ресторани Archives - Република https://republika.mk/tema/restorani/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 09:46:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ресторани Archives - Република https://republika.mk/tema/restorani/ 32 32 Tри ресторани и месарница во Кавадарци служеле небезбедна храна https://republika.mk/zivot/zdravje/tri-restorani-i-mesarnitsa-vo-kavadartsi-sluzhele-nebezbedna-hrana/ Sat, 28 Sep 2024 10:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=820502

На три ресторани и една месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.

Недоследностите се најдени при вонредните инспекциски контроли што биле спроведени кај оператори за храна неделава во Кавадарци.

Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти. Уништени се 87 килограми небезбедна храна ( месо, замрзнати производи, замрзната риба).

The post Tри ресторани и месарница во Кавадарци служеле небезбедна храна appeared first on Република.

]]>

На три ресторани и една месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство. Недоследностите се најдени при вонредните инспекциски контроли што биле спроведени кај оператори за храна неделава во Кавадарци.
Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти. Уништени се 87 килограми небезбедна храна ( месо, замрзнати производи, замрзната риба).

The post Tри ресторани и месарница во Кавадарци служеле небезбедна храна appeared first on Република.

]]>
За место под сенка во рестораните во Шпанија ќе се плаќа повеќе https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/za-mesto-pod-senka-vo-restoranite-vo-shpanija-ke-se-plaka-poveke/ Tue, 02 Apr 2024 11:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=761232

Властите во шпанскиот автономен регион Андалузија донесоа одлука дека рестораните имаат законско право да наплаќаат дополнително за маси на сонце или под сенка под услов клиентите да бидат соодветно информирани за повисоките цени пред да нарачаат.

Известувањата за повисоки цени може да се даваат преку менито, ценовникот или да се соопштат на некој друг начин, пишува The Olive Press.

Воедно, се појаснува дека нема да има посебна такса за маса со одреден поглед или локација на менито, туку на рестораните ќе им биде дозволено да наплатуваат дополнителен надомест за секое јадење што се служи во одредени делови од објектот доколку тоа е јасно наведено во ценовникот, пренесува „Танјуг“.

Портпаролот на Здружението на потрошувачите, Рубен Санчез, изјави дека рестораните не може да наплаќаат 10 евра повеќе за маса на тераса.

„Сепак, на рестораните и баровите им е дозволено да наплаќаат повеќе за секое јадење што се служи на терасата сè додека тоа е јасно наведено во ценовникот“, рече Санчез додавајќи дека рестораните не може да наплаќаат такса за резервација на маса, а ако наплаќаат, износот мора да се отстрани од конечната сметка.

Санчез исто така рече дека од гостите не треба да се бара да купуваат пакувана вода бидејќи вода од чешма мора да има на располагање.

За бакшишот, Санчез изјави дека одлуката дали да се остави бакшиш е на гостинот, што значи дека задолжителната дополнителна такса за услугата е незаконска.

Претходно, властите на градот Севилја, главниот град на Андалузија, најавија планови за ограничување на влезот на туристи на централниот градски плоштад Плаза де Еспања.

Жителите на градот и покраината, како и досега, ќе може да влезат таму без ограничувања, но туристите ќе може да влезат на главниот градски плоштад само со плаќање.

 

The post За место под сенка во рестораните во Шпанија ќе се плаќа повеќе appeared first on Република.

