Рисима Рисимкин Archives - Република https://republika.mk/tema/risima-risimkin/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 15:04:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рисима Рисимкин Archives - Република https://republika.mk/tema/risima-risimkin/ 32 32 Рисима Рисимкин: Моето дете, „Танц фест“ наполни 20 години, време е да оди во рацете на младите сили https://republika.mk/vesti/kultura/risima-risimkin-moeto-dete-tants-fest-napolni-20-godini-vreme-e-da-odi-vo-ratsete-na-mladite-sili/ Sat, 18 May 2024 14:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=779549

Рисима Рисимкин, уметничка директорка на „Танц фест“ најави повлекување од функцијата велејќи дека по 20 години е време „Танц фест“ да оди во рацете на младите сили.

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубилејното 20-то издание на „Танц фест“, синоќа организираа ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“.

Салонот во Македонскиот народен театар (МНТ) каде што се одржа танцовиот перформанс „Мозаик“ беше полн, а публиката уживаше во кореографиите на Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, насловена „Танцот на игрите“.

Ова беше совршено финале на јубилејното издание на „Танц фест“ коментираше публиката.

Со петмина изведувачи на сцена, кои танцуваа на електронска, ориентална и хип-хоп музија, ова кореографско „универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се приспособи на каков било тип на сцена, како на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории што не се исклучително танцови сали.

Моето дете 'Танц фест' пред две години наполни 18 години, годинава 20, и сметам дека е време да оди во рацете на млади сили. Ова е крај на 20. Танц фест Скопје, но почеток на следното издание во рацете на Матеа Мијановиќ, Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Анастасија Данчевска. Се надевам дека и следните 20 години ќе ги следите, рече Рисимкин, чие обраќање беше наградено со долг аплауз.

На публиката во салата ѝ се обратија и директорот на Францускиот институт Иго Бештел и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Тие говореа за основањето на Институтот и за сите гостувања на француски уметници во земјава. Тие му се заблагодарија на Бранко Чобанов, кој, како што кажаа, за нив и за диплометскиот свет е многу повеќе од официјален преведувач. Чобанов, едно од најпрепознатливите лица на Францускиот културен центар заминува во пензија, а публиката во салата го Чобанов со долг аплауз.

Во фоајето на МНТ беше поставена и ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува дејствувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.

The post Рисима Рисимкин: Моето дете, „Танц фест“ наполни 20 години, време е да оди во рацете на младите сили appeared first on Република.

]]>

Рисима Рисимкин, уметничка директорка на „Танц фест“ најави повлекување од функцијата велејќи дека по 20 години е време „Танц фест“ да оди во рацете на младите сили. Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубилејното 20-то издание на „Танц фест“, синоќа организираа ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“. Салонот во Македонскиот народен театар (МНТ) каде што се одржа танцовиот перформанс „Мозаик“ беше полн, а публиката уживаше во кореографиите на Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, насловена „Танцот на игрите“.
Ова беше совршено финале на јубилејното издание на „Танц фест“ коментираше публиката.
Со петмина изведувачи на сцена, кои танцуваа на електронска, ориентална и хип-хоп музија, ова кореографско „универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се приспособи на каков било тип на сцена, како на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории што не се исклучително танцови сали.
Моето дете 'Танц фест' пред две години наполни 18 години, годинава 20, и сметам дека е време да оди во рацете на млади сили. Ова е крај на 20. Танц фест Скопје, но почеток на следното издание во рацете на Матеа Мијановиќ, Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Анастасија Данчевска. Се надевам дека и следните 20 години ќе ги следите, рече Рисимкин, чие обраќање беше наградено со долг аплауз.
На публиката во салата ѝ се обратија и директорот на Францускиот институт Иго Бештел и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Тие говореа за основањето на Институтот и за сите гостувања на француски уметници во земјава. Тие му се заблагодарија на Бранко Чобанов, кој, како што кажаа, за нив и за диплометскиот свет е многу повеќе од официјален преведувач. Чобанов, едно од најпрепознатливите лица на Францускиот културен центар заминува во пензија, а публиката во салата го Чобанов со долг аплауз. Во фоајето на МНТ беше поставена и ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува дејствувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.    

The post Рисима Рисимкин: Моето дете, „Танц фест“ наполни 20 години, време е да оди во рацете на младите сили appeared first on Република.

]]>
Вечерва во МКЦ на „Танц фест“ гостува австриската „Вертикалити танцова компанија“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-mkts-na-tants-fest-gostuva-avstriskata-vertikaliti-tantsova-kompanija/ Wed, 17 Apr 2024 07:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=767015

Фестивалската програма на јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ Скопје продолжува вечерва во 20 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ), со настап на гостите од Австрија, Каи Чунг Чуанг и Марија Шуркал од „Вертикалити танцова компанија“, предводена од Роуз Брус, чие гостување е поддржано од австриската амбасада во Скопје.

Воедно, публиката ќе може да ги проследи кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев, танчерка и кореографка и „Језгро“ на кореографките и танчерки Бисера Димчева и Наталија Трифуновиќ.

Вчера вечер, во салонот на НОБ, се изведе претставата „Сага“ на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, во рамки на јубилејното, 20-то издание на Танц Фест Скопје, претстава која публиката ја поздрави со одушевување.

Комплетниот балетски ансамбл, предводен од примабалерините Марија Кичевска и Мими Попалексова-Атансова, како и истакнатата солистка Саша Ефтимова, во еден здив ја доловија поезијата на великанот Блаже Конески, проткаена со извонредни емоции, кои предезвикаа бура од аплаузи.

Исклучителна атмосфера, несекојдневна, флуидност која плени, низ која можеше да се насети историјата, преплетена со современоста, како сведоштво на стоицизмот и непокорноста. Прекрасните костими на Благој Мицевски и сценографијата на Матеа Мијановиќ, во потполност ја одсликаа идејата на кореографката Рисимкин и создадоа магија која се чувствуваше во воздухот со секој дамар на звукот, на секогаш посебниот композитор Китановски.

Програмата „Паралели“ во НОБ ќе заврши на 23 април со изведба на балетскиот триптих „Молитви за моето тело“ со кореографиите на Ивана Коцева, Адријана Данчевска и Саша Ефтимова.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.

The post Вечерва во МКЦ на „Танц фест“ гостува австриската „Вертикалити танцова компанија“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалската програма на јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ Скопје продолжува вечерва во 20 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ), со настап на гостите од Австрија, Каи Чунг Чуанг и Марија Шуркал од „Вертикалити танцова компанија“, предводена од Роуз Брус, чие гостување е поддржано од австриската амбасада во Скопје. Воедно, публиката ќе може да ги проследи кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев, танчерка и кореографка и „Језгро“ на кореографките и танчерки Бисера Димчева и Наталија Трифуновиќ. Вчера вечер, во салонот на НОБ, се изведе претставата „Сага“ на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, во рамки на јубилејното, 20-то издание на Танц Фест Скопје, претстава која публиката ја поздрави со одушевување. Комплетниот балетски ансамбл, предводен од примабалерините Марија Кичевска и Мими Попалексова-Атансова, како и истакнатата солистка Саша Ефтимова, во еден здив ја доловија поезијата на великанот Блаже Конески, проткаена со извонредни емоции, кои предезвикаа бура од аплаузи. Исклучителна атмосфера, несекојдневна, флуидност која плени, низ која можеше да се насети историјата, преплетена со современоста, како сведоштво на стоицизмот и непокорноста. Прекрасните костими на Благој Мицевски и сценографијата на Матеа Мијановиќ, во потполност ја одсликаа идејата на кореографката Рисимкин и создадоа магија која се чувствуваше во воздухот со секој дамар на звукот, на секогаш посебниот композитор Китановски. Програмата „Паралели“ во НОБ ќе заврши на 23 април со изведба на балетскиот триптих „Молитви за моето тело“ со кореографиите на Ивана Коцева, Адријана Данчевска и Саша Ефтимова. Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.

The post Вечерва во МКЦ на „Танц фест“ гостува австриската „Вертикалити танцова компанија“ appeared first on Република.

]]>
Современиот балет „Сага” на Рисима Рисимкин вечерва на „Танц фест“ https://republika.mk/vesti/kultura/sovremeniot-balet-saga-na-risima-risimkin-vecherva-na-tants-fest/ Tue, 16 Apr 2024 08:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=766554

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин ќе биде изведено вечерва во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет, на јубилејното 20. издание на Танц-Фест Скопје, што се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет.

