рели Archives - Република https://republika.mk/tema/reli/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 07:22:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рели Archives - Република https://republika.mk/tema/reli/ 32 32 Над 50 олдтајмери од Западна Европа следната година ќе дојдат во Македонија како дел од Бахус Класик релито 2025 https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nad-50-oldtajmeri-od-zapadna-evropa-slednata-godina-ke-dojdat-vo-makedonija-kako-del-od-bahus-klasik-relito-2025/ Sun, 22 Sep 2024 07:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=818611

Над 50 олдтајмери од Западна Европа и регионот кон крајот на септември и почетокот на октомври следната година ќе бидат дел од меѓународно рели од премиум ранг што ќе се вози низ државава. Учесниците ќе имаат можност да дегустираат македонски вина, да вкусат традиционална македонска храна, а притоа да посетат и неколку културно-историски знаменитости.

Од промотерската куќа „Бахус класик“ од Скопје, кој е организатор на настанот, посочуваат дека со ова, земјата ќе се позиционира на мапата на светски настани од овој ранг, а воедно ќе се промовираат и нејзините убавини.

Важно ни е да го востановиме настанот и да влеземе на листата на светски настани од овој ранг, да отвориме ново поднебје за овој тип на вакво рели затоа што вакво рели од Австрија до Атина нема. Некои од возилата кои би требало да дојдат воопшто досега не се видени ниту во Македонија, ниту во регионот, вели во изјава за МИА еден од организаторите Игор Стефановски.

Стефановски за МИА открива дека очекуваат околу 120 учесници и 60 возила од кои 50-тина олдтајмери би биле од Западна Европа, поточно од Германија, Австрија, Луксембург, Италија...., а 10-тина од државите од регионот.

Подготовките веќе се во тек, а идејата на Стефановски и Благоја Петровски кои го водат целиот проект, е да се направи настан од премиум квалитет, а притоа да се прикаже сето она што е специфично за државата почнувајќи од виното и храната до историските знаменитости.

Сакаме да направиме седумдневно рели со историски возила со премиум организација. Се вози Повардарието, се дегустираат познатите македонски вина, а ќе се посетат и Хераклеа, Охрид и Бигорскиот манастир. Сакаме да понудиме едно поинакво искуство и како територија и како култура. Задача на учесниците е само да уживаат, вели Стефановски.

Релито е впишано во календарот на Светската федерација за историски возила (ФИВА), а премиерно беше промовирано на јубилејното 20. издание на  еден од најпрестижните настани за олдтајмери во Европа „Classic Gala Schwetzingen 2024“ што се одржа во барокниот дворец во германскиот град Швензинген. На настанот на кој учествуваа околу 180 специјално избрани олдтајмер автомобили од целиот свет кои ги оценуваше 20-члено стручно жири од шест држави.

Земјава беше претставена од „Бахус Класик“ со возилото „Fiat Abarth 1000TC Gr.5 Replica“ кое предизвика интерес кај посетителите кои имаа можност да дегистираат македонски вина од познати винарии.

Ние бевме единствените што воопшто и настапиле како македонски промотори во оваа област. Закупивме штанд и бевме официјален партнер на манифестацијата. Релито што ќе се одржува кај нас го презениравме на овој голем настан, а посетителите имаа можност да ги пробаат и нашите македонски вина, вели Стефановски.

Организаторите најавуваат настан од светски ранг во којшто централното место, како што и самото име кажува, ќе го има виното, а преку него, на светот ќе му биде претставена државата во најубаво можно светло.

The post Над 50 олдтајмери од Западна Европа следната година ќе дојдат во Македонија како дел од Бахус Класик релито 2025 appeared first on Република.

]]>

Над 50 олдтајмери од Западна Европа и регионот кон крајот на септември и почетокот на октомври следната година ќе бидат дел од меѓународно рели од премиум ранг што ќе се вози низ државава. Учесниците ќе имаат можност да дегустираат македонски вина, да вкусат традиционална македонска храна, а притоа да посетат и неколку културно-историски знаменитости. Од промотерската куќа „Бахус класик“ од Скопје, кој е организатор на настанот, посочуваат дека со ова, земјата ќе се позиционира на мапата на светски настани од овој ранг, а воедно ќе се промовираат и нејзините убавини.
Важно ни е да го востановиме настанот и да влеземе на листата на светски настани од овој ранг, да отвориме ново поднебје за овој тип на вакво рели затоа што вакво рели од Австрија до Атина нема. Некои од возилата кои би требало да дојдат воопшто досега не се видени ниту во Македонија, ниту во регионот, вели во изјава за МИА еден од организаторите Игор Стефановски.
Стефановски за МИА открива дека очекуваат околу 120 учесници и 60 возила од кои 50-тина олдтајмери би биле од Западна Европа, поточно од Германија, Австрија, Луксембург, Италија...., а 10-тина од државите од регионот. Подготовките веќе се во тек, а идејата на Стефановски и Благоја Петровски кои го водат целиот проект, е да се направи настан од премиум квалитет, а притоа да се прикаже сето она што е специфично за државата почнувајќи од виното и храната до историските знаменитости.
Сакаме да направиме седумдневно рели со историски возила со премиум организација. Се вози Повардарието, се дегустираат познатите македонски вина, а ќе се посетат и Хераклеа, Охрид и Бигорскиот манастир. Сакаме да понудиме едно поинакво искуство и како територија и како култура. Задача на учесниците е само да уживаат, вели Стефановски.
Релито е впишано во календарот на Светската федерација за историски возила (ФИВА), а премиерно беше промовирано на јубилејното 20. издание на  еден од најпрестижните настани за олдтајмери во Европа „Classic Gala Schwetzingen 2024“ што се одржа во барокниот дворец во германскиот град Швензинген. На настанот на кој учествуваа околу 180 специјално избрани олдтајмер автомобили од целиот свет кои ги оценуваше 20-члено стручно жири од шест држави. Земјава беше претставена од „Бахус Класик“ со возилото „Fiat Abarth 1000TC Gr.5 Replica“ кое предизвика интерес кај посетителите кои имаа можност да дегистираат македонски вина од познати винарии.
Ние бевме единствените што воопшто и настапиле како македонски промотори во оваа област. Закупивме штанд и бевме официјален партнер на манифестацијата. Релито што ќе се одржува кај нас го презениравме на овој голем настан, а посетителите имаа можност да ги пробаат и нашите македонски вина, вели Стефановски.
Организаторите најавуваат настан од светски ранг во којшто централното место, како што и самото име кажува, ќе го има виното, а преку него, на светот ќе му биде претставена државата во најубаво можно светло.

