режим Archives - Република https://republika.mk/tema/rezim/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 07:31:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png режим Archives - Република https://republika.mk/tema/rezim/ 32 32 На автопатот Скопје-Куманово кај Миладиновци времен режим на сообраќај https://republika.mk/zivot/servisi/na-avtopatot-skopje-kumanovo-kaj-miladinovtsi-vremen-rezhim-na-soobrakaj/ Thu, 11 Jul 2024 07:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=795644

Од 9 јули, на десна коловозна лента на автопатот Скопје-Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај , при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

The post На автопатот Скопје-Куманово кај Миладиновци времен режим на сообраќај appeared first on Република.

]]>

Од 9 јули, на десна коловозна лента на автопатот Скопје-Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај , при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.  

The post На автопатот Скопје-Куманово кај Миладиновци времен режим на сообраќај appeared first on Република.

]]>
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје https://republika.mk/zivot/servisi/poseben-rezhim-na-soobrakaj-deneska-i-utre-vo-skopje/ Thu, 13 Jun 2024 07:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=787106

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради одржување министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, денеска и утре СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на Градот Скопје.

Од Секторот за ватрешни работи - Скопје апелираат сите граѓани, учесници во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.

The post Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради одржување министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, денеска и утре СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на Градот Скопје. Од Секторот за ватрешни работи - Скопје апелираат сите граѓани, учесници во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.

The post Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје appeared first on Република.

]]>
Изменет режим на сообраќај на автопатот А1, делница Петровец – Катланово https://republika.mk/zivot/servisi/izmenet-rezhim-na-soobrakaj-na-avtopatot-a1-delnitsa-petrovets-katlanovo/ Fri, 31 May 2024 07:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=783372

Од денеска воведена е времена измена на режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец – Катланово, заради извршување на градежни активности во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непреќено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, годинава е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

The post Изменет режим на сообраќај на автопатот А1, делница Петровец – Катланово appeared first on Република.

]]>

Од денеска воведена е времена измена на режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец – Катланово, заради извршување на градежни активности во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непреќено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, годинава е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

The post Изменет режим на сообраќај на автопатот А1, делница Петровец – Катланово appeared first on Република.

]]>
Од утре изменет режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец – Катланово https://republika.mk/zivot/servisi/od-utre-izmenet-rezhim-na-soobrakaj-na-avtopat-a1-delnitsa-petrovets-katlanovo/ Thu, 30 May 2024 07:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=782991

Заради извршување на градежни активности, од утре времено ќе биде изменет режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово.

Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопштуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

The post Од утре изменет режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец – Катланово appeared first on Република.

]]>

Заради извршување на градежни активности, од утре времено ќе биде изменет режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово. Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопштуваат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

The post Од утре изменет режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец – Катланово appeared first on Република.

]]>
7 Мај – Ден на полицијата, утре посебен сообраќaен режим во Аеродром https://republika.mk/zivot/servisi/7-maj-den-na-politsijata-utre-poseben-soobrakaen-rezhim-vo-aerodrom/ Mon, 06 May 2024 11:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=774687

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.05.2024 (вторник), поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08.00 до 18.00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

The post 7 Мај – Ден на полицијата, утре посебен сообраќaен режим во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.05.2024 (вторник), поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08.00 до 18.00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

The post 7 Мај – Ден на полицијата, утре посебен сообраќaен режим во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици https://republika.mk/vesti/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-skopje-za-voditsi/ Fri, 19 Jan 2024 08:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=734573

Поради активностите по повод верскиот празник Водици, во Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР информираат дека од 08:00 часот се до завршување на активностите, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ до крстосницата со ул.„11 Октомври“, во двете насоки.

Во Општина Ѓорче Петров од 08:00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански одреди“, до ул.„Ѓорче Петров“, па од ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во Општина Аеродром од 10:00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

МВР апелира до сите граѓани - учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници.

The post Посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици appeared first on Република.

]]>

Поради активностите по повод верскиот празник Водици, во Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР информираат дека од 08:00 часот се до завршување на активностите, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ до крстосницата со ул.„11 Октомври“, во двете насоки. Во Општина Ѓорче Петров од 08:00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански одреди“, до ул.„Ѓорче Петров“, па од ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во Општина Аеродром од 10:00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче. МВР апелира до сите граѓани - учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници.

The post Посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици appeared first on Република.

]]>
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка https://republika.mk/zivot/servisi/poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-skopje-poradi-megunarodna-nokna-atletska-trka/ Sun, 12 Nov 2023 08:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=700661

МВР информира дека денеска, од 16.30 часот, ќе има посебен режим на сообраќајот по улиците во централното подрачје во Скопје, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка насловена како „Низ улиците на Скопје 2023“.

