резиденција Archives - Република https://republika.mk/tema/rezidencija/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 10:10:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png резиденција Archives - Република https://republika.mk/tema/rezidencija/ 32 32 Ова е непробојниот бедем на Путин https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-neprobojniot-bedem-na-putin/ Tue, 23 Jul 2024 10:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=799464

Сателитските снимки открија што поставил Путин во дворот и околината на најстрого обезбедуваната резиденција во Русија, која е  наречена „палата за бегство“.  Замокот Валдај се наоѓа северно од Москва,пишува Newsweek.

Валдај, една од омилените резиденции на Путин се наоѓа во руската област Новгород.

The post Ова е непробојниот бедем на Путин appeared first on Република.

]]>

Сателитските снимки открија што поставил Путин во дворот и околината на најстрого обезбедуваната резиденција во Русија, која е  наречена „палата за бегство“.  Замокот Валдај се наоѓа северно од Москва,пишува Newsweek. Валдај, една од омилените резиденции на Путин се наоѓа во руската област Новгород.

The post Ова е непробојниот бедем на Путин appeared first on Република.

]]>
Отворен повик за уметници за учество на меѓународна резиденција во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/otvoren-povik-za-umetnitsi-za-uchestvo-na-megunarodna-rezidentsija-vo-ohrid/ Mon, 30 Oct 2023 07:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=696097

ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии) е меѓународен проект ко - финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија во кој учествуваат 5 партнерски организации: ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија), Ојун (Германија), Перипетија Продукција и ЛДА Струга (Република Македонија).

ПРОСПЕР има за цел: зајакнување на меѓународната културна соработка и методологиите за интегрирање на еколошките прашања во уметничките практики, градење на посилна врска помеѓу уметноста и туризмот, развој на нова локална публика и зајакнување на видливоста на европските уметници. Во рамките на целиот проект ќе бидат реализирани: резиденции, фестивали, ко - продукции, изложби, публикации, работилници, обуки и презентации.

Од 1.4.2024 до 30.4.2024 е планирана меѓународна резиденција во Охрид чиј приоритет е истражување на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското Езеро и населените места во негова близина. За таа цел покануваме: уметниците, дизајнерите, истражувачите и културни работници да се пријават за учество. Рокот за пријавување е 6.11.2023.

Фокусот на резиденцијата е Охридското Езеро, како светско историско и природно наследство, односно еколошките предизвици со кои се соочува тоа поради неодржливите практики во туризмот. Главната цел на програмата е да ги инспирира учесниците да најдат врски помеѓу својата пракса, фрагилната средина во која ќе работат и луѓето кои живеат таму.

Учесниците ќе имаат можност низ креативна работа да ги преточат во уметнички дела инспирациите и размислувањата поврзани со Охридското Езеро преку соработка со локални уметници. Резиденцијата ќе биде со времетраење од 30 дена, со група од 8 учесници. Програмата завршува со заеднички еднодневен фестивал каде партиципиентите ќе имаат можност да го прикажуваат својот креативен труд развиен во текот на истата.

Повеќе информации и линк за пријавување може да се најдат на следната веб страница: https://mk.peripetija.com/prosper

The post Отворен повик за уметници за учество на меѓународна резиденција во Охрид appeared first on Република.

]]>

ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии) е меѓународен проект ко - финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија во кој учествуваат 5 партнерски организации: ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија), Ојун (Германија), Перипетија Продукција и ЛДА Струга (Република Македонија). ПРОСПЕР има за цел: зајакнување на меѓународната културна соработка и методологиите за интегрирање на еколошките прашања во уметничките практики, градење на посилна врска помеѓу уметноста и туризмот, развој на нова локална публика и зајакнување на видливоста на европските уметници. Во рамките на целиот проект ќе бидат реализирани: резиденции, фестивали, ко - продукции, изложби, публикации, работилници, обуки и презентации. Од 1.4.2024 до 30.4.2024 е планирана меѓународна резиденција во Охрид чиј приоритет е истражување на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското Езеро и населените места во негова близина. За таа цел покануваме: уметниците, дизајнерите, истражувачите и културни работници да се пријават за учество. Рокот за пријавување е 6.11.2023. Фокусот на резиденцијата е Охридското Езеро, како светско историско и природно наследство, односно еколошките предизвици со кои се соочува тоа поради неодржливите практики во туризмот. Главната цел на програмата е да ги инспирира учесниците да најдат врски помеѓу својата пракса, фрагилната средина во која ќе работат и луѓето кои живеат таму. Учесниците ќе имаат можност низ креативна работа да ги преточат во уметнички дела инспирациите и размислувањата поврзани со Охридското Езеро преку соработка со локални уметници. Резиденцијата ќе биде со времетраење од 30 дена, со група од 8 учесници. Програмата завршува со заеднички еднодневен фестивал каде партиципиентите ќе имаат можност да го прикажуваат својот креативен труд развиен во текот на истата. Повеќе информации и линк за пријавување може да се најдат на следната веб страница: https://mk.peripetija.com/prosper  

The post Отворен повик за уметници за учество на меѓународна резиденција во Охрид appeared first on Република.

]]>
Театарски уметници од Македонија на Меѓународна театарска резиденција во Констанца, Романија https://republika.mk/vesti/kultura/teatarski-umetnitsi-od-makedonija-na-megunarodna-teatarska-rezidentsija-vo-konstantsa-romanija/ Tue, 12 Sep 2023 13:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=681107

Во втората половина на месец септември 2023, театарски уметници од Македонија, учествуваат на Меѓународната театарска резиденција (Crossroads and Borders/Проект: Е.Т.Е.Р.И.А.) во Констанца, Романија (септември 2023).

Филарета Атанасова Filareta Atanasova - театарска и филмска актерка, независен сектор.

Наташа Петровиќ Natasa Petrovic- театарска и филмска актерка, Н.У. Театар за деца и млади-Скопје.

Симона Спировска Симона Спировска - театарска и филмска актерка, Н.У. Театар за деца и млади-Скопје.

Иванка Апостолова Баскар Apostolova Baskar - визуелен драматург, креативен продуцент/режисер на видео театарски проекти.

На театарската резиденција уметниците ко-креативно ќе создаваат во рамките на Inter-community Labs и ќе ги претставуваат своите уметнички резултати.

Во рамките на резиденцијата ќе бидат прикажани и материјалите од новиот видео театарски проект на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА - А-Ц-И-Н-С-Е-Л-А-К (видео монодрама - женска верзија - улога: Филарета Атанасова Filareta Atanasova ) и KRIEG (видео монодрама - машка верзија - улоги: Здравко Стојмиров Zdravko Stojmirov).

Координатори и партнери на проектот Е.Т.Е.Р.И.А.: Italian Centre of the International Theatre Institute-ITI (Italy), in partnership with Theatro Tsi Zakynthos (Greece), National Archaeological Museum of Constanta (Romania), North Macedonian Centre of ITI (North Macedonia), Augmented and Virtual Reality Lab - Department of Engineering for Innovation of University of Salento (Italy).

Проектот е поддржан од ЕУ / Креативна Европа.

The post Театарски уметници од Македонија на Меѓународна театарска резиденција во Констанца, Романија appeared first on Република.

]]>

Во втората половина на месец септември 2023, театарски уметници од Македонија, учествуваат на Меѓународната театарска резиденција (Crossroads and Borders/Проект: Е.Т.Е.Р.И.А.) во Констанца, Романија (септември 2023). Филарета Атанасова Filareta Atanasova - театарска и филмска актерка, независен сектор. Наташа Петровиќ Natasa Petrovic- театарска и филмска актерка, Н.У. Театар за деца и млади-Скопје. Симона Спировска Симона Спировска - театарска и филмска актерка, Н.У. Театар за деца и млади-Скопје. Иванка Апостолова Баскар Apostolova Baskar - визуелен драматург, креативен продуцент/режисер на видео театарски проекти. На театарската резиденција уметниците ко-креативно ќе создаваат во рамките на Inter-community Labs и ќе ги претставуваат своите уметнички резултати. Во рамките на резиденцијата ќе бидат прикажани и материјалите од новиот видео театарски проект на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА - А-Ц-И-Н-С-Е-Л-А-К (видео монодрама - женска верзија - улога: Филарета Атанасова Filareta Atanasova ) и KRIEG (видео монодрама - машка верзија - улоги: Здравко Стојмиров Zdravko Stojmirov). Координатори и партнери на проектот Е.Т.Е.Р.И.А.: Italian Centre of the International Theatre Institute-ITI (Italy), in partnership with Theatro Tsi Zakynthos (Greece), National Archaeological Museum of Constanta (Romania), North Macedonian Centre of ITI (North Macedonia), Augmented and Virtual Reality Lab - Department of Engineering for Innovation of University of Salento (Italy). Проектот е поддржан од ЕУ / Креативна Европа.  

The post Театарски уметници од Македонија на Меѓународна театарска резиденција во Констанца, Романија appeared first on Република.

]]>
„Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“-дебата во резиденцијата на ЕУ во Скопје https://republika.mk/vesti/evropski-zelen-dogovor-obezbeduvanje-efikasen-bezbeden-i-ekoloshki-transport-debata-vo-rezidencijata-na-eu-vo-skopje/ Thu, 21 Apr 2022 10:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=491692

„Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“ е насловот на дебатата инспирирана од тековната изложба „Розови тигри и златни гуштери и што уште не“, што вчера се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Студенти, експерти од областа, претставници на Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“ ги споделија своите искуства, знаења, но и перспективи како во нашата земја да стигнеме до поодржлив транспорт.

Вовед за изложбата даде Бојан Георгиевски од галеријата „Акантус“, која и ја осмисли изложбата. Учествуваа: Дарко Мицески, раководител на сектор за ЕУ и ИПА координатор-дел транспорт во Министерството за транспорт и врски, Марко Ицев од Центарот за урбано истражување „План 42“, Пеце Андоновски од Министерството за економија, проф. д-р Дарко Данев, декан на Машинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Верица Данчевска, експерт за сообраќајна политика и транспортна економика на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Јадранка Стефкова, советничка за планирање на економскиот развој во Велес и Филип Миленкоски – млад европски амбасадор. Модератор беше Мила Јовановска од „Биди зелен“.

Да се покрене свеста за нашата околина, повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, да се подобри патната инфраструктура, како и јавниот транспорт за да се намали загадувањето, но и да се воведат поригорозни правила за увоз на стари возила, ова се дел од заклучоците на дебатата.

Ако имаме подобри патишта, ќе добиеме побрз транспорт, помалку штетни емисии, ќе се намали времето на патување, а тоа се реални придобивки. Во секое домаќинство имаме премногу возила, колку членови – толку возила. Апелираме да се намали нивниот број. Мораме да почнеме со тоа што го имаме и што е реално да се прави. Треба да се оди чекор по чекор, да се едуцираме да знаеме што се придобивките од одржлив транспорт. Ние сите упорно користиме автомобили, правиме сообраќаен метеж и кога не треба – велат студентите и експертите на дебатата.

Многу е важно да се постават построги правила за увоз на стари автомобили и старосната година да биде повисока - потенцира проф. д-р Верица Данчевска.

Кога се работи за знаење, во нашата држава немаме проблем со тоа. Имаме голем капацитет на научници и професори, но нашиот проблем е политизацијата од сите аспекти, во сите сфери. Се прави национална стратегија, една власт за четири години сака резултати и потоа доаѓа до промена на власта и некои проекти одеднаш не важат, а тоа не смее да се случува. Ние дозволивме увоз на многу стари возила од странство, а тоа е голем проблем - вели Данчевска.

Во Македонија годишно се увезуваат во просек по 40.000 возила. Во 2021 година сме имале околу 500.600 возила, од кои 55 проценти се дизел, 43 проценти се бензин, а само 3 проценти користат алтернативно гориво, вели Пеце Андоновски од Министерството за економија.

Поразителна е староста на возилата – кај нас просечна старост на патничките возила е над 19,5 години! За транспортните возила е нешто над 18,8 години - посочи Андоновски.

