роботика Archives - Република https://republika.mk/tema/robotika/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 09:24:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роботика Archives - Република https://republika.mk/tema/robotika/ 32 32 Ученици и млади од Македонија ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“ во Атина https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenitsi-i-mladi-od-makedonija-ke-uchestvuvaat-na-svetskiot-natprevar-po-robotika-first-global-challenge-vo-atina/ Sun, 22 Sep 2024 09:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=818653

Ученици и млади од над 190 земји, меѓу кои и Македонија од 26 до 29 септември, во Атина, ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“, а учесниците годинава ќе се фокусираат на темата „Хранење на иднината“, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за годишен натпревар што се нарекува и роботска олимпијада, а нашата земја како и во изминатите години ќе биде дел од светскиот собир што оваа година се одржува во грчката престолнина.

Македонскиот тим, според официјалната страница на „FIRST Global Challenge“, го сочинуваат учениците од средното училиште „Георги Димитров“, Димитриј Митковски, Елени Трпковска, Давид Маневски, ученикот Тимотеј Николовски и Марко Јанкуловски од средното училиште „Јахја Кемал“, како и студентот и програмер Јаков Спировски и електроинженерот Ален Куљеван.

За овогодишната мисија на натпреварот, во кусото официјално претставување, Димитриј во име на македонскиот тим вели дека станува збор за едно од клучните прашања со кои се соочува светот, со оглед дека 735 милиони луѓе во светот се соочуваат со глад, а тие ќе имаат задача да најдат одржливи решенија преку инженерството, да направат револуција во земјоделството и производството на храна „за да се гарантира дека никој нема да остане гладен“.

Грција за првпат го организира годишниот натпревар по роботика на иницијатива на Министерството за дигитално управување, а заменик-министерот Константинос Киранакис рече дека е голема чест за земјата и напорно работеле за да бидат „домаќини на најдобрите светски умови преку нивните 198 репрезентации“.

„FIRST Global“ е американска непрофитната организација што има за цел да ги инспирира и поттикне младите умови преку науката, технологијата, инженерството и математиката.

Со обединувањето на младите иноватори од целиот свет за да се фокусираат на клучните прашања како што се безбедноста на храната и одржливоста, ги негуваме вештините и вредностите потребни за создавање порамноправна и хармонична иднина. Атина, со својата богата историја на интелектуална и културна размена, е совршен амбиент за овој глобален настан, вели Дин Камен, основачот на „FIRST Global“.

За четврток вечер закажано е свеченото отворање на „FIRST Global Challenge“ на историскиот антички олимписки стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина со настап на групата „Блек ајд пис“ и парада на сите учесници, додека пак во петок наутро ќе започне натпреварувањето и ќе трае до недела.

Според организаторите, овогодишниот предизвик „Хранење на иднината“ ги инспирира учесниците да ја искористат својата креативност и критичкото размислување за да дизајнираат и изградат робот. Тимовите ќе мора да управуваат со својот робот во симулиран свет кој ја нагласува сложената и меѓузависна врска помеѓу системите за вода, храна и енергија, додека ги балансира овие глобални ресурси за да поддржи одржлив систем за храна.

Велат „FIRST Global Challenge 2024 е повеќе од натпревар, таа е прослава на креативноста, генијалноста и духот на соработка на младите луѓе од секој агол на светот“, а учениците ќе се сретнат во Атина за да ги споделат своите идеи и решенија и ќе имаат „заедничка цел да изградат одржлива иднина за храна за сите“.

Од 2017 година кога FIRST Global Challenge се одржа во Вашингтон се промени системот и се следи примерот на Олимписките игри, со што секоја година домаќин е различен град.

Во изминатите години домаќини на светските натпревар по роботика, освен Вашингтон, беа Мексико (во 2018 година), Дубаи (2019 година), Женева (2022 година) и Сингапур (2023 година).

The post Ученици и млади од Македонија ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“ во Атина appeared first on Република.

