝ се придружат Никол Ман и Џош Касада од НАСА, како и Јапонецот Коичи Ваката. Во меѓувреме, астронаутот на НАСА, Френк Рубио ќе се упати кон МВС со „Сојуз“. Пролетта 2023 година, Андреј Федјаев од Роскосмос и Лорал О’Хара од НАСА, исто така, „ќе си ги сменат седиштата“. А, овојпат, според договорот, тоа ќе биде и бесплатно, за разлика од минатото кога НАСА му плаќаше на Роскосмос околу 56 милиони долари по седиште. Инаку, сѐ ова следи откако беше објавено во дел од руски медиуми дека раководителот на Роскосмос – Димитри Рогозин ќе биде назначен за шеф на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин како администратор за надгледување на украинските територии што Русија ги зазела.

The post Со Договор за замена на седишта, САД и Русија ја продолжуваат соработката во Вселената appeared first on Република.

]]>
Рогозин: САД со рубли го платија летот на својот астронаут до МВС https://republika.mk/vesti/svet/rogozin-sad-so-rubli-go-platija-letot-na-svojot-astronaut-do-mvs/ Sat, 11 Jun 2022 18:40:08 +0000 https://republika.mk/?p=513956

Американската компанија „Аксиом” и платила на руската вселенска агенција Роскосмос во рубли за летот на нивниот астронаут Марк Ванде Хеј до Меѓународната вселенска станица (МВС), изјави генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, за ТВ каналот „Русија 24″.

Според Рогозин, Роскосмос го добил средствата, но не директно од НАСА, туку од компанијата „Аксиом”, која се појавила како посредник.

Доцнеше точно еден месец, но сите средства беа уплатени во рубли, изјави Рогозин.

Според него, за време на организацијата на летот на Марк Хеј, НАСА сфатила дека е под притисок на американскиот Конгрес, па за посредник ја избрале приватната компанија „Axiom Space” и од нив го нарачала летот.

Компанијата „Аксиом”„ потоа го  купила местото на рускиот брод.

Марк Ванде Хеј пристигна во МВС на 9 април 2021 година со ракетата Сојуз МС-18, заедно со руските космонаути Олег Новицки и Петро Дубров.

Новицки порано се врати на Земјата, додека Дубров и Хеј поминаа 355 дена во МВС и се вратија на 31 март 2022 година, поставувајќи рекорд за најдолг престој во орбитата како дел од мисијата МВС.

The post Рогозин: САД со рубли го платија летот на својот астронаут до МВС appeared first on Република.

]]>

Американската компанија „Аксиом” и платила на руската вселенска агенција Роскосмос во рубли за летот на нивниот астронаут Марк Ванде Хеј до Меѓународната вселенска станица (МВС), изјави генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, за ТВ каналот „Русија 24″. Според Рогозин, Роскосмос го добил средствата, но не директно од НАСА, туку од компанијата „Аксиом”, која се појавила како посредник.
Доцнеше точно еден месец, но сите средства беа уплатени во рубли, изјави Рогозин.
Според него, за време на организацијата на летот на Марк Хеј, НАСА сфатила дека е под притисок на американскиот Конгрес, па за посредник ја избрале приватната компанија „Axiom Space” и од нив го нарачала летот. Компанијата „Аксиом”„ потоа го  купила местото на рускиот брод. Марк Ванде Хеј пристигна во МВС на 9 април 2021 година со ракетата Сојуз МС-18, заедно со руските космонаути Олег Новицки и Петро Дубров. Новицки порано се врати на Земјата, додека Дубров и Хеј поминаа 355 дена во МВС и се вратија на 31 март 2022 година, поставувајќи рекорд за најдолг престој во орбитата како дел од мисијата МВС.

The post Рогозин: САД со рубли го платија летот на својот астронаут до МВС appeared first on Република.

