Ритам Плус Archives - Република https://republika.mk/tema/ritam-plus/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Apr 2023 18:39:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ритам Плус Archives - Република https://republika.mk/tema/ritam-plus/ 32 32 Високи признанија за танчерите од „Ритам Плус“ на Меѓународен танцов натпревар во Солун https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/visoki-priznanija-za-tancherite-od-ritam-plus-na-megunaroden-tantsov-natprevar-vo-solun/ Sun, 09 Apr 2023 18:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=629137

Македонските натпреварувачи од Танцовиот спортски клуб „Ритам Плус“ - Скопје учествуваа на Меѓународниот танцов спортски натпревар „WDSF TDF“, што се одржа во Солун.

Танчерите остварија исклучителни резултати и се закитија со признанија.

Успесите кои ги постигнаа уште еднаш потврдија дека македонските натпреварувачи заслужуваат сериозна поддршка, бидејќи нивниот квалитет го препознаваат и меѓународните реномирани судии, лиценцирани од Светската спортска танцова федерација, информираат од ТСК „Ритам Плус“.

Сашка Колеска освои прво место во категоријата латиноамерикански танци, соло - возрасни. Мила Димовска го освои третото место во категоријата латиноамерикански танци, соло - возрасни.

Ана Колевска го освои второто место во категоријата латиноамерикански танци, соло - пионери 2.

Арсениј Шаповалов и Теодора Стојановска освоија второ место во категоријата латиноамерикански танци, танцови двојки - млади младинци и четвртото место во стандардни танци.

Лука Димовски и Ана Колевска освоија второ и трето место во својата старосна група пионери 2 во категориите стандардни и латиноамерикански танци.

Ана Јанческа се пласираше во финале во својата категорија и го освои седмото место. Глорија Синколова, како што наведуваат, беше одлична на своето прво претставување надвор од нашата држава по минатогодишниот успех во Србија.

The post Високи признанија за танчерите од „Ритам Плус“ на Меѓународен танцов натпревар во Солун appeared first on Република.

]]>

Македонските натпреварувачи од Танцовиот спортски клуб „Ритам Плус“ - Скопје учествуваа на Меѓународниот танцов спортски натпревар „WDSF TDF“, што се одржа во Солун. Танчерите остварија исклучителни резултати и се закитија со признанија.
Успесите кои ги постигнаа уште еднаш потврдија дека македонските натпреварувачи заслужуваат сериозна поддршка, бидејќи нивниот квалитет го препознаваат и меѓународните реномирани судии, лиценцирани од Светската спортска танцова федерација, информираат од ТСК „Ритам Плус“.
Сашка Колеска освои прво место во категоријата латиноамерикански танци, соло - возрасни. Мила Димовска го освои третото место во категоријата латиноамерикански танци, соло - возрасни. Ана Колевска го освои второто место во категоријата латиноамерикански танци, соло - пионери 2. Арсениј Шаповалов и Теодора Стојановска освоија второ место во категоријата латиноамерикански танци, танцови двојки - млади младинци и четвртото место во стандардни танци. Лука Димовски и Ана Колевска освоија второ и трето место во својата старосна група пионери 2 во категориите стандардни и латиноамерикански танци. Ана Јанческа се пласираше во финале во својата категорија и го освои седмото место. Глорија Синколова, како што наведуваат, беше одлична на своето прво претставување надвор од нашата држава по минатогодишниот успех во Србија.

The post Високи признанија за танчерите од „Ритам Плус“ на Меѓународен танцов натпревар во Солун appeared first on Република.

]]>