резолуции Archives - Република https://republika.mk/tema/rezolutsii/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 15:39:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png резолуции Archives - Република https://republika.mk/tema/rezolutsii/ 32 32 Мицкоски за резолуциите на ДУИ: Политички памфлет во обид да се скрие криминалот https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-rezolutsiite-na-dui-politichki-pamflet-vo-obid-da-se-skrie-kriminalot/ Sat, 20 Jul 2024 16:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=798779

Политички памфлет во обид да се скрие и заштити криминалот, рече премиерот Христијан Мицкоски за резолуциите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) чија цел е зачувување на легитимитетот на албанската популација поради „загриженост од обидите за понижување и маргинализација на албанската заедница со игнорирање на нивната волја во процесот на донесување одлуки“.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека не сака да коментира политики на раководство на ДУИ бидејќи тоа е нивна внатрешна работа, но дека опозициската партија има настапи во јавноста со кои, потенцира, се обидува да скрие и заштити криминали и оти со такви обиди никој не ги сфаќа сериозно.

Како што рече, сѐ додека во ДУИ не се извинат и признаат дека погрешиле со тоа што играле „фудбалчиња“, не го реализирале ветувањето за автопат Блаце – Скопје и тоа што дозволиле нивни роднини и пријатели да стекнуваат милионски богатства – „сѐ останато е политички памфлет“.

- Она со кое тие сега се обидуваат да настапат во јавноста е повторно политика на дезинтегрирање, нарушување на унитарниот карактер. Јас мислев дека ќе извлечат поука и ќе се извинат за трговскиот центар во центарот на Скопје, за „мајбах“ и „ролс ројс“ возилата, за тоа инстант фирми како милиони увезуваат, тендери, за наместените судии и обвинители. Само така можеме сериозно да ги разбереме. Сѐ ова останато, јас, простете, го сфаќам како обид да се заштити криминалот. И сѐ додека вака настапуваат, нема да наидат на сериозност никаде, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник за градинка во Трубарево.

The post Мицкоски за резолуциите на ДУИ: Политички памфлет во обид да се скрие криминалот appeared first on Република.

]]>

Политички памфлет во обид да се скрие и заштити криминалот, рече премиерот Христијан Мицкоски за резолуциите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) чија цел е зачувување на легитимитетот на албанската популација поради „загриженост од обидите за понижување и маргинализација на албанската заедница со игнорирање на нивната волја во процесот на донесување одлуки“. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека не сака да коментира политики на раководство на ДУИ бидејќи тоа е нивна внатрешна работа, но дека опозициската партија има настапи во јавноста со кои, потенцира, се обидува да скрие и заштити криминали и оти со такви обиди никој не ги сфаќа сериозно. Како што рече, сѐ додека во ДУИ не се извинат и признаат дека погрешиле со тоа што играле „фудбалчиња“, не го реализирале ветувањето за автопат Блаце – Скопје и тоа што дозволиле нивни роднини и пријатели да стекнуваат милионски богатства – „сѐ останато е политички памфлет“.