роденден ВМРО-ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/rodenden-vmro-dpmne/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Jun 2023 12:54:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роденден ВМРО-ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/rodenden-vmro-dpmne/ 32 32 Мицкоски: Кога крадците на државното богатство и на колективната среќа ни велат дека нè спасуваат, тоа се миговите кога Македонија се уништува https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-koga-kradtsite-na-drzhavnoto-bogatstvo-i-na-kolektivnata-sreka-ni-velat-deka-ne-spasuvaat-toa-se-migovite-koga-makedonija-se-unishtuva/ Sun, 18 Jun 2023 12:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=652784

Работите никогаш не биле толку драматични како во последните 6 години кога немаме само лошо владеење, не само управување кое е навреда на интелигенцијата на народот, туку масовен удар по нашето постоење, рекомпонирање на погрешни и новосоздадени основи кои никогаш не биле дел од нашиот код, нашиот идентитет. Кога крадците не само на државното богатство, туку и на колективната среќа ни велат дека нè спасуваат за да ни донесат иднина, треба да знаете дека тоа се миговите кога најмногу нè предаваат и миговите кога Македонија се уништува повеќе од кога и да било порано, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање по повод 33 години од партијата.

Тој додаде дека од власта не уверуваат дека било европски да ги менуваме нашите традиции и нашите верувања, но дека е многу мала вредноста на зачувување на нашата нација, ако нашите традиции не ги сочуваме со неа, ако не го заштитиме нашиот јазик, култура и она што сме и по што се разликуваме.

Ако некој намерно или не намерно не умее да препознае јасен знак на присутна опасност, тогаш јас можам само да кажам дека опасноста никогаш не била појасна и нејзината присутност никогаш не била по видлива. Потребна е промена во погледите, промена во тактиката како држава, промена во мисиите од страна на владата, на народот, од страна на секој лидер и поединец. Затоа што ние денес се соочуваме со акција за бесчувствително декомпонирање на македонскиот национален идентитет, кој се потпира врз мотивот за ширење на своите лукративни сфери на личното влијание на власта за сметка на колективниот интерес, на инфилтрација на личен интереси , наместо инвазија на знаење, на субверзија и одлоговлекување, наместо на избори на заплашување, наместо на слободен избор, на поклонување и наведнување на глава наместо на кажување на аргументи, на простодушност наместо разум, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека разни дипломати и преставници на странски земји со кои се сретнал прашуваат зошто не се попушта пред барањата на Бугарија, но истите пред да го постават тоа прашање треба да дојдат во Македонија да ја разберат историјата и тоа што мисли народот и со што сѐ се соочува.

Има луѓе со кои сум се сретнал, разни дипломати, претставници на странски земји кои велат зошто не попуштите пред барањата на Бугарија. Дојдете господа во Македонија! Дојдете да видите кои се нашите борби и кои се нашите страдања. Да ја разберете нашата историја и да го чуете народот што мисли и како лелека. Има и такви кои велат дека ниту една земја не се изгубила на патот кон интеграцијата. Дојдете господа во Македонија! Дојдете да видите дека ниту една друга држава не го отстапила својот идентитет, јазик и име како што тоа го направи оваа држава. Има и неколкумина од Европа кои велат интеграцијата е најважното прашање. Се согласувам дека е важно, но дојдете во Македонија да видите дека половина милион живеат во сиромаштија, повеќе од 30 илјади живеат во екстремна сиромаштија, со инфлација каква што нема никаде во Европа, заглавени во чекалницата пред истата таа Европа, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Кога крадците на државното богатство и на колективната среќа ни велат дека нè спасуваат, тоа се миговите кога Македонија се уништува appeared first on Република.

]]>

Мицкоски: Овој роденден ќе го одбележиме во знакот на борбата за промени, затоа што е премногу и мора да ја сочуваме Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ovoj-rodenden-kje-go-odbelezime-vo-znakot-na-borbata-za-promeni-zatoa-shto-e-premnogu-i-mora-da-ja-sochuvame-makedonija/ Fri, 17 Jun 2022 09:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=516259

Обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 32 години од формирањето на партијата и 129 години од создавањето на историското ВМРО.

Овие 32 години се времиња поминати на постојана борба, жртва и работа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чии код, своето постоење и своето делување го има посветено на постоењето и делувањето на Македонија.
Благодарност на основачите кои се значаен сегмент во сегашното функционирање на партијата и кое како такво го вреднувам и високо почитувам. Нивното визионерство, чистата љубов кон татковината и борбата за каузата ги сместува во редот на луѓето кои даваа се без да бараат ништо за возврат.
Денес ВМРО-ДПМНЕ се враќа на стабилни победнички патеки и заедно со народот повторно се крева и кога државата се соочува со предизвици, удари, со понижување, со сиромаштија, одрекување и порекнување, ВМРО-ДПМНЕ природно и разбирливо е предводник на знамето кое обединува и тоа е обврската која јас ја прифаќам со чест, со целото мое срце.
Како дел од таа приказна на почитувани и вреднувани, испраќам порака на обединување против лошата власт и Владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе.
Ние овој роденден ќе го одбележиме во знакот на борбата за промени, затоа што е премногу и мора да ја сочуваме Македонија.
Ве повикувам утре во 20 часот на протестот за промени, пред Владата на Република Македонија.
Се гледаме на улиците, со срце и сила за Македонија.
Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ!

The post Мицкоски: Овој роденден ќе го одбележиме во знакот на борбата за промени, затоа што е премногу и мора да ја сочуваме Македонија appeared first on Република.

]]>

Обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 32 години од формирањето на партијата и 129 години од создавањето на историското ВМРО.
Овие 32 години се времиња поминати на постојана борба, жртва и работа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чии код, своето постоење и своето делување го има посветено на постоењето и делувањето на Македонија. Благодарност на основачите кои се значаен сегмент во сегашното функционирање на партијата и кое како такво го вреднувам и високо почитувам. Нивното визионерство, чистата љубов кон татковината и борбата за каузата ги сместува во редот на луѓето кои даваа се без да бараат ништо за возврат. Денес ВМРО-ДПМНЕ се враќа на стабилни победнички патеки и заедно со народот повторно се крева и кога државата се соочува со предизвици, удари, со понижување, со сиромаштија, одрекување и порекнување, ВМРО-ДПМНЕ природно и разбирливо е предводник на знамето кое обединува и тоа е обврската која јас ја прифаќам со чест, со целото мое срце. Како дел од таа приказна на почитувани и вреднувани, испраќам порака на обединување против лошата власт и Владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе. Ние овој роденден ќе го одбележиме во знакот на борбата за промени, затоа што е премногу и мора да ја сочуваме Македонија. Ве повикувам утре во 20 часот на протестот за промени, пред Владата на Република Македонија. Се гледаме на улиците, со срце и сила за Македонија. Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ!