ретроспективна изложба Archives - Република https://republika.mk/tema/retrospektivna-izlozba/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 08:22:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ретроспективна изложба Archives - Република https://republika.mk/tema/retrospektivna-izlozba/ 32 32 Во пресрет на Илинден во Охрид: Вечерва на полноќ се отвора ретроспективна изложба на дела од Вангел Наумовски по повод 100 години од неговото раѓање https://republika.mk/vesti/kultura/vo-presret-na-ilinden-vo-ohrid-vecherva-na-polnok-se-otvora-retrospektivna-izlozhba-na-dela-od-vangel-naumovski-po-povod-100-godini-od-negovoto-ragane/ Thu, 01 Aug 2024 08:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=801902

По повод 100 години од неговото раѓање, а во чест на големиот празник Илинден, ќе се одржи ретроспективна изложба на слики од Вангел Наумовски.

Поздравни говори ќе одржат Рубенс Наумовски, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, како и Јордан Плевнеш. Ќе бидат прикажани инсерти од архивски видео материјали – Кирил Темков со Вангел за Вангел, а музичко интермецо ќе одржи Владимир Четкар.

По традиција, од 1987 година манифестацијата започнува на 1-ви август во 24:00 часот, а ќе се одржи во домот/галерија на Вангел Наумовски „Охридска порта – Љубица“, на улица „8.Септември“ број.3.

The post Во пресрет на Илинден во Охрид: Вечерва на полноќ се отвора ретроспективна изложба на дела од Вангел Наумовски по повод 100 години од неговото раѓање appeared first on Република.

]]>

Вечерва се отвора ретроспективната изложба „Хартии“ од Сергеј Андреевски https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-se-otvora-retrospektivnata-izlozba-hartii-od-sergej-andreevski/ Thu, 12 May 2022 07:42:46 +0000 https://republika.mk/?p=501298

Во фоајето на Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, денеска свечено ќе биде отворена изложбата „Хартии“ на македонскиот ликовен уменик Сергеј Андреевски.

Изложбата претставува ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години.

Публиката ќе може да види дела од различни фази и тематски циклуси, почнувајќи од дела создадени уште во раните студентски денови (од 1983 г.) па се до последните патувањата на Сергеј низ светот. На оваа изложба ќе бидат претставени творби на хартија од римската фаза (слики, скици и цртежи создадени за време на студискиот престој на Андреевски во Рим, Италија, веднаш по завршувањето на ФЛУ во Скопје), нирнбершка фаза (слики, цртежи и скици од студискиот престој во Нирнберг, Германија), цртежи од Франција (од престојот и поддршката на азилот за диви животни “Le Refuge de l’Arche” и престоите во “Cite Internationalle des arts”), цртежи од Јапонија (сликани на традиционална рачно изработена хартија, главно од прочуената семејна работилница Iwano), слики и цртежи од Америка, Тунис, Египет…

На изложбата ќе бидат претставени и дела од циклусот „Кучињата лаат” што премиерно беше изложен во Москва во 2015-тата година и дела од циклусот „Цвеќулиња” што за прв пат беа изложени во Берлин во 2012-та година. На поставката ќе се најдат и скици и цртежи од мал формат што Андреевски ги има правено буквално за време на патувањата: во авион, автобус, на брод…

Најголемиот дел од сликите, цртежите и скиците се прошетани на неколку континенти, но никогаш до сега не биле изложени пред македонската јавност.

Куратор на изложбата што ќе биде отворена до 12-ти јуни е д-р Кирил Пенушлиски.

Проектот е поддржан од македонското министерство за култура и Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје.

The post Вечерва се отвора ретроспективната изложба „Хартии“ од Сергеј Андреевски appeared first on Република.

Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски ќе биде поставена во Даутпашин амам https://republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozba-na-dimitar-kondovski-kje-bide-postavena-vo-dautpashin-amam/ Mon, 02 May 2022 13:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=496369

По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност Националната галерија го најави отворањето на Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски на 5 мај во објектот Даутпашин амам. Куратор на проектот е Емил Алексиев.

Ретроспективната изложба со творештвото на Димитар Кондовски (1927-1993) ќе ги опфати сите периоди од неговата творечка дејност. Димитар Кондовски зад себе остави импозантен творечки опус со уште несогледани димензии. Од овие причини, целта на оваа изложба е систематизирање на дејноста на овој исклучителен автор и расветлување на оние доминантни аспекти кои ја одредуваат неговата творечка дејност.

Димитар Кондовски е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност. Својата творечка дејност Кондовски ја надоврзува на две значајни насоки по кои и денес се движи ликовната уметност.

Едната детерминанта која го одредува неговото творештво е геометриската апстракција. Таа својот особен израз ќе го најде во геометриската конструкција на неговите дела, користењето сложени математички пресметки за да се постави основната композиција, геометриските модули и канони за одредувањето на пропорциите.

Втората детерминанта во творештвото на Кондовски е сликарството на знакот и симболот. Во неговите дела знакот секогаш поседува високо симболична вредност. Тој уметноста ја разбира како херменевтика, како откривање на шифрата на светот, како пронаоѓање на тајниот клуч на универзумот – истакнуваат од Националната галерија.

Кондовски е роден во Прилеп, во 1927 година, а починал во Скопје, во 1993 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, во 1952 година. Во 1958 година бил на студиски престој во Париз, а во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1952 до 1956 година работел како професор по ликовно воспитување во Скопје. Од 1956 до 1960 година работел како илустратор. Од 1960 до 1972 година бил слободен уметник.

Од 1972 до 1980 година бил професор на Педагошката академија во Скопје. Во 1980 година бил избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи до 1987 година. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

The post Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски ќе биде поставена во Даутпашин амам appeared first on Република.

]]>

По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност Националната галерија го најави отворањето на Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски на 5 мај во објектот Даутпашин амам. Куратор на проектот е Емил Алексиев.
Ретроспективната изложба со творештвото на Димитар Кондовски (1927-1993) ќе ги опфати сите периоди од неговата творечка дејност. Димитар Кондовски зад себе остави импозантен творечки опус со уште несогледани димензии. Од овие причини, целта на оваа изложба е систематизирање на дејноста на овој исклучителен автор и расветлување на оние доминантни аспекти кои ја одредуваат неговата творечка дејност.
Димитар Кондовски е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност. Својата творечка дејност Кондовски ја надоврзува на две значајни насоки по кои и денес се движи ликовната уметност. Едната детерминанта која го одредува неговото творештво е геометриската апстракција. Таа својот особен израз ќе го најде во геометриската конструкција на неговите дела, користењето сложени математички пресметки за да се постави основната композиција, геометриските модули и канони за одредувањето на пропорциите. Втората детерминанта во творештвото на Кондовски е сликарството на знакот и симболот. Во неговите дела знакот секогаш поседува високо симболична вредност. Тој уметноста ја разбира како херменевтика, како откривање на шифрата на светот, како пронаоѓање на тајниот клуч на универзумот – истакнуваат од Националната галерија.
Кондовски е роден во Прилеп, во 1927 година, а починал во Скопје, во 1993 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, во 1952 година. Во 1958 година бил на студиски престој во Париз, а во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1952 до 1956 година работел како професор по ликовно воспитување во Скопје. Од 1956 до 1960 година работел како илустратор. Од 1960 до 1972 година бил слободен уметник. Од 1972 до 1980 година бил професор на Педагошката академија во Скопје. Во 1980 година бил избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи до 1987 година. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

The post Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски ќе биде поставена во Даутпашин амам appeared first on Република.

]]>