]]>

Ученици и млади од над 190 земји, меѓу кои и Македонија од 26 до 29 септември, во Атина, ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“, а учесниците годинава ќе се фокусираат на темата „Хранење на иднината“, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за годишен натпревар што се нарекува и роботска олимпијада, а нашата земја како и во изминатите години ќе биде дел од светскиот собир што оваа година се одржува во грчката престолнина. Македонскиот тим, според официјалната страница на „FIRST Global Challenge“, го сочинуваат учениците од средното училиште „Георги Димитров“, Димитриј Митковски, Елени Трпковска, Давид Маневски, ученикот Тимотеј Николовски и Марко Јанкуловски од средното училиште „Јахја Кемал“, како и студентот и програмер Јаков Спировски и електроинженерот Ален Куљеван. За овогодишната мисија на натпреварот, во кусото официјално претставување, Димитриј во име на македонскиот тим вели дека станува збор за едно од клучните прашања со кои се соочува светот, со оглед дека 735 милиони луѓе во светот се соочуваат со глад, а тие ќе имаат задача да најдат одржливи решенија преку инженерството, да направат револуција во земјоделството и производството на храна „за да се гарантира дека никој нема да остане гладен“. Грција за првпат го организира годишниот натпревар по роботика на иницијатива на Министерството за дигитално управување, а заменик-министерот Константинос Киранакис рече дека е голема чест за земјата и напорно работеле за да бидат „домаќини на најдобрите светски умови преку нивните 198 репрезентации“. „FIRST Global“ е американска непрофитната организација што има за цел да ги инспирира и поттикне младите умови преку науката, технологијата, инженерството и математиката.
Со обединувањето на младите иноватори од целиот свет за да се фокусираат на клучните прашања како што се безбедноста на храната и одржливоста, ги негуваме вештините и вредностите потребни за создавање порамноправна и хармонична иднина. Атина, со својата богата историја на интелектуална и културна размена, е совршен амбиент за овој глобален настан, вели Дин Камен, основачот на „FIRST Global“.
За четврток вечер закажано е свеченото отворање на „FIRST Global Challenge“ на историскиот антички олимписки стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина со настап на групата „Блек ајд пис“ и парада на сите учесници, додека пак во петок наутро ќе започне натпреварувањето и ќе трае до недела. Според организаторите, овогодишниот предизвик „Хранење на иднината“ ги инспирира учесниците да ја искористат својата креативност и критичкото размислување за да дизајнираат и изградат робот. Тимовите ќе мора да управуваат со својот робот во симулиран свет кој ја нагласува сложената и меѓузависна врска помеѓу системите за вода, храна и енергија, додека ги балансира овие глобални ресурси за да поддржи одржлив систем за храна. Велат „FIRST Global Challenge 2024 е повеќе од натпревар, таа е прослава на креативноста, генијалноста и духот на соработка на младите луѓе од секој агол на светот“, а учениците ќе се сретнат во Атина за да ги споделат своите идеи и решенија и ќе имаат „заедничка цел да изградат одржлива иднина за храна за сите“. Од 2017 година кога FIRST Global Challenge се одржа во Вашингтон се промени системот и се следи примерот на Олимписките игри, со што секоја година домаќин е различен град. Во изминатите години домаќини на светските натпревар по роботика, освен Вашингтон, беа Мексико (во 2018 година), Дубаи (2019 година), Женева (2022 година) и Сингапур (2023 година).

The post Ученици и млади од Македонија ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“ во Атина appeared first on Република.

]]>
Оценуваат дали плодовите се зрели, ги берат, ги пакуваат: Употребата на роботите се повеќе навлегува во земјоделската индустрија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/otsenuvaat-dali-plodovite-se-zreli-gi-berat-gi-pakuvaat-upotrebata-na-robotite-se-poveke-navleguva-vo-zemjodelskata-industrija/ Mon, 10 Jun 2024 19:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=766488

Пазарот на роботика за агробизнис во 2022 година вредеше 63 милијарди долари, но поради ефектите од климатските промени и недостигот на работна сила, ќе расте со просечна годишна стапка од 17% за да достигне 218 милијарди долари до 2030 година, покажуваат анализите на „GlobalData“.

Роботите можат да извршуваат напорни и монотони задачи кои водат до повреда и замор. Земјоделската индустрија инвестира и иновира во многу области на роботиката, вклучувајќи беспилотни летала, теренски роботи и роботика со вештачка интелигенција

Сепак, „GlobalData“ верува дека роботите нема да ги заменат луѓето во земјоделството, туку ќе станат асистенти. Тие ќе ги поддржуваат луѓето со автоматизирање на повторувачки и напорни задачи како што се орање, како и проучување на здравјето на културите и моделите на раст.