„Сага” е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Балаж Лочеи, (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Копнеж со Франциско Хименез Руиз, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицева, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска.

Извонредните танчери на Националниот балет и авторскиот тим, создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната “Везилка” на великанот Блаже Конески.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.

The post Современиот балет „Сага” на Рисима Рисимкин вечерва на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин ќе биде изведено вечерва во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет, на јубилејното 20. издание на Танц-Фест Скопје, што се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет. „Сага” е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Балаж Лочеи, (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Копнеж со Франциско Хименез Руиз, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицева, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска. Извонредните танчери на Националниот балет и авторскиот тим, создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната “Везилка” на великанот Блаже Конески. Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.  

The post Современиот балет „Сага” на Рисима Рисимкин вечерва на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>
Проектот „Простор за разговор“ за родова еднаквост и ненасилство врз жените завршува утре во „Мала станица“ https://republika.mk/vesti/kultura/proektot-prostor-za-razgovor-za-rodova-ednakvost-i-nenasilstvo-vrz-zhenite-zavrshuva-utre-vo-mala-stanitsa/ Fri, 27 Oct 2023 08:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=695431

Интерарт културниот центар во сабота, 28 октомври во 19 часот, во „Мала станица“, го завршува проектот „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“ со кој, преку уметнички активизам во изминатава година ја подигнуваше свеста за родовата еднаквост и ненасилство врз жените. Проектот, кој е во соработка со Швајцарската амбасада во Скопје се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии беа отсликани преку современ танцов перформанс.

Директорот на Интерарт културен центар, Матеа Мијановиќ, кој го води проектот, смета дека е „важно да се постават прашања во однос на темата и јавно да се разговара за истата“.

Проектот беше фокусиран на обраќање кон младата популација. Националната турнеја, која опфати десет градови низ републикава, се одвиваше низ комуникација со, во најголем дел средношколци, на кои им се презентираше танцовиот проект и филмот и потоа се разговараше на темата со цел да се поттикнат отворено да зборуваат за истата. Искуството покажа дека тоа е единствениот начин, преку кој можат да се менуваат нештата, т.е. односот на општеството и да се подигне свеста кај младите. Целта беше да го свртиме вниманието на јавноста кон овој горлив проблем, да создаваме похумано и по грижливо општество, во кое секој ќе го најде своето место и ќе може да живее без стеги и страв. Преку уметнички активизам да допринесеме во ослободување и поголемо социјализирање на општеството. Многу сум благодарна до сите учесници во проектот, до Швајцарската амбасада за поддршката, како и до сите наши партнери во Скопје и низ градовите во земјава, каде се одржуваа настаните“ – вели Рисима Рисимкин, која е една од водечките македонски кореографи, воедно уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцовиот театар и деканка на Филмската академија и Катедрата за современ танц при универзитет „Гоце Делчев“.

На завршниот настан, ќе се прикаже филмот „Простор за разговор“, како и нов танцов перформанс Dancing (Talking) Table“ (волумен 2), со млади уметници, современите танчери Сара Димоска, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Моника Шолевска, Илина Костова, Теона Ѓуровска, Нина Петрушевска, Надја Лукановска, Ивона Маневска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Микаела Колцункова (Словачка), Сара Крковиќ (Црна Гора), Марија Андовска, кои се студенти на Катедрата за современ танц при УГД.

Кореографијата и режијата е на Рисима Рисимкин, музиката на Тони Китановски, сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ, костимите на Благој Мицевски, а асистенти-репетитори се Анастасија Данчевска, Дејан Битровски.

По танцовиот перформанс ќе се обрати покровителот на настанот Н.Е. Вероника Хулман, амбасадорка на Швајцарија, а потоа ќе се одржи округла маса и разговор на темата на која ќе зборуваат: Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Небахат Имери - оснивач на ЗПСП Кортекс, која работи на советување и психотерапија со млади и возрасни, вработена во ЈУМЦСР-Тетово, Јован Цветкоски - раководител на Младински центар Охрид, Ана Зафирова - новинарка и активистка и Рисима Рисимкин, уметник и професор.

Дускусијата е отворена за сите кои сакаат да учествуваат, а влезот за настанот е слободен.

Проектот имаше Националната турнеја низ десет градови: Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Неготино, Гевгелија, Битола, Велес, Охрид и Струга. Националната турнеја на проектот се реализираше во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.

The post Проектот „Простор за разговор“ за родова еднаквост и ненасилство врз жените завршува утре во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>

Интерарт културниот центар во сабота, 28 октомври во 19 часот, во „Мала станица“, го завршува проектот „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“ со кој, преку уметнички активизам во изминатава година ја подигнуваше свеста за родовата еднаквост и ненасилство врз жените. Проектот, кој е во соработка со Швајцарската амбасада во Скопје се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии беа отсликани преку современ танцов перформанс. Директорот на Интерарт културен центар, Матеа Мијановиќ, кој го води проектот, смета дека е „важно да се постават прашања во однос на темата и јавно да се разговара за истата“.
Проектот беше фокусиран на обраќање кон младата популација. Националната турнеја, која опфати десет градови низ републикава, се одвиваше низ комуникација со, во најголем дел средношколци, на кои им се презентираше танцовиот проект и филмот и потоа се разговараше на темата со цел да се поттикнат отворено да зборуваат за истата. Искуството покажа дека тоа е единствениот начин, преку кој можат да се менуваат нештата, т.е. односот на општеството и да се подигне свеста кај младите. Целта беше да го свртиме вниманието на јавноста кон овој горлив проблем, да создаваме похумано и по грижливо општество, во кое секој ќе го најде своето место и ќе може да живее без стеги и страв. Преку уметнички активизам да допринесеме во ослободување и поголемо социјализирање на општеството. Многу сум благодарна до сите учесници во проектот, до Швајцарската амбасада за поддршката, како и до сите наши партнери во Скопје и низ градовите во земјава, каде се одржуваа настаните“ – вели Рисима Рисимкин, која е една од водечките македонски кореографи, воедно уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцовиот театар и деканка на Филмската академија и Катедрата за современ танц при универзитет „Гоце Делчев“.
На завршниот настан, ќе се прикаже филмот „Простор за разговор“, како и нов танцов перформанс Dancing (Talking) Table“ (волумен 2), со млади уметници, современите танчери Сара Димоска, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Моника Шолевска, Илина Костова, Теона Ѓуровска, Нина Петрушевска, Надја Лукановска, Ивона Маневска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Микаела Колцункова (Словачка), Сара Крковиќ (Црна Гора), Марија Андовска, кои се студенти на Катедрата за современ танц при УГД. Кореографијата и режијата е на Рисима Рисимкин, музиката на Тони Китановски, сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ, костимите на Благој Мицевски, а асистенти-репетитори се Анастасија Данчевска, Дејан Битровски. По танцовиот перформанс ќе се обрати покровителот на настанот Н.Е. Вероника Хулман, амбасадорка на Швајцарија, а потоа ќе се одржи округла маса и разговор на темата на која ќе зборуваат: Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Небахат Имери - оснивач на ЗПСП Кортекс, која работи на советување и психотерапија со млади и возрасни, вработена во ЈУМЦСР-Тетово, Јован Цветкоски - раководител на Младински центар Охрид, Ана Зафирова - новинарка и активистка и Рисима Рисимкин, уметник и професор. Дускусијата е отворена за сите кои сакаат да учествуваат, а влезот за настанот е слободен. Проектот имаше Националната турнеја низ десет градови: Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Неготино, Гевгелија, Битола, Велес, Охрид и Струга. Националната турнеја на проектот се реализираше во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.

The post Проектот „Простор за разговор“ за родова еднаквост и ненасилство врз жените завршува утре во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>
Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на Опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/so-premiera-na-sovremeniot-balet-saga-identiteti-na-risima-risimkin-vecherva-se-otvora-novata-sezona-na-opera-i-balet/ Fri, 06 Oct 2023 09:13:38 +0000 https://republika.mk/?p=688491

Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на кореографката Рисима Рисимкин вечерва и утревечер во 20 часот се отвора новата сезона на Национлната опера и балет.