Општина Велес беше издвоена како позитивен пример за преземање вистинска мерки за намалување на сообраќајниот хаос и на големото загадување, благодарение и на вклучувањето на Општината во европски проекти. Јадранка Стефкова објасни дека тие прво се фокусирани на пешачка и велосипедска инфраструктура со цел да се олесни сообраќајот во централното градско подрачје и да се подобри јавниот превоз.

Во Велес се возат многу возила, така што загадувањето е енормно. Решивме да ги следиме препораките на Европската Унија и станавме дел од европска мрежа во која има градови од цела Југоисточна Европа, како и европски земји, и можеме да видиме како тие приоѓаат кон решавање  слични проблеми на нашите. Одлучивме да почнеме да работиме стратешки и направивме прв план за сообраќајна мобилност. Планот го направивме врз основа на анкета извршена врз 4.500 граѓани, што е 10 отсто од населението. Најлошиот резултат беше фактот дека 53 проценти од населението користат автомобил и тоа за растојание што се поминува со велосипед, а само 1 процент користат велосипед – вели Стефкова и додава дека општините немаат пари, ама не треба да седат со скрстени раце, туку треба да ги користат европските фондови што се на располагање.

Дали електричните возила се иднината во нашата земја и можно решение на намалувањето на загадувањето?

Според Дарко Мицески, хибридните возила како преодна фаза се можеби најоптимални во овој период за нас.

Тие користат многу помалку гориво, а функционираат на хибриден режим на работа кој не загадува колку класичните моторни возила - Мицески.

Сепак, сите учесници во дебатата се согласија дека немаме добра инфраструктура за овие возила, кои се многу скапи за македонскиот животен стандард.

Низ градовите треба да има повеќе полначи, да може да се користат сончеви панели за да се користат обновливи извори на енергија - предложија студентите.

Младиот европски амбасадор Филип Миленкоски истакна дека младите често ги избираат електричните скутери како превозно средство, но дека и тие законски не се добро регулирани. Тој повика да се подобри велосипедската култура, а посочи дека се дискриминирани студентите на приватните универзитети бидејќи не добиваат бесплатен автобуски превоз.

За деканот на Машински, Дарко Данев, ние сè уште не сме дораснати да зборуваме за електричните возила, кои, според него, се „класична демагогија“, најмногу затоа што начинот на кој се создаваат воопшто не е еколошки.

Транспортот е мултидисциплинарна приказна, сите учествуваме и сме консументи. Имам впечаток дека домашното воспитување исчезна и на тоа мора многу да се работи! Ние немаме почит кон ништо и никаква одговорност. И самиот знам да паркирам пред автобуска постојка, не почитувајќи го притоа возачот на автобусот, ни другите учесници во сообраќајот. Мора да работиме на сообраќајната култура, особено со децата од најмала возраст - вели Данев.

Учесниците на дебатата се согласија дека позитивниот пример на Велес треба да го следат и другите општини и Скопје.

The post „Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“-дебата во резиденцијата на ЕУ во Скопје appeared first on Република.

