робот Archives - Република https://republika.mk/tema/robot/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 12:13:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png робот Archives - Република https://republika.mk/tema/robot/ 32 32 „Тесла“ има намера да почне масовно производство на човековидни роботи во 2026 година https://republika.mk/vesti/svet/tesla-ima-namera-da-pochne-masovno-proizvodstvo-na-chovekovidni-roboti-vo-2026-godina/ Tue, 23 Jul 2024 12:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=799555

Компанијата „Тесла“ соопшти дека има намера да почне со масовно производство на човековидни роботи до 2026 година. Тоа го најави извршниот директор Илон Маск во објава на „Х“.

'Тесла' ќе има навистина корисни човековидни роботи следната година коишто ќе се користат за внатрешните производствени потреби на компанијата. Се надеваме дека ќе почнеме масовно производство за други компании до 2026 година, напиша Маск.

Тој уште во 2021 година најави дека роботот наречен „Оптимус“ - „за многу скоро“ ќе биде подготвен за работа во фабриките на „Тесла“, но тоа досега не се оствари.

The post „Тесла“ има намера да почне масовно производство на човековидни роботи во 2026 година appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Тесла“ соопшти дека има намера да почне со масовно производство на човековидни роботи до 2026 година. Тоа го најави извршниот директор Илон Маск во објава на „Х“. 'Тесла' ќе има навистина корисни човековидни роботи следната година коишто ќе се користат за внатрешните производствени потреби на компанијата. Се надеваме дека ќе почнеме масовно производство за други компании до 2026 година, напиша Маск. Тој уште во 2021 година најави дека роботот наречен „Оптимус“ - „за многу скоро“ ќе биде подготвен за работа во фабриките на „Тесла“, но тоа досега не се оствари.

The post „Тесла“ има намера да почне масовно производство на човековидни роботи во 2026 година appeared first on Република.

]]>
Оценуваат дали плодовите се зрели, ги берат, ги пакуваат: Употребата на роботите се повеќе навлегува во земјоделската индустрија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/otsenuvaat-dali-plodovite-se-zreli-gi-berat-gi-pakuvaat-upotrebata-na-robotite-se-poveke-navleguva-vo-zemjodelskata-industrija/ Mon, 10 Jun 2024 19:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=766488

Пазарот на роботика за агробизнис во 2022 година вредеше 63 милијарди долари, но поради ефектите од климатските промени и недостигот на работна сила, ќе расте со просечна годишна стапка од 17% за да достигне 218 милијарди долари до 2030 година, покажуваат анализите на „GlobalData“.

Роботите можат да извршуваат напорни и монотони задачи кои водат до повреда и замор. Земјоделската индустрија инвестира и иновира во многу области на роботиката, вклучувајќи беспилотни летала, теренски роботи и роботика со вештачка интелигенција

Сепак, „GlobalData“ верува дека роботите нема да ги заменат луѓето во земјоделството, туку ќе станат асистенти. Тие ќе ги поддржуваат луѓето со автоматизирање на повторувачки и напорни задачи како што се орање, како и проучување на здравјето на културите и моделите на раст.

Како пример за такви асистенти, аналитичарите го наведуваат заедничкиот развој на „John Deere“ и „Blue River Technologies“ на роботот „See & Spray“, кој користи сензори и вештачка интелигенција за прецизно влечење на плевелот и прскање пестициди.

Друг пример е роботот „Dogtooth“ и вештачката интелигенција за берење јагоди. Тој може да се движи низ редовите на јагоди, да утврди дали се зрели, нежно да ги собере бобинките и потоа да ги спакува во корпи.

Поголемиот дел од оваа работа на полињата во Европа и Cеверна Америка се врши од евтина, увезена странска работна сила во голем број.

The post Оценуваат дали плодовите се зрели, ги берат, ги пакуваат: Употребата на роботите се повеќе навлегува во земјоделската индустрија appeared first on Република.