Насловните улоги ги толкуваат прима-балерините Марија Кичевска Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова Атанасова, како и истакнатата солистка Саша Евтимова, придружувани од Балаж Лочеи (к.г. Унгарија) и другите солисти и ансамблот на Балетот. Настапуваат и: Наташа Трендафилова Гицев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Игор Веланоски, Ендру Кук (к.г.Англија), Веселин Трајковски, Алфред Јаго (к.г. Англија), Франциско Хименез Руиз (к.г Шпанија) и Мирослав Митрашиновиќ.

Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.

Македонската кореографка Рисима Рисимкин, која последниве години е актуелна на танцовите сцени во Париз, Њујорк и Пекинг, каде за нејзините кореографски остварувања добива одлични критики, после подолго време на наша покана, работи престава во Националниот балет. Рисимкин подготви национално дело, инспирирано од музиката, традицијата и современото македонско поетско творештво, каде прави симбиоза помеѓу битовота, класичната и модерната танцова лексика преточена во музиката на светски познатиот композитор Тони Китановски, костимите се на повеќе пати наградуваниот костимограф, Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, чии сценографски решенија добиваат одлични оценки на познатите танцови светски сцени. Авторската екипа, во соработка со танчерите на Националниот балет, создаде едно спектакуларно дело, во кое се испреплетува историјата, традицијата и современиот уметнички израз – вели Олга Панго, уметнички директор на Балетот.

The post Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на Опера и балет appeared first on Република.

]]>

Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на кореографката Рисима Рисимкин вечерва и утревечер во 20 часот се отвора новата сезона на Национлната опера и балет. Насловните улоги ги толкуваат прима-балерините Марија Кичевска Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова Атанасова, како и истакнатата солистка Саша Евтимова, придружувани од Балаж Лочеи (к.г. Унгарија) и другите солисти и ансамблот на Балетот. Настапуваат и: Наташа Трендафилова Гицев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Игор Веланоски, Ендру Кук (к.г.Англија), Веселин Трајковски, Алфред Јаго (к.г. Англија), Франциско Хименез Руиз (к.г Шпанија) и Мирослав Митрашиновиќ. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.
Македонската кореографка Рисима Рисимкин, која последниве години е актуелна на танцовите сцени во Париз, Њујорк и Пекинг, каде за нејзините кореографски остварувања добива одлични критики, после подолго време на наша покана, работи престава во Националниот балет. Рисимкин подготви национално дело, инспирирано од музиката, традицијата и современото македонско поетско творештво, каде прави симбиоза помеѓу битовота, класичната и модерната танцова лексика преточена во музиката на светски познатиот композитор Тони Китановски, костимите се на повеќе пати наградуваниот костимограф, Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, чии сценографски решенија добиваат одлични оценки на познатите танцови светски сцени. Авторската екипа, во соработка со танчерите на Националниот балет, создаде едно спектакуларно дело, во кое се испреплетува историјата, традицијата и современиот уметнички израз – вели Олга Панго, уметнички директор на Балетот.
 
The post Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на Опера и балет appeared first on Република.

]]>
Аплаузи и одушевување за „Леди Магбет“ на Рисимкин на „Верона Шекспир Фринге“ фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/aplauzi-i-odushevuvane-za-ledi-magbet-na-risimkin-na-verona-shekspir-fringe-festival/ Thu, 31 Aug 2023 07:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=677454

Со огромни аплаузи и одушевување, пред полн аудиториум, беше проследена претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин во изведба на Скопје танцовиот театар на сцената на театарот „Камплој“ во Верона на 29 август, како дел од програмата на Верона Шекспир Фринге фестивалот.

Познавачите на Шекспир и неговото творештво, како и публиката беа маѓепсани од начинот на кој беше презентирана идејата за Лејди Магбет, кореографијата, музиката и комплетната визуелизација на претставата. На сцената настапија Анастасија Данчевска како Лејди Магбет, Дејан Битровски како Магбет, Бобан Русески како Алтер его на Лејди Магбет, Сара Цветковска како Алтер его на Магбет, танчери на Скопје танцовиот театар и Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Клара Христовска и Јоана Благадуша, студенти не Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев’ кои преку проектот „УГД – Чекор кон светот“ се дел од претставата.

Компанијта доби понуди за идни соработки, а можности се отворија и за соработка помеѓу универзитетот „Гоце Делчев“ и Универзитетот на Верона.

Многу сме среќни од приемот и од одушевеноста која публиката ја покажа по изведбата на претставата. Драго ми е дека Скопје танцовиот театар повторно воспоставува мостови, ја презентира нашата земја на највисоко ниво и покажува извонредност во уметничките дострели. Сите танчери имаа брилијантност во изведбата, со голема посветеност кон својата професија и покажаа голем квалитет како уметници. Се радувам на идните можности и соработки, изјави Рисима Рисимкин.

The post Аплаузи и одушевување за „Леди Магбет“ на Рисимкин на „Верона Шекспир Фринге“ фестивал appeared first on Република.

]]>

Со огромни аплаузи и одушевување, пред полн аудиториум, беше проследена претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин во изведба на Скопје танцовиот театар на сцената на театарот „Камплој“ во Верона на 29 август, како дел од програмата на Верона Шекспир Фринге фестивалот. Познавачите на Шекспир и неговото творештво, како и публиката беа маѓепсани од начинот на кој беше презентирана идејата за Лејди Магбет, кореографијата, музиката и комплетната визуелизација на претставата. На сцената настапија Анастасија Данчевска како Лејди Магбет, Дејан Битровски како Магбет, Бобан Русески како Алтер его на Лејди Магбет, Сара Цветковска како Алтер его на Магбет, танчери на Скопје танцовиот театар и Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Клара Христовска и Јоана Благадуша, студенти не Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев’ кои преку проектот „УГД – Чекор кон светот“ се дел од претставата. Компанијта доби понуди за идни соработки, а можности се отворија и за соработка помеѓу универзитетот „Гоце Делчев“ и Универзитетот на Верона.
Многу сме среќни од приемот и од одушевеноста која публиката ја покажа по изведбата на претставата. Драго ми е дека Скопје танцовиот театар повторно воспоставува мостови, ја презентира нашата земја на највисоко ниво и покажува извонредност во уметничките дострели. Сите танчери имаа брилијантност во изведбата, со голема посветеност кон својата професија и покажаа голем квалитет како уметници. Се радувам на идните можности и соработки, изјави Рисима Рисимкин.
 
The post Аплаузи и одушевување за „Леди Магбет“ на Рисимкин на „Верона Шекспир Фринге“ фестивал appeared first on Република.

]]>
„Леди Магбет“ на Рисимкин вечерва на сцената на Театарот „Камплој“ во Верона https://republika.mk/vesti/kultura/ledi-magbet-na-risimkin-vecherva-na-stsenata-na-teatarot-kamploj-vo-verona/ Tue, 29 Aug 2023 09:22:53 +0000 https://republika.mk/?p=676840

Вечерва во рамки на годинешното издание на Верона Шекспир Фринге фестивалот, во Италија, во 21 часот, на сцената на театарот „Камплој“, ќе се изведе претставата „Лејди Магбет“ во кореографија на Рисима Рисимкин со Скопје Танцовиот Театар.

Музиката за претставата е на композиторот Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски, а дизајнот на сцената и светло на Матеа Мијановиќ.

Во претставата настапуваат Анастасија Данчевска како Лејди Магбет, Дејан Битровски како Магбет, Бобан Русески како Алтер его на Лејди Магбет, Сара Цветковска како Алтер его на Магбет, танчери на Скопје танцовиот театар и Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Клара Христовска и Јоана Благадуша, студенти на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев’ кои преку проектот „УГД – Чекор кон светот“ се дел од претставата.

Многу сме возбудени за настапот во прекрасниот Театар Камплој, каде што ќе изведеме претстава инспирирана од творештвото на Шекспир во градот Верона, кој овие денови дише во знакот на овој голем уметник. Организаторите не информираа за огромниот интерес за претставата, кој се базира на вистинската реткост за публиката на овој фестивал, да види дело на Шекспир изведено со поинаков сценски јазик - низ танц, а без зборови. Со тоа и нашата одговорност да се долови оваа приказна и емоција е голема. За мене, како кореограф, ова е интересна и секогаш актуелна тема, отсликувањето на женските ликови во драмите на Шекспир. Уметничката визуелизација на претставата е базирана врз истражувањата на делото на Шекспир, кои ги направивме заедно со целата креативна екипа. Слики и скици на една интимна историја, во која се фокусираме на психолошкиот профил на Лејди Магбет. Креацијата е направена во контекст на времево во кое живееме, повлекуваме паралели помеѓу безвременото творештво на Шекспир и актуелноста на темите кои тој ги опфаќа, изјави Рисимкин.

