Ридван Ибраими Archives - Република https://republika.mk/tema/ridvan-ibraimi/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 18:56:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ридван Ибраими Archives - Република https://republika.mk/tema/ridvan-ibraimi/ 32 32 Обвинителството со детали за пукањето во Арачиново: Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-so-detali-za-pukaneto-vo-arachinovo-ke-bide-izdadena-i-naredba-za-obezbeduvane-snimki-od-video-nadzor/ Mon, 01 Apr 2024 18:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=761056

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, информираат од ОЈО Скопје во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот.

Од Обвинителството дополнуваат дека ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија.

Претходно, од Министерството за внатрешни работи информираа дека во СВР Скопје денеска е пријавено дека на влез на село Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, кој бил заедно со уште неколку лица. Оттаму соопштија дека градоначалникот не е повреден, а како што наведоа, не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно за МИА потврди дека во престрелката е погоден возачот на градоначалникот, а пукано е и кон уште едно лице вработено во општината.

Повредениот е донесен во Ургентниот центар во Скопје.

Директорот на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар, Неџати Јакупи за телевизија Телма изјави дека во Клиниката е донесено момче на околу 30-годишна возраст со прострелни рани на градниот кош.

Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, изјави Јакупи.

The post Обвинителството со детали за пукањето во Арачиново: Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор appeared first on Република.

]]>

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, информираат од ОЈО Скопје во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот. Од Обвинителството дополнуваат дека ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија. Претходно, од Министерството за внатрешни работи информираа дека во СВР Скопје денеска е пријавено дека на влез на село Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, кој бил заедно со уште неколку лица. Оттаму соопштија дека градоначалникот не е повреден, а како што наведоа, не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно за МИА потврди дека во престрелката е погоден возачот на градоначалникот, а пукано е и кон уште едно лице вработено во општината. Повредениот е донесен во Ургентниот центар во Скопје. Директорот на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар, Неџати Јакупи за телевизија Телма изјави дека во Клиниката е донесено момче на околу 30-годишна возраст со прострелни рани на градниот кош.
Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, изјави Јакупи.

The post Обвинителството со детали за пукањето во Арачиново: Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор appeared first on Република.

]]>
Полицијата откри детали за атентатот врз градоначалникот на општина Арачиново https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-otkri-detali-za-atentatot-vrz-gradonachalnikot-na-opshtina-arachinovo/ Mon, 01 Apr 2024 16:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=761023

Инцидент во кој во Арачиново е пукано врз градоначланикот на општината Ридван Ибраими, ја потресе јавноста. Според информациите од МВР, нападот се случил додека градоначалникот се движел во своето возило. Во нападот има двајца ранети, но градоначланикот не е повреден.

Од полицијата за „Порталб“ го потврдуваат случајот.

Денеска во 13:25 часот во СПБ Скопје пријавено е дека на влез во село Харачина машко лице со автоматска пушка пукало во градоначалникот на општина Харачина Р.И., кој бил заедно со повеќе лица. Таму се повредени две лица кои биле заедно со градоначалникот“, наведуваат од полицијата и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Од полицијата потенцираат дека градоначалникот не е повреден и додаваат дека не се точни шпекулациите дека има и повредени полицајци.

Во врска со инцидентот во Харачина, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки на местото на инцидентот, даде наредба за подигање на трагите и вршење на соодветно вештачење“, соопштија од Обвинителството, додавајќи дека наредбата е дадена и за обезбедување на снимки од камерите пронајдени во објектите во близина на местото на настанот.

Во инцидентот сериозно е повреден возачот на градоначалникот на општина Арачиново.

Тој има прострелна рана во градниот кош. Се работи за момче на околу 30 години“, изјави во разговор за „Телма“, Неџати Јакупи, директор на Клиниката за торакална хирургија при Клиничкиот центар во Скопје.

Истрелите кон Ибраими дошле од автомобил во движење.

На местото на настанот има многу полицајци, додека влезовите и излезите на Харачина се блокирани.

The post Полицијата откри детали за атентатот врз градоначалникот на општина Арачиново appeared first on Република.