]]>

Властите во шпанскиот автономен регион Андалузија донесоа одлука дека рестораните имаат законско право да наплаќаат дополнително за маси на сонце или под сенка под услов клиентите да бидат соодветно информирани за повисоките цени пред да нарачаат. Известувањата за повисоки цени може да се даваат преку менито, ценовникот или да се соопштат на некој друг начин, пишува The Olive Press. Воедно, се појаснува дека нема да има посебна такса за маса со одреден поглед или локација на менито, туку на рестораните ќе им биде дозволено да наплатуваат дополнителен надомест за секое јадење што се служи во одредени делови од објектот доколку тоа е јасно наведено во ценовникот, пренесува „Танјуг“. Портпаролот на Здружението на потрошувачите, Рубен Санчез, изјави дека рестораните не може да наплаќаат 10 евра повеќе за маса на тераса.
„Сепак, на рестораните и баровите им е дозволено да наплаќаат повеќе за секое јадење што се служи на терасата сè додека тоа е јасно наведено во ценовникот“, рече Санчез додавајќи дека рестораните не може да наплаќаат такса за резервација на маса, а ако наплаќаат, износот мора да се отстрани од конечната сметка.
Санчез исто така рече дека од гостите не треба да се бара да купуваат пакувана вода бидејќи вода од чешма мора да има на располагање. За бакшишот, Санчез изјави дека одлуката дали да се остави бакшиш е на гостинот, што значи дека задолжителната дополнителна такса за услугата е незаконска. Претходно, властите на градот Севилја, главниот град на Андалузија, најавија планови за ограничување на влезот на туристи на централниот градски плоштад Плаза де Еспања. Жителите на градот и покраината, како и досега, ќе може да влезат таму без ограничувања, но туристите ќе може да влезат на главниот градски плоштад само со плаќање.  

The post За место под сенка во рестораните во Шпанија ќе се плаќа повеќе appeared first on Република.

]]>
Груби, Димитров и Османи најмногу јаделе по ресторани, повеќе дури и од Maричиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-dimitrov-i-osmani-najmnogu-jadele-po-rastorani-povekje-duri-i-od-marichikj/ Tue, 20 Dec 2022 11:09:09 +0000 https://republika.mk/?p=587956

Бојан Маричиќ, актуелниот вицепремиер за евроинтеграции, направил убедливо најголеми трошоци од сите останати владини функционери со потрошени 816 илјади денари за 11 месеци во 2021 како тогашен министер за правда.

На сметка на буџетот, потрошил 213 илјади денари за авионски патувања. На аеродромите користел и вип-салон за 7.500 денари. Нарачал оброци за 163 илјади денари во приватните угостителски објекти, а во државните, кои знаеме дека се многу поевтини за функционерите, пријавил 92 илјади денари. Ручеците во странство Маричиќ ги платил 69 илјади денари, објави „Фактор.мк“.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во однос на претходните години најмногу потрошил за авиобилети во 2021 (976 милиони) и 472 милиони за хотелски сместувања, но природата на неговата функција е таква што неговите трошоци може да се каже дека се пооправдани. Убедливо најмногу потрошил вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, над 1,2 милиони денари, но и за неговите „потреби“ може да има разбирање, поради задолжувањата што ги има.

Првиот вицепремиер Артан Груби се мезел во надворешни ресторани за 272 илјади денари, речиси за двојно повеќе од една година претходно.

Целиот текст на Фактор.мк

The post Груби, Димитров и Османи најмногу јаделе по ресторани, повеќе дури и од Maричиќ appeared first on Република.

]]>

Бојан Маричиќ, актуелниот вицепремиер за евроинтеграции, направил убедливо најголеми трошоци од сите останати владини функционери со потрошени 816 илјади денари за 11 месеци во 2021 како тогашен министер за правда. На сметка на буџетот, потрошил 213 илјади денари за авионски патувања. На аеродромите користел и вип-салон за 7.500 денари. Нарачал оброци за 163 илјади денари во приватните угостителски објекти, а во државните, кои знаеме дека се многу поевтини за функционерите, пријавил 92 илјади денари. Ручеците во странство Маричиќ ги платил 69 илјади денари, објави „Фактор.мк“. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во однос на претходните години најмногу потрошил за авиобилети во 2021 (976 милиони) и 472 милиони за хотелски сместувања, но природата на неговата функција е таква што неговите трошоци може да се каже дека се пооправдани. Убедливо најмногу потрошил вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, над 1,2 милиони денари, но и за неговите „потреби“ може да има разбирање, поради задолжувањата што ги има. Првиот вицепремиер Артан Груби се мезел во надворешни ресторани за 272 илјади денари, речиси за двојно повеќе од една година претходно. Целиот текст на Фактор.мк

The post Груби, Димитров и Османи најмногу јаделе по ресторани, повеќе дури и од Maричиќ appeared first on Република.