]]>

Пазарот на роботика за агробизнис во 2022 година вредеше 63 милијарди долари, но поради ефектите од климатските промени и недостигот на работна сила, ќе расте со просечна годишна стапка од 17% за да достигне 218 милијарди долари до 2030 година, покажуваат анализите на „GlobalData“. Роботите можат да извршуваат напорни и монотони задачи кои водат до повреда и замор. Земјоделската индустрија инвестира и иновира во многу области на роботиката, вклучувајќи беспилотни летала, теренски роботи и роботика со вештачка интелигенција Сепак, „GlobalData“ верува дека роботите нема да ги заменат луѓето во земјоделството, туку ќе станат асистенти. Тие ќе ги поддржуваат луѓето со автоматизирање на повторувачки и напорни задачи како што се орање, како и проучување на здравјето на културите и моделите на раст. Како пример за такви асистенти, аналитичарите го наведуваат заедничкиот развој на „John Deere“ и „Blue River Technologies“ на роботот „See & Spray“, кој користи сензори и вештачка интелигенција за прецизно влечење на плевелот и прскање пестициди. Друг пример е роботот „Dogtooth“ и вештачката интелигенција за берење јагоди. Тој може да се движи низ редовите на јагоди, да утврди дали се зрели, нежно да ги собере бобинките и потоа да ги спакува во корпи. Поголемиот дел од оваа работа на полињата во Европа и Cеверна Америка се врши од евтина, увезена странска работна сила во голем број.

The post Оценуваат дали плодовите се зрели, ги берат, ги пакуваат: Употребата на роботите се повеќе навлегува во земјоделската индустрија appeared first on Република.

]]>
Пере и пегла по дома: Погледнете како хуманоидниот робот на „Тесла“ ги дипли алиштата https://republika.mk/zivot/tehnologija/pere-i-pegla-po-doma-poglednete-kako-humanoidniot-robot-na-tesla-gi-dipli-alishtata/ Fri, 19 Jan 2024 10:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=734596

Илон Маск објави видео на кое се гледа како хуманоидниот робот „Оптимус“ на неговата компанија „Тесла“ ги превиткува и дипли алиштата.

На видеото објавено од Маск се гледа како хуманоидниот робот, кој може да помога при извршување на домашните обврски, пере алишта. Маск објаснува дека „Оптимус“ сè уште не може целосно сам да здипли и нареди кошула, но сигурно ќе може во иднина (нема да бара фиксен држач за редење, ниту корпа со само една кошула).

https://twitter.com/elonmusk/status/1746964887949934958?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1746964887949934958%7Ctwgr%5E207e48b887e7f6ae5ad129e8cfd2e25bc61633b7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fdenar.mk%2F299239%2Ftehnologija%2Fpoglednete-kako-humanoidniot-robot-tesla-gi-previtkuva-alistata

Кога роботот на „Тесла“ првпат беше прикажан во јавноста, тој не беше способен да направи многу. На почетокот на декември, „Тесла“ ја објави втората генерација на роботот „Оптимус“ - „Оптимус Ген 2“.

Оттогаш доби бројни подобрувања, па сега оди 30% побрзо во однос на претходната генерација, тежината му е намалена за 10 килограми, доби бројни подобрувања за рамнотежа и контрола на телото, може понежно да користи предмети, има тактилна чувствителност на прстите и многу повеќе.

 

The post Пере и пегла по дома: Погледнете како хуманоидниот робот на „Тесла“ ги дипли алиштата appeared first on Република.

]]>

Илон Маск објави видео на кое се гледа како хуманоидниот робот „Оптимус“ на неговата компанија „Тесла“ ги превиткува и дипли алиштата. На видеото објавено од Маск се гледа како хуманоидниот робот, кој може да помога при извршување на домашните обврски, пере алишта. Маск објаснува дека „Оптимус“ сè уште не може целосно сам да здипли и нареди кошула, но сигурно ќе може во иднина (нема да бара фиксен држач за редење, ниту корпа со само една кошула). https://twitter.com/elonmusk/status/1746964887949934958?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1746964887949934958%7Ctwgr%5E207e48b887e7f6ae5ad129e8cfd2e25bc61633b7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fdenar.mk%2F299239%2Ftehnologija%2Fpoglednete-kako-humanoidniot-robot-tesla-gi-previtkuva-alistata Кога роботот на „Тесла“ првпат беше прикажан во јавноста, тој не беше способен да направи многу. На почетокот на декември, „Тесла“ ја објави втората генерација на роботот „Оптимус“ - „Оптимус Ген 2“. Оттогаш доби бројни подобрувања, па сега оди 30% побрзо во однос на претходната генерација, тежината му е намалена за 10 килограми, доби бројни подобрувања за рамнотежа и контрола на телото, може понежно да користи предмети, има тактилна чувствителност на прстите и многу повеќе.  