The post Над 50 олдтајмери од Западна Европа следната година ќе дојдат во Македонија како дел од Бахус Класик релито 2025 appeared first on Република.

]]>
Тешка несреќа на рели во Унгарија: Четворица загинати, 30 повредени, меѓу кои и едно дете https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/teshka-nesreka-na-reli-vo-ungarija-chetvoritsa-zaginati-30-povredeni-megu-koi-i-edno-dete/ Sun, 05 May 2024 18:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=774591

Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во несреќа на унгарскиот собир „Естергом-Нјергес“. Се уште не се познати точните околности на несреќата, трката е прекината, а на местото пристигнале неколку спасувачки хеликоптери.

Унгарските медиуми јавуваат дека еден од учесниците на релито изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот, удрил во група гледачи. Според досегашните информации четири лица загинале, а седум се повредени, пишуваат на полицискиот сајт. Несреќата се случила за време на трка меѓу градовите Лабатлан ​​и Бајот во северозападна Унгарија.

Детали за трагедијата се објавени на Фејсбук страницата Rally Life. „Возачкиот тандем кој се натпреваруваше со „шкода фабиа R5 случајно удри во толпата, при што беа повредени околу 30 луѓе“, се вели во известувањето.

По трагедијата, на местото на несреќата се испратени возила на брза помош и спасувачки хеликоптери. Каталин Себо, организатор на Националната служба за брза помош, изјави за Index.hu дека осум амбулантни возила и четири спасувачки хеликоптери пристигнале на местото на настанот.

Четири лица загинаа, едно дете е во тешка состојба загрозувачка по живот, едно лице е тешко повредено, а шест лица (меѓу нив и дете) со полесни повреди се пренесени во болница“, соопштија локалните власти.

The post Тешка несреќа на рели во Унгарија: Четворица загинати, 30 повредени, меѓу кои и едно дете appeared first on Република.

]]>

Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во несреќа на унгарскиот собир „Естергом-Нјергес“. Се уште не се познати точните околности на несреќата, трката е прекината, а на местото пристигнале неколку спасувачки хеликоптери. Унгарските медиуми јавуваат дека еден од учесниците на релито изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот, удрил во група гледачи. Според досегашните информации четири лица загинале, а седум се повредени, пишуваат на полицискиот сајт. Несреќата се случила за време на трка меѓу градовите Лабатлан ​​и Бајот во северозападна Унгарија. Детали за трагедијата се објавени на Фејсбук страницата Rally Life. „Возачкиот тандем кој се натпреваруваше со „шкода фабиа R5 случајно удри во толпата, при што беа повредени околу 30 луѓе“, се вели во известувањето. По трагедијата, на местото на несреќата се испратени возила на брза помош и спасувачки хеликоптери. Каталин Себо, организатор на Националната служба за брза помош, изјави за Index.hu дека осум амбулантни возила и четири спасувачки хеликоптери пристигнале на местото на настанот. Четири лица загинаа, едно дете е во тешка состојба загрозувачка по живот, едно лице е тешко повредено, а шест лица (меѓу нив и дете) со полесни повреди се пренесени во болница“, соопштија локалните власти.

The post Тешка несреќа на рели во Унгарија: Четворица загинати, 30 повредени, меѓу кои и едно дете appeared first on Република.

]]>
Четири лица загинаа, а најмалку седум се повредени во несреќа на рели трка во Унгарија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/chetiri-litsa-zaginaa-a-najmalku-sedum-se-povredeni-vo-nesreka-na-reli-trka-vo-ungarija/ Sun, 24 Mar 2024 16:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=758207

Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска кога возило кое учествувало на рели трка во Унгарија излетало од патот и налетало на гледачите, соопштија унгарските власти.

Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а најмалку седум лица се повредени. Несреќата се случила меѓу градовите Лабатлан ​​и Бајот на северот на Унгарија.

Засега не е познато зошто возилото излетало од патот и налетало на гледачите.

На местото на несреќата се испратени амбулантни возила и неколку спасувачки хеликоптери.

Релито беше прекинато по несреќата.

 

The post Четири лица загинаа, а најмалку седум се повредени во несреќа на рели трка во Унгарија appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска кога возило кое учествувало на рели трка во Унгарија излетало од патот и налетало на гледачите, соопштија унгарските власти. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а најмалку седум лица се повредени. Несреќата се случила меѓу градовите Лабатлан ​​и Бајот на северот на Унгарија. Засега не е познато зошто возилото излетало од патот и налетало на гледачите. На местото на несреќата се испратени амбулантни возила и неколку спасувачки хеликоптери. Релито беше прекинато по несреќата.  

The post Четири лица загинаа, а најмалку седум се повредени во несреќа на рели трка во Унгарија appeared first on Република.

]]>