ревија на народни носии Archives - Република https://republika.mk/tema/revija-na-narodni-nosii/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 15:59:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ревија на народни носии Archives - Република https://republika.mk/tema/revija-na-narodni-nosii/ 32 32 Десетмина колекционери ќе ги претстават обредните народни носии на Ревијата во Струга https://republika.mk/vesti/kultura/desetmina-kolektsioneri-ke-gi-pretstavat-obrednite-narodni-nosii-na-revijata-vo-struga/ Sat, 21 Sep 2024 15:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=818550

Десетмина колекционери и три ансамбли ќе бидат дел од годинашната Ревија на народни носии што вечер ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на тема „Обредни народни носии“.

Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Илинден“, чиј раководител Љупчо Милошески за МИА информира дека 50-тина ревијалци на сцената ќе ги презентираат обредите и обредните народни носии.

Покрај ревијалците и нивните носии и перформанси, посочи дека публиката ќе има можност да ги погледне и настапите на ансамблот „Македонија“. Ќе биде отворена и изложбата со фотографии од монографијата на народни носии нa професор д-р Владимир Јаневски, а ќе биде прикажан и етнолошкиот филм „Велигденските обичаи во Порече“.

Препознатливата за Струга, „Ревија на народни носии“, полека, но сигурно се издигнува на пиедесталот на настани и го зазема своето заслужено место на македонската културно-уметничка сцена, вели Милошески.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, преку проектите од национален интерес во културата.

 

The post Десетмина колекционери ќе ги претстават обредните народни носии на Ревијата во Струга appeared first on Република.

]]>

Десетмина колекционери и три ансамбли ќе бидат дел од годинашната Ревија на народни носии што вечер ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на тема „Обредни народни носии“. Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Илинден“, чиј раководител Љупчо Милошески за МИА информира дека 50-тина ревијалци на сцената ќе ги презентираат обредите и обредните народни носии. Покрај ревијалците и нивните носии и перформанси, посочи дека публиката ќе има можност да ги погледне и настапите на ансамблот „Македонија“. Ќе биде отворена и изложбата со фотографии од монографијата на народни носии нa професор д-р Владимир Јаневски, а ќе биде прикажан и етнолошкиот филм „Велигденските обичаи во Порече“.
Препознатливата за Струга, „Ревија на народни носии“, полека, но сигурно се издигнува на пиедесталот на настани и го зазема своето заслужено место на македонската културно-уметничка сцена, вели Милошески.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, преку проектите од национален интерес во културата.  

The post Десетмина колекционери ќе ги претстават обредните народни носии на Ревијата во Струга appeared first on Република.

]]>