рестриктивни мерки Archives - Република https://republika.mk/tema/restriktivni-merki/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jan 2024 15:31:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рестриктивни мерки Archives - Република https://republika.mk/tema/restriktivni-merki/ 32 32 Калајџиев остро против измените на Законот за рестриктивни мерки: Правната фела е згрозена од незрелоста на овој пропис https://republika.mk/vesti/makedonija/kalajdhiev-ostro-protiv-izmenite-na-zakonot-za-restriktivni-merki-pravnata-fela-e-zgrozena-od-nezrelosta-na-ovoj-propis/ Thu, 18 Jan 2024 17:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=734445

Извршната власт преку Законот за рестриктивни мерки ќе го озакони влијанието врз судството, спротивно на уставот и загарантираните човекови права. Правната фела е изненадена, да не речам згрозена од незрелоста на овој пропис. Упаѓањето во оваа сфера од извршната власт со оставена можност пред Управен суд да се водат некакви управни спорови коишто долго траат би значело на некој начин неуставно зафаќање во човековите права“, изјави универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев за Канал 5.

Калајџиев вели дека сè што е предвидено со овие измени е погрешно, почнувајќи од тоа што МНР и безбедносните служби ќе имаат одлучувачка моќ, бидејќи се предлага да се надлежни органи кои ќе доставуваат предлози за воведување на рестриктивни мерки.

Овие правни акти од странска држава прво директно никаде не се применуваат во трета држава, се мисли на црните листи, тие во суштина се една политичка одлука и тешко би можело било каква црна листа од една држава да има директни последици во друга, па макар и да се признае. Обврската за обвинителството да мора да поведе постапка е исто така спротивно на уставот и законот за кривична постапка. ЈО треба да поведе постапка, да, но тогаш кога има докази“, вели Калајџиев.

Тој оценува дека измените на овој закон имаат политичка цел, по бројните забелешки од јавноста дека домашните органи не преземаат ништо за лицата кои САД ги стави на нивната „црна листа“.

Многу е јасно, политички гледано е собирање на некои поени. Демек еве сега ние сме сериозни, на сите овие критики ќе одговориме со некоја мерка која ќе биде оригинална и ќе даде резултати, ама на погрешна патека е. Би било фино кога би нашле некое решение, меѓутоа ова сигурно не е такво решение“, вели Калајџиев.

The post Калајџиев остро против измените на Законот за рестриктивни мерки: Правната фела е згрозена од незрелоста на овој пропис appeared first on Република.

]]>

Петличковски открива кога ќе бидат тргнати сите рестриктивни мерки https://republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-otkriva-koga-kje-bidat-trgnati-site-restriktivni-merki/ Wed, 16 Mar 2022 20:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=473965

Кога почнавме во новиот состав кажавме дека ќе ги следиме научните сознанија низ светот. Клучен исчекор е воведениот алгоритам за проценка, според кој епидемилиошкиот ризик го гледаме според болниците. Клучна е промената на хоспитализирани пациенти во измината недела која ни дава за право за мирен период. Соодветно на тоа одлучивме за ова мало олеснување во рестриктивните мерки, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител.

Според него, во моментов проценката за болниците е општа во сите возрасни групи.

За тргнувањето на маските во основните училишта влијаеше и скринингот со брзите тестови. Има препорака од Европскиот центар за контрола на болести кој препорачува децата до 12 години да бидат без маски. Претпоставувам препораката ќе се шири и понатаму, додаде докторот.

Петличковски информира дека скринингот покажал дека училиштата се безбедна зона и нема неконтролирано ширење на болеста.

Моментот ни дозволува мало олабавување, но тоа не значи дека епидемијата е на крај. Најавени се педијатриски вакцини од Фајзер. Препораката до сите, а особено и до родителите, за вакцинација е многу силна, тоа е наше најдобро оружје и најдобра превенција. Седум недели имаме по ред паѓање на сите параметри во однос на епидемијата. Не знаеме за следен бран, но добро е да имаме алгоритми и капацитети и избор во вакцини, појасни Петличковски и додаде дека доколку овој обид со основците помине добро, следни на ред ќе бидат средношколците, а понатаму и целата популација.

Потенцираше дека потребно е да бидеме во зелена зона за да ги тргнеме сите рестриктивни мерки.

The post Петличковски открива кога ќе бидат тргнати сите рестриктивни мерки appeared first on Република.

]]>

Кога почнавме во новиот состав кажавме дека ќе ги следиме научните сознанија низ светот. Клучен исчекор е воведениот алгоритам за проценка, според кој епидемилиошкиот ризик го гледаме според болниците. Клучна е промената на хоспитализирани пациенти во измината недела која ни дава за право за мирен период. Соодветно на тоа одлучивме за ова мало олеснување во рестриктивните мерки, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител. Според него, во моментов проценката за болниците е општа во сите возрасни групи.