Во рамките на фестивалот на 28 август во 18 часот се одржа округла маса посветена на претставата во присуство на голем број гости на програмата, универзитетски професори, режисери, менаџери и студенти, предводена од селекторот на фестивалот режисерот Џон Блондел од САД.

Фестивалот е формиран во 1948 година и годинава ќе полни 75 години постоење, на неговите сцени се создавала богатата историјата на Веронските летни сезони, во кои се вклопуваат гостувања на долга листа на продукции, актери, режисери, сценографи, музичари, танчери, кореографи итн. Фестивалот, чија историска и уметничка вредност е огромна, со години претставува централна локација за театарската култура на светско ниво. Рисимкин и Скопје танцовиот театар ќе се дел од Шекспир фринге програмата, која се одржува во последната недела на август.

The post „Леди Магбет“ на Рисимкин вечерва на сцената на Театарот „Камплој“ во Верона appeared first on Република.

]]>

Вечерва во рамки на годинешното издание на Верона Шекспир Фринге фестивалот, во Италија, во 21 часот, на сцената на театарот „Камплој“, ќе се изведе претставата „Лејди Магбет“ во кореографија на Рисима Рисимкин со Скопје Танцовиот Театар. Музиката за претставата е на композиторот Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски, а дизајнот на сцената и светло на Матеа Мијановиќ. Во претставата настапуваат Анастасија Данчевска како Лејди Магбет, Дејан Битровски како Магбет, Бобан Русески како Алтер его на Лејди Магбет, Сара Цветковска како Алтер его на Магбет, танчери на Скопје танцовиот театар и Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Клара Христовска и Јоана Благадуша, студенти на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев’ кои преку проектот „УГД – Чекор кон светот“ се дел од претставата.
Многу сме возбудени за настапот во прекрасниот Театар Камплој, каде што ќе изведеме претстава инспирирана од творештвото на Шекспир во градот Верона, кој овие денови дише во знакот на овој голем уметник. Организаторите не информираа за огромниот интерес за претставата, кој се базира на вистинската реткост за публиката на овој фестивал, да види дело на Шекспир изведено со поинаков сценски јазик - низ танц, а без зборови. Со тоа и нашата одговорност да се долови оваа приказна и емоција е голема. За мене, како кореограф, ова е интересна и секогаш актуелна тема, отсликувањето на женските ликови во драмите на Шекспир. Уметничката визуелизација на претставата е базирана врз истражувањата на делото на Шекспир, кои ги направивме заедно со целата креативна екипа. Слики и скици на една интимна историја, во која се фокусираме на психолошкиот профил на Лејди Магбет. Креацијата е направена во контекст на времево во кое живееме, повлекуваме паралели помеѓу безвременото творештво на Шекспир и актуелноста на темите кои тој ги опфаќа, изјави Рисимкин.
Во рамките на фестивалот на 28 август во 18 часот се одржа округла маса посветена на претставата во присуство на голем број гости на програмата, универзитетски професори, режисери, менаџери и студенти, предводена од селекторот на фестивалот режисерот Џон Блондел од САД. Фестивалот е формиран во 1948 година и годинава ќе полни 75 години постоење, на неговите сцени се создавала богатата историјата на Веронските летни сезони, во кои се вклопуваат гостувања на долга листа на продукции, актери, режисери, сценографи, музичари, танчери, кореографи итн. Фестивалот, чија историска и уметничка вредност е огромна, со години претставува централна локација за театарската култура на светско ниво. Рисимкин и Скопје танцовиот театар ќе се дел од Шекспир фринге програмата, која се одржува во последната недела на август.

The post „Леди Магбет“ на Рисимкин вечерва на сцената на Театарот „Камплој“ во Верона appeared first on Република.

]]>
Скопје танцовиот театар со претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин на фестивал во Верона https://republika.mk/vesti/kultura/skopje-tantsoviot-teatar-so-pretstavata-lejdi-magbet-na-risima-risimkin-na-festival-vo-verona/ Wed, 23 Aug 2023 12:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=674972

Катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев и Скопје танцовиот театар деновиве ќе гостуваат на реномираниот фестивал „Верона Шекспир Фринге“.

Скопје танцовиот театар ќе настапи со претставата „Лејди Магбет“ на кореографката и професорка Рисима Рисимкин, во театарот „Камплој“ на 29 август, во 21 часот.

Ова е извонредна можност за студентите да се вклучат во професионална продукција и да гостуваат на светската уметничка сцена, со што УГД им овозможува комплетен уметнички развој и пласман на меѓународно ниво.

Во рамки на фестивалската програма на 28 август во 18 часот, на сцената на „Камплој“ театарот во Верона ќе се одржи сесија посветена на претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин, на која ќе присуствуваат уметници од фестивалската програма, режисери, менаџери и студенти на Универзитетот од Верона и истражувачкиот центар при универзитетот „Skenè Centre“.

Фестивалот има за цел да ја спои работата на истражувачите и уметниците кои ги напуштаат претходно поставените граници, да овозможи нови начини на изведба, прием и пренос на уметничките пораки, тој создава можности за публиката да доживее разновидна низа на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Во периодот на фестивалската програма, покрај размена на професионални уметнички искуства, студентите од повеќе земји кои се посветени на нови уметнички искуства, ќе имаат можности за претставување на своите дела и програми, како размена на нови уметнички енергии и дострели.

Студентите на Катедрата за современ танц при УГД активно ќе се вклучат во сите домени на фестивалската програма, кои потоа ќе можат да ги споделат со своите колеги во земјава.

Овие активности се дел од проектот „УГД – Чекор кон светот“ кои започнаа на 16 август

The post Скопје танцовиот театар со претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин на фестивал во Верона appeared first on Република.

]]>

Катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев и Скопје танцовиот театар деновиве ќе гостуваат на реномираниот фестивал „Верона Шекспир Фринге“. Скопје танцовиот театар ќе настапи со претставата „Лејди Магбет“ на кореографката и професорка Рисима Рисимкин, во театарот „Камплој“ на 29 август, во 21 часот. Ова е извонредна можност за студентите да се вклучат во професионална продукција и да гостуваат на светската уметничка сцена, со што УГД им овозможува комплетен уметнички развој и пласман на меѓународно ниво. Во рамки на фестивалската програма на 28 август во 18 часот, на сцената на „Камплој“ театарот во Верона ќе се одржи сесија посветена на претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин, на која ќе присуствуваат уметници од фестивалската програма, режисери, менаџери и студенти на Универзитетот од Верона и истражувачкиот центар при универзитетот „Skenè Centre“. Фестивалот има за цел да ја спои работата на истражувачите и уметниците кои ги напуштаат претходно поставените граници, да овозможи нови начини на изведба, прием и пренос на уметничките пораки, тој создава можности за публиката да доживее разновидна низа на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Во периодот на фестивалската програма, покрај размена на професионални уметнички искуства, студентите од повеќе земји кои се посветени на нови уметнички искуства, ќе имаат можности за претставување на своите дела и програми, како размена на нови уметнички енергии и дострели. Студентите на Катедрата за современ танц при УГД активно ќе се вклучат во сите домени на фестивалската програма, кои потоа ќе можат да ги споделат со своите колеги во земјава. Овие активности се дел од проектот „УГД – Чекор кон светот“ кои започнаа на 16 август

The post Скопје танцовиот театар со претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин на фестивал во Верона appeared first on Република.

]]>
Во Гевгелија продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-gevgelija-prodolzhuva-natsionalnata-turneja-na-proektot-prostor-za-razgovor/ Mon, 08 May 2023 09:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=638261

На 9 мај, во 20 часот во Гевгелија во Домот на културата „Македонија“ продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ на Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје.

Во рамки на настанот ќе се изведе претставата „Простор за разговор“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, а костимите се на Благој Мицевски.

Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, како и Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска и Стефанија Милевска Враниќ, студенти на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“.

Ќе биде прикажан и филмот кој е специјално подготвоен на таа тема. Планирано е да говорот директорката на Домот за култура Мирјана Крстева Масети, Петар Јанчев, член на Интерсекторска група за родова еднаквост во Општина Гевгелија и Рисимкин, уметничкиот автор на проектот кои ќе зборуваат на темата за родова еднаквост и семејно насилство.

