росатом Archives - Република https://republika.mk/tema/rosatom/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Jul 2022 07:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png росатом Archives - Република https://republika.mk/tema/rosatom/ 32 32 Русија почна да ја гради првата нуклеарна централа во Египет на Средоземното Море https://republika.mk/vesti/svet/rusija-pochna-da-ja-gradi-prvata-nuklearna-centrala-vo-egipet-na-sredozemnoto-more/ Wed, 20 Jul 2022 15:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=531487

Руската државна нуклеарна корпорација Росатом ја почна изградбата на нуклеарната централа Ел-Даба во Египет, изјави извршниот директор на руската корпорација Росатом, Алексеј Лихачев на почетокот на работите.

Почнавме изградба на нуклеарна централа во Египет. Почетокот на изградбата на единицата 1 на нуклеарната централа Ел-Даба значи дека Египет влегува во редот на нуклеарно развиените земји. Росатом ќе гради најсовремени дизајнерски блокови VVER-1200 во Арапската Република Египет. Изградбата на нуклеарната централа ќе му овозможи на Египет да достигне ново ниво на развој на технологијата, индустријата и образованието, а тоа е најголема руско-египетска соработка по браната Асуан. Да се има сопствена индустрија за нуклеарна енергија е сон за египетскиот народ повеќе од половина век, а за Росатом е голема чест да го оствари тој сон, рече Лихачев.

Ел-Даба ќе биде првата нуклеарна електрана во Египет и првиот голем проект на Росатом во Африка и ќе се состои од четири единици, секоја со капацитет од 1.200 мегавати.

Ќе биде изградена во истоимениот град во провинцијата Матрух на брегот на Средоземното Море.

Двете земји потпишаа меѓудржавен договор за изградба на првата нуклеарна централа во Египет, во Каиро во ноември 2015 година.

Вкупните трошоци за изградба изнесуваат 30 милијарди долари.

The post Русија почна да ја гради првата нуклеарна централа во Египет на Средоземното Море appeared first on Република.

]]>

Руската државна нуклеарна корпорација Росатом ја почна изградбата на нуклеарната централа Ел-Даба во Египет, изјави извршниот директор на руската корпорација Росатом, Алексеј Лихачев на почетокот на работите.
Почнавме изградба на нуклеарна централа во Египет. Почетокот на изградбата на единицата 1 на нуклеарната централа Ел-Даба значи дека Египет влегува во редот на нуклеарно развиените земји. Росатом ќе гради најсовремени дизајнерски блокови VVER-1200 во Арапската Република Египет. Изградбата на нуклеарната централа ќе му овозможи на Египет да достигне ново ниво на развој на технологијата, индустријата и образованието, а тоа е најголема руско-египетска соработка по браната Асуан. Да се има сопствена индустрија за нуклеарна енергија е сон за египетскиот народ повеќе од половина век, а за Росатом е голема чест да го оствари тој сон, рече Лихачев.
Ел-Даба ќе биде првата нуклеарна електрана во Египет и првиот голем проект на Росатом во Африка и ќе се состои од четири единици, секоја со капацитет од 1.200 мегавати. Ќе биде изградена во истоимениот град во провинцијата Матрух на брегот на Средоземното Море. Двете земји потпишаа меѓудржавен договор за изградба на првата нуклеарна централа во Египет, во Каиро во ноември 2015 година. Вкупните трошоци за изградба изнесуваат 30 милијарди долари.

The post Русија почна да ја гради првата нуклеарна централа во Египет на Средоземното Море appeared first on Република.

]]>