The post Пере и пегла по дома: Погледнете како хуманоидниот робот на „Тесла“ ги дипли алиштата appeared first on Република.

]]>
Робот уби работник, го помешал со гајба за зеленчук https://republika.mk/zivot/tehnologija/robot-ubi-rabotnik-go-pomeshal-so-gajba-za-zelenchuk/ Thu, 09 Nov 2023 21:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=700050

Индустриски робот во јужнокорејска фабрика предизвикал смрт на вработен откако го помешал со кутија за зеленчук, јави државната новинска агенција Јонхап.

Инцидентот за кој беше известено денеска, се случил во вторникот во фабрика во провинцијата Гјеонгсангнам-до, кога 40-годишен вработен во компанијата што ги сервисира роботските машини ги проверувал сензорите на еден од нив, чија задача била да става корпи со зеленчук на лентата за склопување.

Од сè уште нејасни причини, роботската рака го помешала човекот со корпа, го зграпчила и го притиснала неговото тело на лентата. На вработениот му биле притиснати лицето и градите.

Повредениот бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

„Роботот очигледно направил функционална грешка и ја помешал својата жртва за една од касетите со пиперки со која управувала“, соопшти јужнокорејската полиција.

Покрената е истрага. Фабриката го користи овој робот во процесот околу пет години. Машината била многу корисна поради недостигот на работна сила.

The post Робот уби работник, го помешал со гајба за зеленчук appeared first on Република.

]]>

Индустриски робот во јужнокорејска фабрика предизвикал смрт на вработен откако го помешал со кутија за зеленчук, јави државната новинска агенција Јонхап. Инцидентот за кој беше известено денеска, се случил во вторникот во фабрика во провинцијата Гјеонгсангнам-до, кога 40-годишен вработен во компанијата што ги сервисира роботските машини ги проверувал сензорите на еден од нив, чија задача била да става корпи со зеленчук на лентата за склопување. Од сè уште нејасни причини, роботската рака го помешала човекот со корпа, го зграпчила и го притиснала неговото тело на лентата. На вработениот му биле притиснати лицето и градите. Повредениот бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат. „Роботот очигледно направил функционална грешка и ја помешал својата жртва за една од касетите со пиперки со која управувала“, соопшти јужнокорејската полиција. Покрената е истрага. Фабриката го користи овој робот во процесот околу пет години. Машината била многу корисна поради недостигот на работна сила.

The post Робот уби работник, го помешал со гајба за зеленчук appeared first on Република.

]]>
Јапонски стартап развива робот од популарен цртан филм: Ќе чини три милиони долари и ќе биде висок четири и пол метри https://republika.mk/zivot/tehnologija/japonski-startap-razviva-robot-od-popularen-tsrtan-film-ke-chini-tri-milioni-dolari-i-ke-bide-visok-chetiri-i-pol-metri/ Thu, 05 Oct 2023 20:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=688254

„START-UP Tsubame Industries“ од Токио развива робот со четири тркала висок четири и пол метри кој изгледа како лик од популарната јапонска анимирана серија „Gundam“, а ќе чини три милиони долари.

Наречен „Archax“ по летечкиот диносаурус „Archeopteryx“, роботот има монитори од пилотската кабина кои примаат слики од камерите прикачени однадвор, така што пилотот може да ги контролира рацете користејќи џојстици од внатрешноста на торзото.

Роботот тежи 3,5 тони и има два режима на работа: исправено „роботско“ и „возење“ со максимална брзина од десет километри на час.

Лансирањето е планирано за саемот за мобилност во Јапонија овој месец.

Јапонија е многу добра во анимација, игри, роботи и автомобили, па затоа мислев дека би било одлично ако можам да создадам производ што ќе ги содржи сите тие елементи. Сакав да создадам нешто што вели: „Ова е Јапонија“, истакнува Рио Јошида, 25-годишниот извршен директор на „Tsubame Industries“.