]]>

„Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“ е насловот на дебатата инспирирана од тековната изложба „Розови тигри и златни гуштери и што уште не“, што вчера се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Студенти, експерти од областа, претставници на Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“ ги споделија своите искуства, знаења, но и перспективи како во нашата земја да стигнеме до поодржлив транспорт. Вовед за изложбата даде Бојан Георгиевски од галеријата „Акантус“, која и ја осмисли изложбата. Учествуваа: Дарко Мицески, раководител на сектор за ЕУ и ИПА координатор-дел транспорт во Министерството за транспорт и врски, Марко Ицев од Центарот за урбано истражување „План 42“, Пеце Андоновски од Министерството за економија, проф. д-р Дарко Данев, декан на Машинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Верица Данчевска, експерт за сообраќајна политика и транспортна економика на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Јадранка Стефкова, советничка за планирање на економскиот развој во Велес и Филип Миленкоски – млад европски амбасадор. Модератор беше Мила Јовановска од „Биди зелен“. Да се покрене свеста за нашата околина, повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, да се подобри патната инфраструктура, како и јавниот транспорт за да се намали загадувањето, но и да се воведат поригорозни правила за увоз на стари возила, ова се дел од заклучоците на дебатата.
Ако имаме подобри патишта, ќе добиеме побрз транспорт, помалку штетни емисии, ќе се намали времето на патување, а тоа се реални придобивки. Во секое домаќинство имаме премногу возила, колку членови – толку возила. Апелираме да се намали нивниот број. Мораме да почнеме со тоа што го имаме и што е реално да се прави. Треба да се оди чекор по чекор, да се едуцираме да знаеме што се придобивките од одржлив транспорт. Ние сите упорно користиме автомобили, правиме сообраќаен метеж и кога не треба – велат студентите и експертите на дебатата.
Многу е важно да се постават построги правила за увоз на стари автомобили и старосната година да биде повисока - потенцира проф. д-р Верица Данчевска.
Кога се работи за знаење, во нашата држава немаме проблем со тоа. Имаме голем капацитет на научници и професори, но нашиот проблем е политизацијата од сите аспекти, во сите сфери. Се прави национална стратегија, една власт за четири години сака резултати и потоа доаѓа до промена на власта и некои проекти одеднаш не важат, а тоа не смее да се случува. Ние дозволивме увоз на многу стари возила од странство, а тоа е голем проблем - вели Данчевска.
Во Македонија годишно се увезуваат во просек по 40.000 возила. Во 2021 година сме имале околу 500.600 возила, од кои 55 проценти се дизел, 43 проценти се бензин, а само 3 проценти користат алтернативно гориво, вели Пеце Андоновски од Министерството за економија.
Поразителна е староста на возилата – кај нас просечна старост на патничките возила е над 19,5 години! За транспортните возила е нешто над 18,8 години - посочи Андоновски.
Општина Велес беше издвоена како позитивен пример за преземање вистинска мерки за намалување на сообраќајниот хаос и на големото загадување, благодарение и на вклучувањето на Општината во европски проекти. Јадранка Стефкова објасни дека тие прво се фокусирани на пешачка и велосипедска инфраструктура со цел да се олесни сообраќајот во централното градско подрачје и да се подобри јавниот превоз.
Во Велес се возат многу возила, така што загадувањето е енормно. Решивме да ги следиме препораките на Европската Унија и станавме дел од европска мрежа во која има градови од цела Југоисточна Европа, како и европски земји, и можеме да видиме како тие приоѓаат кон решавање  слични проблеми на нашите. Одлучивме да почнеме да работиме стратешки и направивме прв план за сообраќајна мобилност. Планот го направивме врз основа на анкета извршена врз 4.500 граѓани, што е 10 отсто од населението. Најлошиот резултат беше фактот дека 53 проценти од населението користат автомобил и тоа за растојание што се поминува со велосипед, а само 1 процент користат велосипед – вели Стефкова и додава дека општините немаат пари, ама не треба да седат со скрстени раце, туку треба да ги користат европските фондови што се на располагање.
Дали електричните возила се иднината во нашата земја и можно решение на намалувањето на загадувањето? Според Дарко Мицески, хибридните возила како преодна фаза се можеби најоптимални во овој период за нас.
Тие користат многу помалку гориво, а функционираат на хибриден режим на работа кој не загадува колку класичните моторни возила - Мицески.
Сепак, сите учесници во дебатата се согласија дека немаме добра инфраструктура за овие возила, кои се многу скапи за македонскиот животен стандард.
Низ градовите треба да има повеќе полначи, да може да се користат сончеви панели за да се користат обновливи извори на енергија - предложија студентите.
Младиот европски амбасадор Филип Миленкоски истакна дека младите често ги избираат електричните скутери како превозно средство, но дека и тие законски не се добро регулирани. Тој повика да се подобри велосипедската култура, а посочи дека се дискриминирани студентите на приватните универзитети бидејќи не добиваат бесплатен автобуски превоз. За деканот на Машински, Дарко Данев, ние сè уште не сме дораснати да зборуваме за електричните возила, кои, според него, се „класична демагогија“, најмногу затоа што начинот на кој се создаваат воопшто не е еколошки.