]]>
Ресторани во Виена го скусуваат менито поради зголемените трошоци за струја и поскапувањата на храната https://republika.mk/vesti/svet/restorani-vo-viena-go-skusuvaat-menito-poradi-zgolemenite-troshoci-za-struja-i-poskapuvanjata-na-hranata/ Wed, 19 Oct 2022 10:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=562947

Поради зголемените трошоци за струја, како и поскапувањето на храната, сѐ повеќе ресторани откажуваат јадења од својата понуда. Со отстранувањето одредени јадења од менито, тие се обидуваат да избегнат зголемување на цената на нивната понуда, бидејќи знаат дека ако премногу ги покачат цените, би изгубиле гости…

Логиката вели – подобро е воопшто да не се нуди нешто, отколку да се понуди по драстично повисока цена. Првиот ресторан во Австрија којшто укина повеќе пржени јадења, како и традиционалната „виенска шницла“, е семејниот ресторан „Риглер“. Сопственикот на ресторанот, Ханес Пирчер Риглер вели дека не сака да штеди на квалитетот.

Се обидуваме да соработуваме со тукашните доставувачи. Месото доаѓа од ова подрачје, маслото – исто така… За нас е важно парите да останат во ова место, додаде тој.

Во Виена, познатиот ресторан „Коларик“, поради поскапување, овој месец од менито ја избриша печената гуска… Иако октомври е времето кога Австријците традиционално јадат гуска со црвена зелка.

The post Ресторани во Виена го скусуваат менито поради зголемените трошоци за струја и поскапувањата на храната appeared first on Република.

]]>

Поради зголемените трошоци за струја, како и поскапувањето на храната, сѐ повеќе ресторани откажуваат јадења од својата понуда. Со отстранувањето одредени јадења од менито, тие се обидуваат да избегнат зголемување на цената на нивната понуда, бидејќи знаат дека ако премногу ги покачат цените, би изгубиле гости… Логиката вели – подобро е воопшто да не се нуди нешто, отколку да се понуди по драстично повисока цена. Првиот ресторан во Австрија којшто укина повеќе пржени јадења, како и традиционалната „виенска шницла“, е семејниот ресторан „Риглер“. Сопственикот на ресторанот, Ханес Пирчер Риглер вели дека не сака да штеди на квалитетот. Се обидуваме да соработуваме со тукашните доставувачи. Месото доаѓа од ова подрачје, маслото – исто така… За нас е важно парите да останат во ова место, додаде тој. Во Виена, познатиот ресторан „Коларик“, поради поскапување, овој месец од менито ја избриша печената гуска… Иако октомври е времето кога Австријците традиционално јадат гуска со црвена зелка.

The post Ресторани во Виена го скусуваат менито поради зголемените трошоци за струја и поскапувањата на храната appeared first on Република.

]]>
Пак ќе има музика во кафулињата и рестораните во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/pak-kje-ima-muzika-vo-kafulinjata-i-restoranite-vo-grcija/ Mon, 31 Jan 2022 08:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=451788

Грција од денеска ги олабавува дел од мерките за угостителските објекти воведени пред Нова година и дозволена е музика во нив, се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и натаму ќе биде забрането стоење, јави дописничката на МИА од Атина.

Олабавувањето на мерките, минатата седмица го соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој објасни дека одлуката доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози, но и со оглед на тоа дека во изминатите седмици има намалување на бројот на новозаразени, иако здравствениот систем и натаму е под притисок, но „постои рамнотежа меѓу примањата и отпуштањата на пациенти“.

На 30 декември 2021 година беше воведено ограничено работно време до полноќ за угостителските објекти, забрана за музика, забрана за стоење и најмногу шест гости на маса, спортски натпревари се со публика до десет отсто од капацитетот или најмногу 1.000 лица.

За спортските натпревари, засега, нема промени и останува ограничениот број гледачи, а Плеврис рече дека оваа седмица, надлежната комисија ќе ја разгледа можноста за зголемувањето на исполнетоста на стадионите и во спортските сали.