Јошида се надева дека ќе изгради и продаде пет роботи на богатите обожаватели на роботи, но исто така се надева дека роботот еден ден би можел да се користи за помош при катастрофи или во вселенската индустрија.

За роботиката се заинтересирал уште на рана возраст. Научил да заварува во работилницата на својот дедо, а потоа основал компанија која произведува миоелектрични протези за раце. Тој вели дека сака да ја задржи конкурентската предност во производството на Јапонија.

Се надевам дека ќе учам од претходните генерации и ќе ја продолжам традицијата, вели Јошида.

https://www.youtube.com/watch?v=9OuePFOk0NY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Јапонски стартап развива робот од популарен цртан филм: Ќе чини три милиони долари и ќе биде висок четири и пол метри appeared first on Република.

]]>

„START-UP Tsubame Industries“ од Токио развива робот со четири тркала висок четири и пол метри кој изгледа како лик од популарната јапонска анимирана серија „Gundam“, а ќе чини три милиони долари. Наречен „Archax“ по летечкиот диносаурус „Archeopteryx“, роботот има монитори од пилотската кабина кои примаат слики од камерите прикачени однадвор, така што пилотот може да ги контролира рацете користејќи џојстици од внатрешноста на торзото. Роботот тежи 3,5 тони и има два режима на работа: исправено „роботско“ и „возење“ со максимална брзина од десет километри на час. Лансирањето е планирано за саемот за мобилност во Јапонија овој месец.
Јапонија е многу добра во анимација, игри, роботи и автомобили, па затоа мислев дека би било одлично ако можам да создадам производ што ќе ги содржи сите тие елементи. Сакав да создадам нешто што вели: „Ова е Јапонија“, истакнува Рио Јошида, 25-годишниот извршен директор на „Tsubame Industries“.
Јошида се надева дека ќе изгради и продаде пет роботи на богатите обожаватели на роботи, но исто така се надева дека роботот еден ден би можел да се користи за помош при катастрофи или во вселенската индустрија. За роботиката се заинтересирал уште на рана возраст. Научил да заварува во работилницата на својот дедо, а потоа основал компанија која произведува миоелектрични протези за раце. Тој вели дека сака да ја задржи конкурентската предност во производството на Јапонија.
Се надевам дека ќе учам од претходните генерации и ќе ја продолжам традицијата, вели Јошида.
https://www.youtube.com/watch?v=9OuePFOk0NY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Јапонски стартап развива робот од популарен цртан филм: Ќе чини три милиони долари и ќе биде висок четири и пол метри appeared first on Република.

]]>
Робот покажа нови вештини: Се качи на градежно скеле, испорача алат и безбедно се врати на земја https://republika.mk/zivot/tehnologija/robot-pokazha-novi-veshtini-se-kachi-na-gradezhno-skele-isporacha-alat-i-bezbedno-se-vrati-na-zemja/ Sun, 29 Jan 2023 11:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=602222

Компанијата „Бостон дајнамикс“ покажа нови вештини на својот робот Атлас.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, Атлас покажува импресивна агилност и умешност. За време на демонстрациите, хуманоидната машина достави торба со алат до врвот на скеле, на коешто се наоѓал „работник“ кој претходно заборавил да ја земе со себе.

https://twitter.com/BostonDynamics/status/1615728730969710592?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1615728730969710592%7Ctwgr%5Eb3f1361194f8bf1e250f811c19c6db183650fe69%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfo.mk%2Ftehnologija%2FD0B2D0B8D0B4D0B5D0BE-D180D0BED0B1D0BED182D0BED182-D0BDD0B0-boston-dynamics-D0BFD0BED0BAD0B0D0B6D0B0-D0BDD0BED0B2D0B8-D0B2D0B5D188D182D0B8%2F

Откако работникот го активира, Атлас прво зема табла што ја постави помеѓу дрвените импровизирани скали и скелето, а потоа ја подигна чантата од подот. Потоа, тој се качи по скалите, ја помина таблата одржувајќи рамнотежа, а потоа скокна на повисоко ниво и ја фрли торбата со алат кон работникот.