Како пример за такви асистенти, аналитичарите го наведуваат заедничкиот развој на „John Deere“ и „Blue River Technologies“ на роботот „See & Spray“, кој користи сензори и вештачка интелигенција за прецизно влечење на плевелот и прскање пестициди.

Друг пример е роботот „Dogtooth“ и вештачката интелигенција за берење јагоди. Тој може да се движи низ редовите на јагоди, да утврди дали се зрели, нежно да ги собере бобинките и потоа да ги спакува во корпи.

Поголемиот дел од оваа работа на полињата во Европа и Cеверна Америка се врши од евтина, увезена странска работна сила во голем број.

The post Оценуваат дали плодовите се зрели, ги берат, ги пакуваат: Употребата на роботите се повеќе навлегува во земјоделската индустрија appeared first on Република.

]]>

Пазарот на роботика за агробизнис во 2022 година вредеше 63 милијарди долари, но поради ефектите од климатските промени и недостигот на работна сила, ќе расте со просечна годишна стапка од 17% за да достигне 218 милијарди долари до 2030 година, покажуваат анализите на „GlobalData“. Роботите можат да извршуваат напорни и монотони задачи кои водат до повреда и замор. Земјоделската индустрија инвестира и иновира во многу области на роботиката, вклучувајќи беспилотни летала, теренски роботи и роботика со вештачка интелигенција Сепак, „GlobalData“ верува дека роботите нема да ги заменат луѓето во земјоделството, туку ќе станат асистенти. Тие ќе ги поддржуваат луѓето со автоматизирање на повторувачки и напорни задачи како што се орање, како и проучување на здравјето на културите и моделите на раст. Како пример за такви асистенти, аналитичарите го наведуваат заедничкиот развој на „John Deere“ и „Blue River Technologies“ на роботот „See & Spray“, кој користи сензори и вештачка интелигенција за прецизно влечење на плевелот и прскање пестициди. Друг пример е роботот „Dogtooth“ и вештачката интелигенција за берење јагоди. Тој може да се движи низ редовите на јагоди, да утврди дали се зрели, нежно да ги собере бобинките и потоа да ги спакува во корпи. Поголемиот дел од оваа работа на полињата во Европа и Cеверна Америка се врши од евтина, увезена странска работна сила во голем број.

The post Оценуваат дали плодовите се зрели, ги берат, ги пакуваат: Употребата на роботите се повеќе навлегува во земјоделската индустрија appeared first on Република.

]]>
Во Хрватска првпат е уништен тумор со помош на вештачка интелигенција и роботска рака https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-hrvatska-prvpat-e-unishten-tumor-so-pomosh-na-veshtachka-inteligentsija-i-robotska-raka/ Fri, 24 Mar 2023 10:29:08 +0000 https://republika.mk/?p=623148

Во Клиничкиот институт за дијагностичка и интервентна радиологија на КБЦ, првпат во Хрватска успешно се изведени процедури за перкутана аблација и туморска биопсија на пациенти на онкологија со употреба на најнова технологија за роботска рака, соопштија од болницата, пренесе Индекс.хр.

„Вештачката интелигенција со помош на роботската рака Micromate поставена на КТ уредот овозможува сондата за термичко уништување на туморите да биде прецизно позиционирана во телото по првичното снимање. Ова е значајна помош за прецизна навигација дури и до најтешките дофатливи или тешко видливи, мали тумори со значително помала количина на зрачење за пациентот.

Сето горенаведено во исто време ја забрзува самата процедура. Споменатиот систем за роботска рака го користат одделенијата за онкологија ширум светот веќе три години, а одц неодамна и поголемите онколошки центри во Европа.

Признат како центар на извонредност во минимално инвазивниот третман на пациентите со онкологија во овој дел од Европа, на Одделот за интервентна радиологија на КБЦ „Сестри Милосрдници“ беше обезбедена оваа технологија со цел да се тестираат сите можности и предности на овој систем, што е планирано во иднина да го користат најголемиот дел од пациентите со онкологија, соопштија од КБЦ.

The post Во Хрватска првпат е уништен тумор со помош на вештачка интелигенција и роботска рака appeared first on Република.

