Роџер Вотерс Archives - Република https://republika.mk/tema/rodzer-voters/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Feb 2023 11:59:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Роџер Вотерс Archives - Република https://republika.mk/tema/rodzer-voters/ 32 32 Концертите на Роџер Вотерс во Германија и Полска се откажуваат поради неговите повици музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за Путин https://republika.mk/scena/muzika/kontsertite-na-rodher-voters-vo-germanija-i-polska-se-otkazhuvaat-poradi-negovite-povitsi-muzicharite-da-ne-nastapuvaat-vo-izrael-i-poddrshkata-za-putin/ Wed, 01 Feb 2023 11:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=603340

Германската турнеја на поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, се соочува со зголемени повици да се откаже, наведувајќи го неговиот се поотворен антисемитизам, повиците до музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за рускиот претседател Владимир Путин.

Роџерс ги навредувал и музичарите кои настапуваат во Израел, а на мета на поранешниот басист на Пинк Флојд биле Ник Кејв и Том Јорк од групата Radiohead.

Вотерс не се плаши искрено да го каже своето мислење, дури и за сериозни теми, пишува веб-страницата Rock Celebrity. Иако тврди дека никогаш во животот немал антисемитски мисли, сега се соочува со обвинувања за антисемитизам, што ги доведе во прашање концертите во Германија. Тој се подготвува за турнејата наречена „This is not a drill tour“, во чии рамки на 28 мај треба да настапи во неколку германски градови, меѓу кои и Франкфурт. Сепак, политичарите од Франкфурт, вклучително и градоначалникот Наргес Ескандари-Гринберг, бараат да се откаже неговиот концерт. Од почетокот на војната во Украина, Вотерс го поддржува Кремљ и ги критикуваше западните влади за испраќање оружје во Украина, а го обвини и американскиот претседател Џо Бајден дека го провоцира почетокот на војната.

Не се само концертите во Германија во прашање. Одредени извори во Полска објавија дека двата концерта на Вотерс закажани за април во Полска исто така биле откажани поради неговите ставови за војната во Украина. Тој неодамна испрати отворено писмо до првата дама на Украина, Олена Зеленски, во кое ја критикуваше владата во Киев дека ги охрабрува екстремните националисти. Тоа предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

The post Концертите на Роџер Вотерс во Германија и Полска се откажуваат поради неговите повици музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за Путин appeared first on Република.

]]>

Германската турнеја на поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, се соочува со зголемени повици да се откаже, наведувајќи го неговиот се поотворен антисемитизам, повиците до музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за рускиот претседател Владимир Путин. Роџерс ги навредувал и музичарите кои настапуваат во Израел, а на мета на поранешниот басист на Пинк Флојд биле Ник Кејв и Том Јорк од групата Radiohead. Вотерс не се плаши искрено да го каже своето мислење, дури и за сериозни теми, пишува веб-страницата Rock Celebrity. Иако тврди дека никогаш во животот немал антисемитски мисли, сега се соочува со обвинувања за антисемитизам, што ги доведе во прашање концертите во Германија. Тој се подготвува за турнејата наречена „This is not a drill tour“, во чии рамки на 28 мај треба да настапи во неколку германски градови, меѓу кои и Франкфурт. Сепак, политичарите од Франкфурт, вклучително и градоначалникот Наргес Ескандари-Гринберг, бараат да се откаже неговиот концерт. Од почетокот на војната во Украина, Вотерс го поддржува Кремљ и ги критикуваше западните влади за испраќање оружје во Украина, а го обвини и американскиот претседател Џо Бајден дека го провоцира почетокот на војната. Не се само концертите во Германија во прашање. Одредени извори во Полска објавија дека двата концерта на Вотерс закажани за април во Полска исто така биле откажани поради неговите ставови за војната во Украина. Тој неодамна испрати отворено писмо до првата дама на Украина, Олена Зеленски, во кое ја критикуваше владата во Киев дека ги охрабрува екстремните националисти. Тоа предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

The post Концертите на Роџер Вотерс во Германија и Полска се откажуваат поради неговите повици музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за Путин appeared first on Република.