Откако ја заврши задачата, Атлас ја турна дрвена кутија од скелето и скокна на неа, завршувајќи ја својата „точка“ со салто во воздух.

The post Робот покажа нови вештини: Се качи на градежно скеле, испорача алат и безбедно се врати на земја appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Бостон дајнамикс“ покажа нови вештини на својот робот Атлас. Во видеото објавено на социјалните мрежи, Атлас покажува импресивна агилност и умешност. За време на демонстрациите, хуманоидната машина достави торба со алат до врвот на скеле, на коешто се наоѓал „работник“ кој претходно заборавил да ја земе со себе. https://twitter.com/BostonDynamics/status/1615728730969710592?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1615728730969710592%7Ctwgr%5Eb3f1361194f8bf1e250f811c19c6db183650fe69%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfo.mk%2Ftehnologija%2FD0B2D0B8D0B4D0B5D0BE-D180D0BED0B1D0BED182D0BED182-D0BDD0B0-boston-dynamics-D0BFD0BED0BAD0B0D0B6D0B0-D0BDD0BED0B2D0B8-D0B2D0B5D188D182D0B8%2F Откако работникот го активира, Атлас прво зема табла што ја постави помеѓу дрвените импровизирани скали и скелето, а потоа ја подигна чантата од подот. Потоа, тој се качи по скалите, ја помина таблата одржувајќи рамнотежа, а потоа скокна на повисоко ниво и ја фрли торбата со алат кон работникот. Откако ја заврши задачата, Атлас ја турна дрвена кутија од скелето и скокна на неа, завршувајќи ја својата „точка“ со салто во воздух.

The post Робот покажа нови вештини: Се качи на градежно скеле, испорача алат и безбедно се врати на земја appeared first on Република.

]]>
Јапонската железница ќе користи хуманоиден робот за извршување опасни работи за луѓето https://republika.mk/zivot/tehnologija/japonskata-zeleznica-kje-koristi-humanoiden-robot-za-izvrshuvanje-opasni-raboti-za-lugjeto/ Mon, 02 May 2022 18:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=496404

Јапонската железничка команија „Вест Џапан“ (West Japan), позната како „ЏР Вест“ (JR West), претстави голем хуманоиден робот кој ќе извршува задачи ризични за луѓето.

Досега сме виделе различни роботи вклучувајќи и хуманоиди со многу реалистични изрази, но јапонскиот робот е нешто навистина посебно. Станува збор за робот кој има торзо и раце со кои врши различни задачи и наредби како чистење на далноводи и електрична мрежа со помош на специјална четка. Сепак, не станува збор само за чистење, бидејќи роботот е способен да ја одржува мрежата благодарение на неговите роботски раце кои се компатибилни со различните алатки.

На врвот на торзото се наоѓаат две дигитални камери кои служат како очи, односно му овозможуваат на човекот кој го контролира роботот да види што работи со помош на ВР сет. Тој ги контролира роботските раце со пар контролни рачки. Ако на рацете на роботот дејствува надворешна сила, таа се пренесува на контролите на човекот кој го контролира роботот, кој потоа може да ги изврши потребните дејства.

Благодарение на хидрауличниот кран што го крева торзото, роботот може да крева тешки товари.

https://twitter.com/news_jrwest/status/1514919764153434113?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514919764153434113%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fkhumanoiden-robot-ke-gi-poprava-japonskite-zheleznici

Иако е целосно функционален, роботот, сепак, е само прототип развиен од „Нипон Сигнал и Хјуман Машинери компани“ (Nippon Signal и Human Machinery Company“. Првиот робот од ваков вид ќе стапи во употреба во 2024 година, а потоа и роботи кои наместо луѓе ќе извршуваат некои други ризични задачи. Овие работни места вклучуваат работа на далноводи, како и работа на опасни височини.

Иако роботите ќе си ја вршат работата побавно од луѓето, сепак, нивната употреба се исплатува бидејќи нема никаков ризик за луѓето.

The post Јапонската железница ќе користи хуманоиден робот за извршување опасни работи за луѓето appeared first on Република.

