Резолуција за македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/rezolutsija-za-makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Aug 2023 11:25:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Резолуција за македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/rezolutsija-za-makedonija/ 32 32 Пред две години никој не зборуваше за гаранции, тоа прашање е отворено благодарение на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/pred-dve-godini-nikoj-ne-zboruvashe-za-garantsii-toa-prashane-e-otvoreno-blagodarenie-na-vmro-dpmne/ Tue, 01 Aug 2023 11:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=667601

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на предложената Резолуција во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја истакна дека ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна поддршка на предложената резолуција за заштита на македонскиот идентитет и ги охрабрува и другите институции и држави да донесат документи за поткрепа на многувековната македонската посебност.

Дозволете ми да подвлечам дека пред две години никој не зборуваше за гаранции за македонската многувековна историска и културна посебност, и ова прашање и реакција се случува благодарение на ВМРО-ДПМНЕ која што го отвори и наметна прашањето во јавниот дискурс. Како ВМРО-ДПМНЕ даваме безрезервна поддршка на оваа Резолуција. Значајно е тоа што стратешките партнери имаат разбирање за македонскиот народ и нивната посебност и многу е важно ова прашање да добие што поширока поддршка, односно да ги поттикне и другите држави и европските институции да донесат документи преку своите институции во поткрепа на многувековната македонска посебност, историја, јазик и култура, односно со еден збор македонскиот идентитет, нагласи Стоилковски.

https://youtu.be/q-zJO_fwlCM?si=5oNF1UUrgItg4i10

The post Пред две години никој не зборуваше за гаранции, тоа прашање е отворено благодарение на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Германската резолуција нема да нѐ заштити од нападите на Бугарија за македонскиот идентитет https://republika.mk/vesti/makedonija/germanskata-rezolutsija-nema-da-n-zashtiti-od-napadite-na-bugarija-za-makedonskiot-identitet/ Thu, 15 Jun 2023 06:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=651294

Германскиот Бундестаг денеска ќе расправа и гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет. Таа е насловена како „Активно поддржете ја Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“ и е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.

Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан.

Германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“.

Покрај тоа, ќе биде предложено со земјите кандидати да се договорат меѓучекори за поблиски врски со ЕУ на патот кон ЕУ, како што е асоцијативното членство во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика без право на глас и начин за пристапување кон внатрешен пазар на ЕУ во замена за реформи и спроведување на критериумите од Копенхаген, како и напредок во владеењето на правото.

Но, наспроти сите оптимистички најави од страна на власта, резолуцијата на германскиот Бундестаг во суштина ќе биде само обична патерица на која не ќе можеме со сигурност да се потпреме.

Зашто, таа не менува ништо. Тоа што е како гаранција потребно е некаква декларација или резолуција на Советот на ЕУ. И сите тврдења на власта дека тоа е невозможно паѓаат во вода со конкретниот пример во односите меѓу Србија и Косово.

Тука има уште една друга, скриена димензија во која се кријат двојните стандарди и аршини на Германија. Ѓаволот, нели, се крие во деталите.

Веројатно во јавноста е малку познато дека во подготвувањето на бугарскиот проект „Бугарската политика спрема Република Македонија“ од 2007/2008 година, што денес во целост се спроведува од страна на официјална Софија во односите со нашата држава, биле вложени и европски, односно германски пари!

Непосреден учесник во подготовката на негаторската бугарска политика кон Македонија била невладината Фондација Манфред Вернер, а како конкретни имиња се споменуваат д-р  Живко Георгиев, директор за стратешки истражувања, и Надежда Стојанова, програмски директор на истоимената фондација.

The post Германската резолуција нема да нѐ заштити од нападите на Бугарија за македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Германскиот Бундестаг денеска ќе расправа и гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет. Таа е насловена како „Активно поддржете ја Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“ и е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП. Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан. Германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“. Покрај тоа, ќе биде предложено со земјите кандидати да се договорат меѓучекори за поблиски врски со ЕУ на патот кон ЕУ, како што е асоцијативното членство во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика без право на глас и начин за пристапување кон внатрешен пазар на ЕУ во замена за реформи и спроведување на критериумите од Копенхаген, како и напредок во владеењето на правото. Но, наспроти сите оптимистички најави од страна на власта, резолуцијата на германскиот Бундестаг во суштина ќе биде само обична патерица на која не ќе можеме со сигурност да се потпреме. Зашто, таа не менува ништо. Тоа што е како гаранција потребно е некаква декларација или резолуција на Советот на ЕУ. И сите тврдења на власта дека тоа е невозможно паѓаат во вода со конкретниот пример во односите меѓу Србија и Косово. Тука има уште една друга, скриена димензија во која се кријат двојните стандарди и аршини на Германија. Ѓаволот, нели, се крие во деталите. Веројатно во јавноста е малку познато дека во подготвувањето на бугарскиот проект „Бугарската политика спрема Република Македонија“ од 2007/2008 година, што денес во целост се спроведува од страна на официјална Софија во односите со нашата држава, биле вложени и европски, односно германски пари! Непосреден учесник во подготовката на негаторската бугарска политика кон Македонија била невладината Фондација Манфред Вернер, а како конкретни имиња се споменуваат д-р  Живко Георгиев, директор за стратешки истражувања, и Надежда Стојанова, програмски директор на истоимената фондација.