]]>
Роскосмос ја напушта МВС https://republika.mk/vesti/svet/roskosmos-ja-napushta-mvs/ Tue, 03 May 2022 10:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=496753

Генералниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин потврди дека Русија ја напушта Меѓународната вселенска станица (МВС).

Тој рече дека Москва одлучила да ја напушти МВС поради економските санкции кон Русија по инвазијата на Украина. Овој потег го означува крајот на ерата на глобална соработка и е своевидна кулминација на лошите односи. САД и Русија веќе имаат планови кои не ја вклучуваат застарената МВС, а Русите и претходно јасно ставија до знаење дека имаат намера да ги продолжат своите вселенски операции без да соработуваат со Американците.

Руските новински агенции објавија дека изјавата на Рогозин е и официјална крајна одлука.

Одлуката е веќе донесена и не сме обврзани јавно да зборуваме за тоа. Само едно можам да кажам, согласно нашите обврски – ќе ги информираме нашите партнери за прекин на нашата работа на МВС со објавување една година порано- рече Рогозин.

Набргу откако Русија го почна нападот врз Украина, САД и кога други земји воведоа санкции кон Русите, како што се наведува – Рогозин на шега рече дека Американците отсега би можеле да вршат вселенски лансирања „користејќи метли“, бидејќи повеќе не можат да сметаат на руските ракети „Сојуз“. Тој ги осуди санкциите на Западот и најави прекин на соработката со американската вселенска агенција НАСА и европската ЕСА. Американскиот милијардер и визионер Илон Маск изјави дека неговата компанија „Спејс-Икс“ може да помогне во функционирањето на МВС.

Соопштението на Роскосмос го означува крајот на успешната научна соработка меѓу Москва и Вашингтон. Русија, САД, Канада, Јапонија и ЕСА соработуваат на МВС од 1998 година.

The post Роскосмос ја напушта МВС appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин потврди дека Русија ја напушта Меѓународната вселенска станица (МВС). Тој рече дека Москва одлучила да ја напушти МВС поради економските санкции кон Русија по инвазијата на Украина. Овој потег го означува крајот на ерата на глобална соработка и е своевидна кулминација на лошите односи. САД и Русија веќе имаат планови кои не ја вклучуваат застарената МВС, а Русите и претходно јасно ставија до знаење дека имаат намера да ги продолжат своите вселенски операции без да соработуваат со Американците. Руските новински агенции објавија дека изјавата на Рогозин е и официјална крајна одлука.
Одлуката е веќе донесена и не сме обврзани јавно да зборуваме за тоа. Само едно можам да кажам, согласно нашите обврски – ќе ги информираме нашите партнери за прекин на нашата работа на МВС со објавување една година порано- рече Рогозин.
Набргу откако Русија го почна нападот врз Украина, САД и кога други земји воведоа санкции кон Русите, како што се наведува – Рогозин на шега рече дека Американците отсега би можеле да вршат вселенски лансирања „користејќи метли“, бидејќи повеќе не можат да сметаат на руските ракети „Сојуз“. Тој ги осуди санкциите на Западот и најави прекин на соработката со американската вселенска агенција НАСА и европската ЕСА. Американскиот милијардер и визионер Илон Маск изјави дека неговата компанија „Спејс-Икс“ може да помогне во функционирањето на МВС. Соопштението на Роскосмос го означува крајот на успешната научна соработка меѓу Москва и Вашингтон. Русија, САД, Канада, Јапонија и ЕСА соработуваат на МВС од 1998 година.

The post Роскосмос ја напушта МВС appeared first on Република.

]]>
Руската вселенска агенција нема да го остави американскиот астронаут во вселената и покрај санкциите на САД кон Русија https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-vselenska-agencija-nema-da-go-ostavi-amerikanskiot-astronaut-vo-vselenata-i-pokraj-amerikanskite-sankcii-kon-rusija/ Tue, 15 Mar 2022 12:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=473176

Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека на крајот на овој месец ќе го врати американскиот астронаут на Земјата од Меѓународната вселенска станица (МВС), без оглед на тензиите меѓу двете земји.