Трката ќе се одвива со траса на движење од „Порта Македонија“, плоштад „Македонија“, ул.„Никола Вапцаров“, па лево по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа десно по ул.„11 Октомври“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“, повторно лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај „Порта Македонија“ во Скопје, известуваат од МВР.

Од тие причини, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

The post Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка appeared first on Република.

]]>

МВР информира дека денеска, од 16.30 часот, ќе има посебен режим на сообраќајот по улиците во централното подрачје во Скопје, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка насловена како „Низ улиците на Скопје 2023“. Трката ќе се одвива со траса на движење од „Порта Македонија“, плоштад „Македонија“, ул.„Никола Вапцаров“, па лево по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа десно по ул.„11 Октомври“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“, повторно лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај „Порта Македонија“ во Скопје, известуваат од МВР. Од тие причини, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

The post Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка appeared first on Република.

]]>
Центарот на Скопје утре ќе биде блокиран: Посебен сообраќаен режим на 1 Мај https://republika.mk/zivot/servisi/tsentarot-na-skopje-utre-ke-bide-blokiran-poseben-soobrakaen-rezhim-na-1-maj/ Sun, 30 Apr 2023 09:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=635482

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (01.05.2023) во периодот од 10 до 12:30 часот е најавен протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул.„50-та Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ сè до Владата на Република Македонија на бул.„Илинден“.

Исто така, со почеток во 12 часот најавен е протест организиран од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија со траса на движење од пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје на ул.„Мирче Ацев“ кон Собранието на Република Македонија по ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„11-ти Октомври“ и по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и со завршеток на бул.„Илинден“ пред Владата на Република  Македонија.

Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници на подрачјето на Град Скопје. При тоа МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

The post Центарот на Скопје утре ќе биде блокиран: Посебен сообраќаен режим на 1 Мај appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (01.05.2023) во периодот од 10 до 12:30 часот е најавен протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул.„50-та Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ сè до Владата на Република Македонија на бул.„Илинден“. Исто така, со почеток во 12 часот најавен е протест организиран од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија со траса на движење од пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје на ул.„Мирче Ацев“ кон Собранието на Република Македонија по ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„11-ти Октомври“ и по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и со завршеток на бул.„Илинден“ пред Владата на Република  Македонија. Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници на подрачјето на Град Скопје. При тоа МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

The post Центарот на Скопје утре ќе биде блокиран: Посебен сообраќаен режим на 1 Мај appeared first on Република.

]]>
Путин: Украина е режим кој се однесува на крајно суров начин, не само кон нашите граѓани, туку и кон своите https://republika.mk/vesti/svet/putin-ukraina-e-rezhim-koj-se-odnesuva-na-krajno-surov-nachin-ne-samo-kon-nashite-gragani-tuku-i-kon-svoite/ Thu, 06 Apr 2023 12:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=627987

Русија во Украина има работа со режим кој е крајно суров, дури и кон сопствените граѓани, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во Кремљ со вршителот на должноста лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин.

За жал, во реалноста имаме работа со режим кој се однесува на крајно суров начин, не само кон нашите граѓани, туку и кон своите, рече Путин.

Тој рече дека целта на руските сили е да ги потиснат украинските сили на дистанца на која не можат да им наштетат на руските војници.

Путин нагласи дека руските сили имаат мисија да го прекинат гранатирањето на Донбас.

Пушилин истакна дека најитно е да се реши прашањето за гранатирање на Народна Република Доњецк.

The post Путин: Украина е режим кој се однесува на крајно суров начин, не само кон нашите граѓани, туку и кон своите appeared first on Република.

]]>

Русија во Украина има работа со режим кој е крајно суров, дури и кон сопствените граѓани, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во Кремљ со вршителот на должноста лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин.
За жал, во реалноста имаме работа со режим кој се однесува на крајно суров начин, не само кон нашите граѓани, туку и кон своите, рече Путин.
Тој рече дека целта на руските сили е да ги потиснат украинските сили на дистанца на која не можат да им наштетат на руските војници. Путин нагласи дека руските сили имаат мисија да го прекинат гранатирањето на Донбас. Пушилин истакна дека најитно е да се реши прашањето за гранатирање на Народна Република Доњецк.

The post Путин: Украина е режим кој се однесува на крајно суров начин, не само кон нашите граѓани, туку и кон своите appeared first on Република.

