родителство Archives - Република https://republika.mk/tema/roditelstvo/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 10:37:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png родителство Archives - Република https://republika.mk/tema/roditelstvo/ 32 32 Психолог: Родителите кои ги прават овие 6 работи безусловно ги сакаат своите деца https://republika.mk/zivot/psihologija/psiholog-roditelite-koi-gi-pravat-ovie-6-raboti-bezuslovno-gi-sakaat-svoite-detsa/ Mon, 14 Oct 2024 10:37:54 +0000 https://republika.mk/?p=826514

Безусловна љубов значи да сакаш некого без никакви услови и очекувања. Од клучно значење е родителите да им пружат на своите деца ваква љубов бидејќи тоа им дава чувство на сигурност и самопочит.

Кога децата чувствуваат дека се сакани без разлика на околностите, тие развиваат емоционална стабилност и самодоверба, што има клучна улога во нивниот развој.

Детскиот психолог, мајка и едукатор за родители, Џејми Блох, издвои шест начини на кои родителите можат да покажат безусловна љубов кон своите деца.

Еве што таа ги советува родителите:

1. Бидете присутни

„Одвојте одредено време секој ден за целосна интеракција со вашите деца, без разлика дали тоа е за време на вечерата или пред спиење. Оставете ги сите уреди и целосно фокусирајте се на нив“, вели психологот.

2. Активно слушајте

Блох објаснува:

„Кога вашите деца споделуваат мисли или приказни, спуштете се на нивното ниво и слушајте без да прекинувате“.

3. Обезбедете безусловна поддршка

Ако децата сакаат да пробаат нов спорт, но се нервозни, важно е родителите да ги охрабрат, без оглед на нивните минати успеси.

„Кажете нешто како: „Сигурен сум дека секоја недела ќе се подобруваш! Можеме да вежбаме заедно“, советува психологот.

4. Изразувајте наклонетост и љубов

Блох истакнува:

„Направете навика да им давате на вашите деца прегратка или бакнеж пред да одат на училиште и кога ќе се вратат дома. Овие физички знаци на внимание создаваат чувство на сигурност и припадност“.

5. Создадете безбедна средина

Родителите можат да поттикнат отворена комуникација со одржување редовни „семејни разговори“ каде секој може да ги сподели своите чувства. „Ако вашите деца се чувствуваат удобно да зборуваат за своите грижи, ќе знаат дека можат да се изразат без страв од осудување“, вели психологот.

6. Учете преку грешки

„Ако вашето дете истури сок на подот, наместо да реагирате негативно, смирено кажете: „Грешки се случуваат! Ќе го исчистиме заедно.“ Тој пристап ги учи дека е во ред да прават грешки и дека ќе ги поддржувате во процесот на учење“, објаснува Блох.

„Зборовите што ги слушаат нашите деца постојано ја обликуваат нивната внатрешна приказна. Има голема разлика помеѓу „Те сакам, чувај се“ и „Те сакам и верувам дека можеш“. Како што растат, тоа може да направи светот околу нив да изгледа како да е исполнет со опасности што треба да ги избегнуваат или, од друга страна, со предизвици што можат да ги прифатат“, заклучува психологот.

The post Психолог: Родителите кои ги прават овие 6 работи безусловно ги сакаат своите деца appeared first on Република.

