роаминг Archives - Република https://republika.mk/tema/roaming/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 12:54:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роаминг Archives - Република https://republika.mk/tema/roaming/ 32 32 За 30% поевтинува роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-30-poevtinuva-roamingot-za-makedonskite-gragani-so-zemjite-od-eu/ Thu, 05 Oct 2023 18:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=688232

Македонските граѓани од овој месец имаат за 30 проценти поевтин роаминг со земјите од ЕУ, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Од 1 октомври веќе стапи во сила Договорот помеѓу операторите на ЕУ и операторите во Западен Балкан за намалување на цените на роаминг податоците во склоп на процесите во ЕУ. Тоа значи дека нашите граѓани и бизниси кога ќе одат во странство веќе имаат 30 проценти помали трошоци за роаминг и обратно, значи граѓаните или бизнисите од ЕУ имаат 30% намалени трошоци за роаминг, изјави Алиу, на брифинг со медиумите.

Прашан конкретно што би значело тоа во однос на цените, Алиу изјави дека тие се во надлежност на операторите.

Конкретно, најверојатно операторите очекуваме овие денови да излезат со понуди, со пакети во коишто ќе ги имаат, ќе ги понудат (цените), бидејќи Договорот е помеѓу операторите на ЕУ и операторите на Западен Балкан, изјави Алиу.

Тој нагласи дека се дефинирани и активности за натамошно постепено намалување на цените за роамингот и тоа во 2026 година ќе има исто така намалување за 30 проценти, а се очекува во 2028 година цените за роаминг да бидат исти како цените на тие услуги коишто ги има на домашниот пазар.

Тоа значи дека во 2028 година истите цени ќе ги имаме како внатре, така и надвор од државата, вели министерот за информатичко општество и администрација.

На новинарско прашање, Алиу посочи дека сите оператори се согласиле да ги намалат цените и оти од операторите зависи како ќе комуницираат со граѓаните и дали ќе информираат преку кампањи, бидејќи станува збор за приватен сектор.

The post За 30% поевтинува роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Од октомври ќе поевтини роамингот меѓу ЕУ и Западен Балкан https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-oktomvri-ke-poevtini-roamingot-megu-eu-i-zapaden-balkan/ Sun, 07 May 2023 17:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=638081

Цените на роаминг тарифите за пренос на податоци меѓу ЕУ и Западен Балкан од октомври годинава значително ќе се намалат, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), пренесувајќи ја објавата од Европската комисија дека телекомуникациските оператори постигнале договор да го направат подостапен роамингот за граѓаните и бизнисот во двата региона, врз основа на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа во декември лани во Тирана.

Се очекува со ова ограничување на цените за роаминг за пренос на податоци значително да се поттикне развој на бизнисот, туризмот и да се зајакнат врските помеѓу ЕУ и Западниот Балкан. Во моментов операторите работат на создавање на производи со цени под договорените ценовни ограничувања за да бидат достапни за што поголем број потрошувачи, информираат од МИОА.

Во јули 2021 година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан, по што следуваа активности за намалување на роаминг тарифите меѓу ЕУ и Западен Балкан од Советот за регионална соработка, Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан.

The post Од октомври ќе поевтини роамингот меѓу ЕУ и Западен Балкан appeared first on Република.

Од 1 октомври 2023 поевтин роаминг со ЕУ, до 2027 ќе се укине https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-1-oktomvri-2023-poevtin-roaming-so-eu-do-2027-kje-se-ukine/ Tue, 06 Dec 2022 19:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=582491

На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија  што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и ЗБ  потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година.

Со Договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан.  По долги преговорите  Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу постигнаа договор со мобилните телефонски оператори во Европа и на Балканот за намалување на роаминг тарифите.

Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

Операционализацијата на Декларацијата треба да овозможи намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, да го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан.

По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот.

На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Владината делегација на Самитот од државава, ја предводи премиерот  Димитар Ковачевски, а учествиават и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.вт/лв/

The post Од 1 октомври 2023 поевтин роаминг со ЕУ, до 2027 ќе се укине appeared first on Република.