Астронаутот на НАСА, Марк Ванде Хеј, ќе се врати на Земјата на 30 март, како што е планирано, заедно со космонаутите Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров, со руската вселенска капсула „Сојуз“. Роскосмос никогаш не им дал причина на своите партнери да се сомневаат во неговата веродостојност - објави руската вселенска агенција.

Агенцијата додава дека безбедноста и функционирањето на Меѓународната вселенска станица отсекогаш биле нејзин главен приоритет.

Ваквото соопштение на Роскосмос доаѓа откако дел од западните медиуми објавија дека може да има проблеми со враќањето на американскиот астронаут поради санкциите кои САД и ги воведоа на Русија поради Украина.

The post Руската вселенска агенција нема да го остави американскиот астронаут во вселената и покрај санкциите на САД кон Русија appeared first on Република.

]]>

Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека на крајот на овој месец ќе го врати американскиот астронаут на Земјата од Меѓународната вселенска станица (МВС), без оглед на тензиите меѓу двете земји.
Астронаутот на НАСА, Марк Ванде Хеј, ќе се врати на Земјата на 30 март, како што е планирано, заедно со космонаутите Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров, со руската вселенска капсула „Сојуз“. Роскосмос никогаш не им дал причина на своите партнери да се сомневаат во неговата веродостојност - објави руската вселенска агенција.
Агенцијата додава дека безбедноста и функционирањето на Меѓународната вселенска станица отсекогаш биле нејзин главен приоритет. Ваквото соопштение на Роскосмос доаѓа откако дел од западните медиуми објавија дека може да има проблеми со враќањето на американскиот астронаут поради санкциите кои САД и ги воведоа на Русија поради Украина.

The post Руската вселенска агенција нема да го остави американскиот астронаут во вселената и покрај санкциите на САД кон Русија appeared first on Република.

]]>
Шефот на Роскосмос му се заканува на Западот: Меѓународната вселенска станица би можела да падне поради санкциите кон Русија https://republika.mk/vesti/svet/shefot-na-roskosmos-mu-se-zakanuva-na-zapadot-megjunarodnata-vselenska-stanica-bi-mozela-da-padne-poradi-sankciite-kon-rusija/ Sat, 12 Mar 2022 17:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=471775

Западните санкции кон Русија може да предизвикаат колапс на Меѓународната вселенска станица, предупреди во саботата шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, повикувајќи на укинување на санкциите.

Според Дмитриј Рогозин, санкциите, од кои некои и претходеа на инвазијата на Москва на Украина, може да ја нарушат работата на руските вселенски летала кои опслужуваат на ISS.

Како резултат на тоа, рускиот сегмент од станицата што помага да се поправи нејзината орбита може да биде погоден, што ќе предизвика структурата тешка 500 тони „да падне во море или на копно“, напиша шефот на Роскосмос во Телеграм.

Рускиот сегмент обезбедува корекција на орбитата на станицата (во просек 11 пати годишно), вклучително и за избегнување на вселенски отпад“, рече Рогозин, кој редовно ја изразува својата поддршка за руската војска во Украина на социјалните мрежи.

Објавувајќи мапа на локации каде што на крајот може да се урне ISS, тој истакна дека најверојатно нема да биде во Русија.

Но, населението на другите земји, особено оние предводени од „кучињата на војната“, треба да размислува за цената на санкциите против Роскосмос“, продолжи тој, опишувајќи ги земјите што воведоа санкции за „луди луѓе“.

Рогозин на сличен начин ја истакна заканата од пад на вселенска станица на Земјата минатиот месец додека ги критикуваше западните санкции на Твитер.

На 1 март, НАСА соопшти дека се обидува да најде решение за задржување на ISS во орбитата без руска помош.

Екипажот и залихите се транспортираат до рускиот сегмент со авиони „Сојуз“.

Но, Рогозин рече дека лансерот се користел за полетување „под американските санкции од 2021 година и под санкциите на ЕУ и Канада од 2022 година“.