]]>
За фронтменот на „Пинк флојд“ Роџер Ватерс, Бајден е „воен злосторник“ https://republika.mk/vesti/svet/za-frontmenot-na-pink-flojd-rodzer-vaters-bajden-e-voen-zlostornik/ Sun, 07 Aug 2022 20:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=537783

Роџер Вaтерс фронтмен на култната „Пинк Флојд“ е на турнеја низ САД, на чии концерти на голем екран се појавува слајд шоу со слики на разни личности означени како „воен криминалец“, меѓу кои се појавува и ликот на претседателот на САД, Џо Бајден. 

Во синоќешното интервју со Мајкл Смеркониш, новинар и водител на Си-ен-ен, Вaтерс го бранеше етикетирањето на Бајден како воен злосторник. 

Во слајд шоуто претседателот на САД се појавува веднаш по неговиот претходник, Доналд Трамп, меѓу другите личности, со порака до концертните фанови дека сегашниот претседател „само што почнал“ со воените злосторства. 

Во разговорот, Смеркониш, кој веднаш истакна дека е обожавател на музиката на Вaтерс, но дека со него не споделува повеќе политички ставови, музичарот беше прашан зошто смета дека Бајден треба да биде дел од таа навредлива концертна презентација. 

Па, за почеток, тој го разгорува огнот во Украина – тоа е големо злосторство. Зошто Соединетите Американски Држави не го охрабрат (украинскиот) претседател (Володомир) Зеленски да преговара, за да нема потреба од ова ужасна и грозоморна војна која убива… не знаме колку многу Руси - рече Вотерс. 

Смеркониш одговори посочувајќи му на Вaтерс дека тој „го сфатил ова погрешно“ и дека музичарот греши кога „ја обвинува страната која е под инвазија“. Вaтерс го бранеше својот став со зборовите „па, секоја војна, кога почнува? Треба да се вратиш назад во историјата и да кажеш, почнала на овој ден“. 

Може да се каже дека почна во 2008 – оваа војна е во основа акција и реакција на притисокот на НАТО директно до границите на Русија, што тие ветија дека нема да го прават кога (последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил) Горбачов преговараше за повлекување на СССР од Источна Европа. 

Смеркониш, зачуден од ваквите ставови го наговараше Вaтерс да ја прифати како „ослободител“ улогата на САД во војната меѓу Украина и Русија, на што Вотерс мослкавично одговара дека „вие немате улога на ослободители. Што зборуваш“

Смеркониш ја става на маса темата за Втората светска војна како пример, нo Вотерс брзо ја отфрли велејќи дека „вие (САД) влеговте во Втора светска војна поради Перл Харбор. Вие бевте комплетни изолационисти сѐ до тој тажен, уништувачки и грозен ден (неразбирливо) - во 1941“. 

Посочувајќи дека татко му на Вотерс загинал во војната, Смеркониш се обидува да реплицира со „би сметал дека кога и да е ние ќе се вклучевме (во војната) но (Перл Харбор) не турна побрзо. Но, фала Богу Соединетите Држави влегоа во војната, нели е така“? 

Вотерс повторно отфрла со „но, фала Богу Русите веќе речиси победија во крвавата војна, до тогаш. Не заборавај, 23 милиони Русија загинаа во војната бранејќи ме мене и тебе од наци заканата“. 

Кога Смеркониш се обиде да поентира дека Русите би требало да ја научат лекцијата од војната и да не ја напаѓаат Украина, Вотерс туторски му вели „Мајкл, со сето твое читање, те советувам да одиш и да почиташ уште малку и тогаш да се обидеш да сфатиш што САД би направиле ако Кина постави нукларни проектили во Мексико и Канада“. 

Разговорот продолжува без совпаѓање на ставовите и за човековите права, американската војна во Авганистан и Ирак, Кина и Тајван. 

Турнејата на Вотерс е наречeна „Ова не е воена вежба“ (This is Not a Drill) и деновие се одвива во повеќе градови низ САДНа 16 август тој настапува и во престолнината Вашингтон. На шоуто се зборува и за полициското насилство врз Афроамериканците, полуавтоматските оружја, за абортусот и сето тоа се покажува на огромен видео екран во форма на крст. 

