романска вечер Archives - Република https://republika.mk/tema/romanska-vecher/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 14:48:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png романска вечер Archives - Република https://republika.mk/tema/romanska-vecher/ 32 32 Мурезану и Дел Пино во Света Софија приредија возбудливо музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“ https://republika.mk/vesti/kultura/murezanu-i-del-pino-vo-sveta-sofija-priredija-vozbudlivo-muzichko-patuvane-od-bukuresht-do-madrid/ Fri, 02 Aug 2024 14:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=802834

Возбудливо музичко патување во светот на класичната музика приреди вчеравечер фестивалот „Охридско лето“ преку концертот на една од најбараните светски виолинистки Ирина Мурезану од Романија која настапи заедно со шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино.

Нејзината возбудлива, искрена и елегантна изведба  на класичниот репертоар, вчеравечер  ја воодушеви фестивалската публика на подиумот во црквата „Света Софија“. Двајцата исклучително добри уметници настапија во рамки на традиционалната Романска вечер на фестивалот „Охридско лето“ што ја отвори амбасадорката на Романија во земјава, Адела Моника Аксинте.

-Како што навестува и насловот, станува збор за репертоар што го следи, музички и географски, патот што води од Букурешт до Мадрид, со попатни станици во Унгарија, Австрија, Германија и Франција кои се претставени со делата на значајните композитори од овие земји. Оваа прилика ја користам да  ја пофалам исклучителната посветеност и професионалност на организаторите на фестивалот „Охридско лето“. Најтопли честитки до генералниот директор на фестивалот Наташа Поповиќ и до маестра Бисера Чадловска, селекторка на програмата, како и до целиот тим што од  година во година го овозможува фестивалот „Охридско лето“  како еден од најпрестижните настани  во земјава и Европа, рече амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, отворајќи на традиционалната Романска вечер на фестивалот.

Музичкото партнерство на ова дуо започнува на престижниот фестивал за музика во Њупорт во 2019 година, и оттогаш тие заеднички настапуваат во салите низ САД и Европа. Двајцата уметници имаат завидни солистички кариери, а заедно на подиумот на стандардниот репертоар му носат свежа и моќна енергија. Ирина Мурезану и Даниел дел Пино ги поврзува и заедничкиот интерес да креираат програми кои се музички комплексни, но истовремено подеднакво интересни и едукативни за публика од сите возрасти.

The post Мурезану и Дел Пино во Света Софија приредија возбудливо музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“ appeared first on Република.

]]>

Возбудливо музичко патување во светот на класичната музика приреди вчеравечер фестивалот „Охридско лето“ преку концертот на една од најбараните светски виолинистки Ирина Мурезану од Романија која настапи заедно со шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино. Нејзината возбудлива, искрена и елегантна изведба  на класичниот репертоар, вчеравечер  ја воодушеви фестивалската публика на подиумот во црквата „Света Софија“. Двајцата исклучително добри уметници настапија во рамки на традиционалната Романска вечер на фестивалот „Охридско лето“ што ја отвори амбасадорката на Романија во земјава, Адела Моника Аксинте. -Како што навестува и насловот, станува збор за репертоар што го следи, музички и географски, патот што води од Букурешт до Мадрид, со попатни станици во Унгарија, Австрија, Германија и Франција кои се претставени со делата на значајните композитори од овие земји. Оваа прилика ја користам да  ја пофалам исклучителната посветеност и професионалност на организаторите на фестивалот „Охридско лето“. Најтопли честитки до генералниот директор на фестивалот Наташа Поповиќ и до маестра Бисера Чадловска, селекторка на програмата, како и до целиот тим што од  година во година го овозможува фестивалот „Охридско лето“  како еден од најпрестижните настани  во земјава и Европа, рече амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, отворајќи на традиционалната Романска вечер на фестивалот. Музичкото партнерство на ова дуо започнува на престижниот фестивал за музика во Њупорт во 2019 година, и оттогаш тие заеднички настапуваат во салите низ САД и Европа. Двајцата уметници имаат завидни солистички кариери, а заедно на подиумот на стандардниот репертоар му носат свежа и моќна енергија. Ирина Мурезану и Даниел дел Пино ги поврзува и заедничкиот интерес да креираат програми кои се музички комплексни, но истовремено подеднакво интересни и едукативни за публика од сите возрасти.

The post Мурезану и Дел Пино во Света Софија приредија возбудливо музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“ appeared first on Република.

]]>
Уметничкиот проект „Од Букурешт до Мадрид“ на Романската вечер на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/umetnichkiot-proekt-od-bukuresht-do-madrid-na-romanskata-vecher-na-ohridsko-leto/ Thu, 01 Aug 2024 09:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=802229

Фестивалот „Охридско лето“ во втората половина од годинешната програма влегува со Романската вечер и избрана музичка програма наречена „Од Букурешт до Мадрид“ во изведба на уметниците Ирина Муртезану на виолина и Даниел дел Пино на пијано.

Романската виолинистка Ирина Мурезану и шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино го претставуваат возбудливото музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“ инспирирано од нивното лично културно наследство. Како што кажува насловoт, репертоарот музички и географски го следи патот кој води од едниот до другиот град со попатни станици во Унгарија, Австрија, Германија и Франција кои се претставени со делата на значајни композитори од овие земји.

Музичкото партнерство на ова дуо започнува на престижниот фестивал за музика во Њупорт во 2019 година, и од тогаш тие заеднички настапуваат во салите низ САД и Европа. Двајцата уметници имаат завидни солистички кариери, а заедно на подиумот на стандардниот репертоар му носат свежа и моќна енергија. Ирина Мурезану и Даниел дел Пино ги поврзува и заедничкиот интерес да креираат програми кои се музички комплексни, но истовремено подеднакво интересни и едукативни за публика од сите возрасти.

На програмата на вечерашниот концерт се дела на Константинеску од Романија, унгарскиот композитор Барток, Брамс од Германија, Крајслер од Австрија, Равел како претставник на Франција, Де Фаља и де Сарасате како композитори од Шпанија.

Концертот ќе се одржи во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

The post Уметничкиот проект „Од Букурешт до Мадрид“ на Романската вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Охридско лето“ во втората половина од годинешната програма влегува со Романската вечер и избрана музичка програма наречена „Од Букурешт до Мадрид“ во изведба на уметниците Ирина Муртезану на виолина и Даниел дел Пино на пијано.
Романската виолинистка Ирина Мурезану и шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино го претставуваат возбудливото музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“ инспирирано од нивното лично културно наследство. Како што кажува насловoт, репертоарот музички и географски го следи патот кој води од едниот до другиот град со попатни станици во Унгарија, Австрија, Германија и Франција кои се претставени со делата на значајни композитори од овие земји.
Музичкото партнерство на ова дуо започнува на престижниот фестивал за музика во Њупорт во 2019 година, и од тогаш тие заеднички настапуваат во салите низ САД и Европа. Двајцата уметници имаат завидни солистички кариери, а заедно на подиумот на стандардниот репертоар му носат свежа и моќна енергија. Ирина Мурезану и Даниел дел Пино ги поврзува и заедничкиот интерес да креираат програми кои се музички комплексни, но истовремено подеднакво интересни и едукативни за публика од сите возрасти. На програмата на вечерашниот концерт се дела на Константинеску од Романија, унгарскиот композитор Барток, Брамс од Германија, Крајслер од Австрија, Равел како претставник на Франција, Де Фаља и де Сарасате како композитори од Шпанија.
Концертот ќе се одржи во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

The post Уметничкиот проект „Од Букурешт до Мадрид“ на Романската вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>