Роскосмос соопшти дека поднел жалба до НАСА, Канадската вселенска агенција и Европската вселенска агенција, „барајќи укинување на незаконските санкции за нашите компании“.

Вселената е една од последните преостанати области во кои САД и Русија продолжуваат да работат заедно.

На 30 март, американскиот астронаут Mark Vande Hei и двајцата космонаути, Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров, треба да се вратат на Земјата од ISS во вселенското летало Сојуз.

The post Шефот на Роскосмос му се заканува на Западот: Меѓународната вселенска станица би можела да падне поради санкциите кон Русија appeared first on Република.

]]>

Западните санкции кон Русија може да предизвикаат колапс на Меѓународната вселенска станица, предупреди во саботата шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, повикувајќи на укинување на санкциите. Според Дмитриј Рогозин, санкциите, од кои некои и претходеа на инвазијата на Москва на Украина, може да ја нарушат работата на руските вселенски летала кои опслужуваат на ISS.
Како резултат на тоа, рускиот сегмент од станицата што помага да се поправи нејзината орбита може да биде погоден, што ќе предизвика структурата тешка 500 тони „да падне во море или на копно“, напиша шефот на Роскосмос во Телеграм. Рускиот сегмент обезбедува корекција на орбитата на станицата (во просек 11 пати годишно), вклучително и за избегнување на вселенски отпад“, рече Рогозин, кој редовно ја изразува својата поддршка за руската војска во Украина на социјалните мрежи.
Објавувајќи мапа на локации каде што на крајот може да се урне ISS, тој истакна дека најверојатно нема да биде во Русија. Но, населението на другите земји, особено оние предводени од „кучињата на војната“, треба да размислува за цената на санкциите против Роскосмос“, продолжи тој, опишувајќи ги земјите што воведоа санкции за „луди луѓе“. Рогозин на сличен начин ја истакна заканата од пад на вселенска станица на Земјата минатиот месец додека ги критикуваше западните санкции на Твитер. На 1 март, НАСА соопшти дека се обидува да најде решение за задржување на ISS во орбитата без руска помош. Екипажот и залихите се транспортираат до рускиот сегмент со авиони „Сојуз“. Но, Рогозин рече дека лансерот се користел за полетување „под американските санкции од 2021 година и под санкциите на ЕУ и Канада од 2022 година“. Роскосмос соопшти дека поднел жалба до НАСА, Канадската вселенска агенција и Европската вселенска агенција, „барајќи укинување на незаконските санкции за нашите компании“. Вселената е една од последните преостанати области во кои САД и Русија продолжуваат да работат заедно. На 30 март, американскиот астронаут Mark Vande Hei и двајцата космонаути, Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров, треба да се вратат на Земјата од ISS во вселенското летало Сојуз.

The post Шефот на Роскосмос му се заканува на Западот: Меѓународната вселенска станица би можела да падне поради санкциите кон Русија appeared first on Република.

]]>
Роскосмос одби да лансира интернет-сателити поради британските санкции https://republika.mk/vesti/svet/roskosmos-odbi-da-lansira-internet-sateliti-poradi-britanskite-sankcii/ Thu, 03 Mar 2022 10:16:28 +0000 https://republika.mk/?p=466915

Руската државна вселенска агенција Роскосмос одби да лансира интернет-сателити „Уанвеб“ (OneWeb), барајќи гаранции дека нема да се користат за воени цели и барајќи од Велика Британија да го продаде својот удел во компанијата.

Лансирањето на интернет-сателитите требаше да се изврши утре, со помош на руската ракета „Сојуз“, но тоа нема да се случи. Раководителот на Роскосмос – Дмитриј Рогозин изјави дека агенцијата ги посочила своите барања како одговор на санкциите што Велика Британија ги воведе кон Русија по инвазијата во Украина.

Меѓу другото, Британците им забранија на руските бродови да влегуваат во нивните пристаништа и го санкционираа најголемиот дел од рускиот финансиски систем.

