Рено Archives - Република https://republika.mk/tema/reno/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 11:04:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рено Archives - Република https://republika.mk/tema/reno/ 32 32 20-годишен гостиварец со мотор „априлија“ се удрил со „рено“, со тешки повреди заврши во болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/20-godishen-gostivarets-so-motor-aprilija-se-udril-so-reno-so-teshki-povredi-zavrshi-vo-bolnitsa/ Sat, 29 Jun 2024 11:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=791799

На 28.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул. „ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(62), и мотор „априлија“, управуван од О.Л.(20), двајцата од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторот а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

The post 20-годишен гостиварец со мотор „априлија“ се удрил со „рено“, со тешки повреди заврши во болница appeared first on Република.

]]>

На 28.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул. „ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(62), и мотор „априлија“, управуван од О.Л.(20), двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторот а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

The post 20-годишен гостиварец со мотор „априлија“ се удрил со „рено“, со тешки повреди заврши во болница appeared first on Република.

]]>
Уапсени се четворица терористи осомничени за масакрот во Москва, тврди шефот на руската тајна служба https://republika.mk/vesti/svet/uapseni-se-chetvoritsa-teroristi-osomnicheni-za-masakrot-vo-moskva-tvrdi-shefot-na-ruskata-tajna-sluzhba/ Sat, 23 Mar 2024 08:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=757677

Шефот на руската тајна служба го информирал претседателот Владимир Путин дека се уапсени четворица терористи вклучени во нападот, а вкупно 11 се приведени, пренесе РИА Новости.

Претходно рускиот претставник напиша дека двајца се уапсени.

Двајца осомничени за кои се верува дека се вмешани во синоќешното пукање се уапсени по бркотница со автомобил, напиша руски политичар, пратеник во рускиот парламент.

Реното во кое се возеле осомничените е откриено во текот на ноќта во областа Брјанск“, изјави Александар Хинштајн.

„Автомобилот не застанал на барање на органите на редот и се обидел да побегне, а при потерата пукале и автомобилот се превртел“, додаде тој.

Едниот осомничен е приведен на местото на настанот, додека другиот побегнал и бил уапсен околу 3:50 часот по локално време.

Потрагата по другите продолжува, рече тој.

Тој исто така рече дека во автомобилот бил пронајден пиштол, магацин со муниција и пасоши на државјани на Таџикистан.

The post Уапсени се четворица терористи осомничени за масакрот во Москва, тврди шефот на руската тајна служба appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската тајна служба го информирал претседателот Владимир Путин дека се уапсени четворица терористи вклучени во нападот, а вкупно 11 се приведени, пренесе РИА Новости. Претходно рускиот претставник напиша дека двајца се уапсени. Двајца осомничени за кои се верува дека се вмешани во синоќешното пукање се уапсени по бркотница со автомобил, напиша руски политичар, пратеник во рускиот парламент.
Реното во кое се возеле осомничените е откриено во текот на ноќта во областа Брјанск“, изјави Александар Хинштајн.
„Автомобилот не застанал на барање на органите на редот и се обидел да побегне, а при потерата пукале и автомобилот се превртел“, додаде тој. Едниот осомничен е приведен на местото на настанот, додека другиот побегнал и бил уапсен околу 3:50 часот по локално време.
Потрагата по другите продолжува, рече тој.
Тој исто така рече дека во автомобилот бил пронајден пиштол, магацин со муниција и пасоши на државјани на Таџикистан.

The post Уапсени се четворица терористи осомничени за масакрот во Москва, тврди шефот на руската тајна служба appeared first on Република.

]]>
„Рено“ го стопира производството на автомобили во Москва https://republika.mk/vesti/svet/reno-go-stopira-proizvodstvoto-na-avtomobili-vo-moskva/ Thu, 24 Mar 2022 08:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=477493

Францускиот производител на автомобили „Рено“ објави дека веднаш ќе ја прекине работата на својата фабрика во Москва и ќе ги процени можните опции за учеството во својата руска филијала „АвтоВаз“, додека притисокот расте околу неговото големо присуство во Русија.

Оваа фабрика произведува теренски возила „Дастер“, „Каптур“, „Аркана“ и „Нисан Терано“. Но, најголемиот дел од присуството на „Рено“ во Русија оди преку преку филијалата „АвтоВаз“, која на францускиот гигант му помогна да продаде речиси 500.000 возила во Русија во 2021 година, што го прави втор најголем пазар на компанијата по Европа.

Шефот на украинската дипломатија, вчера повика на глобален бојкот на „Рено“, откако украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето обраќање пред францускиот парламент го спомена „Рено“ меѓу неколкуте француски компании кои сè уште работат во Русија.

„Рено“ досега не најави излегување од Русија, но ова ја отвора вратата за такво сценарио, па групата ги проценува можните опции за учеството во „АвтоВаз“, во која „Рено“ има удел од 69 отсто од крајот на 2016 година. Компанијата е лидер на рускиот пазар со брендот „Лада“.

Групацијата „Рено“ соопшти дека сака да се однесува одговорно кон своите 45.000 вработени во Русија.

The post „Рено“ го стопира производството на автомобили во Москва appeared first on Република.

]]>

Францускиот производител на автомобили „Рено“ објави дека веднаш ќе ја прекине работата на својата фабрика во Москва и ќе ги процени можните опции за учеството во својата руска филијала „АвтоВаз“, додека притисокот расте околу неговото големо присуство во Русија. Оваа фабрика произведува теренски возила „Дастер“, „Каптур“, „Аркана“ и „Нисан Терано“. Но, најголемиот дел од присуството на „Рено“ во Русија оди преку преку филијалата „АвтоВаз“, која на францускиот гигант му помогна да продаде речиси 500.000 возила во Русија во 2021 година, што го прави втор најголем пазар на компанијата по Европа. Шефот на украинската дипломатија, вчера повика на глобален бојкот на „Рено“, откако украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето обраќање пред францускиот парламент го спомена „Рено“ меѓу неколкуте француски компании кои сè уште работат во Русија. „Рено“ досега не најави излегување од Русија, но ова ја отвора вратата за такво сценарио, па групата ги проценува можните опции за учеството во „АвтоВаз“, во која „Рено“ има удел од 69 отсто од крајот на 2016 година. Компанијата е лидер на рускиот пазар со брендот „Лада“. Групацијата „Рено“ соопшти дека сака да се однесува одговорно кон своите 45.000 вработени во Русија.

The post „Рено“ го стопира производството на автомобили во Москва appeared first on Република.

]]>