]]>

Инцидент во кој во Арачиново е пукано врз градоначланикот на општината Ридван Ибраими, ја потресе јавноста. Според информациите од МВР, нападот се случил додека градоначалникот се движел во своето возило. Во нападот има двајца ранети, но градоначланикот не е повреден. Од полицијата за „Порталб“ го потврдуваат случајот.
Денеска во 13:25 часот во СПБ Скопје пријавено е дека на влез во село Харачина машко лице со автоматска пушка пукало во градоначалникот на општина Харачина Р.И., кој бил заедно со повеќе лица. Таму се повредени две лица кои биле заедно со градоначалникот“, наведуваат од полицијата и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
Од полицијата потенцираат дека градоначалникот не е повреден и додаваат дека не се точни шпекулациите дека има и повредени полицајци.
Во врска со инцидентот во Харачина, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки на местото на инцидентот, даде наредба за подигање на трагите и вршење на соодветно вештачење“, соопштија од Обвинителството, додавајќи дека наредбата е дадена и за обезбедување на снимки од камерите пронајдени во објектите во близина на местото на настанот.
Во инцидентот сериозно е повреден возачот на градоначалникот на општина Арачиново.
Тој има прострелна рана во градниот кош. Се работи за момче на околу 30 години“, изјави во разговор за „Телма“, Неџати Јакупи, директор на Клиниката за торакална хирургија при Клиничкиот центар во Скопје.
Истрелите кон Ибраими дошле од автомобил во движење. На местото на настанот има многу полицајци, додека влезовите и излезите на Харачина се блокирани.

The post Полицијата откри детали за атентатот врз градоначалникот на општина Арачиново appeared first on Република.

]]>
Прво видео од местото на пукањето врз градоначланикот на Арачиново: Вооружен напаѓач ранил две лица се ранети https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prvo-video-od-mestoto-na-pukaneto-vrz-gradonachlanikot-na-arachinovo-vooruzhen-napagach-ranil-dve-litsa-se-raneti/ Mon, 01 Apr 2024 15:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=761020

Во престрелка недалеку од Скопје извршен е напад врз градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими, при што се ранети се две лица.

По информацијата дека со автоматска пушка е пукано во градоначалникот на Арачиново, на социјалните мрежи се појави видео од местото каде што се пукало, објави српски „Блиц“.

Видеото на следниот ЛИНК.

Директорот на скопската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Љубен Арсенков, изјави дека во таа болница е донесен 39-годишен маж со прострелна рана во пределот на рамото, која ја добил при пукање во Арачиново.

Станува збор за машко лице, истиот е надвор од животна опасност и е сместен на одделението за интензивна нега. Лицето било донесено пред околу еден час, при што се здобило со прострелна рана во десното рамо“, изјави Арсенков за агенцијата МИА.

МВР претходно соопшти дека со огнено оружје било пукано во автомобилот на претседателот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, додека во возилото биле неговиот возач и општинскиот вработен.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за МИА потврди дека во пукотницата биле погодени возачот на градоначалникот и уште едно лице вработено во општината.

Пукањето во возилото на градоначалникот на Арачиново се случило околу пладне, полицијата е на терен и врши увид.

Дел од медиумите потсетуваат дека градоначалникот Ибраими и претходно пријавил закани во полиција, а пред две години бил физички нападнат.

The post Прво видео од местото на пукањето врз градоначланикот на Арачиново: Вооружен напаѓач ранил две лица се ранети appeared first on Република.

]]>

Во престрелка недалеку од Скопје извршен е напад врз градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими, при што се ранети се две лица. По информацијата дека со автоматска пушка е пукано во градоначалникот на Арачиново, на социјалните мрежи се појави видео од местото каде што се пукало, објави српски „Блиц“. Видеото на следниот ЛИНК. Директорот на скопската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Љубен Арсенков, изјави дека во таа болница е донесен 39-годишен маж со прострелна рана во пределот на рамото, која ја добил при пукање во Арачиново.
Станува збор за машко лице, истиот е надвор од животна опасност и е сместен на одделението за интензивна нега. Лицето било донесено пред околу еден час, при што се здобило со прострелна рана во десното рамо“, изјави Арсенков за агенцијата МИА.
МВР претходно соопшти дека со огнено оружје било пукано во автомобилот на претседателот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, додека во возилото биле неговиот возач и општинскиот вработен. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за МИА потврди дека во пукотницата биле погодени возачот на градоначалникот и уште едно лице вработено во општината. Пукањето во возилото на градоначалникот на Арачиново се случило околу пладне, полицијата е на терен и врши увид. Дел од медиумите потсетуваат дека градоначалникот Ибраими и претходно пријавил закани во полиција, а пред две години бил физички нападнат.

