родилка на 61 година Archives - Република https://republika.mk/tema/rodilka-na-61-godina/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 14:12:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png родилка на 61 година Archives - Република https://republika.mk/tema/rodilka-na-61-godina/ 32 32 Скопјанка која се породи на ГАК на 61 година првпат стана мајка https://republika.mk/zivot/zdravje/skopjanka-koja-se-porodi-na-gak-na-61-godina-prvpat-stana-majka/ Tue, 26 Nov 2024 13:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=841931

Скопјанка на 61-годишна возраст првпат стана мајка. Таа е највозрасната прворотка во државата која се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК).

Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Бебето е родено со ин витро оплодување и со сопствена јајце клетка на мајката. Бременоста била следена во приватна ординација во земјава и се породи на ГАК“, изјави директорката на Клиниката д-р Ирена Алексиоска-Папестиев на денешната прес-конференција.

Како што кажа директорката на ГАК, пациентката била породена во 36. гестациска недела со царски рез со уреден оперативен тек. Се родило живо машко бебе тешко 2.350 грама и долго 48 санитиметри. И мајката и бебето се во одлична општа состојба и денеска се пуштени дома. Таа и 65-годишниот сопруг, 37 години се обидувале да станат родители.

„Мајката-херој, како што ја нарековме, е пациентка со исклучително тешко гинеколошко и акушерско минато со 10 инвитро интервенции и 10 спонтани абортуси. Во изминатите години пациентката имала и други 3 гинеколошки операции. Во текот на оваа бременост пациентката имала покачен крвен притисок и дијабет 2, но бременоста била уредна и контролирана. Им честитаме на родителите кои не се откажале од својот сон, не потклекнале на неуспесите, на притисоците од околината и на предрасудите со кои живееме. На Петар и неговите родители им посакуваме одлично здравје, безгрижно детство и долги години на радост минати заедно со семејството, рече д-р Алексиоска-Папестиев.

Од ГАК информираат дека во регионот највозрасна прворотка е Љубица од Србија која родила на 62 години, но со донирана јајце клетка и трансфер извршен во Чешка и Афифа (61 година) исто така од Србија, која по 3 неуспешни ин витро интервенции забременила од четвртата. Во Европа највозрасна прворотка е Шпанка која станала мајка на 62 години, а во светот Индијка на 76 години.

The post Скопјанка која се породи на ГАК на 61 година првпат стана мајка appeared first on Република.

]]>