револт Archives - Република https://republika.mk/tema/revolt/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Jun 2023 08:14:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png револт Archives - Република https://republika.mk/tema/revolt/ 32 32 Борови кои со генерации се садеа, некој си дозволува да ги сече за фотоволтаици, велат револтираните жители на Неокази https://republika.mk/vesti/makedonija/borovi-koi-so-generatsii-se-sadea-nekoj-si-dozvoluva-da-gi-seche-za-fotovoltaitsi-velat-revoltiranite-zhiteli-na-neokazi/ Mon, 05 Jun 2023 15:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=648109

Поставување на фотоволтаици над селото Неокази во Општина Пробиштип ги загрижува мештаните. Тие го искажаа својот револт од сечата на дрвата и упатија низа прашања до надлежните во Општина Пробиштип. Прашуваат дали ова значи дека селото е пред уништување и има ли начин истото да се спречи.

Дали урбаната заедница Неокази е предодредена за селидба или за уништување, бидејќи од сите страни сме заобиколени со негативни елементи, така да сега ни е проблемот со боровите кои моите генерации ги садеа, а некој си дозволува да ги сече до уништување. Има ли начин ова да престане, велат жителите на село Неокази.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов потенцираше дека станува збор за приватни парцели и дека општината овде нема никаква надлежност. Додава дека тие парцели претходно биле во сопственост на жители од Неокази кои сами одлучиле да ги продадат.

Околу земјиштето кое е во атарот на село Неокази, таму станува збор за земјиште кое е во приватна сопственост. Причината за продажбата на земјиштето веројатно е оти земјиштето тие не го обработуваат и за да нема дилема кај нашите граѓани повторувам, таму станува збор за приватни парцели. За инвестициите на фотоволтаици, сѐ она што е над петта категорија се добвива дозвола за поставување, вели Анастасов.

Тој ги охрабри граѓаните доколку е прекршен некој член од Закон да реагираат до наделжните институции.

The post Борови кои со генерации се садеа, некој си дозволува да ги сече за фотоволтаици, велат револтираните жители на Неокази appeared first on Република.

]]>

Горан Милевски сам си се предложил за министер без одлука во ЛДП, сопартијци бараат одговорност https://republika.mk/vesti/makedonija/goran-milevski-sam-si-se-predlozil-za-minister-bez-odluka-vo-ldp-sopartijci-baraat-odgovornost/ Tue, 18 Jan 2022 14:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=446393

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски самиот, без согласност и одлука на партијата се предложил за министер во Владата. Ваквиот потег на Милевски предизвикал зголемен револт во партијата каде што од поодамна врие поради, како што обвинуваат членовите, ситуацијата во која Милевски си ги брка само сопствените интереси и на неговите блиски.

Изборот на Милевски за министер само на негов предлог и со негова желба, внатре во партијата покренал иницијатива за негова одговорност.

Со изборот на Владата и изборот на Горан Милевски за челн на Владата е прекршен Статутот на ЛДП. На последната седница на ЦО се зазема став водење преговори и барање до мандатарот Ковачевски за учество на ЛДП во Владата. Одлуката за учество и обезбедување на уште еден министерски мандат на Милевски се случи без претходно одржување на седница на ЦО и носење на одлука за учество во Владата. Согласно член 38 став 17 од Статутот на ЛДП: „ЦО утврдува листа на кандидати за членови на Владата на Република Македонија од редовите на ЛДП“. 

Ги замолувам членовите на Надзорниот одбор да поведат соодветна постапка против претседателот Милевски за прекршување на статутот на партијата. Како што наша идеолошка заложба е дека никој не смее да биде над законите на државата, така и во партијата никој не смее да биде над статутот, ниту претседателот на партијата, а најмалку во момент кога е тој лично засегнат - стои во дописот на Филип Аврмачев, член на Централниот одбор испратен со органите на ЛДП.

Во ЛДП од поодамна има незадоволството кон Милевски поради тоа што ги вработил сите блиски и фамилијата на државни функции. Милевски од позиција министер влијаел и успеал да ја вработи сопругата на Клиника а да добие и државна специјализација, баџанакот го назначил за директор на државната Лотарија, а членува и во Управниот одбор на Агенцијата за пошти додека неговата сопруга е вработена во Државниот испитен центар, братучедот го вработил во Државната видео лотарија, кумашинот во Идризово, а кумашинката си ја зел во неговиот кабинет во Министерството за локална самоуправа, пишува „А1Он“.

The post Горан Милевски сам си се предложил за министер без одлука во ЛДП, сопартијци бараат одговорност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски самиот, без согласност и одлука на партијата се предложил за министер во Владата. Ваквиот потег на Милевски предизвикал зголемен револт во партијата каде што од поодамна врие поради, како што обвинуваат членовите, ситуацијата во која Милевски си ги брка само сопствените интереси и на неговите блиски. Изборот на Милевски за министер само на негов предлог и со негова желба, внатре во партијата покренал иницијатива за негова одговорност.
Со изборот на Владата и изборот на Горан Милевски за челн на Владата е прекршен Статутот на ЛДП. На последната седница на ЦО се зазема став водење преговори и барање до мандатарот Ковачевски за учество на ЛДП во Владата. Одлуката за учество и обезбедување на уште еден министерски мандат на Милевски се случи без претходно одржување на седница на ЦО и носење на одлука за учество во Владата. Согласно член 38 став 17 од Статутот на ЛДП: „ЦО утврдува листа на кандидати за членови на Владата на Република Македонија од редовите на ЛДП“.    Ги замолувам членовите на Надзорниот одбор да поведат соодветна постапка против претседателот Милевски за прекршување на статутот на партијата. Како што наша идеолошка заложба е дека никој не смее да биде над законите на државата, така и во партијата никој не смее да биде над статутот, ниту претседателот на партијата, а најмалку во момент кога е тој лично засегнат - стои во дописот на Филип Аврмачев, член на Централниот одбор испратен со органите на ЛДП.