Роберт Декер Archives - Република https://republika.mk/tema/robert-deker/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 15:03:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Роберт Декер Archives - Република https://republika.mk/tema/robert-deker/ 32 32 Средба Коцевски-Декер: Подготвени сме да работиме многу и посветено, но ќе бараме и ваша поддршка https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-kotsevski-deker-podgotveni-sme-da-rabotime-mnogu-i-posveteno-no-ke-barame-i-vasha-poddrshka/ Tue, 12 Mar 2024 15:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=754087

Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Роберт Декер со кого разговараше за приоритетите и предизвиците во работата на јавните обвинителства, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

Коцевски се осврнал на процесот на дигитализација и подготовка на новиот систем за управување со предметите во Јавното обвинителство, како и планираните активности за јакнење на транспарентноста на институцијата и на интегритетот на јавните обвинители, како области кои Кралството Холандија веќе ги поддржува со свои активности.

-Свесни сме за својата улога и навистина сме подготвени да работиме многу и посветено, меѓутоа ќе бараме и ваша поддршка во насока на тоа да ни се даде вистинското место во системот и да ни се овозможат сите услови за работа со цел да можеме да испорачаме резултати, рекол  Коцевски на средбата.

Тој ги запознал со предизвиците со кои се соочува Обвинителството од материјален, кадровски и законски аспект.

Заменик-амбасадорот Декер, пак, истакнал дека Холандија континуирано дава поддршка и се залага за обезбедување на соодветни ресурси за правосудството, вклучително и Јавното обвинителство, а, како што нагласил, ќе продолжи да ја испраќа таа порака и во иднина. 

The post Средба Коцевски-Декер: Подготвени сме да работиме многу и посветено, но ќе бараме и ваша поддршка appeared first on Република.

]]>

Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Роберт Декер со кого разговараше за приоритетите и предизвиците во работата на јавните обвинителства, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија. Коцевски се осврнал на процесот на дигитализација и подготовка на новиот систем за управување со предметите во Јавното обвинителство, како и планираните активности за јакнење на транспарентноста на институцијата и на интегритетот на јавните обвинители, како области кои Кралството Холандија веќе ги поддржува со свои активности.
-Свесни сме за својата улога и навистина сме подготвени да работиме многу и посветено, меѓутоа ќе бараме и ваша поддршка во насока на тоа да ни се даде вистинското место во системот и да ни се овозможат сите услови за работа со цел да можеме да испорачаме резултати, рекол  Коцевски на средбата.
Тој ги запознал со предизвиците со кои се соочува Обвинителството од материјален, кадровски и законски аспект. Заменик-амбасадорот Декер, пак, истакнал дека Холандија континуирано дава поддршка и се залага за обезбедување на соодветни ресурси за правосудството, вклучително и Јавното обвинителство, а, како што нагласил, ќе продолжи да ја испраќа таа порака и во иднина. 

The post Средба Коцевски-Декер: Подготвени сме да работиме многу и посветено, но ќе бараме и ваша поддршка appeared first on Република.

]]>