рок симфонија Archives - Република https://republika.mk/tema/rok-simfonija/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 08:14:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рок симфонија Archives - Република https://republika.mk/tema/rok-simfonija/ 32 32 Рок симфонијата „Simply the best” посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер на 1 јуни во „Арена Борис Трајковски“ https://republika.mk/scena/rok-simfonijata-simply-the-best-posvetena-na-kralitsata-na-rokenrolot-i-muzichkata-ikona-tina-tarner-na-1-juni-vo-arena-boris-trajkovski/ Wed, 27 Mar 2024 08:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=759142

Ексклузивниот концерт кој го има пропатувано речиси целиот свет, конечно и во Македонија! Рок симфонијата "Simply the best" посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена на 1 јуни во „Арена Борис Трајковски“ со повеќе од 40 луѓе на сцената.

Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и музичар кој остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува во генерациите кои доаѓаат.

Присутните ќе имаат можност да уживаат слушајќи ги највлијателните и најпознатите хитови како што се „Proud Mary“, „What’s Love got to do with It“, „Simply the best“, „We don’t need another hero“ и многу други. Добро познатите балади ќе ги разнежнат сите присутни, а брзите ритми ќе ги подигнат сите на нозе.

Рок симфонијата е посветена токму на неа, а на истата ќе се изведуваат и песни од бендови како „Gun's and roses“, „Deep purple“, „AC/DC“, како и познати дуети кои ја одбележаа светската кариера на Тина.

На 1 јуни, публиката ќе има можност на еден поинаков начин да ја почувствува енергијата на легендарната Тина. Тина Тарнер беше една од најголемите рок пејачки на сите времиња и така и ќе остане запомнета.

Сите оние кои сакаат да доживеат ноќ исполнета со многу енергија и страст, можат уште веднаш да ја купат својата влезница. Влезниците се пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и Јк травел во Бисер.

The post Рок симфонијата „Simply the best” посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер на 1 јуни во „Арена Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Ексклузивниот концерт кој го има пропатувано речиси целиот свет, конечно и во Македонија! Рок симфонијата "Simply the best" посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена на 1 јуни во „Арена Борис Трајковски“ со повеќе од 40 луѓе на сцената. Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и музичар кој остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува во генерациите кои доаѓаат. Присутните ќе имаат можност да уживаат слушајќи ги највлијателните и најпознатите хитови како што се „Proud Mary“, „What’s Love got to do with It“, „Simply the best“, „We don’t need another hero“ и многу други. Добро познатите балади ќе ги разнежнат сите присутни, а брзите ритми ќе ги подигнат сите на нозе. Рок симфонијата е посветена токму на неа, а на истата ќе се изведуваат и песни од бендови како „Gun's and roses“, „Deep purple“, „AC/DC“, како и познати дуети кои ја одбележаа светската кариера на Тина. На 1 јуни, публиката ќе има можност на еден поинаков начин да ја почувствува енергијата на легендарната Тина. Тина Тарнер беше една од најголемите рок пејачки на сите времиња и така и ќе остане запомнета. Сите оние кои сакаат да доживеат ноќ исполнета со многу енергија и страст, можат уште веднаш да ја купат својата влезница. Влезниците се пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и Јк травел во Бисер.

The post Рок симфонијата „Simply the best” посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер на 1 јуни во „Арена Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Со рок симфонија почнува фестивалот „Балкан Гала 2022“ во Битола https://republika.mk/scena/muzika/so-rok-simfonija-pochnuva-festivalot-balkan-gala-2022-vo-bitola/ Wed, 06 Jul 2022 07:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=524581

Со Рок симфонија и настап на домашни, балкански, но и интернационални артисти, вечерва на ракометното игралиште во Битола почнува дводневниот фестивал „Балкан Гала 2022“.

Дел од вечерашното отворање ќе бидат Ристо Вртев, Гиле (Електрични Оргазам), Ружица (Ареа), Пеце (Суперхикс) и добро познатите и редовни гости на Рок симфонијата на Камерниот оркестар на Битола (КОБ), Михајло Трајковски - Сак и Жарко Јакимоски.

Скоро една деценија како Камерниот оркестар настапува со своите проекти низ Македонија на скоро сите фестивали, но и на најголемите фестивали низ целиот Балкан. „Балкан Гала“ е производ на природното созревање на најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола. Публиката секоја година во се поголем број ги посетува настаните на КОБ, што во суштина е и причина за создавањето на „Балкан Гала“ кој полека прераснува во традиционален настан што се одржува секоја година и секое издание ги проширува границите за артистите што гостуваат - велат организаторите.

По завршувањето на Рок симфонијата, во 23:00 часот, забавата ќе продолжи со британскиот ди-џеј Дарен Емерсон (екс фронтмен на легендарните „Underworld”), како и со Горан Кан и Херцел од Македонија.

Утрешната вечер е резервирана за Поп симфонија, под диригентство на маестро Владимир Димовски, а ќе настапат домашни и странски артисти меѓу кои Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски,…

The post Со рок симфонија почнува фестивалот „Балкан Гала 2022“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Со Рок симфонија и настап на домашни, балкански, но и интернационални артисти, вечерва на ракометното игралиште во Битола почнува дводневниот фестивал „Балкан Гала 2022“. Дел од вечерашното отворање ќе бидат Ристо Вртев, Гиле (Електрични Оргазам), Ружица (Ареа), Пеце (Суперхикс) и добро познатите и редовни гости на Рок симфонијата на Камерниот оркестар на Битола (КОБ), Михајло Трајковски - Сак и Жарко Јакимоски.
Скоро една деценија како Камерниот оркестар настапува со своите проекти низ Македонија на скоро сите фестивали, но и на најголемите фестивали низ целиот Балкан. „Балкан Гала“ е производ на природното созревање на најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола. Публиката секоја година во се поголем број ги посетува настаните на КОБ, што во суштина е и причина за создавањето на „Балкан Гала“ кој полека прераснува во традиционален настан што се одржува секоја година и секое издание ги проширува границите за артистите што гостуваат - велат организаторите.
По завршувањето на Рок симфонијата, во 23:00 часот, забавата ќе продолжи со британскиот ди-џеј Дарен Емерсон (екс фронтмен на легендарните „Underworld”), како и со Горан Кан и Херцел од Македонија. Утрешната вечер е резервирана за Поп симфонија, под диригентство на маестро Владимир Димовски, а ќе настапат домашни и странски артисти меѓу кои Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски,…

The post Со рок симфонија почнува фестивалот „Балкан Гала 2022“ во Битола appeared first on Република.

]]>