]]>

Безусловна љубов значи да сакаш некого без никакви услови и очекувања. Од клучно значење е родителите да им пружат на своите деца ваква љубов бидејќи тоа им дава чувство на сигурност и самопочит. Кога децата чувствуваат дека се сакани без разлика на околностите, тие развиваат емоционална стабилност и самодоверба, што има клучна улога во нивниот развој. Детскиот психолог, мајка и едукатор за родители, Џејми Блох, издвои шест начини на кои родителите можат да покажат безусловна љубов кон своите деца. Еве што таа ги советува родителите: 1. Бидете присутни „Одвојте одредено време секој ден за целосна интеракција со вашите деца, без разлика дали тоа е за време на вечерата или пред спиење. Оставете ги сите уреди и целосно фокусирајте се на нив“, вели психологот. 2. Активно слушајте Блох објаснува:
„Кога вашите деца споделуваат мисли или приказни, спуштете се на нивното ниво и слушајте без да прекинувате“.
3. Обезбедете безусловна поддршка Ако децата сакаат да пробаат нов спорт, но се нервозни, важно е родителите да ги охрабрат, без оглед на нивните минати успеси.
„Кажете нешто како: „Сигурен сум дека секоја недела ќе се подобруваш! Можеме да вежбаме заедно“, советува психологот.
4. Изразувајте наклонетост и љубов Блох истакнува:
„Направете навика да им давате на вашите деца прегратка или бакнеж пред да одат на училиште и кога ќе се вратат дома. Овие физички знаци на внимание создаваат чувство на сигурност и припадност“.
5. Создадете безбедна средина Родителите можат да поттикнат отворена комуникација со одржување редовни „семејни разговори“ каде секој може да ги сподели своите чувства. „Ако вашите деца се чувствуваат удобно да зборуваат за своите грижи, ќе знаат дека можат да се изразат без страв од осудување“, вели психологот. 6. Учете преку грешки
„Ако вашето дете истури сок на подот, наместо да реагирате негативно, смирено кажете: „Грешки се случуваат! Ќе го исчистиме заедно.“ Тој пристап ги учи дека е во ред да прават грешки и дека ќе ги поддржувате во процесот на учење“, објаснува Блох.
„Зборовите што ги слушаат нашите деца постојано ја обликуваат нивната внатрешна приказна. Има голема разлика помеѓу „Те сакам, чувај се“ и „Те сакам и верувам дека можеш“. Како што растат, тоа може да направи светот околу нив да изгледа како да е исполнет со опасности што треба да ги избегнуваат или, од друга страна, со предизвици што можат да ги прифатат“, заклучува психологот.

The post Психолог: Родителите кои ги прават овие 6 работи безусловно ги сакаат своите деца appeared first on Република.

]]>
Шамански пристап за родителите – 5 причини зошто родителите се како шамани https://republika.mk/zivot/psihologija/shamanski-pristap-za-roditelite-5-prichini-zoshto-roditelite-se-kako-shamani/ Sun, 05 May 2024 18:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=774233

Шаманите се исцелители на рани кои ги водат луѓето кога ќе се загубат движејќи се низ животот и исполнуваат повеќе функции, исто како родителот. Па ако сте родител, тогаш мора да дознаете за шаманскиот пристап за родителите.

Родителството е една од најнаградуваните улоги што можеме да ги имаме како луѓе. Како родители, нашата работа е да ги воспитуваме, водиме и штитиме нашите деца, да ги лекуваме и да ги подготвиме да се соочат со предизвиците на светот и да ја искусат величественоста на универзумот. И можеби затоа, да се биде родител честопати е слично на тоа да се биде шаман.

1. Тие создаваат безбеден простор

Шаманот, пред да почне со процесот на исцелување најпрвин создава погодна средина каде што може да се одвива самиот процес. На тој начин, шаманот му помага на пациентот да се поврзе со своето внатрешно јас, нешто што е неопходно за лечење на неговата душа. Од друга страна, и родителите имаат тенденција да го прават истото со своите деца. Тие се обидуваат да создадат безбедно засолниште кое ќе им овозможи на децата да бидат ментално и физички здрави.

2. Тие се водачи, а не инструктори

Шаманите ги водат пациентите во процесот на духовното исцелување преку давање совети, а дали тие ќе ги следат советите или не зависи првенствено од нив. Целта на шаманот е духовно да ја лекува личноста, а не да ја контролира. Родителите кои сакаат да израснат здрави и среќни деца го прават истото.

3. Тие не судат

Исцелителите не ги судат своите пациенти. Напротив, тие имаат високо ниво на емпатија, сочувство и љубезност што им дава можност да ги смират пациентите.

Меѓу другото, тие ја гледаат реалноста онаква каква што е. Нивната интуиција, разбирање и видовитоста им помагаат да разберат што е потребно за да му се помогне на другиот. Така, нивната примарна цел е да им помагаат на луѓето, а не да ги истакнуваат нивните мани и несовршености.

Родителите го прават истото со своите деца. Тие не ги етикетираат или осудуваат поради нивните грешки туку им помагаат да ги осознаат своите грешки и да учат од нив. Родителите се оние кои ги водат децата во потрагата по сопствениот пат и им помагаат да се вратат на вистинскиот пат кога ќе се изгубат.


Извор: Убавина и здравје

The post Шамански пристап за родителите – 5 причини зошто родителите се како шамани appeared first on Република.