]]>

Во Клиничкиот институт за дијагностичка и интервентна радиологија на КБЦ, првпат во Хрватска успешно се изведени процедури за перкутана аблација и туморска биопсија на пациенти на онкологија со употреба на најнова технологија за роботска рака, соопштија од болницата, пренесе Индекс.хр.
„Вештачката интелигенција со помош на роботската рака Micromate поставена на КТ уредот овозможува сондата за термичко уништување на туморите да биде прецизно позиционирана во телото по првичното снимање. Ова е значајна помош за прецизна навигација дури и до најтешките дофатливи или тешко видливи, мали тумори со значително помала количина на зрачење за пациентот.
Сето горенаведено во исто време ја забрзува самата процедура. Споменатиот систем за роботска рака го користат одделенијата за онкологија ширум светот веќе три години, а одц неодамна и поголемите онколошки центри во Европа.
Признат како центар на извонредност во минимално инвазивниот третман на пациентите со онкологија во овој дел од Европа, на Одделот за интервентна радиологија на КБЦ „Сестри Милосрдници“ беше обезбедена оваа технологија со цел да се тестираат сите можности и предности на овој систем, што е планирано во иднина да го користат најголемиот дел од пациентите со онкологија, соопштија од КБЦ.

The post Во Хрватска првпат е уништен тумор со помош на вештачка интелигенција и роботска рака appeared first on Република.

]]>
Пет средношколци освоја трето место во роботика, во конкуренција од 180 земји https://republika.mk/zivot/tehnologija/pet-srednoshkolci-osvoja-treto-mesto-vo-robotika-vo-konkurencija-od-180-zemji/ Mon, 17 Oct 2022 21:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=562211

Горазд Петковски, Виктор Ванчов, Горјан Анѓушев, Горијан Стаматовски и Јаков Спировски се петмината средношколци кои освоија трето место на меѓународниот натпревар по роботика во олимписки стил кој се одржа во Женева.

Студентите беа под менторство на Алма Кецап која е инженер за телекомуникации и Ален Куљеван електро инженер.

Меѓународниот натпревар се одржува секоја година во различни земји, и има за цел тимовите кои се пријавуваат да создадат и програмираат робот. Тимовите работат заедно за да ги завршат задачите во игра. Македонија го освои третото место во конкуренција од 180 земји.

Горазд, Виктор, Горјан и Јаков се ученици во гимназијата „Георги Димитров“, додека Горијан е ученик во гимназијата „Никола Карев“, но сите го претставуваа тимот на Македонија во Женева.

Петковски има за цел во предизвикот да научи повеќе за роботиката и како секој дел од роботот функционира и како тие работат во хармонија. Тој се стреми да биде развивач на игри или специјалист за роботика.

Ванчов, пак го сака програмирањето. Стаматовски има интерес за технологијата, кодирањето и видео игрите. Анѓушев е главен инженер на тимот и исто така специјалист за развој на роботи. Додека Спировски сака да кодира, поточно да развива на Андроид и Јава.

 

 

 

 

 

The post Пет средношколци освоја трето место во роботика, во конкуренција од 180 земји appeared first on Република.

]]>

Горазд Петковски, Виктор Ванчов, Горјан Анѓушев, Горијан Стаматовски и Јаков Спировски се петмината средношколци кои освоија трето место на меѓународниот натпревар по роботика во олимписки стил кој се одржа во Женева. Студентите беа под менторство на Алма Кецап која е инженер за телекомуникации и Ален Куљеван електро инженер. Меѓународниот натпревар се одржува секоја година во различни земји, и има за цел тимовите кои се пријавуваат да создадат и програмираат робот. Тимовите работат заедно за да ги завршат задачите во игра. Македонија го освои третото место во конкуренција од 180 земји. Горазд, Виктор, Горјан и Јаков се ученици во гимназијата „Георги Димитров“, додека Горијан е ученик во гимназијата „Никола Карев“, но сите го претставуваа тимот на Македонија во Женева. Петковски има за цел во предизвикот да научи повеќе за роботиката и како секој дел од роботот функционира и како тие работат во хармонија. Тој се стреми да биде развивач на игри или специјалист за роботика. Ванчов, пак го сака програмирањето. Стаматовски има интерес за технологијата, кодирањето и видео игрите. Анѓушев е главен инженер на тимот и исто така специјалист за развој на роботи. Додека Спировски сака да кодира, поточно да развива на Андроид и Јава.          

The post Пет средношколци освоја трето место во роботика, во конкуренција од 180 земји appeared first on Република.

]]>