Националната турнеја на овој активистички проект се случува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.

Премиерата на „Простор за разговор“, беше на 26 ноември 2022 година во Мала станица во Скопје.

Во мај турнејата ќе продолжи низ повеќе градови во земјава.

The post Во Гевгелија продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ appeared first on Република.

]]>

На 9 мај, во 20 часот во Гевгелија во Домот на културата „Македонија“ продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ на Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје. Во рамки на настанот ќе се изведе претставата „Простор за разговор“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, а костимите се на Благој Мицевски. Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, како и Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска и Стефанија Милевска Враниќ, студенти на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“. Ќе биде прикажан и филмот кој е специјално подготвоен на таа тема. Планирано е да говорот директорката на Домот за култура Мирјана Крстева Масети, Петар Јанчев, член на Интерсекторска група за родова еднаквост во Општина Гевгелија и Рисимкин, уметничкиот автор на проектот кои ќе зборуваат на темата за родова еднаквост и семејно насилство. Националната турнеја на овој активистички проект се случува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со темата на родово еднаквост и родово базирано насилство. Премиерата на „Простор за разговор“, беше на 26 ноември 2022 година во Мала станица во Скопје. Во мај турнејата ќе продолжи низ повеќе градови во земјава.

The post Во Гевгелија продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ appeared first on Република.

]]>
Скопје танцов театар со „Леди Магбет“ ќе гостува на Фестивалот на Шекспир во Верона https://republika.mk/vesti/kultura/skopje-tantsov-teatar-so-ledi-magbet-ke-gostuva-na-festivalot-na-shekspir-vo-verona/ Fri, 03 Feb 2023 08:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=604114

Скопје танцов театар под водство на Рисима Рисимкин од 24 до 31 август ќе гостува на сцената на Фестивалот на Шекспир во Верона, Италија.

Ова е второ големо гостување на танчерите на Скопје танцов театар, по минатогодишниот огромен успех и гостувањето во култниот Национален театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција.

Фестивалот во Верона е формиран во 1948 година и годинава го прославува 75 годишниот јубилеј. На неговите сцени се создавала богатата историјата на веронеските летни сезони, во кои се вклопуваат гостувања на долга листа на продукции, актери, режисери, сценографи, музичари, танчери, кореографи итн. Фестивалот, чија историска и уметничката вредност е огромна, со години претставува централна локација за театарската култура на светско ниво. Рисимкин и Скопје танцовиот театар ќе се дел од Шекспир фринге програмата, која ќе се одржи на крајот на август.

За мене, женските ликови во драмите на Шекспир, се особено интересна тема и предизвик ми е да истражувам и создавам во тој контекст, врз кој се базира креацијата на претставата „Леди Магбет (Квартетот)“. Темава е актуелна и во контекст на времево во кое живееме и сакам да повлечам паралели помеѓу безвременото творештво на Шекспир и современите аспекти на темите кои тој ги опфаќа, вели Рисимкин.

[caption id="attachment_604118" align="alignnone" width="960"] Темава е актуелна и во контекст на времево во кое живееме и сакам да повлечам паралели помеѓу безвременото творештво на Шекспир и современите аспекти на темите кои тој ги опфаќа, вели Рисимкин.[/caption]

Континуираните настапи на Скопје танцовиот театар на светските сцени, кој во изминативе години настапува во Њујорк, Париз, Пекинг, Хаг, Амстердам и други значајни центри на културата, за што добива извонредни критики, е потврда за квалитетот и неопходноста од оваа компанија, која создава и негува млад уметнички кадар.

[caption id="attachment_604117" align="alignnone" width="2048"] Адријана Данчевска и Дејан Битровски во Белград ја освоија првата награда на Фестивалот и награда од публиката[/caption]

Скопје танцовиот театар е лабораторија во која произведуваме одличен уметнички производ. Младите танчери и кореографи кои компанијата ги изнедрува се прекрасни уметници и веќе ја освојуваат интернационалната сцена. Адријана Данчевска, која е дел од првиот состав на компанијата, во дует со Дејан Битровски, настапи во ноември 2022 година на 26-от по ред Фестивал на кореографски минијатури во Белград, каде, за својата кореографија „Не ми ги допирај очите“, ја освои Првата награда на фестивалот, како и наградата од публиката. Искрено се надевам дека покрај светското препознавање на квалитетот, Скопје танцовиот театар ќе биде вистински препознаен и дома, вели Рисимкин.

The post Скопје танцов театар со „Леди Магбет“ ќе гостува на Фестивалот на Шекспир во Верона appeared first on Република.

]]>

Скопје танцов театар под водство на Рисима Рисимкин од 24 до 31 август ќе гостува на сцената на Фестивалот на Шекспир во Верона, Италија. Ова е второ големо гостување на танчерите на Скопје танцов театар, по минатогодишниот огромен успех и гостувањето во култниот Национален театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција. Фестивалот во Верона е формиран во 1948 година и годинава го прославува 75 годишниот јубилеј. На неговите сцени се создавала богатата историјата на веронеските летни сезони, во кои се вклопуваат гостувања на долга листа на продукции, актери, режисери, сценографи, музичари, танчери, кореографи итн. Фестивалот, чија историска и уметничката вредност е огромна, со години претставува централна локација за театарската култура на светско ниво. Рисимкин и Скопје танцовиот театар ќе се дел од Шекспир фринге програмата, која ќе се одржи на крајот на август.
За мене, женските ликови во драмите на Шекспир, се особено интересна тема и предизвик ми е да истражувам и создавам во тој контекст, врз кој се базира креацијата на претставата „Леди Магбет (Квартетот)“. Темава е актуелна и во контекст на времево во кое живееме и сакам да повлечам паралели помеѓу безвременото творештво на Шекспир и современите аспекти на темите кои тој ги опфаќа, вели Рисимкин.
[caption id="attachment_604118" align="alignnone" width="960"] Темава е актуелна и во контекст на времево во кое живееме и сакам да повлечам паралели помеѓу безвременото творештво на Шекспир и современите аспекти на темите кои тој ги опфаќа, вели Рисимкин.[/caption] Континуираните настапи на Скопје танцовиот театар на светските сцени, кој во изминативе години настапува во Њујорк, Париз, Пекинг, Хаг, Амстердам и други значајни центри на културата, за што добива извонредни критики, е потврда за квалитетот и неопходноста од оваа компанија, која создава и негува млад уметнички кадар. [caption id="attachment_604117" align="alignnone" width="2048"] Адријана Данчевска и Дејан Битровски во Белград ја освоија првата награда на Фестивалот и награда од публиката[/caption]
Скопје танцовиот театар е лабораторија во која произведуваме одличен уметнички производ. Младите танчери и кореографи кои компанијата ги изнедрува се прекрасни уметници и веќе ја освојуваат интернационалната сцена. Адријана Данчевска, која е дел од првиот состав на компанијата, во дует со Дејан Битровски, настапи во ноември 2022 година на 26-от по ред Фестивал на кореографски минијатури во Белград, каде, за својата кореографија „Не ми ги допирај очите“, ја освои Првата награда на фестивалот, како и наградата од публиката. Искрено се надевам дека покрај светското препознавање на квалитетот, Скопје танцовиот театар ќе биде вистински препознаен и дома, вели Рисимкин.

The post Скопје танцов театар со „Леди Магбет“ ќе гостува на Фестивалот на Шекспир во Верона appeared first on Република.

]]>
Со вистински животни приказни отсликани преку современ танцов перформанс почнува проектот „Простор за разговор“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-vistinski-zivotni-prikazni-otslikani-preku-sovremen-tancov-performans-pochnuva-proektot-prostor-za-razgovor/ Wed, 12 Oct 2022 07:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=559954

Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, го започна проектот „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“ со кој, преку уметнички активизам сака да ја подигне свеста за родовата еднаквост и ненасилство врз жените. Проектот се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии ќе бидат отсликани преку современ танцов перформанс. Директорот на Интерарт културен центар, Матеа Мијановиќ, кој го води проектот смета дека е важно да се постават прашања во однос на темата и јавно да се разговара за истата.