]]>

Јапонската железничка команија „Вест Џапан“ (West Japan), позната како „ЏР Вест“ (JR West), претстави голем хуманоиден робот кој ќе извршува задачи ризични за луѓето. Досега сме виделе различни роботи вклучувајќи и хуманоиди со многу реалистични изрази, но јапонскиот робот е нешто навистина посебно. Станува збор за робот кој има торзо и раце со кои врши различни задачи и наредби како чистење на далноводи и електрична мрежа со помош на специјална четка. Сепак, не станува збор само за чистење, бидејќи роботот е способен да ја одржува мрежата благодарение на неговите роботски раце кои се компатибилни со различните алатки. На врвот на торзото се наоѓаат две дигитални камери кои служат како очи, односно му овозможуваат на човекот кој го контролира роботот да види што работи со помош на ВР сет. Тој ги контролира роботските раце со пар контролни рачки. Ако на рацете на роботот дејствува надворешна сила, таа се пренесува на контролите на човекот кој го контролира роботот, кој потоа може да ги изврши потребните дејства. Благодарение на хидрауличниот кран што го крева торзото, роботот може да крева тешки товари. https://twitter.com/news_jrwest/status/1514919764153434113?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514919764153434113%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fkhumanoiden-robot-ke-gi-poprava-japonskite-zheleznici Иако е целосно функционален, роботот, сепак, е само прототип развиен од „Нипон Сигнал и Хјуман Машинери компани“ (Nippon Signal и Human Machinery Company“. Првиот робот од ваков вид ќе стапи во употреба во 2024 година, а потоа и роботи кои наместо луѓе ќе извршуваат некои други ризични задачи. Овие работни места вклучуваат работа на далноводи, како и работа на опасни височини. Иако роботите ќе си ја вршат работата побавно од луѓето, сепак, нивната употреба се исплатува бидејќи нема никаков ризик за луѓето.

The post Јапонската железница ќе користи хуманоиден робот за извршување опасни работи за луѓето appeared first on Република.

]]>
Робот во Јапонија научил да лупи банана без да ја згмечи https://republika.mk/zivot/tehnologija/robot-vo-japonija-nauchil-da-lupi-banana-bez-da-ja-zgmechi/ Sat, 09 Apr 2022 17:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=485958

Роботите во Јапонија одамна извршуваат едноставни задачи во фабриките или доставуваат храна до посетителите на рестораните, но научниците сега претставија робот способен да ја изврши деликатната задача да лупи банана без да ја згмечи внатрешноста на овошјето.

Иако машината со две раце е успешна само во 57 проценти од случаите, лупењето банана укажува на иднината во која машините ќе вршат посуптилни операции отколку поместување метални делови или доставување кафе.

Видеото на научник од Универзитетот во Токио покажува дека робот фаќа и лупи банана со двете раце за околу три минути.

Научниците Хичеол Ким, Јошијуки Охмура и Јасуо Кунијоши го тренирале роботот користејќи процес на „имитација на длабоко учење“, во кој тие го демонстрирале дејството на лупење банана стотици пати за да произведе доволно податоци за роботот да научи дејства и да ги реплицира.

https://www.youtube.com/watch?v=rYrSQ_sF3fQ&feature=emb_title

The post Робот во Јапонија научил да лупи банана без да ја згмечи appeared first on Република.

]]>

Роботите во Јапонија одамна извршуваат едноставни задачи во фабриките или доставуваат храна до посетителите на рестораните, но научниците сега претставија робот способен да ја изврши деликатната задача да лупи банана без да ја згмечи внатрешноста на овошјето. Иако машината со две раце е успешна само во 57 проценти од случаите, лупењето банана укажува на иднината во која машините ќе вршат посуптилни операции отколку поместување метални делови или доставување кафе. Видеото на научник од Универзитетот во Токио покажува дека робот фаќа и лупи банана со двете раце за околу три минути. Научниците Хичеол Ким, Јошијуки Охмура и Јасуо Кунијоши го тренирале роботот користејќи процес на „имитација на длабоко учење“, во кој тие го демонстрирале дејството на лупење банана стотици пати за да произведе доволно податоци за роботот да научи дејства и да ги реплицира. https://www.youtube.com/watch?v=rYrSQ_sF3fQ&feature=emb_title

The post Робот во Јапонија научил да лупи банана без да ја згмечи appeared first on Република.

]]>