робови Archives - Република https://republika.mk/tema/robovi/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 07:38:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png робови Archives - Република https://republika.mk/tema/robovi/ 32 32 34-годишен Србин чувал маж и девојка како робови и им ја земал социјалната помош https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/34-godishen-srbin-chuval-mazh-i-devojka-kako-robovi-i-im-ja-zemal-sotsijalnata-pomosh/ Wed, 13 Dec 2023 21:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=722714

34-годишен маж од Србија е обвинет дека од втората половина на 2021 година до 17 ноември 2022 година во Николинци како робови држел 52-годишен маж и 25-годишна девојка и им ја земал социјална помош.

Вишото јавно обвинителство Панчево поднесе обвинителен акт против 34-годишникот поради сомнение дека во наведениот период врбувал и држел маж и жена злоупотребувајќи ги нивните тешки материјални и лични околности, јавува Нова.рс.

„Пријавениот се товари дека горенаведените дејствија ги презел со цел да ја искористува нивната секојдневна работа во домаќинството на 34-годишникот со цел оштетените да ги платат непостоечките долгови што им ги наложил пријавениот, во кои начинот на кој воспоставил однос сличен на ропството“.

Овој однос, според оштетените, го одржувал со употреба на сила и закани, а земајќи и пари од социјалната помош, извести Вишото јавно обвинителство.

Мажот е обвинет дека сторил две кривични дела трговија со луѓе за кои е пропишана затворска казна од три до 12 години, пишува Нова.рс.

 

The post 34-годишен Србин чувал маж и девојка како робови и им ја земал социјалната помош appeared first on Република.

]]>

34-годишен маж од Србија е обвинет дека од втората половина на 2021 година до 17 ноември 2022 година во Николинци како робови држел 52-годишен маж и 25-годишна девојка и им ја земал социјална помош. Вишото јавно обвинителство Панчево поднесе обвинителен акт против 34-годишникот поради сомнение дека во наведениот период врбувал и држел маж и жена злоупотребувајќи ги нивните тешки материјални и лични околности, јавува Нова.рс. „Пријавениот се товари дека горенаведените дејствија ги презел со цел да ја искористува нивната секојдневна работа во домаќинството на 34-годишникот со цел оштетените да ги платат непостоечките долгови што им ги наложил пријавениот, во кои начинот на кој воспоставил однос сличен на ропството“. Овој однос, според оштетените, го одржувал со употреба на сила и закани, а земајќи и пари од социјалната помош, извести Вишото јавно обвинителство. Мажот е обвинет дека сторил две кривични дела трговија со луѓе за кои е пропишана затворска казна од три до 12 години, пишува Нова.рс.  

The post 34-годишен Србин чувал маж и девојка како робови и им ја земал социјалната помош appeared first on Република.

]]>
За изградба на коридорите 8 и 10-д Владата сака да ги направи работниците робови во сопствената држава, реагира ССМ https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-izgradba-na-koridorite-8-i-10-d-vladata-saka-da-gi-napravi-rabotnitsite-robovi-vo-sopstvenata-drzhava-reagira-ssm/ Sat, 08 Apr 2023 15:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=628759

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во реакција на предложените законски измени поврзани со изградата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д денеска ги повика пратениците сериозно да размислат пред да го дадат својот глас за, како што наведуваат, катастрофланите предлози за измени на закони по работничките права.

Пратениците од владејачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работниците кои работат на проекти од национален и стратешки интерес, да немаат слободен ден и да работат во недела, соопшти ССМ.

Според ССМ, „Владата продолжува со намерата докрај да ги понижи македонските работници, да им го одземе достоинството и да ги направи робови во сопствената држава за сметка и интерес на странски компании и корпорации“. На тој начин, соопштува ССМ, не само што ќе ги одлее парите на македонските работниците и граѓани - даночни обврзници во странски компании туку сака и да им овозможи на овие компании како Бехтел и Енка да ги преработат, преморат и изнемоштат работниците кои очигледно треба да им бидат не само робови туку и роботи.

Спротивно на принципите на меѓународното трудово право, конвенциите на МОТ, одлуките на Уставниот суд кој детално се произнесе по тие прашања и ги прогласи за неуставни одредбите од Законот за градба на автопатиштата од страна на Бехтел и Енка каде што спротивно на сите правни правила и спротивно на здравиот разум сакаа тие работници да работат по 60 и повеќе часови, како и тоа што го апсолвираше прашањето за уставноста на одредбите на Законот за работните односи со кои недела е неработен ден, за пратениците предлагачи: Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Даниела Николова, Љатифе Шиковска, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири, Халил Снопче овие Одлуки на Уставниот суд се ништо повеќе од тоалетна хартија и на мала врата по нивен предлог во понеделник, пратениците од владеачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот и работнциите кои работат на проекти од национален и стратешки интерес за Република Македонија, работниците да немаат слободен ден и да работат во недела, стои во соопштението од ССМ.