]]>
Избегнувајте го овој дел од Скопје, денес има посебен режим на сообраќај https://republika.mk/zivot/servisi/izbegnuvajte-go-ovoj-del-od-skopje-denes-ima-poseben-rezhim-na-soobrakaj/ Sun, 19 Mar 2023 08:36:16 +0000 https://republika.mk/?p=621173

На булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичка црква од 7 до 19 часот сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ Скопје, времениот режим се воведува поради активности по завршување на градежните активности за реконструкција на булеварот.

The post Избегнувајте го овој дел од Скопје, денес има посебен режим на сообраќај appeared first on Република.

]]>

На булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичка црква од 7 до 19 часот сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим. Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ Скопје, времениот режим се воведува поради активности по завршување на градежните активности за реконструкција на булеварот.

The post Избегнувајте го овој дел од Скопје, денес има посебен режим на сообраќај appeared first on Република.

]]>
Жичарница од утре со ново работно време, јавниот превоз в недела со изменет режим на сообраќање https://republika.mk/zivot/servisi/zicharnica-od-utre-so-novo-rabotno-vreme-javniot-prevoz-v-nedela-so-izmenet-rezim-na-soobrakjanje/ Fri, 30 Sep 2022 09:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=555882

JСП Скопје информира дека Жичарницата од утре, сабота (1.10.2022 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу.

– Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот Жичарницата не работи поради редовни сервиси, посочуваат од јавното претпријатие.

Во недела (2.10.2022 година), во период од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б.

Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.

Линии со непроменета траса
– градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В.
– приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71 и 81.

– Ги потсетуваме сите учесници на маратонот, дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица), информира ЈСП.

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ

Линија 3
– од Спортска сала „Јане Сандански“ до Југодрво по редовна траса, продолжува по ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“ до Панорама
– во обратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево до Спортска сала „Јане Сандански“
Линија 3Б
– од Кванташки пазар до Jугодрво по редовната траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по бул. „Мајка Тереза“ до Панорама
– вo oбратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво) и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево по бул. „АСНОМ“, лево по бул. „Киро Глигоров“ и продолжува по редовната траса
Линија 5
– од Дексион, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)
– од Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Дексион (терминал)
Линија 7
– од Горно Лисиче (Хемтекс), бул. „12 Македонска бригада“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3 (терминал)
– од Карпош 3, по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, десно по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „12 Македонска бригада“ и по редовната траса до крајна станица
Линија 9
– од Скопје Север по својата редовна траса
– во обратен правец од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса
Линии 15 и 15А
– од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“ и продолжува по редовна траса
– од Карпош 4 до Соборен храм по редовна траса, па по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)
Линија 16
– од Пржино, бул. „Кочо Рацин“, бул. „Крсте Мисирков“, Бит пазар и продолжува по редовна траса
– во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовна траса до крајна станица
Линии 21 и 22
– од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса
– во обратна насока по истата изменета траса
Линија 23
– од Ченто по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“, на постојката спроти Рамстор
– во обратна насока од постојка пред Рамстор, лево по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата траса до Мајчин Дом, лево по бул. „АСНОМ“, лево по бул. „Киро Глигоров“ и продолжува по својата редовна траса
Линија 25
– од Транспортен центар до Југодрво по редовна траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по бул. „Мајка Тереза“ и продолжува по редовната траса
– во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по ул. „ Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса
Линија 25А
– од почетна постојка пред „Автомакедонија“ до Средно Водно по редовна траса
– во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, лево кон терминал „Автомакедонија“
Линија 27
– од ул. „Вардарска“ по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ до постојката спроти „Рамстор“
– во обратна насока од постојка пред „Рамстор“, лево по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата редовна траса до Мајчин дом, лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“ и до крајна постојка по редовната траса
Линија 28
– од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле терминал 57
– во обратна насока по истата изменета траса
Линии 41, 31, 51, 67 и 70
– од почетен терминал по редовна траса по бул. „Борис Трајковски“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“ до Транспортен центар
– во обратна насока од Транспортен центар десно по бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Борис Трајковски“ до крајна станица по редовната траса
Линии 50 и 50А
– од Хиподром и Маџари по редовната траса до Бит пазар, потоа продолжува до Југодрво, ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“ до Клинички центар
– во обратен правец од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит пазар и продолжува по редовната траса
Линија 57
– од Козле по редовна траса до крстосница со бул. „Мајка Тереза“, право по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит пазар и продолжува по редовната траса
– од Радишани до Бит пазар по редовна траса, потоа продолжува до Југодрво, ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“, десно по ул. „Васил Ѓоргов“ и продолжува по редовна траса
Линија 59
– од Карпош 3 по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, бул. „Гоце Делчев“, лево кај Бит пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица
– во обратна насока по истата изменета траса
Линија 59А
– од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, десно по бул. „Крсте Мисирков“ кон Бит пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица
– во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“ до Ново Лисиче (терминал)
Линии 58, 58а и 58б
– од почетни станици во Добри дол, Света Петка и Брзовец по редовна траса до семафорот со ул. „Борис Трајковски“, потоа десно кај Општина Кисела Вода по бул. „Борис Трајковски“ и продолжува по својата редовна траса

The post Жичарница од утре со ново работно време, јавниот превоз в недела со изменет режим на сообраќање appeared first on Република.