Преку овој проект сакам да го свртиме вниманието на јавноста кон овој горлив проблем, да создадеме едно похумано и по грижливо општество, во кое секој ќе го најде своето место и ќе може да живее без стеги и страв. Сакам преку уметнички активизам да допринесам во ослободување и поголемо социјализирање на општеството. Многу сум благодарна до сите учесници во проектот, до Швајцарската амбасада која го препозна и го поддржа проектот, како и до сите наши партнери во Скопје и низ градовите во земјава, каде ќе се одржуваат настаните на проектот, вели Рисима Рисимкин, која е една од водечките македонски кореографи и деканка на Филмската академија и Катедрата за современ танц при универзитет „Гоце Делчев“.

Проектот својот прв Простор за разговор ќе го има на 26 ноември во објектот на Националната галерија „Мала станица“, со цел да се одбележи светскиот ден на ненасилство врз жените. Со тоа почнува серијата настани на „ Dancing (Talking) Table “ во кој ќе биде изведен перформанс на темата, а потоа ќе има округла маса, на која ќе се дискутира за проблемите. Ќе бидат поканети, социолози, активисти други личности, кои ќе говорат за тоа каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост, воедно ќе се споделуваат искуствата. Проектот во тек на пролетта 2023 година, ќе патува низ десетина градови во земјава со цел да се поттикнат активностите и свесноста на што поголема територија.

The post Со вистински животни приказни отсликани преку современ танцов перформанс почнува проектот „Простор за разговор“ appeared first on Република.

Следната година ќе се отворат првите докторски студии за танц во земјава при Универзитетот „Гоце Делчев“ https://republika.mk/vesti/kultura/slednata-godina-kje-se-otvorat-prvite-doktorski-studii-za-tanc-vo-zemjava-pri-univerzitetot-goce-delchev/ Mon, 03 Oct 2022 14:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=556911

Денес во 11 часот се одржа првиот академски час за оваа наставна година, со студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, предводена од професор д-р. Рисима Рисимкин. Веднаш потоа студентите имаа средба и работилница со американскиот кореограф Џастин Кабрилос.

Кабрилос живее и работи во Њујорк, има завидна интернационална кариера и своите искуства ќе ги сподели со студентите за современ танц при УГД, кои работат во Скопје, во просториите на Дом на АРМ.

Соработката со овој кореограф е овозможена преку „Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива“ и програмската директорка Биљана Тануровска Ќулавкоски.

Катедрата за современ танц на УГД е оформена во 2017 година со прв циклус студии, вториот циклус студии се оформија во 2021 година, со програмите за кореографија и танцова педагогија, а од следната година ќе се отворат и првите докторски студии за танц во земјава.

Оваа катедра е една од ретките уметнички високообразовни институции во земјава, каде, покрај домашните, студираат и странски студенти, на двата циклуса на студии.

Студентите на Катедрата за современ танц својата пракса ја имаат во рамките на работата на Скопје танцовиот театар, преку чии активности имаат можност за учество во професионални продукции, како и можност за настапи во странство, низ Европа, САД и Кина.

Воедно, овие студенти имаат можност за студиски престој на Ротердамската танцова академија и КОДАРТС универзитетот, како и резиденции и настапи на програмата „Share“ која вклучува 9 европски танцови академии и универзитети од Австрија, Словачка, Чешка, Латвија, Унгарија, Полска, Велика Британија и Македонија.

The post Следната година ќе се отворат првите докторски студии за танц во земјава при Универзитетот „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>

Денес во 11 часот се одржа првиот академски час за оваа наставна година, со студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, предводена од професор д-р. Рисима Рисимкин. Веднаш потоа студентите имаа средба и работилница со американскиот кореограф Џастин Кабрилос. Кабрилос живее и работи во Њујорк, има завидна интернационална кариера и своите искуства ќе ги сподели со студентите за современ танц при УГД, кои работат во Скопје, во просториите на Дом на АРМ. Соработката со овој кореограф е овозможена преку „Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива“ и програмската директорка Биљана Тануровска Ќулавкоски. Катедрата за современ танц на УГД е оформена во 2017 година со прв циклус студии, вториот циклус студии се оформија во 2021 година, со програмите за кореографија и танцова педагогија, а од следната година ќе се отворат и првите докторски студии за танц во земјава. Оваа катедра е една од ретките уметнички високообразовни институции во земјава, каде, покрај домашните, студираат и странски студенти, на двата циклуса на студии. Студентите на Катедрата за современ танц својата пракса ја имаат во рамките на работата на Скопје танцовиот театар, преку чии активности имаат можност за учество во професионални продукции, како и можност за настапи во странство, низ Европа, САД и Кина. Воедно, овие студенти имаат можност за студиски престој на Ротердамската танцова академија и КОДАРТС универзитетот, како и резиденции и настапи на програмата „Share“ која вклучува 9 европски танцови академии и универзитети од Австрија, Словачка, Чешка, Латвија, Унгарија, Полска, Велика Британија и Македонија.

The post Следната година ќе се отворат првите докторски студии за танц во земјава при Универзитетот „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>
Предавање на Рисима Рисимкин за компјутерски генерирана кореографија во Кина https://republika.mk/vesti/kultura/predavanje-na-risima-risimkin-za-kompjuterski-generirana-koreografija-vo-kina/ Fri, 01 Jul 2022 10:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=522080

Од денеска до 3 јули, во рамки на Културната унија помеѓу Кина и земјите од Централна и Југоисточна Европа и програмата за танцови работилници, која ќе трае во следните шест месеци деканката на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев", професор д-р Рисима Рисимкин, ќе одржи серија предавања на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“. Во програматаа ќе земат учество повеќе европски и кинески предавачи, во текот на следните шест месеци, а честа да ја отвори оваа програма ја има токму професорката Рисимкин.

Навистина сум возбудена од овие предавања и огромниот интерес кои го побудија кај студентите на Културната унија. За мене е прекрасно ново искуство, овоие предавања за поврзување на уметноста и технологијата, по споделувањата на сцените во Братислава, (Словачка), Загреб (Хрватска) и Рига (Латвија), да ги сподела со огормен борј на студенти кои ги следат предавањат овие три дена. Компјутерски генерирана короеграфија е термин кој се јавува кон крајот на минатиот век и кој интензивно се развива и сметам дека е одлична прилика студенти од областа на танцот да се запознаат со овие нови интенции, вели професорката Рисимкин.

Трудот „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“ на професорката Рисимкин, беше првично презентиран и објавен во рамки на Научната конференциај ЕТИМА 2021. Рисимкин и понатаму го развива истражувањето во последната година и ги споделува своите сознанија со глем број на танцови уемтници од светот.

Воедно, во склоп на предавањата професорката Рисимкин ќе ги претстави студиските програми на Катедрата за современ танц при УГД, за додипломски и мастер студии, како и отворањето на првите докторски студии од областа на теоријата на танцот кај нас, кои ќе започнат со работа од септември 2023 година, со цел да се привлечат што повеќе странски студенти, кои оваа Катедра веќе ги има меѓу редовите на своите студенти.

The post Предавање на Рисима Рисимкин за компјутерски генерирана кореографија во Кина appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 3 јули, во рамки на Културната унија помеѓу Кина и земјите од Централна и Југоисточна Европа и програмата за танцови работилници, која ќе трае во следните шест месеци деканката на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев", професор д-р Рисима Рисимкин, ќе одржи серија предавања на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“. Во програматаа ќе земат учество повеќе европски и кинески предавачи, во текот на следните шест месеци, а честа да ја отвори оваа програма ја има токму професорката Рисимкин.
Навистина сум возбудена од овие предавања и огромниот интерес кои го побудија кај студентите на Културната унија. За мене е прекрасно ново искуство, овоие предавања за поврзување на уметноста и технологијата, по споделувањата на сцените во Братислава, (Словачка), Загреб (Хрватска) и Рига (Латвија), да ги сподела со огормен борј на студенти кои ги следат предавањат овие три дена. Компјутерски генерирана короеграфија е термин кој се јавува кон крајот на минатиот век и кој интензивно се развива и сметам дека е одлична прилика студенти од областа на танцот да се запознаат со овие нови интенции, вели професорката Рисимкин.
Трудот „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“ на професорката Рисимкин, беше првично презентиран и објавен во рамки на Научната конференциај ЕТИМА 2021. Рисимкин и понатаму го развива истражувањето во последната година и ги споделува своите сознанија со глем број на танцови уемтници од светот. Воедно, во склоп на предавањата професорката Рисимкин ќе ги претстави студиските програми на Катедрата за современ танц при УГД, за додипломски и мастер студии, како и отворањето на првите докторски студии од областа на теоријата на танцот кај нас, кои ќе започнат со работа од септември 2023 година, со цел да се привлечат што повеќе странски студенти, кои оваа Катедра веќе ги има меѓу редовите на своите студенти.