Потсетуваме, посочуваат од Синдикатот, дека еднаш веќе им го оспоривме и им го укинавме ова пред Уставниот суд. Национален и стратешки интерес на Државата треба да биде да има здрави и добро платени работниците, да ги задржи работниците дома, а не да им дава билет во еден правец надвор од Државата, зошто без работниците и граѓаните нема ниту пратеници, министри и функционери, а нема ниту држава, порачува ССМ.

На дневениот ред на 112-та седница на Собранието закажана за в понеделник се девет предлог закони поврзани со проектот, меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка.

Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес за Република Македонија. Дополнително се воведува можноста за работа во недела како и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот, стои во образложението на Предлог законот.

Предложени се измени и на законите за земјоделско земјиште, за експропријација, за заштита на културното наследство, за урбанистичко планирање, за минерални суровини, за шумите, за градење и на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д. Стратешки партнер за изградба на четири автопатски делници на коридорите е „Бехтел и Енка“, а вкупната вредност на проектот е 1,3 милијарди евра, без финансиите за прокетирање и експропријација.

The post За изградба на коридорите 8 и 10-д Владата сака да ги направи работниците робови во сопствената држава, реагира ССМ appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во реакција на предложените законски измени поврзани со изградата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д денеска ги повика пратениците сериозно да размислат пред да го дадат својот глас за, како што наведуваат, катастрофланите предлози за измени на закони по работничките права.
Пратениците од владејачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работниците кои работат на проекти од национален и стратешки интерес, да немаат слободен ден и да работат во недела, соопшти ССМ.
Според ССМ, „Владата продолжува со намерата докрај да ги понижи македонските работници, да им го одземе достоинството и да ги направи робови во сопствената држава за сметка и интерес на странски компании и корпорации“. На тој начин, соопштува ССМ, не само што ќе ги одлее парите на македонските работниците и граѓани - даночни обврзници во странски компании туку сака и да им овозможи на овие компании како Бехтел и Енка да ги преработат, преморат и изнемоштат работниците кои очигледно треба да им бидат не само робови туку и роботи.
Спротивно на принципите на меѓународното трудово право, конвенциите на МОТ, одлуките на Уставниот суд кој детално се произнесе по тие прашања и ги прогласи за неуставни одредбите од Законот за градба на автопатиштата од страна на Бехтел и Енка каде што спротивно на сите правни правила и спротивно на здравиот разум сакаа тие работници да работат по 60 и повеќе часови, како и тоа што го апсолвираше прашањето за уставноста на одредбите на Законот за работните односи со кои недела е неработен ден, за пратениците предлагачи: Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Даниела Николова, Љатифе Шиковска, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири, Халил Снопче овие Одлуки на Уставниот суд се ништо повеќе од тоалетна хартија и на мала врата по нивен предлог во понеделник, пратениците од владеачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот и работнциите кои работат на проекти од национален и стратешки интерес за Република Македонија, работниците да немаат слободен ден и да работат во недела, стои во соопштението од ССМ.
Потсетуваме, посочуваат од Синдикатот, дека еднаш веќе им го оспоривме и им го укинавме ова пред Уставниот суд. Национален и стратешки интерес на Државата треба да биде да има здрави и добро платени работниците, да ги задржи работниците дома, а не да им дава билет во еден правец надвор од Државата, зошто без работниците и граѓаните нема ниту пратеници, министри и функционери, а нема ниту држава, порачува ССМ. На дневениот ред на 112-та седница на Собранието закажана за в понеделник се девет предлог закони поврзани со проектот, меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес за Република Македонија. Дополнително се воведува можноста за работа во недела како и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот, стои во образложението на Предлог законот. Предложени се измени и на законите за земјоделско земјиште, за експропријација, за заштита на културното наследство, за урбанистичко планирање, за минерални суровини, за шумите, за градење и на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д. Стратешки партнер за изградба на четири автопатски делници на коридорите е „Бехтел и Енка“, а вкупната вредност на проектот е 1,3 милијарди евра, без финансиите за прокетирање и експропријација.

The post За изградба на коридорите 8 и 10-д Владата сака да ги направи работниците робови во сопствената држава, реагира ССМ appeared first on Република.

]]>