риба змеј Archives - Република https://republika.mk/tema/riba-zmej/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 12:28:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png риба змеј Archives - Република https://republika.mk/tema/riba-zmej/ 32 32 Отровна риба-змеј демне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија https://republika.mk/zivot/patuvanja/otrovna-riba-zmej-demne-vo-grtsija-hrvatska-tsrna-gora-i-vo-albanija/ Mon, 17 Jun 2024 10:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=788387

Рибата драгон, или како што кај нас ја нарекуваат – риба пајак или змеј риба, е една од опасностите заедно со медузите што демнат во морето на неколку локации што традиционално во текот на сезоната ги посетуваат туристи од регионот.

При убодот испушта отров предизвикувајќи силна болка.

Оваа отровна риба може да се сретне на бреговите и островите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Албанија, а секојпат сценариото е идентично – убодот се случува во плиткото, каде што практично е невидлива.

Се крие во песок и чакал, долга е 10-ина сантиметри и има остри црни боцки на грбните перки. Поради својот карактеристичен изглед и бои, оваа отровна риба дејствува како камелеон бидејќи совршено се асимилира во својата околина. Она што е важно да се наведе е дека рибата змеј, односно рибата пајак, не е предатор и не напаѓа, туку средбата со отровните боцки се случува кога ќе ја згазнете, а таа инстинктивно ги активира како одбранбен механизам.

Поради оваа причина, капачите се советуваат да бидат внимателни при влегување во водата, особено на плажите на кои и претходно се случувале убоди.

Кога ќе наидете на нејзините боцки, иако болката е интензивна, важно е да останете присебни. Најпрвин, додека убодот е уште свеж, најдобро е стапалото да се натопи во топла вода, односно во вода чија топлина можете да ја издржите. Овој процес се спроведува поради фактот што колку е потопла водата, толку е послаб ефектот на отровот бидејќи тој е термолабилен.

Важно е по овој третман, да добиете прва помош од лекар во форма на инјекција или антибиотици.

По убодот, покрај болка, се јавува и главоболка, чувство на задушување, мачнина, тешко дишење, болка во пределот на срцето, зголемено потење. Исто така, постојат некои индикации дека инфаркт може да се случи кај срцеви пациенти.

Советите на експертите од областа на морската биологија, како и медицинските работници, се кога ќе ве убоде змеј риба, да не го покривате местото, да го виткате со завој или да го затворате болното место.

По лекувањето, според оние што имале средби со оваа риба, болката понекогаш продолжува и во наредните денови.

„Пред неколку години ја згазнав на Олимпик Бич во Грција, многу лошо искуство. Таа испушти многу силен отров што ме остави во несвест. Веднаш по убодот, отидов кај доктор, кој ми даде инекција на местото на убодот, во стапалото“, напиша Србин во група на „Фејсбук“ посветена на Грција.

Уште полошо искуство доживеала жена, чиј син згазнал на риба змеј на Јадранот.

„Мојот син имаше лошо искуство на Јадранот на 15 години. Го убоде додека ја симнуваше од јадицата, не знаеше дека тоа е таа риба… Отокот беше ужасен, болката беше неподнослива, веднаш моравме да одиме на доктор“, пишува таа.

The post Отровна риба-змеј демне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија appeared first on Република.