Согласно министерската одлука објавена во Службен весник, нема промени во однос на употребата на маска, и понатаму е задолжителна и за затворените простори и на отворено, додека пак за јавниот превоз, супермаркетите како и за вработените во угостителските објекти задолжителна е двојна маска или маска со висока заштита КН95.

За влез во внатрешните делови на угостителските објекти потребен е валиден сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест во траење од три месеци, а документ за Ковид-19 (сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид или негативен тест) е неопходен и за влез во продавниците, банките, јавните служби, со исклучок на супермаркетите, аптеките, фурните и продавниците за храна.

Иако беше најавено дека од 1 февруари, вакцинираните кои не примиле бустер доза, а поминале седум месеци, ќе се сметаат за невакцинирани, сепак оваа одлука ќе стапи во сила следната седмица, на 7 февруари.

Пролонгирањето го соопшти министерот за здравство на Грција кој рече поради проблемите што минатата седмица ги предизвика снегот и беше во прекин процесот на имунизација, се продолжува за една седмица рокот за вакцинирање со бустер доза за оние кои се вакцинирале пред седум месеци, за да продолжи да им важи сертификатот за вакцинација.

Ова значи дека оние наши сограѓани кои ја завршиле вакцинацијата и поминале седум месеци до 7 февруари, ќе треба да ја имаат примено бустер дозата,бидејќи во спротивно ќе се сметаат за невакцинирани, рече Плеврис во четвртокот.

Правилата и мерките во Грција, како што е веќе пракса, освен за Грците, важат и за туристите.

The post Пак ќе има музика во кафулињата и рестораните во Грција appeared first on Република.

]]>

Грција од денеска ги олабавува дел од мерките за угостителските објекти воведени пред Нова година и дозволена е музика во нив, се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и натаму ќе биде забрането стоење, јави дописничката на МИА од Атина. Олабавувањето на мерките, минатата седмица го соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој објасни дека одлуката доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози, но и со оглед на тоа дека во изминатите седмици има намалување на бројот на новозаразени, иако здравствениот систем и натаму е под притисок, но „постои рамнотежа меѓу примањата и отпуштањата на пациенти“. На 30 декември 2021 година беше воведено ограничено работно време до полноќ за угостителските објекти, забрана за музика, забрана за стоење и најмногу шест гости на маса, спортски натпревари се со публика до десет отсто од капацитетот или најмногу 1.000 лица. За спортските натпревари, засега, нема промени и останува ограничениот број гледачи, а Плеврис рече дека оваа седмица, надлежната комисија ќе ја разгледа можноста за зголемувањето на исполнетоста на стадионите и во спортските сали. Согласно министерската одлука објавена во Службен весник, нема промени во однос на употребата на маска, и понатаму е задолжителна и за затворените простори и на отворено, додека пак за јавниот превоз, супермаркетите како и за вработените во угостителските објекти задолжителна е двојна маска или маска со висока заштита КН95. За влез во внатрешните делови на угостителските објекти потребен е валиден сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест во траење од три месеци, а документ за Ковид-19 (сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид или негативен тест) е неопходен и за влез во продавниците, банките, јавните служби, со исклучок на супермаркетите, аптеките, фурните и продавниците за храна. Иако беше најавено дека од 1 февруари, вакцинираните кои не примиле бустер доза, а поминале седум месеци, ќе се сметаат за невакцинирани, сепак оваа одлука ќе стапи во сила следната седмица, на 7 февруари. Пролонгирањето го соопшти министерот за здравство на Грција кој рече поради проблемите што минатата седмица ги предизвика снегот и беше во прекин процесот на имунизација, се продолжува за една седмица рокот за вакцинирање со бустер доза за оние кои се вакцинирале пред седум месеци, за да продолжи да им важи сертификатот за вакцинација.
Ова значи дека оние наши сограѓани кои ја завршиле вакцинацијата и поминале седум месеци до 7 февруари, ќе треба да ја имаат примено бустер дозата,бидејќи во спротивно ќе се сметаат за невакцинирани, рече Плеврис во четвртокот.
Правилата и мерките во Грција, како што е веќе пракса, освен за Грците, важат и за туристите.

The post Пак ќе има музика во кафулињата и рестораните во Грција appeared first on Република.

]]>