The post Предавање на Рисима Рисимкин за компјутерски генерирана кореографија во Кина appeared first on Република.

]]>
Настап на студентите во класата на Рисима Рисимкин на Катедрата за современ танц во Дом на АРМ https://republika.mk/vesti/kultura/nastap-na-studentite-vo-klasata-na-risima-risimkin-na-katedrata-za-sovremen-tanc-vo-dom-na-arm/ Thu, 19 May 2022 10:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=504302

Вечерва, на 19 мај во 21 часот на сцената на Дом на АРМ во Скопје, студентите на Катедрата за современ танц ќе настапат во претставата „Импулс“ на Скопје танцовиот театар 2. Ќе бидат изведени дела на современи млади кореографи и тоа: “КОНТУРА“ на Дејан Битровски, во кое ќе настапи студентката Емилја Милак и „Go Figure It Out #vol2“ во изведба на Стефани Шаршмит, Викторија Коцева, Андреј Димоски, Сара Димовска, Клара Христова, Емилија Милак, Јоана Благадуша, Микаела Анџела Глигорова.

Во рамките на вечерта ќе бидат презентирани и две кореографиите на студентите од Мастер студии за кореографија, во класа на Рисима Рисимкин, “NEBULA MZ3” на Ана Папаниколау од Грција, а ќе настапат студентките Клара Христова и Стефани Шааршмит, како и короеграфијата “БЕЗ-НАДЕЖЕН” на Иван Ангелковски во која настапува студентката Стефани Шааршмит. Работата на Скопје танцов театар е поддржана од Министерство за култура и Град Скопје.

Скопје танцовиот театар е првата официјална современа танцова компанија во земјава, основана во 2011 година и предводена од кореографката Рисима Рисимкин.

The post Настап на студентите во класата на Рисима Рисимкин на Катедрата за современ танц во Дом на АРМ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на 19 мај во 21 часот на сцената на Дом на АРМ во Скопје, студентите на Катедрата за современ танц ќе настапат во претставата „Импулс“ на Скопје танцовиот театар 2. Ќе бидат изведени дела на современи млади кореографи и тоа: “КОНТУРА“ на Дејан Битровски, во кое ќе настапи студентката Емилја Милак и „Go Figure It Out #vol2“ во изведба на Стефани Шаршмит, Викторија Коцева, Андреј Димоски, Сара Димовска, Клара Христова, Емилија Милак, Јоана Благадуша, Микаела Анџела Глигорова. Во рамките на вечерта ќе бидат презентирани и две кореографиите на студентите од Мастер студии за кореографија, во класа на Рисима Рисимкин, “NEBULA MZ3” на Ана Папаниколау од Грција, а ќе настапат студентките Клара Христова и Стефани Шааршмит, како и короеграфијата “БЕЗ-НАДЕЖЕН” на Иван Ангелковски во која настапува студентката Стефани Шааршмит. Работата на Скопје танцов театар е поддржана од Министерство за култура и Град Скопје. Скопје танцовиот театар е првата официјална современа танцова компанија во земјава, основана во 2011 година и предводена од кореографката Рисима Рисимкин.  

The post Настап на студентите во класата на Рисима Рисимкин на Катедрата за современ танц во Дом на АРМ appeared first on Република.

]]>
Скопје танц фест слави 18. роденден во МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/skopje-tanc-fest-slavi-18-rodenden-vo-mnt/ Wed, 13 Apr 2022 08:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=487693

Вечерва на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ), во 20 часот  ќе се одбележи 18. роденден на Танц Фест Скопје. Во програмата, во короеграфијата „Котел“ на Рисимкин ќе настапат младите танчери: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Андреј Димоски, Клара Цветковска, Емилија Милак, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, кои се школуваат на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, а кои, од годинава влегуваат во состав на Скопје танцовиот театар 2, како подмладок и нова креативна снага на современата танцова сцена кај нас.

Музиката за „Котел“ е на Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски. Второто дело е „Go Figure It Out“ на Адријана Данчевска, музика Herzel-Glimmering Eyes, Sawf-Sand, а ќе настапат Дејан Битровски, Сара Димоска, Стефани Шааршмит, Андреј Димоски и Викторија Коцева.

За крај ќе се изведе претставата и „Идентитети - Историја на еден растегната сон“ на Рисимкин, со Скопје танцовиот театар, претставата која во Париз беше оценета како брилјантана, а Рисимкин како софистициран, авангарден кореограф. Музиката е на Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски, а дизјан на сцена и светло на Матеа Мијановиќ. Ќе настапат Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, Викторија Коцева, Андреј Димоски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак.

Во рамки на вечерашната претстава, ќе се прочита македонската порака за Меѓународниот ден нa танцот, (Македоснки центар на ИТИ), која годинава ја напиша Олга Панго, балерина и кореограф, актуелна уметничка раководителка на Балетот при НОБ. Таа, во пораката, меѓудругото ни порачува:

Танцот е слобода со која се надминуваат најсложените и најтешките ситуации во животот. Танцот е толку возбудлив и забавен што ние кои се занимаваме со него сме среќни луѓе. Во времиња како овие, времиња на големи искушенија и транзиции, во ерата на пандемијата, единствениот спас е да се прочистуваме со нешта кои се возвишени: како танцот и уметноста воопшто. Танцот опстојувал, опстојува и ќе опстои независно од тоа колку општеството ќе ги поддржи оние кои го негуваат, се борат и живеат од него, со него и во него. Секојдневното присуство на танцот нè прави само посреќни и побезгрижни. Танцувајте колку можете повеќе. Користете го телото за убавина и естетика, така го зголемувате количеството на дух кој ни е потребен, за да опстоиме како единки и група во овие чудни времиња за битисување. Танцувајте секој ден, учете ги вашите деца да танцуваат и да бидат среќни. Помогнете им на постарите и немоќните да го придвижат своето тело за да се чувствуваат подобро.

The post Скопје танц фест слави 18. роденден во МНТ appeared first on Република.

]]>

Вечерва на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ), во 20 часот  ќе се одбележи 18. роденден на Танц Фест Скопје. Во програмата, во короеграфијата „Котел“ на Рисимкин ќе настапат младите танчери: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Андреј Димоски, Клара Цветковска, Емилија Милак, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, кои се школуваат на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, а кои, од годинава влегуваат во состав на Скопје танцовиот театар 2, како подмладок и нова креативна снага на современата танцова сцена кај нас. Музиката за „Котел“ е на Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски. Второто дело е „Go Figure It Out“ на Адријана Данчевска, музика Herzel-Glimmering Eyes, Sawf-Sand, а ќе настапат Дејан Битровски, Сара Димоска, Стефани Шааршмит, Андреј Димоски и Викторија Коцева. За крај ќе се изведе претставата и „Идентитети - Историја на еден растегната сон“ на Рисимкин, со Скопје танцовиот театар, претставата која во Париз беше оценета како брилјантана, а Рисимкин како софистициран, авангарден кореограф. Музиката е на Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски, а дизјан на сцена и светло на Матеа Мијановиќ. Ќе настапат Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, Викторија Коцева, Андреј Димоски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак. Во рамки на вечерашната претстава, ќе се прочита македонската порака за Меѓународниот ден нa танцот, (Македоснки центар на ИТИ), која годинава ја напиша Олга Панго, балерина и кореограф, актуелна уметничка раководителка на Балетот при НОБ. Таа, во пораката, меѓудругото ни порачува:
Танцот е слобода со која се надминуваат најсложените и најтешките ситуации во животот. Танцот е толку возбудлив и забавен што ние кои се занимаваме со него сме среќни луѓе. Во времиња како овие, времиња на големи искушенија и транзиции, во ерата на пандемијата, единствениот спас е да се прочистуваме со нешта кои се возвишени: како танцот и уметноста воопшто. Танцот опстојувал, опстојува и ќе опстои независно од тоа колку општеството ќе ги поддржи оние кои го негуваат, се борат и живеат од него, со него и во него. Секојдневното присуство на танцот нè прави само посреќни и побезгрижни. Танцувајте колку можете повеќе. Користете го телото за убавина и естетика, така го зголемувате количеството на дух кој ни е потребен, за да опстоиме како единки и група во овие чудни времиња за битисување. Танцувајте секој ден, учете ги вашите деца да танцуваат и да бидат среќни. Помогнете им на постарите и немоќните да го придвижат своето тело за да се чувствуваат подобро.
 