]]>

Шаманите се исцелители на рани кои ги водат луѓето кога ќе се загубат движејќи се низ животот и исполнуваат повеќе функции, исто како родителот. Па ако сте родител, тогаш мора да дознаете за шаманскиот пристап за родителите. Родителството е една од најнаградуваните улоги што можеме да ги имаме како луѓе. Како родители, нашата работа е да ги воспитуваме, водиме и штитиме нашите деца, да ги лекуваме и да ги подготвиме да се соочат со предизвиците на светот и да ја искусат величественоста на универзумот. И можеби затоа, да се биде родител честопати е слично на тоа да се биде шаман. 1. Тие создаваат безбеден простор Шаманот, пред да почне со процесот на исцелување најпрвин создава погодна средина каде што може да се одвива самиот процес. На тој начин, шаманот му помага на пациентот да се поврзе со своето внатрешно јас, нешто што е неопходно за лечење на неговата душа. Од друга страна, и родителите имаат тенденција да го прават истото со своите деца. Тие се обидуваат да создадат безбедно засолниште кое ќе им овозможи на децата да бидат ментално и физички здрави. 2. Тие се водачи, а не инструктори Шаманите ги водат пациентите во процесот на духовното исцелување преку давање совети, а дали тие ќе ги следат советите или не зависи првенствено од нив. Целта на шаманот е духовно да ја лекува личноста, а не да ја контролира. Родителите кои сакаат да израснат здрави и среќни деца го прават истото. 3. Тие не судат Исцелителите не ги судат своите пациенти. Напротив, тие имаат високо ниво на емпатија, сочувство и љубезност што им дава можност да ги смират пациентите. Меѓу другото, тие ја гледаат реалноста онаква каква што е. Нивната интуиција, разбирање и видовитоста им помагаат да разберат што е потребно за да му се помогне на другиот. Така, нивната примарна цел е да им помагаат на луѓето, а не да ги истакнуваат нивните мани и несовршености. Родителите го прават истото со своите деца. Тие не ги етикетираат или осудуваат поради нивните грешки туку им помагаат да ги осознаат своите грешки и да учат од нив. Родителите се оние кои ги водат децата во потрагата по сопствениот пат и им помагаат да се вратат на вистинскиот пат кога ќе се изгубат.
Извор: Убавина и здравје

The post Шамански пристап за родителите – 5 причини зошто родителите се како шамани appeared first on Република.

]]>
Грешката која ја правите како родител според хороскопскиот знак! https://republika.mk/zivot/semejstvo/greshkata-koja-ja-pravite-kako-roditel-spored-horoskopskiot-znak/ Tue, 03 May 2022 16:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=497025

Овен
Сакате да бидете постојано со своите деца и, иако, во суштина е добро тоа што им посветувате многу внимание, понекогаш е потребно да им дадете малку простор и самите да научат нешто ново.

Бик
По природа сте мошне тврдоглави, но имате големо срце.

Секогаш сте тука за да ги научите вашите деца на вистинските вредности и принципи, но не секогаш сте во право – запомнете дека и вие знаете да згрешите.

Близнаци
Забавни сте со децата, па така најверојатно на вашите наследници ќе им ја пренесете и силната смисла за хумор, креативноста и интелигенцијата.

Вие сте дефинитивно забавен родител, но понекогаш на децата им е потребна малку повеќе дисциплина и структура.

Рак
Вас ве водат емоциите на секое поле, па така и во односот со децата.

Сепак, понекогаш добро е да заборавите на чувствата и да бидете малку построги со вашите деца – не дозволувајте да манипулираат со вашите емоции.

Лав
Вие во суштина сакате да доминирате, но кога станува збор за вашите деца, често знаете да заборавите на гордоста и да бидете најдобриот пријател и водич за сопствените деца.

Вам не ви е потребен совет, имате вродена интуиција за тоа како да се однесувате со децата.

Девица
За Девиците е мошне важно сè да биде беспрекорно и да има ред, и, иако тоа може да биде од помош додека ги учите децата што се мали, сепак за оние повозрасните деца мора да сфатите дека треба да оставите малку простор тие да научат од сопствените грешки.

Терезија
Вагите се обидуваат постојано да воспостават баланс во сите аспекти на животот на нивното дете: колку часа е пред монитор, каква храна јаде, колку време спие…

Потребно е малку да ја ограничите оваа сопствена потреба особено во периодот кога децата се сè уште мали и да сфатите дека не можете да ги „предвидите“ сите аспекти од животот на детето.

Скорпија
Скорпиите по природа се посесивни, а такви се и кон сопствените деца.

Обидете се малку да намалите на оваа своја карактеристика и дајте им простор на децата да „дишат“, инаку, во спротивно, мошне лесно можете да развиете негативен однос со детето.

Стрелец
Спонтани и авантуристи, Стрелците како родители се единствени по тоа што знаат како да го научат сопственото дете да биде амбициозно, но и безгрижно.

