репрезентација до 17 години Archives - Република https://republika.mk/tema/reprezentacija-do-17-godini/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 13:20:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png репрезентација до 17 години Archives - Република https://republika.mk/tema/reprezentacija-do-17-godini/ 32 32 После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини https://republika.mk/sport/fudbal/posle-trening-mladite-reprezentativtsi-gi-chekala-zatvorena-vrata-vo-hotelot-inaku-sopstvenost-na-zetot-na-sejdini/ Thu, 19 Sep 2024 14:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=817852

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите.

Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“.

Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.

ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.

The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите. Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“. Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.
ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.

The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.

]]>
Репрезентацијата до 17 години славеше победа против Романија https://republika.mk/sport/fudbal/reprezentatsijata-do-17-godini-slaveshe-pobeda-protiv-romanija/ Mon, 27 Mar 2023 18:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=624388

Младата репрезентација на Македонија до 17 години сосема заслужено успеа да оствари минимална победа над соодветната селекција на Романија во рамките на втората контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски" избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во еден неизвесен натпревар, со многу борба и пожртвувана игра успеаа да извојуваат минимална победа од 1:0.

Никола Стојковски беше стрелец на единствениот погодок, во 65. минута.

Нашите млади фудбалери беа подобар противник во текот на сите 90. минута. Имавме неколку одлични нереализирани можности за погодок преку Манојлов, Алији и Незири.

Македонија: Амар Хаџибулиќ, Анес Мељиќи, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Максимилијан Димитриевски, Милот Синани, Никола Манојлов, Давид Матески, Алтин Алији

Селектор: Вујадин Станојковиќ

The post Репрезентацијата до 17 години славеше победа против Романија appeared first on Република.

]]>

Младата репрезентација на Македонија до 17 години сосема заслужено успеа да оствари минимална победа над соодветната селекција на Романија во рамките на втората контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции во Скопје. На тренинг центарот „Петар Милошевски" избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во еден неизвесен натпревар, со многу борба и пожртвувана игра успеаа да извојуваат минимална победа од 1:0. Никола Стојковски беше стрелец на единствениот погодок, во 65. минута. Нашите млади фудбалери беа подобар противник во текот на сите 90. минута. Имавме неколку одлични нереализирани можности за погодок преку Манојлов, Алији и Незири. Македонија: Амар Хаџибулиќ, Анес Мељиќи, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Максимилијан Димитриевски, Милот Синани, Никола Манојлов, Давид Матески, Алтин Алији Селектор: Вујадин Станојковиќ

The post Репрезентацијата до 17 години славеше победа против Романија appeared first on Република.

]]>