Сепак, британскиот секретар за бизнис и енергија, Кваси Квартенг рече дека барањата на Роскосмос нема да бидат исполнети бидејќи „нема преговори за ’Уанвеб‘,“ оти Британската влада „нема да го продаде својот удел“. Тој додаде дека во тек се разговори со другите акционери за да се договорат следните чекори.

Рогозин рече дека ќе ѝ даде рок од два дена на Велика Британија да го промени својот став.

До денес, 428 „Уанвеб“ сателити се поставени во Ниската Орбита на Земјата со помош на ракети „Сојуз“. Компанијата „Уанвеб“ има намера да обезбеди глобална интернет-покриеност од Вселената користејќи 648 сателити, како што е првично предвидено. Во меѓувреме, „Спејс-Икс“ испорача сателитски интернет-терминали „Старлинк“ во Украина, по ветувањата на шефот на компанијата – Илон Маск. Се верува дека украинската Влада ќе го користи ова за земјата да остане приклучена на интернет за време на воениот судир.

The post Роскосмос одби да лансира интернет-сателити поради британските санкции appeared first on Република.

]]>

Руската државна вселенска агенција Роскосмос одби да лансира интернет-сателити „Уанвеб“ (OneWeb), барајќи гаранции дека нема да се користат за воени цели и барајќи од Велика Британија да го продаде својот удел во компанијата. Лансирањето на интернет-сателитите требаше да се изврши утре, со помош на руската ракета „Сојуз“, но тоа нема да се случи. Раководителот на Роскосмос – Дмитриј Рогозин изјави дека агенцијата ги посочила своите барања како одговор на санкциите што Велика Британија ги воведе кон Русија по инвазијата во Украина. Меѓу другото, Британците им забранија на руските бродови да влегуваат во нивните пристаништа и го санкционираа најголемиот дел од рускиот финансиски систем. Сепак, британскиот секретар за бизнис и енергија, Кваси Квартенг рече дека барањата на Роскосмос нема да бидат исполнети бидејќи „нема преговори за ’Уанвеб‘,“ оти Британската влада „нема да го продаде својот удел“. Тој додаде дека во тек се разговори со другите акционери за да се договорат следните чекори. Рогозин рече дека ќе ѝ даде рок од два дена на Велика Британија да го промени својот став. До денес, 428 „Уанвеб“ сателити се поставени во Ниската Орбита на Земјата со помош на ракети „Сојуз“. Компанијата „Уанвеб“ има намера да обезбеди глобална интернет-покриеност од Вселената користејќи 648 сателити, како што е првично предвидено. Во меѓувреме, „Спејс-Икс“ испорача сателитски интернет-терминали „Старлинк“ во Украина, по ветувањата на шефот на компанијата – Илон Маск. Се верува дека украинската Влада ќе го користи ова за земјата да остане приклучена на интернет за време на воениот судир.

The post Роскосмос одби да лансира интернет-сателити поради британските санкции appeared first on Република.

]]>
Руските експерти го напуштија вселенскиот центар во Француска Гвајана https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-eksperti-go-napushtija-vselenskiot-centar-vo-francuska-gvajana/ Thu, 03 Mar 2022 07:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=466757

Сите руски експерти го напуштија вселенскиот центар во Француска Гвајана, каде што се наоѓа космодромот Куру.

Генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, на 26 февруари соопшти дека соработката со европските партнери на космодромот Куру е прекината како одговор на санкциите против Русија.

The post Руските експерти го напуштија вселенскиот центар во Француска Гвајана appeared first on Република.

]]>

Сите руски експерти го напуштија вселенскиот центар во Француска Гвајана, каде што се наоѓа космодромот Куру. Генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, на 26 февруари соопшти дека соработката со европските партнери на космодромот Куру е прекината како одговор на санкциите против Русија.

The post Руските експерти го напуштија вселенскиот центар во Француска Гвајана appeared first on Република.

]]>