Секогаш знаете како на забавен начин да го научите вашето дете дека е убаво да стигне до целта, но исто така и да ужива во патувањето.

Јарец
Јарците се мошне пресметани, и познати се по тоа што внимателно ги пресметуваат сите свои чекори и внимаваат на туѓите намери.

Сепак кога станува збор за децата потребно е малку да се опуштите – немаат сите скриени „нечесни“ намери на коишто треба да внимавате.

Водолија
Познати сте како најголеми ексцентрици во Зодијакот. Вие сте мошне либерални родители и им дозволувате на децата да прават што сакаат.

Запомнете дека со децата понекогаш е потребно да бидете строги за да ги научите како да се справуваат со сите предизвици во животот.

Риби
Рибите ќе направат сè за нивните деца да се чувствуваат удобно. Подготвени се и цел ден да го поминат во чистење и раскревање по децата, а притоа да не побараат никаква помош од нив.

Потребно е да ги научите вашите деца дека треба сами да раскреваат зад себе и да сфатат дека за удобноста мора да се потрудат.

The post Грешката која ја правите како родител според хороскопскиот знак! appeared first on Република.

]]>

Овен Сакате да бидете постојано со своите деца и, иако, во суштина е добро тоа што им посветувате многу внимание, понекогаш е потребно да им дадете малку простор и самите да научат нешто ново. Бик По природа сте мошне тврдоглави, но имате големо срце. Секогаш сте тука за да ги научите вашите деца на вистинските вредности и принципи, но не секогаш сте во право – запомнете дека и вие знаете да згрешите. Близнаци Забавни сте со децата, па така најверојатно на вашите наследници ќе им ја пренесете и силната смисла за хумор, креативноста и интелигенцијата. Вие сте дефинитивно забавен родител, но понекогаш на децата им е потребна малку повеќе дисциплина и структура. Рак Вас ве водат емоциите на секое поле, па така и во односот со децата. Сепак, понекогаш добро е да заборавите на чувствата и да бидете малку построги со вашите деца – не дозволувајте да манипулираат со вашите емоции. Лав Вие во суштина сакате да доминирате, но кога станува збор за вашите деца, често знаете да заборавите на гордоста и да бидете најдобриот пријател и водич за сопствените деца. Вам не ви е потребен совет, имате вродена интуиција за тоа како да се однесувате со децата. Девица За Девиците е мошне важно сè да биде беспрекорно и да има ред, и, иако тоа може да биде од помош додека ги учите децата што се мали, сепак за оние повозрасните деца мора да сфатите дека треба да оставите малку простор тие да научат од сопствените грешки. Терезија Вагите се обидуваат постојано да воспостават баланс во сите аспекти на животот на нивното дете: колку часа е пред монитор, каква храна јаде, колку време спие… Потребно е малку да ја ограничите оваа сопствена потреба особено во периодот кога децата се сè уште мали и да сфатите дека не можете да ги „предвидите“ сите аспекти од животот на детето. Скорпија Скорпиите по природа се посесивни, а такви се и кон сопствените деца. Обидете се малку да намалите на оваа своја карактеристика и дајте им простор на децата да „дишат“, инаку, во спротивно, мошне лесно можете да развиете негативен однос со детето. Стрелец Спонтани и авантуристи, Стрелците како родители се единствени по тоа што знаат како да го научат сопственото дете да биде амбициозно, но и безгрижно. Секогаш знаете како на забавен начин да го научите вашето дете дека е убаво да стигне до целта, но исто така и да ужива во патувањето. Јарец Јарците се мошне пресметани, и познати се по тоа што внимателно ги пресметуваат сите свои чекори и внимаваат на туѓите намери. Сепак кога станува збор за децата потребно е малку да се опуштите – немаат сите скриени „нечесни“ намери на коишто треба да внимавате. Водолија Познати сте како најголеми ексцентрици во Зодијакот. Вие сте мошне либерални родители и им дозволувате на децата да прават што сакаат. Запомнете дека со децата понекогаш е потребно да бидете строги за да ги научите како да се справуваат со сите предизвици во животот. Риби Рибите ќе направат сè за нивните деца да се чувствуваат удобно. Подготвени се и цел ден да го поминат во чистење и раскревање по децата, а притоа да не побараат никаква помош од нив. Потребно е да ги научите вашите деца дека треба сами да раскреваат зад себе и да сфатат дека за удобноста мора да се потрудат.

The post Грешката која ја правите како родител според хороскопскиот знак! appeared first on Република.

]]>