The post Германската резолуција нема да нѐ заштити од нападите на Бугарија за македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>
Што нѐ учи искуството: Германската резолуција за Македонија не е никаква гаранција дека Бугарија и натаму нема да го оспорува нашиот идентитет https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-n-uchi-iskustvoto-germanskata-rezolutsija-za-makedonija-ne-e-nikakva-garantsija-deka-bugarija-i-natamu-nema-da-go-osporuva-nashiot-identitet/ Wed, 14 Jun 2023 11:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=651286

Германскиот Бундестаг утре треба да расправа и да гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет. Таа е насловена како „Активно поддржете ја Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“ и е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.

Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан.

Според најавите, германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“.

Покрај тоа, ќе биде предложено со земјите кандидати да се договорат меѓучекори за поблиски врски со ЕУ на патот кон ЕУ, како што е асоцијативното членство во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика без право на глас и начин за пристапување кон внатрешен пазар на ЕУ во замена за реформи и спроведување на критериумите од Копенхаген, како и напредок во владеењето на правото.

https://republika.mk/vesti/makedonija/iako-germanija-e-podgotvena-da-donese-rezolutsija-za-poddrshka-na-makedonija-problemot-ostanuva-a-toa-e-bugarija/

Власта, пред се премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, со денови помпезно ја најавува резолуцијата како некое чудо кое во основа е во функција на одоброволување на опозицијата за гласање на уставните измени и вметнување на Бугарите во него,анализира новинарот Предраг Димитровски за „Пресинг ТВ“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вчера во изјава за мкд.мк го поздрави овој потег, но истовремено потсети дека и во 2004 година германскиот Бундестаг донесе резолуција со која се бараше користење на уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација со Германија.

-Резолуцијата беше многу добра и со истата се бараше почитување на уставното име како еден од националните симболи на секоја суверена држава. Но, резолуцијата не беше обврзувачка за владата на официјален Берлин и нејзината примена никогаш не се случи, рече Милошоски.

Но, наспроти сите оптимистички најави од страна на власта, резолуцијата на германскиот Бундестаг во суштина ќе биде само обична патерица на која не ќе можеме со сигурност да се потпреме.

Зашто, таа не менува ништо. Тоа што е како гаранција потребно е некаква декларација или резолуција на Советот на ЕУ. И сите тврдења на власта дека тоа е невозможно паѓаат во вода со конкретниот пример во односите меѓу Србија и Косово.

Тука има уште една друга, скриена димензија во која се кријат двојните стандарди и аршини на Германија. Ѓаволот, нели, се крие во деталите.

Веројатно во јавноста е малку познато дека во подготвувањето на бугарскиот проект „Бугарската политика спрема Република Македонија“ од 2007/2008 година, што денес во целост се спроведува од страна на официјална Софија во односите со нашата држава, биле вложени и европски, односно германски пари!

Непосреден учесник во подготовката на негаторската бугарска политика кон Македонија била невладината Фондација Манфред Вернер, а како конкретни имиња се споменуваат д-р  Живко Георгиев, директор за стратешки истражувања, и Надежда Стојанова, програмски директор на истоимената фондација.

Кон ова мора да се додаде и фактот дека и ГЕРБ на Бојко Борисов или „Тиквата“, како што го именува „Политико“, е чисто германски производ и континуитет на политичката улога на Симеон Саксобурготски. А, позната е неговата првична максима „Секогаш со Германија, никогаш против Русија“, што сега ја модифицира во „Секогаш со Европа, никогаш против Русија“.