The post Скопје танц фест слави 18. роденден во МНТ appeared first on Република.

]]>
Брилијантна креација на авангарден кореограф, напиша француската критика за гостувањето на Скопје танцов театар во легендарниот „Шајо“ https://republika.mk/vesti/kultura/brilijantna-kreacija-na-avangarden-koreograf-napisha-francuskata-kritika-za-gostuvanjeto-na-skopje-tancov-teatar-vo-legendarniot-shajo/ Fri, 25 Mar 2022 09:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=478267

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност, пишува критичарот Денис Санглард за „Un Fauteuil pour L'Orchestre“ , по гостувањето на Рисима Рисимкин со Скопје танцовиот театар во Националниот театар за современ танц Шајо во Париз, Франција.

„Un Fauteuil pour L'Orchestre“ е специјализиран журнал за критички осврти, кој дава оценки за претставите од едно Ф до највисока оценка 3 ФФФ. Претставата е оценета со највисоката оценка, три ФФФ, т.е. како нешто што не смее да се пропушти.

Секогаш е возбудливо да се открие нов кореограф кој ги исполнува очекувањата. Сепак, Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар не се нови на сцената на современиот танц. Македонските танчери, се имаат претставено со бројни дела низ светот, но за првпат беа поканети во Франција на задоволството на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз. Единствено жалиме што претставата се играше само три дена.

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност.

Во време на пандемија, која исклучува речиси секаков физички контакт, Рисима Рисимкин го создава она што недостасува, фрустрацијата од отсуството на телото на другиот.

Оваа хиперсофистицирана кореографија, како и костимите, светлата и сценографијата се дел од еден апокалиптичен универзум, по малку анкциозен, но во исто време на чуден начин мирен во своето движење, дури и воздржан, додека во позадината се слуша една застрашувачка музика.

Хибриден танц на чудни суштества, мутанти, понекогаш облечени во потпетици. Тела кои осцилираат помеѓу напнатост и релаксација. Гестикулации на ширење и затегнување, постојано под контрола, понекогаш механички и репетитивни, но целосно ослободени од какви било ограничувања.

Некои слики се дури и скратени во нивниот импулс, со ненадеен и произволен крај, неодгатлив. Исто како што, во овој проблематичен период, сè беше осудено на една нецелосна состојба, до фрустрација.

Телата, колку и да се блиску, никогаш не се допираат. Без разлика дали се заедно или сами, растојанието останува исто, секој е закотвен во својата сфера што не ја напушта, бидејќи сега таа им претставува единствениот универзум, обвинувајќи ја оваа изолација што не ја прекршуваат и покрај обидите и импулсите.

Сепак во ова принудно затворање може да се роди чувство на слобода и опиеност. Убавината и грациозност во солото на жена-лебед е манифест или израз на слобода што и покрај сè останува, чин на отпор.

И тоа е несомнено она што ја карактеризира оваа креација означена со печатот на пандемијата. Оваа наметната желба да не се откажуваме и во длабочините на себеси, преку гестикулација на телото, да ја пронајдеме слободата и убавината без којашто не може да има создавање, пишува Санглард.

Музиката за претставата е на Тони Китановски, сценографија и светла на Матеа Мијановиќ, костимографија на Блогој Мицевски. Настапија танчерите: Анатасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак.

The post Брилијантна креација на авангарден кореограф, напиша француската критика за гостувањето на Скопје танцов театар во легендарниот „Шајо“ appeared first on Република.

]]>

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност, пишува критичарот Денис Санглард за „Un Fauteuil pour L'Orchestre“ , по гостувањето на Рисима Рисимкин со Скопје танцовиот театар во Националниот театар за современ танц Шајо во Париз, Франција. „Un Fauteuil pour L'Orchestre“ е специјализиран журнал за критички осврти, кој дава оценки за претставите од едно Ф до највисока оценка 3 ФФФ. Претставата е оценета со највисоката оценка, три ФФФ, т.е. како нешто што не смее да се пропушти.
Секогаш е возбудливо да се открие нов кореограф кој ги исполнува очекувањата. Сепак, Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар не се нови на сцената на современиот танц. Македонските танчери, се имаат претставено со бројни дела низ светот, но за првпат беа поканети во Франција на задоволството на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз. Единствено жалиме што претставата се играше само три дена. „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност. Во време на пандемија, која исклучува речиси секаков физички контакт, Рисима Рисимкин го создава она што недостасува, фрустрацијата од отсуството на телото на другиот. Оваа хиперсофистицирана кореографија, како и костимите, светлата и сценографијата се дел од еден апокалиптичен универзум, по малку анкциозен, но во исто време на чуден начин мирен во своето движење, дури и воздржан, додека во позадината се слуша една застрашувачка музика. Хибриден танц на чудни суштества, мутанти, понекогаш облечени во потпетици. Тела кои осцилираат помеѓу напнатост и релаксација. Гестикулации на ширење и затегнување, постојано под контрола, понекогаш механички и репетитивни, но целосно ослободени од какви било ограничувања. Некои слики се дури и скратени во нивниот импулс, со ненадеен и произволен крај, неодгатлив. Исто како што, во овој проблематичен период, сè беше осудено на една нецелосна состојба, до фрустрација. Телата, колку и да се блиску, никогаш не се допираат. Без разлика дали се заедно или сами, растојанието останува исто, секој е закотвен во својата сфера што не ја напушта, бидејќи сега таа им претставува единствениот универзум, обвинувајќи ја оваа изолација што не ја прекршуваат и покрај обидите и импулсите. Сепак во ова принудно затворање може да се роди чувство на слобода и опиеност. Убавината и грациозност во солото на жена-лебед е манифест или израз на слобода што и покрај сè останува, чин на отпор. И тоа е несомнено она што ја карактеризира оваа креација означена со печатот на пандемијата. Оваа наметната желба да не се откажуваме и во длабочините на себеси, преку гестикулација на телото, да ја пронајдеме слободата и убавината без којашто не може да има создавање, пишува Санглард.
Музиката за претставата е на Тони Китановски, сценографија и светла на Матеа Мијановиќ, костимографија на Блогој Мицевски. Настапија танчерите: Анатасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак.  

The post Брилијантна креација на авангарден кореограф, напиша француската критика за гостувањето на Скопје танцов театар во легендарниот „Шајо“ appeared first on Република.

]]>
„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин вечерва во МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/identiteti-istorija-na-eden-rastegnat-son-vo-koreografija-i-rezija-na-risima-risimkin-vecherva-vo-mnt/ Thu, 10 Mar 2022 08:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=470400

Вечерва во Македонскиот народен театар во 20 часот ќе биде изведена претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, а во изведба на Скопје танцовиот театар.

Претставата се изведува пред заминувањето на компанијата за Париз, Франција, каде што ќе има историско гостување на сцената на еден од најпрестижните светски театари, Националниот театар за современ танц „Шајо“. Во претставата вечерва, а и на гостувањата во Париз ќе настапат: Анастасија Данчевска, Мими Поп Алексова Атанасова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Андреј Димовски и Емилија Милак. Музиката за претставата е на Тони Китановски, костимите на Благоја Мицевски, а дизјан на сцена и светло на Матеа Мијановиќ.

Во Париз претставата се најавува како „изненадувачка претстава, која нѐ води во еден магичен свет, за да зборуваме за актуелностите“. Новинарките Делфин Бафур и Агнес Изрин за магазинот „La terrasse“ напишаа:

Рисима Рисимкин ја доведува во прашање експресивноста на движењето во времето на пандемијата. Надвор од оваа општоприфатена тема, Скопје танцовиот театар нѐ поканува да ги истражуваме имагинарните идентитети, изнесувајќи чудни ликови, запленети од големата интензивеност на танцот. Рисимкин неодамна ни се довери дека во овој опус, ‘се обидува да најде јазик што функционира во ова нефункционално време’. Таа го прифаќа предизвикот да создаде интимен танц во кој танчерите никогаш не се допираат. Водена од софистицирана сценографија и костими, таа ни претставува апокалиптичен свет кој ја истакнува нашата изолација, но ја брани убавината од сите препреки.

Претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ ќе има три изведби на париската современа сцена и тоа на 16, 17 и 18 март 2022 година.

The post „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин вечерва во МНТ appeared first on Република.