]]>

Рибата драгон, или како што кај нас ја нарекуваат – риба пајак или змеј риба, е една од опасностите заедно со медузите што демнат во морето на неколку локации што традиционално во текот на сезоната ги посетуваат туристи од регионот. При убодот испушта отров предизвикувајќи силна болка. Оваа отровна риба може да се сретне на бреговите и островите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Албанија, а секојпат сценариото е идентично – убодот се случува во плиткото, каде што практично е невидлива. Се крие во песок и чакал, долга е 10-ина сантиметри и има остри црни боцки на грбните перки. Поради својот карактеристичен изглед и бои, оваа отровна риба дејствува како камелеон бидејќи совршено се асимилира во својата околина. Она што е важно да се наведе е дека рибата змеј, односно рибата пајак, не е предатор и не напаѓа, туку средбата со отровните боцки се случува кога ќе ја згазнете, а таа инстинктивно ги активира како одбранбен механизам. Поради оваа причина, капачите се советуваат да бидат внимателни при влегување во водата, особено на плажите на кои и претходно се случувале убоди. Кога ќе наидете на нејзините боцки, иако болката е интензивна, важно е да останете присебни. Најпрвин, додека убодот е уште свеж, најдобро е стапалото да се натопи во топла вода, односно во вода чија топлина можете да ја издржите. Овој процес се спроведува поради фактот што колку е потопла водата, толку е послаб ефектот на отровот бидејќи тој е термолабилен. Важно е по овој третман, да добиете прва помош од лекар во форма на инјекција или антибиотици. По убодот, покрај болка, се јавува и главоболка, чувство на задушување, мачнина, тешко дишење, болка во пределот на срцето, зголемено потење. Исто така, постојат некои индикации дека инфаркт може да се случи кај срцеви пациенти. Советите на експертите од областа на морската биологија, како и медицинските работници, се кога ќе ве убоде змеј риба, да не го покривате местото, да го виткате со завој или да го затворате болното место. По лекувањето, според оние што имале средби со оваа риба, болката понекогаш продолжува и во наредните денови. „Пред неколку години ја згазнав на Олимпик Бич во Грција, многу лошо искуство. Таа испушти многу силен отров што ме остави во несвест. Веднаш по убодот, отидов кај доктор, кој ми даде инекција на местото на убодот, во стапалото“, напиша Србин во група на „Фејсбук“ посветена на Грција. Уште полошо искуство доживеала жена, чиј син згазнал на риба змеј на Јадранот. „Мојот син имаше лошо искуство на Јадранот на 15 години. Го убоде додека ја симнуваше од јадицата, не знаеше дека тоа е таа риба… Отокот беше ужасен, болката беше неподнослива, веднаш моравме да одиме на доктор“, пишува таа.

The post Отровна риба-змеј демне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија appeared first on Република.

]]>
Риба змеј напаѓа во Грција, не одете на овие плажи https://republika.mk/zivot/patuvanja/riba-zmej-napaga-vo-grtsija-ne-odete-na-ovie-plazhi/ Wed, 12 Jul 2023 09:09:19 +0000 https://republika.mk/?p=660331

Риба-змеј се појави во Грција. Грците оваа риба ја нарекуваат „дракена“, на англиски ќе ја најдете под името „weeverfish“, а позната е и како морски пајак. Овие риби се појавиле на плажите олимпискиот регион, а ги има и во други области во плиткото.

Оваа риба не гризе туку боде. Веднаш зад главата има грбна перка со четити различни боцки (од кои втората е најопасна), која автоматски ја шири веднаш штом почувствува опасност.  Големината е  до 10 см и обично живее полускриена во песок и кал. Има боја на песок, па не е лесно да се забележи. На грбот има црни боцки кои ги активира ако го згазите и преку кои испушта отров во вашето тело.

Убодот од  оваа риба е со многу силна болка која се развива со сета сила и до половина час по убодот. Болката е толку силна што едвај се поднесува. Симптомите на труење обично се само локални, но понекогаш има општи симптоми во форма на зголемено потење, слабост, вртоглавица, гадење и повраќање.

The post Риба змеј напаѓа во Грција, не одете на овие плажи appeared first on Република.

]]>

Риба-змеј се појави во Грција. Грците оваа риба ја нарекуваат „дракена“, на англиски ќе ја најдете под името „weeverfish“, а позната е и како морски пајак. Овие риби се појавиле на плажите олимпискиот регион, а ги има и во други области во плиткото. Оваа риба не гризе туку боде. Веднаш зад главата има грбна перка со четити различни боцки (од кои втората е најопасна), која автоматски ја шири веднаш штом почувствува опасност.  Големината е  до 10 см и обично живее полускриена во песок и кал. Има боја на песок, па не е лесно да се забележи. На грбот има црни боцки кои ги активира ако го згазите и преку кои испушта отров во вашето тело. Убодот од  оваа риба е со многу силна болка која се развива со сета сила и до половина час по убодот. Болката е толку силна што едвај се поднесува. Симптомите на труење обично се само локални, но понекогаш има општи симптоми во форма на зголемено потење, слабост, вртоглавица, гадење и повраќање.

The post Риба змеј напаѓа во Грција, не одете на овие плажи appeared first on Република.

]]>