The post Прво видео од местото на пукањето врз градоначланикот на Арачиново: Вооружен напаѓач ранил две лица се ранети appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Арачиново: Без предупредување влетаа и ме нападнаа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gradonachalnikot-na-arachinovo-bez-predupreduvanje-vletaa-i-me-napadnaa/ Tue, 13 Sep 2022 18:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=550507

Градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими на својот Фејсбук профил објави соопштение по повод денешниот физички напад од страна на три лица.

– Почитувани жители на општина Арачиново и поширока јавност, за жал, денес 13.09.2022 година (вторник), во раните утрински часови на почетокот на работното време, за време на извршувањето на службената должност како градоначалник на општина Арачиново бев предмет на напад од група неодговорни, несвесни и бесрамни лица, кои сега се познати на органите на прогонот. Без никакво предупредување и образложение, групата веднаш влета во напад, кој прво беше вербален, а потоа и физички, што според кривичниот законик на Р.С.М. претставува тешко кривично дело – пишува Ибраими.

Тој додава дека причини за нападот се нереализирање на нивни лични и деловни барања.

– Демек со моите постапки како градоначалник им се уништиле сметките. Најпрво бараат именувањата на директорите на основните училишта да се вршат според нивните барања, без да исполнуваат никакви законски критериуми, но преку кои полесно ќе ги остварат своите цели и ќе бидат во нивна служба. Намерите на оваа група имаат лоша позадина, кои се на штета на жителите на општината, заканувајќи се и уценувајќи ги многубројните екипи кои ги извршуваат своите работни задачи, а кои се дел од разни проекти. На оваа група несвесни луѓе, како и на многу други, известувам дека целта на кандидирањето за градоначалник не беше тоа што дојдов од улица, невработен, ниту да се збогатам или да се поврзувам со валкани бизниси. Mоите и намерите на мојот персонал беа и се благородни и чисти од секаква криминална прашина – вели градоначалникот.

Првиот човек на Арачиново истакнува дека без разлика на природата на нападите, вербални, физички, медиумски или виртуелни, нема враќање назад од овој свет пат што го тргнавме.

Сите што сакаат да имаат корист на сметка на народот нека си го стават ова во глава. И за време на изборната кампања го дадовме нашето ветување дека НИКОГАШ нема да ги разочараме луѓето што ги претставуваме. Затоа, не престануваме да реализираме капитални проекти за жителите на општина Арачиново. Вложуваме максимални напори на секој жител да му понудиме најдобри можни услови за нормален живот. Ваквите напади на овој начин уште повеќе не зајакнуваат, а нè да не заплашат. Оттаму апелирам, прво до најблиските членови на семејството, потоа до пријателите, поддржувачите, до сите кои заедно го следат овој пат, да не станат плен на вакви ниски провокации од неодговорни, несвесни луѓе, бесрамни, кои имаат ја изгубиле животната ориентација, кои ја изгубиле целта на својот живот. Нашиот заеднички пат е „Ние му служиме на нашиот народ со достоинство и чест“. Исто така, бидејќи сега ги имаме сите докази за овој срамен случај, ги повикувам надлежните органи на обвинителството и јавниот ред да ја вршат својата службена должност и одговорните за ова тешко кривично дело да се појават пред органите на правдата и еднаш и за сите, секој што има такви криминални намери, нека ја добие заслужената казна – пишува Ибраими.

The post Градоначалникот на Арачиново: Без предупредување влетаа и ме нападнаа appeared first on Република.