Извор Пресинг ТВ

The post Што нѐ учи искуството: Германската резолуција за Македонија не е никаква гаранција дека Бугарија и натаму нема да го оспорува нашиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Германскиот Бундестаг утре треба да расправа и да гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет. Таа е насловена како „Активно поддржете ја Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“ и е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП. Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан. Според најавите, германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“. Покрај тоа, ќе биде предложено со земјите кандидати да се договорат меѓучекори за поблиски врски со ЕУ на патот кон ЕУ, како што е асоцијативното членство во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика без право на глас и начин за пристапување кон внатрешен пазар на ЕУ во замена за реформи и спроведување на критериумите од Копенхаген, како и напредок во владеењето на правото. https://republika.mk/vesti/makedonija/iako-germanija-e-podgotvena-da-donese-rezolutsija-za-poddrshka-na-makedonija-problemot-ostanuva-a-toa-e-bugarija/ Власта, пред се премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, со денови помпезно ја најавува резолуцијата како некое чудо кое во основа е во функција на одоброволување на опозицијата за гласање на уставните измени и вметнување на Бугарите во него,анализира новинарот Предраг Димитровски за „Пресинг ТВ“. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вчера во изјава за мкд.мк го поздрави овој потег, но истовремено потсети дека и во 2004 година германскиот Бундестаг донесе резолуција со која се бараше користење на уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација со Германија.
-Резолуцијата беше многу добра и со истата се бараше почитување на уставното име како еден од националните симболи на секоја суверена држава. Но, резолуцијата не беше обврзувачка за владата на официјален Берлин и нејзината примена никогаш не се случи, рече Милошоски.
Но, наспроти сите оптимистички најави од страна на власта, резолуцијата на германскиот Бундестаг во суштина ќе биде само обична патерица на која не ќе можеме со сигурност да се потпреме. Зашто, таа не менува ништо. Тоа што е како гаранција потребно е некаква декларација или резолуција на Советот на ЕУ. И сите тврдења на власта дека тоа е невозможно паѓаат во вода со конкретниот пример во односите меѓу Србија и Косово. Тука има уште една друга, скриена димензија во која се кријат двојните стандарди и аршини на Германија. Ѓаволот, нели, се крие во деталите. Веројатно во јавноста е малку познато дека во подготвувањето на бугарскиот проект „Бугарската политика спрема Република Македонија“ од 2007/2008 година, што денес во целост се спроведува од страна на официјална Софија во односите со нашата држава, биле вложени и европски, односно германски пари! Непосреден учесник во подготовката на негаторската бугарска политика кон Македонија била невладината Фондација Манфред Вернер, а како конкретни имиња се споменуваат д-р  Живко Георгиев, директор за стратешки истражувања, и Надежда Стојанова, програмски директор на истоимената фондација. Кон ова мора да се додаде и фактот дека и ГЕРБ на Бојко Борисов или „Тиквата“, како што го именува „Политико“, е чисто германски производ и континуитет на политичката улога на Симеон Саксобурготски. А, позната е неговата првична максима „Секогаш со Германија, никогаш против Русија“, што сега ја модифицира во „Секогаш со Европа, никогаш против Русија“. Извор Пресинг ТВ

The post Што нѐ учи искуството: Германската резолуција за Македонија не е никаква гаранција дека Бугарија и натаму нема да го оспорува нашиот идентитет appeared first on Република.

]]>
Стравуваат дека е можно Бугарите да не влезат во нашиот Устав: Бугарскиот парламент усвои нова резолуција за Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/stravuvaat-deka-e-mozhno-bugarite-da-ne-vlezat-vo-nashiot-ustav-bugarskiot-parlament-usvoi-nova-rezolutsija-za-makedonija/ Thu, 02 Feb 2023 09:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=603717

Народното собрание на Бугарија денеска без дискусија усвои декларација во која „се осудуваат антибугарските пројави во Р.Македонија“. Декларацијата беше поддржана од 185 пратеници, а еден беше воздржан, пренесува БТА.

До парламентот беа доставени четири нацрт-декларации, од ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме на промените“, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“, врз основа на кои е изготвен и изгласан заеднички нацрт предложен од Комисијата за надворешна политика.

Бугарскиот парламент во усвоената декларација ги осудува „пројавите и повиците за насилство врз Бугарите во Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкиот престап врз Бугаринот Христијан Пендиков“ и бара да бидат преземени системски мерки од сите институции за откривањена сторителите и нивно изведување пред правдата.

Народното собрание исто така, изразува и „противење на трајното неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Р.Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година“.

Во декларацијата се изразува и загриженост дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, како и развојот на демократските процеси и институции во Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што им служи на интересите на трети страни“.

The post Стравуваат дека е можно Бугарите да не влезат во нашиот Устав: Бугарскиот парламент усвои нова резолуција за Македонија appeared first on Република.

]]>

Народното собрание на Бугарија денеска без дискусија усвои декларација во која „се осудуваат антибугарските пројави во Р.Македонија“. Декларацијата беше поддржана од 185 пратеници, а еден беше воздржан, пренесува БТА.
До парламентот беа доставени четири нацрт-декларации, од ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме на промените“, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“, врз основа на кои е изготвен и изгласан заеднички нацрт предложен од Комисијата за надворешна политика. Бугарскиот парламент во усвоената декларација ги осудува „пројавите и повиците за насилство врз Бугарите во Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкиот престап врз Бугаринот Христијан Пендиков“ и бара да бидат преземени системски мерки од сите институции за откривањена сторителите и нивно изведување пред правдата. Народното собрание исто така, изразува и „противење на трајното неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Р.Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година“. Во декларацијата се изразува и загриженост дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, како и развојот на демократските процеси и институции во Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што им служи на интересите на трети страни“.

The post Стравуваат дека е можно Бугарите да не влезат во нашиот Устав: Бугарскиот парламент усвои нова резолуција за Македонија appeared first on Република.

]]>