]]>

На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија  што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и ЗБ  потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година. Со Договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан.  По долги преговорите  Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу постигнаа договор со мобилните телефонски оператори во Европа и на Балканот за намалување на роаминг тарифите. Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година. Операционализацијата на Декларацијата треба да овозможи намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, да го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан. По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот. На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан. Владината делегација на Самитот од државава, ја предводи премиерот  Димитар Ковачевски, а учествиават и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.вт/лв/  

The post Од 1 октомври 2023 поевтин роаминг со ЕУ, до 2027 ќе се укине appeared first on Република.

]]>
Маричиќ од Тирана: Паѓаат цените на роамингот со што се засилуваат врските меѓу Западен Балкан и ЕУ https://republika.mk/vesti/ekonomija/marichikj-od-tirana-pagjaat-cenite-na-roamingot-so-shto-se-zasiluvaat-vrskite-megju-zapaden-balkan-i-eu/ Tue, 06 Dec 2022 13:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=582586

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој е дел од македонската делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тирана, рече дека одржувањето на Самитот на ЕУ со земјите од ЗБ, во земја преговарач со Унијата, е позитивен сигнал за регионот и потврда за нашата европска перспектива.

Тој додава дека денешното потпишување на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан со што ќе поевтинат цените на роамингот всушност е директен механизам за интензивирање на конекциите и комуникациите меѓу граѓаните од Западен Балкан и граѓаните од ЕУ, а сигурно ќе има позитивен ефект и врз мобилноста на граѓаните, во двата правци.

Од 2023 година се намалуваат трошоците за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан, за потоа и целосно да се отстранат. Ги зајакнуваме односите со ЕУ и ја движиме Македонија во вистинска насока, а граѓаните почнуваат да ги чувствуваат резултатите. Потпишувањето на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан оператори, пред почетокот на Самитот, доаѓа по една и пол година од успешната имплементација на Регионалниот договор, со кој се елиминираа трошоците за роаминг во рамките на Западен Балкан, објави Маричиќ на својот Фејсбук-профил.

Најави дека покрај бројните заеднички теми кои ги имаат државите од Западен Балкан со ЕУ, сепак во фокусот ќе биде евроинтеграцијата на регионот и политиката на проширување на ЕУ.

На маргините на Самитот, Маричиќ со премиерот Ковачевски имаа средба со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседателот на Европската Комисија – Жозеп Борел, на која е потврдено дека обединувањето на Западен Балкан во европското семејство останува геополитички приоритет на Унијата.

Лидерите од ЕУ и Западен Балкан на две пленарни сесии ќе разговараат за европската перспектива и политиката на проширувањето на ЕУ, заедничките предизвици во областа на миграцијата, сајбер криминалот, а во фокусот ќе бидат и последиците од војната во Украина и надминување на енергетската криза.

The post Маричиќ од Тирана: Паѓаат цените на роамингот со што се засилуваат врските меѓу Западен Балкан и ЕУ appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој е дел од македонската делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тирана, рече дека одржувањето на Самитот на ЕУ со земјите од ЗБ, во земја преговарач со Унијата, е позитивен сигнал за регионот и потврда за нашата европска перспектива. Тој додава дека денешното потпишување на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан со што ќе поевтинат цените на роамингот всушност е директен механизам за интензивирање на конекциите и комуникациите меѓу граѓаните од Западен Балкан и граѓаните од ЕУ, а сигурно ќе има позитивен ефект и врз мобилноста на граѓаните, во двата правци. Од 2023 година се намалуваат трошоците за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан, за потоа и целосно да се отстранат. Ги зајакнуваме односите со ЕУ и ја движиме Македонија во вистинска насока, а граѓаните почнуваат да ги чувствуваат резултатите. Потпишувањето на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан оператори, пред почетокот на Самитот, доаѓа по една и пол година од успешната имплементација на Регионалниот договор, со кој се елиминираа трошоците за роаминг во рамките на Западен Балкан, објави Маричиќ на својот Фејсбук-профил. Најави дека покрај бројните заеднички теми кои ги имаат државите од Западен Балкан со ЕУ, сепак во фокусот ќе биде евроинтеграцијата на регионот и политиката на проширување на ЕУ. На маргините на Самитот, Маричиќ со премиерот Ковачевски имаа средба со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседателот на Европската Комисија – Жозеп Борел, на која е потврдено дека обединувањето на Западен Балкан во европското семејство останува геополитички приоритет на Унијата. Лидерите од ЕУ и Западен Балкан на две пленарни сесии ќе разговараат за европската перспектива и политиката на проширувањето на ЕУ, заедничките предизвици во областа на миграцијата, сајбер криминалот, а во фокусот ќе бидат и последиците од војната во Украина и надминување на енергетската криза.