]]>

JСП Скопје информира дека Жичарницата од утре, сабота (1.10.2022 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу. – Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот Жичарницата не работи поради редовни сервиси, посочуваат од јавното претпријатие. Во недела (2.10.2022 година), во период од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б. Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57. Линии со непроменета траса – градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В. – приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71 и 81. – Ги потсетуваме сите учесници на маратонот, дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица), информира ЈСП. ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ Линија 3 – од Спортска сала „Јане Сандански“ до Југодрво по редовна траса, продолжува по ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“ до Панорама – во обратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево до Спортска сала „Јане Сандански“ Линија 3Б – од Кванташки пазар до Jугодрво по редовната траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по бул. „Мајка Тереза“ до Панорама – вo oбратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво) и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево по бул. „АСНОМ“, лево по бул. „Киро Глигоров“ и продолжува по редовната траса Линија 5 – од Дексион, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал) – од Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Дексион (терминал) Линија 7 – од Горно Лисиче (Хемтекс), бул. „12 Македонска бригада“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3 (терминал) – од Карпош 3, по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, десно по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „12 Македонска бригада“ и по редовната траса до крајна станица Линија 9 – од Скопје Север по својата редовна траса – во обратен правец од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса Линии 15 и 15А – од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“ и продолжува по редовна траса – од Карпош 4 до Соборен храм по редовна траса, па по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал) Линија 16 – од Пржино, бул. „Кочо Рацин“, бул. „Крсте Мисирков“, Бит пазар и продолжува по редовна траса – во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовна траса до крајна станица Линии 21 и 22 – од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса – во обратна насока по истата изменета траса Линија 23 – од Ченто по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“, на постојката спроти Рамстор – во обратна насока од постојка пред Рамстор, лево по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата траса до Мајчин Дом, лево по бул. „АСНОМ“, лево по бул. „Киро Глигоров“ и продолжува по својата редовна траса Линија 25 – од Транспортен центар до Југодрво по редовна траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по бул. „Мајка Тереза“ и продолжува по редовната траса – во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по ул. „ Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса Линија 25А – од почетна постојка пред „Автомакедонија“ до Средно Водно по редовна траса – во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, лево кон терминал „Автомакедонија“ Линија 27 – од ул. „Вардарска“ по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ до постојката спроти „Рамстор“ – во обратна насока од постојка пред „Рамстор“, лево по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата редовна траса до Мајчин дом, лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“ и до крајна постојка по редовната траса Линија 28 – од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле терминал 57 – во обратна насока по истата изменета траса Линии 41, 31, 51, 67 и 70 – од почетен терминал по редовна траса по бул. „Борис Трајковски“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“ до Транспортен центар – во обратна насока од Транспортен центар десно по бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Борис Трајковски“ до крајна станица по редовната траса Линии 50 и 50А – од Хиподром и Маџари по редовната траса до Бит пазар, потоа продолжува до Југодрво, ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“ до Клинички центар – во обратен правец од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит пазар и продолжува по редовната траса Линија 57 – од Козле по редовна траса до крстосница со бул. „Мајка Тереза“, право по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит пазар и продолжува по редовната траса – од Радишани до Бит пазар по редовна траса, потоа продолжува до Југодрво, ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“, десно по ул. „Васил Ѓоргов“ и продолжува по редовна траса Линија 59 – од Карпош 3 по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, бул. „Гоце Делчев“, лево кај Бит пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица – во обратна насока по истата изменета траса Линија 59А – од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, десно по бул. „Крсте Мисирков“ кон Бит пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица – во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“ до Ново Лисиче (терминал) Линии 58, 58а и 58б – од почетни станици во Добри дол, Света Петка и Брзовец по редовна траса до семафорот со ул. „Борис Трајковски“, потоа десно кај Општина Кисела Вода по бул. „Борис Трајковски“ и продолжува по својата редовна траса

The post Жичарница од утре со ново работно време, јавниот превоз в недела со изменет режим на сообраќање appeared first on Република.