The post За фронтменот на „Пинк флојд“ Роџер Ватерс, Бајден е „воен злосторник“ appeared first on Република.

]]>

Роџер Вaтерс фронтмен на култната „Пинк Флојд“ е на турнеја низ САД, на чии концерти на голем екран се појавува слајд шоу со слики на разни личности означени како „воен криминалец“, меѓу кои се појавува и ликот на претседателот на САД, Џо Бајден.  Во синоќешното интервју со Мајкл Смеркониш, новинар и водител на Си-ен-ен, Вaтерс го бранеше етикетирањето на Бајден како воен злосторник.  Во слајд шоуто претседателот на САД се појавува веднаш по неговиот претходник, Доналд Трамп, меѓу другите личности, со порака до концертните фанови дека сегашниот претседател „само што почнал“ со воените злосторства.  Во разговорот, Смеркониш, кој веднаш истакна дека е обожавател на музиката на Вaтерс, но дека со него не споделува повеќе политички ставови, музичарот беше прашан зошто смета дека Бајден треба да биде дел од таа навредлива концертна презентација. 
Па, за почеток, тој го разгорува огнот во Украина – тоа е големо злосторство. Зошто Соединетите Американски Држави не го охрабрат (украинскиот) претседател (Володомир) Зеленски да преговара, за да нема потреба од ова ужасна и грозоморна војна која убива… не знаме колку многу Руси - рече Вотерс. 
Смеркониш одговори посочувајќи му на Вaтерс дека тој „го сфатил ова погрешно“ и дека музичарот греши кога „ја обвинува страната која е под инвазија“. Вaтерс го бранеше својот став со зборовите „па, секоја војна, кога почнува? Треба да се вратиш назад во историјата и да кажеш, почнала на овој ден“. 
Може да се каже дека почна во 2008 – оваа војна е во основа акција и реакција на притисокот на НАТО директно до границите на Русија, што тие ветија дека нема да го прават кога (последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил) Горбачов преговараше за повлекување на СССР од Источна Европа. 
Смеркониш, зачуден од ваквите ставови го наговараше Вaтерс да ја прифати како „ослободител“ улогата на САД во војната меѓу Украина и Русија, на што Вотерс мослкавично одговара дека „вие немате улога на ослободители. Што зборуваш“ Смеркониш ја става на маса темата за Втората светска војна како пример, нo Вотерс брзо ја отфрли велејќи дека „вие (САД) влеговте во Втора светска војна поради Перл Харбор. Вие бевте комплетни изолационисти сѐ до тој тажен, уништувачки и грозен ден (неразбирливо) - во 1941“.  Посочувајќи дека татко му на Вотерс загинал во војната, Смеркониш се обидува да реплицира со „би сметал дека кога и да е ние ќе се вклучевме (во војната) но (Перл Харбор) не турна побрзо. Но, фала Богу Соединетите Држави влегоа во војната, нели е така“?  Вотерс повторно отфрла со „но, фала Богу Русите веќе речиси победија во крвавата војна, до тогаш. Не заборавај, 23 милиони Русија загинаа во војната бранејќи ме мене и тебе од наци заканата“.  Кога Смеркониш се обиде да поентира дека Русите би требало да ја научат лекцијата од војната и да не ја напаѓаат Украина, Вотерс туторски му вели „Мајкл, со сето твое читање, те советувам да одиш и да почиташ уште малку и тогаш да се обидеш да сфатиш што САД би направиле ако Кина постави нукларни проектили во Мексико и Канада“.  Разговорот продолжува без совпаѓање на ставовите и за човековите права, американската војна во Авганистан и Ирак, Кина и Тајван.  Турнејата на Вотерс е наречeна „Ова не е воена вежба“ (This is Not a Drill) и деновие се одвива во повеќе градови низ САДНа 16 август тој настапува и во престолнината Вашингтон. На шоуто се зборува и за полициското насилство врз Афроамериканците, полуавтоматските оружја, за абортусот и сето тоа се покажува на огромен видео екран во форма на крст. 

The post За фронтменот на „Пинк флојд“ Роџер Ватерс, Бајден е „воен злосторник“ appeared first on Република.

]]>