The post Маричиќ од Тирана: Паѓаат цените на роамингот со што се засилуваат врските меѓу Западен Балкан и ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ќе се намалува цената на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан https://republika.mk/vesti/ekonomija/kje-se-namaluva-cenata-na-roaming-megju-eu-i-zapaden-balkan/ Wed, 19 Oct 2022 18:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=563271

Мобилните оператори од Европската Унија и од Западен Балкан денеска се сретнаа со претставници на Советот за регионална соработка и на Европската комисија на разговори за планираното намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан треба да бидат приближно исти со оние на национално ниво до 2027 година, беше заклучено денеска на состанокот организиран од ЕК. Првите намалувања на цените се очекуваат веќе во летото следната година.

Пред учесниците на средбата се обратија и европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, европскиот комесар за внатрешен пазар Тјери Бретон и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.

Роамингот во регионот беше укинат на 1 јули минатата година, по што забележано е зголемување на бројот на корисници на услугите во роаминг за 100%, како и зголемување на сообраќајот на податоци во роаминг и до 460%.

„И покрај мерките за ограничување на патувањето, забележавме значително зголемување на сите показатели за користење на роаминг благодарение на режимот ‘роаминг како дома’, во однос на појдовни и дојдовни повици, СМС пораки и пренос на податоци“, рече Брегу.

Таа изјави дека корисниците во роаминг од Западен Балкан оствариле вкупно 143 милиони минути појдовни повици во 2021 година, или приближно двојно повеќе во споредба со 2019 година.

„Минатата година, повторно заедно, почнавме интензивно да работиме со Европската комисија и мобилните оператори за намалување на цените за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан во рамките на отворен, транспарентен, инклузивен консултативен процес кој ги вклучи сите актери, и се надевам дека првите намалувања на цените на роаминг ќе ги видиме веќе во летото 2023 година“, изјави таа за Брегу.

Таа наведе дека целта на процесот, преку реформи во политиките во сите економии на Западен Балкан, е директна придобивка за граѓаните од регионот и ЕУ, но и подобрување на деловното опкружување во Западен Балкан.

„Точно е дека намалувањето на цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан е покомплексно од укинувањето на роамингот во регионот, но нашите влади го завршуваат својот дел од работата во овој процес и на тој начин испраќаат многу јасна порака за важноста тие се врзуваат за подобрување на деловното опкружување“, заклучи Брегу.

The post Ќе се намалува цената на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Мобилните оператори од Европската Унија и од Западен Балкан денеска се сретнаа со претставници на Советот за регионална соработка и на Европската комисија на разговори за планираното намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан треба да бидат приближно исти со оние на национално ниво до 2027 година, беше заклучено денеска на состанокот организиран од ЕК. Првите намалувања на цените се очекуваат веќе во летото следната година. Пред учесниците на средбата се обратија и европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, европскиот комесар за внатрешен пазар Тјери Бретон и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу. Роамингот во регионот беше укинат на 1 јули минатата година, по што забележано е зголемување на бројот на корисници на услугите во роаминг за 100%, како и зголемување на сообраќајот на податоци во роаминг и до 460%.