]]>
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-poseben-rezim-na-soobrakjaj-vo-skopje/ Sun, 18 Sep 2022 06:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=551852

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска со почеток во 08.00 часот, во организација на атлетски клуб Корруннерс, ќе се одржи атлетска улична трка „Колорран 2022“.

Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево по бул.„Крсте Петков Мисирков“ (десна коловозна лента), лево по кеј „Димитар Влахов“, при што трасата на одвивање на трката ќе се подели на два дела едната траса со движење по велосипедско – рекреативната патека на кејот на реката Вардар до река Серава и назад по истата траса до стартно-целната позиција и втората траса со продолжување по кејот „Димитар Влахов“, покрај зградата на МРТ, право по бул.„Гоце Делчев“, лево по ул.„Беласица“ до стартно-целната позиција.

Денеска, пак, со почеток во 10.00 часот, во организација на Велосипедската федерација на Македонија, ќе се одржи велосипедска трка „Гран Фондо Скопје 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт од бул.„Илинден“ кај паркингот на Зоолошка градина, право по бул.„Илинден“ кон бул.„8-ми Септември“ каде на крстосницата се врти назад по бул.„Илинден“ преку мостот Гоце Делчев, право по бул.„Гоце Делчев“ се вози до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“. Понатаму се врти назад по бул.„Гоце Делчев“, пред мостот Гоце Делчев се врти десно по ул.„Самоилова“ околу Кале до Амбасадата на САД и се продолжува право по ул.„Лазар Личеноски“ се до бул.„Гоце Делчев“ каде се врти десно преку мостот и се до целта каде е и стартната позиција, кај паркингот на Зоолошка градина.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

The post Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска со почеток во 08.00 часот, во организација на атлетски клуб Корруннерс, ќе се одржи атлетска улична трка „Колорран 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево по бул.„Крсте Петков Мисирков“ (десна коловозна лента), лево по кеј „Димитар Влахов“, при што трасата на одвивање на трката ќе се подели на два дела едната траса со движење по велосипедско – рекреативната патека на кејот на реката Вардар до река Серава и назад по истата траса до стартно-целната позиција и втората траса со продолжување по кејот „Димитар Влахов“, покрај зградата на МРТ, право по бул.„Гоце Делчев“, лево по ул.„Беласица“ до стартно-целната позиција. Денеска, пак, со почеток во 10.00 часот, во организација на Велосипедската федерација на Македонија, ќе се одржи велосипедска трка „Гран Фондо Скопје 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт од бул.„Илинден“ кај паркингот на Зоолошка градина, право по бул.„Илинден“ кон бул.„8-ми Септември“ каде на крстосницата се врти назад по бул.„Илинден“ преку мостот Гоце Делчев, право по бул.„Гоце Делчев“ се вози до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“. Понатаму се врти назад по бул.„Гоце Делчев“, пред мостот Гоце Делчев се врти десно по ул.„Самоилова“ околу Кале до Амбасадата на САД и се продолжува право по ул.„Лазар Личеноски“ се до бул.„Гоце Делчев“ каде се врти десно преку мостот и се до целта каде е и стартната позиција, кај паркингот на Зоолошка градина. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

The post Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје appeared first on Република.

]]>
Кирјаковски: Наскоро буквално нема да имаме леб да јадеме, а на режимов приоритет му се бугарските неонаци ултиматуми https://republika.mk/vesti/makedonija/kirjakovski-naskoro-bukvalno-nema-da-imame-leb-da-jademe-a-na-rezimov-prioritet-mu-se-bugarskite-neonaci-ultimatumi/ Sun, 10 Jul 2022 17:02:57 +0000 https://republika.mk/?p=526606

Наскоро буквално нема да имаме леб да јадеме и топлина да се згрееме, ќе има енормно аерозагадување поради сиромаштијата и скапата струја, инфлацијата ќе расте, надворешниот долг е во неповрат, горивата се поскапи – а на режимов приоритет му се бугарските неонаци ултиматуми, коментира

The post Кирјаковски: Наскоро буквално нема да имаме леб да јадеме, а на режимов приоритет му се бугарските неонаци ултиматуми appeared first on Република.

]]>

Наскоро буквално нема да имаме леб да јадеме и топлина да се згрееме, ќе има енормно аерозагадување поради сиромаштијата и скапата струја, инфлацијата ќе расте, надворешниот долг е во неповрат, горивата се поскапи – а на режимов приоритет му се бугарските неонаци ултиматуми, коментира

The post Кирјаковски: Наскоро буквално нема да имаме леб да јадеме, а на режимов приоритет му се бугарските неонаци ултиматуми appeared first on Република.

]]>